1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влезот во Охрид ќе се наплаќа!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MiiLla, 19 ноември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Тие одвај до 15 август дотуркаа. :lol:

    Ова е уште еден гаф на градоначалникот, кој ми наликува на Берлускони.
    Ама виновни се охриЏани што упорно го гласаат! :!:

    И крај краева, што Охрид се мери со ЛА, Рио Де Жанеиро...??? Каде ни таму нема рампи. :^)

    А, ние од останатите градови, толку сме глупави? Ќе ставиме и ние рампи - специјално за ориџаниве, и напомена - обавезно да си носат лична карта за идентификација! ]:)
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    А, ме интересира, што треба Скопјаниве да направиме? Да ставиме рампа за цела Македонија, пошто ни се пресели тука? .... Најголема глупост што можеа да ја направат, како јаготка на шлагот!
     
    На Alanna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    А тој што ја смислил оваа брилијантна идеја да си рече самиот на себе Зини земјо голтни ме, плукни ме на Ибица, Карибите...
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Искоментирав и на темата за Охрид, ќе пишам и тука:
    поголема глупост не можеше да измисли нашиов ни градоначалник. Му снемаа идеи, па сега фати шо-да-е-нешо да измислува :D Ајдеее, време е да го менуваме.
     
  5. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    ааааахахаахаххаахахххахахахахахахахахахах
    па добро беше ова шо ја видов темава за Охрид вака рано сабајле си се изнасмеав како мрдната
    Значи поголемо срање не можеше ни да биди ГЛУ-ПОС-ТИ, јас арно велев пред некое време дека овие охриѓаништава ќе почнат и по улиците шо газиме, воздухот шо го дишиме да ни наплаќат и вистина како шо иди така испаѓаат работиве, СРАЊЕ абе СРАЊЕ хаахааххааахахах
    Епа дај боже нека стават рампи па нека се намалат туристите уште поќе и онака последнава година сите бегат од Охрид како од оган (од астрономски цени на мизерни собчина да не речам визби), ама да не се бунат оти намален е бројот на туристи, оти луѓето се решени да платат некој денар плус ама за добри услови и ако не друго за тие пари ќе одат на море, еве кај ни е Грција, Албанија, Црна Гора па секој сака да дај пари за да ужива на такво место и никој да не му се курчи ......можи кажав нешто од поќе ама стварно темава ме иритира
    BTW извинетеми сите Охриѓани ако случајно кажав нешто шо не треба и ве навредив ама тоа е проклета вистина
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Идејата да се наплаќа е успешна како и овој трик
    [​IMG]


    Толку ли не се збогатија местејки ни соби без поглед кон езеро , топла вода и чуда

    :fubar: :fubar:
     
  7. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Јас да го надополнам оти гледам пропусти напраил!
    Ами рампа на сред езеро и на небо горе кај аеродромон?
    Шо прајме ако е за сите за сите да е...ако не ќе одам до Скопје и со авион ќе идам за да ги избегнам рампите.
    Cрамотилоци...после ќе кукаат немало туристи...ами шо да има живи ги изедовте луѓево да можите и прку година дома ќе им одите низ земјава да им наплаќате оти Охрид во Македонија бил..... Страшна работа.
    Иначе Охрид живеам и сум туристички работник и се имам видено ама ова ми е врв на човековата глупост.
    Ако некој треба да стаи рампи по овој принцип то е Скопје....за ова сум озбилна па цела држава им се пресели таму бре аман...више градот го задушија. Гледам на ФБ некој од П****н Дол се напишал од Скопје! Или прашај некој од кај си Од Скопје.....А бе шо збориш од Скпопје бил како не дојден од кој знај каде од Скопје бил.
    А за Охрид...наместо тие да почнат да им плаќаат на луѓево да идат они уште пари ќе им земале...страшна работа....или да се удрат во тоа тиквите и да ги видат ценине во кафичите и рестораните...па Монако ќе одам бре поевтино ќе поминам.
    Ова е веќе дијагноза... Ohridis pa-pa skros!
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па после се жалат немале туристи и сл. и ајде наплив во Грција. Да, Грција исти пари а убаво топло море.
    Човекот не знае како да го развие туризмот, очигледно.
    А сега во зима ќе измислува топла вода или... :D
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Добро ти девојко од која планета си?
    Зошто луѓето одат Скопје?
    Зошто луѓето се преселуваат Скопје знаеш?
    Ај јас не ти кажувам, размисли малку...можеби ќе ти текне.

    Понатаму не коментирам дали бил дојден од Мислешево и се прави Скопјанец,нема ни врска со темава... или отворете посебна тема "Однесувањето на провинцијалците во Скопје"

    Изгледа само јас ќе сум единствена што не ми се скапи цените во кафичите во Охрид.


    Џабе.
    Ќе се правам дека си иронична, вакво мислење од кај охриѓанец,па и туристички работник немам видено.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    Јасно беше оддамна дека со човечево нешто не е во ред, ама сега луѓе мои се надмина себеси!!!Цар бе цар!!!
    Кога човек седнува на некоја функција треба амо ништо друго да има основна култура и основни познавања од Законите на една земја во која и тој е дел од власта.Мислам дотолку нема познавање од ништо па не е хумано за нас посматрачи.Инаку ако незнае чичо Ацко да му кажеме дека пред се тоа е неуставно и незаконски, ја ограничува слободата на движење.
    Замислете градоначалникот на Центар да стави рампи за секое влегување во општината на пр. по 1000 денари??????? втф???? не ќе можам на работа да си отидам , хаха
    ЛУДА РАБОТА
     
  11. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    И воздухот што го дишеме нека почнат ни го наплаќаат!
     
  12. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    И така не идам у Охрид на одмор,can't be arsed to pay. Значи,не. Али од кај Струга езероно има жуто џакузи да им го направам наредна година,за казна!
     
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    А бе девојче.....шо сакаш да кажиш жити се? Дека е во ред да се наплаќа влезот во Охрид? Не ми си јасна!?
    Ја сум од Македонија од С. Јанковец Ресен, и живеам и работам во Охрид и НЕ сум Охриѓанка и немам намера ни да бидам ни ти па можам да станам...или па било кој да стане нешто што не е...Што викаат Србите КАД СЕ ОПИНОК ПОКОНДУРИ!

    Па нормално дека сум иронична...во тој дел каде што пишувам дека за Скопје треба да стаи рампи.
    А за цените Охрид не сум.....ако според тебе кока-кола и пиво е нормално да бидат 100 до 120 ден онда блазе ти сигурно имаш длабок џеб па размислувањето на нас скромните ти се како од Марс да сме паднати.

    И гледам очигледно не ти е јасно тоа што го напишав за Скопјето оти таму требаат рампите...и тоа е хипотетички аналогно на причините поради кој што Градоначалникот ги имаше наведено - Идат во Охрид ништо не трошат само ѓубре праат си носат јадење од дома..... Е па во Скопје тоа е уште позастапено и појќе ѓубре се прај....па не му има паднато на ниеден нормален градоначалник да напрај такво нешто....РАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ кои што се смешни и инфантилни и баш ко маалски муабет а не па за во општинска дебата како причина за донесување на одлука!?

    И да знам зашто заминуваат во Скопје масовно- затоа што за разлика од тебе повеќе од пола народ не може да си дозволи кока кола или пиво од 60-70 денари не па од 120 денари..затоа што не е вработен и оди во Скопје за егзистенција затоа што се е сконцетрирано таму- што не оправдувам...и затоа тој дел ДА ироничен ми е.

    И не знам какво мислење треба да има некој туристички работник според тебе....Дека цаниве се ниски во Охрид и дека треба да ги крениме? Е па во тој случај и пола локално население ќе се исели!!!


    Поздрав до тебе и се надевам дека сега ти сум појасна....а стилот ми е секогаш по саркастичен и се надевам дека семо не си ме разбрала и дека го разбираш начинов на мојата реплика,, морав вака да реагирам... И ова не е иронично туку најнормално кажано. Искрено се надевам дека сме во недоразбирање. ;) :D :hai:
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Еден предлог до градоначалникот на Охрид, наместо да става 3 рампи нека почни да го рециклира ѓубрето , зар тоа не е голем бизнис :D . И прво нека превзема мерки со бубичките што штипкаат покрај езерото па после нека превзема мерки.
     
    На zhap4e, LivingGlam и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Нека почнат да наплаќаат и за секое вршење мала нужда во езерото... Поголем профит ќе направат! :D
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Он топик - плаќањето на влез е глупост и не ја поддржувам.

    Инаку Масноли околу последниов пост се согласувам околу тоа дека цените во Охрид се високи и искрено сите од другите градови кои се буните околу ова замислете како ни е нас бидејќи вие сте изложени на тие цени едно 10-тина дена до 15 во просек, а ние 365 дена. Бидејќи не секој од нас е директно инволвиран во туристичко-угостителскиот сектор, дури и за тие кои се не се пресреќни со порастот на цени кој не е само еднократен во сезона, ами скоро секое одење во маркет гледам нови цени на основни прехранбени артикли.

    Ама не го разбирам искрено револтот околу тоа како некој се чувствува и од каде се претставува дека е. Ако се чувствува како Скопјанец, Охриѓанец, Битолчанец, Вулканец или Марсовец некој, не гледам баш поврзаност на нештово со себе лично. Или треба онака долгорочно како пензионерине да испитуваме - ама од кое село е баба ти и дедо ти, иако родителите ти се родени и цел живот го минале пр. Битола, а А :^) ?! Има луѓе кои од снобизам или од др. побуди го кријат своето потекло што не го разбирам, ама ако некој ми тврди дека потекнува од одреден град сигурно нема да му барам семејно стебло до пеесетто колено наназад за да ја употребам поговорката наведена погоре.

    Околу феноменов типичен за македонштинава каде сами меѓу себе не се поднесуваме веќе ми е искрено и заморно да реплицирам. Во други држави постои нетрпеливост кон други раси или религии, ама ние сме ти уникат сами меѓу себе не се поднесуваме.

    И за крај, околу ѓубрето да напоменам нешто секоја година пред почеток на сезона се врши темелно чистење на плажите и тоа и од страна на Охридски Комуналец и од многу здруженија на граѓани и вработените од хотелите со недели ги ангажираат за вакви активности така да се собира дури и најминималниот отпад во облик на отпушоци, не зборувам напамет. И уште една случка да напоменам пред неколку год. едно не баш мало дете во присуство на родителите плус баба му фрлаше со големки камења по група лебеди, сосема беше остварливо да ги повреди. Кога го опоменав детево бидејќи никој од неговите не реагираше на неговата постапка како погрешна, од нив добив само игнорирање. Кога општата култура би ни била на повисоко ниво и како граѓани и како туристи и градовите и плажите би биле одраз на истата. Тие и сега се одраз на сегашното нејзино ниво, ;) .
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    3.205
    "Драгиот" наш Петрески си пикнал малце од појќе во џепчето, се пресметал што и колку и сега незнае како да ги врати и рампи ќе реди. Епа бато,продај си едно станче од 20те што ги имаш и ќе си отплатиш долгови. За мене ова е глупост иако има луѓе кои го оправдуваат.
     
  18. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Офф топик и се извинувам однапред....

    Теодора ете си ме сфатила ти и баш на тоа мислам на луѓе кои се срамат од потеклото и тн итн...а тоа е друга тема.
    Еве јас како туристички работник во врска со цените да пообјаснам- јас можам да загубам со тоа не да добијам....ќе ми си одат готите...плус тоа цените се праат во зависност од тоа каква услуга и што им нудиш на гостите воопшто.
    Замисли да седам во соба ( за хотел зборам ) со поглед на нечие ВЕ-ЦЕ од некоја зграда залепена до него, еддвај купатило да иам, келнер да чекам цел ден за да нарачам кафе некоја рецепционерка да ме игнорира ни повелете ни ништо кога ќе влезам да се пријавам да ме гледа со поглед...КАЈ НАЈДЕ СЕГА ДА ДОЈДИШ АМАН ТАМАН СИМПАТИЈАТА МИ ПИША НА ФБ... и да платам за тоа кафето 100 денари што го чекам пола ден а другата половина од денот го барам келнерот нели за да го платам..... и на крај да ми земат за тоа ќумезот од соба и за смештајот нели...40 еура..... Нееее. Ова е само пример не алудирам на никој чисто просто кажано.

    Или во град во кафулињата..... програма никаква музика појма неам каква услуга во стилот дури да ти стигни пивото мочка да ти се стори топло па уште ако начекаш пресек на ден или почеток на сезона првото пиво може ќе го платиш 80 денари ама второто 100. Ова лично ми се деси мене со пивото...првото гледам на сметка 80 второто 100 а скопско беа и двете и кога го прашав келнерот ми вика...а тоа од вечерва почнува сезоната..... Е тука алудирам конкретно оти ми се деси ова и тоа летово.
    И после јас од Марс!? Нееееее, камо да бев ич не идев тука.

    Не знам од каде си Теодора ама ако си од Охрид да ти кажам нешто интересно- Маркетот Тинекс кој што е во чаршијата до Мек Доналдс има далеку повисоки цени од другиот Тинекс што е на Ул Никола Карев Т.Ц. Трудбеник.... и тоа во текот на цела година а во лето посебно.
    Е па сега дали и колку е ова законски не знам ама не верувам дека е. И има уште многу за зборење.....
    Уште рампите фалат и се да е...една слика милион речи!
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    ^ Да, од Охрид сум, Масноли, ама тоа воопшто не ми е пречка да зборувам и за негативностите на сопствениот град или пак за постапките на луѓето во него или пак на градоначалникот :) . Охрид треба многу да работи на подобрувањето на своите туристички услуги неоспорно. Но и како нација имаме доста да работиме на поголемата свест, толеранција, култура...
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Важи бе, нека стават...штом имаат проблеми со викендашите, нека работат рампите само за викенд, сабота и недела....ни макац!
    Ама од тие пари што ќе ги соберат фино лепо да си постават канти насекаде, на секое ќоше, и по плажите, и да си платат луѓе за редовно чистење, да не видиме повеќе ниту еден опушок на плажа! Наместо само пред да почне сезоната да ги чистат плажите, да се чистат секојдневно!
    Само кога би било вака би рекла- во ред е!