1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влезот во Охрид ќе се наплаќа!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MiiLla, 19 ноември 2011.

  1. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Туристите кои сакаат да го посетат најголемиот македонски туристички центар во иднина ќе мора да платат по едно евро, на трите рампи за влез во градот кај Подмолје, Косел и Пештани
    Ваква е замислата на охридскиот градоначалник Александар Петрески во борбата со викенд туристите кои според него не биле големи потрошувачи.
    Постои голем број на викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо тука. Значи си имаат со себе земено храна, која си ја пазариле во градот од кај доаѓаат и идат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земем во предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески.
    Според градоначалникот на Охрид ова ќе се реши со поставување на рампи во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани. Со тоа, секој кој влегува во Охрид, а не живее таму ќе плаќа туристичка такса.
    За оние пак гости кои имаат свои викенд станови градоначалникот им предвидел годишна такса од 100 до 200 евра во зависност од квадратурата и местоположбата.

    Ви се молам!!!! Што уште нема да смисли Охридскиов гароначалник , кај секоја година се повеке и повеке се намалуваат туристите, уште наплатни рампи он ке ставал па и царинска зона нека стави!Боже..... :fubar: Што милсилте во ред ли е ова?
     
  2. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    ГЛУПОСТ ЖИВА!!!! Бог да чува шо не ќе им текне .. сеа вака ќе ги избркаат туристите
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Ами заборајл да кажит дека Скопјанчиштана со лајца сркат од езероно :^)

    Ова веќе не е нормално. Побудалел чичково, јас се надевам некој ќе го освести и ова нема да се спроведе. Срамота е ова за градот. Сочувство до Охриѓани поради тоа што имаат ваков градоначалник.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Уште малку ќе почнат и воздухот на туристите што го вдишуваат да им го наплаќаат!
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Кај годинава Охрид слабо со туристи, пак уште и влезот да се наплаќа?! Кај цените во Охрид ѓаол и половина, пак и влезот да се наплаќа?
    Нека продолжат така, па само Охриѓани ќе останат во Охрид преку лето :)
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Па нормално, ќе си носат од дома, а не таму изгор цените, мислиш си купил го*но од сваровски, а тоа обично. |( Бог да чува. :fubar: А Охрид па што атракција има... што да ти кажам.
     
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ако ништо друго, и прави услуга на Струга, повеќе туристи ќе имаат.
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    :D :D :D
    Информацијава ми е светла точка во денов, си се потсетувам на секои 15 минути и се смеам. :D
     
    На CoverGirl10, Phyramide и MiiLla им се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    :D Нека утврдат една сума која мора да ја потроши секој кој ќе влезе во градот, па на излегување да приложи фискална сметка, па ако нема тогаш дури да си плати 1 евро...Мислам ако веќе е тоа поентата не е фер сите да се стават во еден кош и тие што нема да потрошат денар и тие што ќе потрошат многу...За овие вториве може и по едно орденче да им се закачува како нели добри туристи, потрошувачи...
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Ова е втора најголема глупост што излегла од Охрид. Првата беше сезоната да трае до 15 септември.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    И така од година во година имаат се помала и помала посетесност. Е сега ќе немаат воопшто туристи. Поевтино ќе ми се фати на викенд во Грчка да идам, бар на моренце ќе си бидам, него ли во Охрид да им плаќам „влез во градот“. Ма дај молим те. Смешки живи :lol:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Па кога ке поразмислам поубаво и до негде се сложувам со градоначалников на Охрид, и сметам дека и Коце треба да превземе мерки само малку построги, сите што не се од Скопје да не ги пушта ако не платат 100 евра за да влезат и да гледаат споменици, фонтани и др.. Да фрлаат кеси од сончогледот што го грицкаат и од костените што ги јадат, да не мочаат у грмушки у жена парк и тако даље... :^)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ма јас би му дала предлог и по една рампа да стави на почеток и да крај од чаршијата, затоа што нели - сите шетаат, се ствара гужва, а не сите купуваат од продавниците и тезгите.
    Во Охрид сум секоја година од мојов 20 годишен живот, и слободно можам да кажам дека од година во година се помалку туристи го посетуваат. А толку е убав градот и има толку многу да се види. Ама не го одржуваат, летово кога бев во Св. Наум се запрепастив од тоа колку беше нечисто, немаше корпа каде да го фрлиш ѓубрето. Да не зборувам па за самопрогласените туристички водичи кои на странците им кажуваат некои приказни за градот што сами си ги смислуваат. Е па на тоа треба да обрне внимание градоначалников, а не на наплаќање за влез во градот |(
     
  14. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Вака не само што ке им се намали профитот туку и ке ги изгубат и клиентите :fubar: :doh:
     
  15. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53

    Баш...Ке ни се одмили и на нас мал број што останавме, и јас си го обожавав но од година во година се повеке се разочарувам почнувајки од превесоки цени на смештај, храна, лежалки а услуга на ниво никаква...Србиве веке ги изгубија лани кога го претеаа до смрт Србинот , Бугарите исто пред две годни случаката со бродот Илинден, наместо да уложуваат и да се залагаат да биде подобро да привлечат повеке туристи ги бркаат лугето како да малце пари се наполнија... :fubar:
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Сепак не било шега, епа после како да не им се изнамочам в енѕероно?
     
  17. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Да ми извините на изразов ама
    курле
    ќе им плати....ова Охридов да не се преценува малце? Па не идеме на Малдиви мајка му стара...претеризам |(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    А што ако одам на викенд во Охрид и сакам да отидам да речеме преку ден до Струга или Св.Наум? Два пати да не треба да им плаќам влез?
    Па ни срам ни перде, како отворено кажува дека ќе се наплаќа зашто луѓето си носеле храна од дома и не им правеле промет :fubar: Качете ги цените повеќе, па може и ќе купуваат.
     
  19. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Е ова не му требало...Тоа може да им текне само на луѓе без грам памет :fubar:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    и ова го слушнав омг,ни сррам ни памет