Влегување во брак со финансиски багаж

Дискусија во 'Брак' започната од black-angel, 2 април 2025.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    1.340
    Пол:
    Машки
    Не може секогаш да биде 50-50.. Ама нема логика ако веќе им требале пари жената да земе кредит ако мажот веќе има заштеда.. Да било договор неговите да не се трошат и да се чуваат за кога ќе треба нешто, сигурно е по добро да ги дадат тие пари а не да земаат кредит. Очигледно е дека мажот сам одлучил и си ги чува за него, не за нив..
    Не ми се јасни луѓето што на таков начин штедат пари. За што ги штедиш за кога ќе умреш за споменик од злато? Кредит се зема ако веќе немаш пари..

    А тоа што одлучиле да живеат кај неа, во тој момент може таму имало поубави услови и повеќе им одговарало.. Ниту мажот е странец ако отиде да живее кај жената, ниту жената е странец кај мажот, веќе кога живеат заедно е заеднички дом без разлика на кој бил пред тоа. Демек подобро е да живеете кај мама и тато место кај жената... Попрво би живеел на имот кај жената со неа отколку да ја носам да живее и она и јас кај моите..

    Се согласувам дека мажот треба поголем товар да носи околу заработката.. Мажот мора да носи пари дома, без разлика дали жената работи или не, океј е од некоја причина да остане дома одреден период без работа..