Не е у буквална смисла кажано да те контролира они суптилно контролираат и тоа не се изолирани случаи туку повеќето мажи се такви. Мене нормално дека не може да ме изманипулираат, не зборам за мене.
Грешка број 2 Психопатите и манипулаторите се премногу интелигентни. Иначе не дека психо и манипулатор може само маж да биде. Подеднакво и жена може.
Може али статистички мажите се поголеми манипулатори од тоа што сум посматрала, не зборам од лично искуство туку од туѓи искуства.
Жените се сигурни попаметни. Не значи инаку дека сите се паметни, имав другар психопат. Точно дека на почетокот нема да разбереш и ќе мислиш за него " Колку добар, културен фин", со него кога бев во друштво се осеќав баш пријатно, убаво, на сигурно. Ама за многу брзо се покажа што е и каков е.. И немаше кој знае колкав процент на интелигенција. И точно кога се повлековме од него и јас и сите сакаше да манипулира пак, плачеше и велеше онака невино "Зошто ме одбегнувате?" ама веќе си го имаше покажано лицето...
Мислам дека лошата намера те прави манипулатор а тоа кого можеш да изманипулираш покажува колку си паметен, ако можеш цела група на луѓе да изманипулираш сигурно си паметен.
Кредитот може да се подели само ако едниот брачен партнер влезе во финансиска нестабилност, потточно изгуби работа или некои други х причини. Зошто јас да го делам кредитот ако него му е подигнат да ја реновира куќата на мајка му и татко пред да ме запознае мене? Ако гледаме на тоа треба да му кажам да го врати кредитот и после ќе стапиме во брак или ако не го врати нема да сме заедно. Единствено ќе делам ако е земен кредит ВО брак за НАША потреба. Имаш доволно време да си преиспиташ ситуација каков ти е идниот брачен другар. Излегувате заедно, се дружите заедно, ќе видиш кај троши, кај оди итн.
Чупе теоријата и праксата друго кажува. Јас познавам луѓе што се манипулатори и мошне добри шармантни момци.
Во последно време мене повеќе од овие што влегуваат во брак со финансиски багаж сериозно ме плашат и загрижуваат другине што во брак не делат кредити туку сами си (ги) плаќаат..? Мислам косава ми се крена од еден разговор со блиска каква сума ќе подига во скоро време (а не ѝ е првпат, воедно не е за луксузирање. Реална потреба). И ајде некој нека појасни која улога ја има мажот, во случај кога му се дадени сите бенефити (од пиле млеко)? Никогаш не сфатив и нема да сфатам зошто некои жени одат до крајности да се покажуваат/докажуваат итн.? Скоро и да не познавам маж што ќе отиде до крајности кога е тема пари, ама за жените изгледа е возможно. Сума сумариум, џаболебари и од двете страни има, најверојатно кому како ќе му се посреќи?
Женава зема кредит?? А мажот не ја поддржува?? Ниту пак планира да и помогне со ратите?? Да ти се плукнам у мажот. Све лигуши у последно време
Пази го моментот, живее и на нејзин имот. Неговото само се чува и умножува, а нејзиното сето се користи. Еве сериозно пробувам да сфатам што ќе го оправда ова. Љубов сигурно не.
Мене па не ми е јасно и до толку гледање дека морало од двете плати да се допринесе за нешто, пример кредит како погоре пример. Или никогаш не го разбрав тоа парите "на куп". Едноставно едниот плаќа едно, другиот друго и не се гледа баш кој, кога плаќа оти нели секако е заедничко се. Ако кредитот го одплаќам од моја плата, од негова сигурно ќе покриваме други трошоци. Ни еден партнер претпоставувам нема утре да направи голем трошок само за негов ќеиф, без да се консултира со другиот. Колку пати сме слушнале дека само платата на мажот се троши а платата на жената се штеди? Никогаш не сум слушнала лош коментар за тоа, зошто па обратно не ни одговара. Пак ќе речам, заштедената плата сигурно жената/мажот нема да ја потроши за одмор на Хаваи, туку утре пак ке биде искористена за заеднички работи. Во случајот погоре, членката сигурно има повеќе информации и можеби мажот е стварно џаболебар, ама нема ништо спорно во тоа што кредитот ке се одплакал од една плата или оти бил домазет мажот, дури баш лошо звучи да коментираме за тоа.