1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влезот во Охрид ќе се наплаќа!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MiiLla, 19 ноември 2011.

  1. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    ЈАС МОООРАМ ОВА..
    Дечки еден ПОЗДРАВ ОГРОООМЕН од мене до Охриѓани.
    Јас секоја година барем два пати одам во Охрид (еднаш на викенд, еднаш на одмор).
    Ако се усвои овој небулозен предлог кој нема апсолутно никакво логичко оправдување, бидејќи веќе се наплаќа туристичка такса, еве што ќе се случи ОД МЕНЕ до градот Охрид и Охриѓани.
    Ветувам дека нема да доаѓам повеќе во охрид, Јас, а со мене повлекувам уште друштво од 9 луѓе.
    Па да ви ја подобјаснам математиката, од "нас Скопјаните" кои само ѓубре правиме, пари не трошиме на одмор и проаѓаме најсиромашно.
    Ние сме 10 луѓе.
    -Значи минимален трошок за смештај (зборам приватно во вашите одајчиња, не хотел) е 10 евра од ден (пошто ги напумпавте цените за смештај до плафон).
    Од особа тоа се 100 евра за 10 дена. 100 евра х 10 особи = 1000 евра - за смештај.
    - За јадење минималец од бурек и јогурт = 100 денари, 3 оброка на ден = 300 денари т.е. 5 евра. Од особа за десет дена тоа се 50 евра. 10 особи х 50 евра = 500 евра за 10 дена.
    - Да ви ги платиме лежалките и сунцобраните за на плажа: Исто 5 евра од особа за 10 дена тоа се 50 евра. 10 особи х 50 евра = 500 евра за 10 дена.
    Да испиеме по едно кафе на плажа 100 денари, едно пиво у кафич 120 денари, едно у дискотека навечер еве уште 120 денари, и таксито што ќе го делиме навечер уште минимум 150 денари, тоа се 500 денари. Тури 8 евра од особа х 10 дена = 80 евра. Од десет луѓе 800 евра за 10 дена.
    Е сега тука нема да ви рачунам сладоледи, сокови, екстра влезови по дискотеки, шопинг на купаќи сувенири, украси, накит, гардероба, американски крофни и пченка, затоа што нели тоа е ееехеееее ОгрОООмен луксуз по туристичко место а ние нели голтари па штедиме на такви ствари. Рачуницата искача вака:
    Од мене и мое друштво Вие и Вашиот град, следново лето ќе изгубите 2800 евра приходи.
    Е толку губите од некој што доаѓа само ѓубре да праи.
    ПС: Иначе кога идам на одмор ништо не носам со себе, млеко за сончање, купаќи, очила...се се се си купувам од таму кај што сум на одмор и како добар турист навечер уживам да вечерам во ресторан покрај вода. Колку да немате забуни, така да оваа сума што отприлика ви ја пресметав за мене можете да ја помножите уште минимум 2 пати.
    Ајт чао.
     
    На Dushica-sk и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Значи темава се однесува на „генијалната“ идеја на нашиот ни градоначалник да постави рампи на влезовите во градот. Ќе ве молам да се држите до тоа.
    И ќе ве молам да не генерализирате Вие Охриѓани вака, вие Охриѓани така... затоа што признавам, се наоѓам навредена.
    И уште нешто: немојте да ги преувеличувате работите со цените на пијачките по кафичите или пак со цените на собите кои се издаваат во лето. Точно е дека има место каде цените се превисоки, но не е секаде така. И немојте веднаш да навредувате дека собата имала поглед на нечија фасада, немало купатило, немало тоалетна во тоалетот..... има луѓе кои се трудат да егзистираат од овој т.н. бизнис, а нудат услови кои се далеку од овие кои вие ги набројувате.
     
    На La.Reina.Del.Sur, Bright, angel92 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    На темава се збори за рампи за влез, не за патарина, не за цени.....
    Сите многу добро знаеме како е и што е во Охрид. Но, кој нема пари за смештај нека не иде. Еве јас имам кај да отидам таму, ама пак за 200 евра отидов во Црна Гора. И таму нема наплата на влез у град. Ниту па сум слушнала на друго место да има.
    И што, лични карти ќе ни бараат на влез да видат од кај сме, или пак извод, кај сме родени.
    Да платиш влез, да платиш туристичка такса, а пак оние кои имаат бизнис за време на сезона не заработуваат, туку се полни туѓ џеп.
    Срамота е.
    А и овие примери, дека у Скопје требало да се стави рампи. Демек цела провинција. Значи кога ќе сфатите дека целта е некој од власта да си го наполни џебот а не градот. Прво и не смееп да наплатиш влез, ова е студентски град, главен град и секој има право да го користи факултетите.
    Во Црна Гора се плаќа 10 евра за влез во државата ама за цела година, па после ти иди колку сакаш.
    А вака да тргнеш во Охрид, ете работиш таму треба секој ден да плаќаш, значи минимум 20 евра месечно, па сеа види ти дали е малце.
    И веќе ништо не ме чуди од нашава власт. Работат само и единствено на осиромашување на своите гласачи.
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    влезот во Охрит ако се наплаќа јас не влагам во охрид ;)
    него коце треба да го наплаќа влезот тогаш во скопје :D :D :D па ќе видиме кој ќе е Ќар хехехех море чиста глупост и баналност ограничување на движење ако имаш плати и дојди. Ова на ништо не личи :puke: :puke: вака ми се прави од идеава :puke: :puke:
     
  5. relax08

    relax08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Јас ќе се шверцам преку езеро :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: како што разбрав само на влезовите ќе има рампи.... а на брегот не :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На AnaKarenina, Hipica и k.i.m им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Ако биде и тоа, уште воздухот ќе остане бесплатен, се друго го наплаќаат! |(
    И го преценуваат.
    ГО сакам Охрид и преубав ми е, но цените на лежалките, сместувањето се големи, за нас.
    Смешно е и ние и странци да одиме во Охрид по иста цена!
    И една Бугарија, што до вчера ја сметавме за никаква си има различни тарифи за странци и за Бугари.
    Епа ќе се крстиме после што не не бива, епа нема да не биде, кога ништо не правиме за нас самите
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    5.727
    Ако уште ова се наплаќа јас верувам дека ова лето нема да дојдат ни тие туристи што идеа оваа година и онака ги имаше премалку за разлика од минатите години .
    Годинава една вода побарав кај што седевме и ми носи келнерот флаширано шише со вода.Гледаат од ништо да се направи нешто .
    Од година се договоривме дека нема да одиме Охрид заради превисоките цени , туку ќе се оди Бугарија . Едни другари си поминаа сјајно во аквапаркот во Бугарија и кога ги направивме пресметките свативме дека ние сме потрошиле повеќе пари од нив, а ние бевме овде тие таму. Кога ги пресметавме наплаќањата за лежалки, излегувањата навечер свативме дека погрешно постапивме ..
    И што сега, наплаќање на влезш уште тоа фали . Барем тој нека биде слободен оти Охрид живнува само во лето кога има или подобро кажано имаше многу туристи.
    Па не се и тие малоумни ќе сватат кај им се исплаќа повеќе уште и ако влезот го наплаќаат ќе го изгубат и тоа што го имаат.
     
  8. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Еее зато некој ќе му оди.....јас минатата година воопшто не бев охрид....немав потреба...аа пак годинава уште помалце....ццц само гледат како можи да испокрадат повеќе пари..
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Опростите на неговите симпатизери и подржувачи, ама попрост градоначалник од овој искрено не сум видела.
    Додуша, рака на срце, не го познавам лично ниту пак лично сум осетила благодети од тоа што тој е градоначалник на Охрид, потезите негови што ги даваат на ТВ и неговиот речник и опседнатост со Скопје говори за тоа колку проста личност е.

    Ајде да ги баталам неговите изјави кои воопшто не личат на речник на еден градоначалник, ама оваа негова фамозна реченица нема никогаш нема да ја заборавам: „Ааааа како во Скопје има патарини, за да влезеш, и во Охрид мора да има, на 3 места од каде што е влезот. И како така може Скопјаните да се бунат дека им се скапи ПАТАРИНИТЕ за во Охрид, а плаќаат за да влезат кај нив во Скопје! И овде се што ќе јадат, пијат фрлаат на плажа, треба ли некој тоа да го собира? Или ќе дојдат на ден, или за викенд, ќе си земат од дома за јадење и пиење, овде поголема штета ќе направат, него ли промет? Касата на град Охрид е оштетена ради тоа, треба да се надомести од негде!“

    Кога го слушнав ова, си реков: „Зарем ти си градоначалник ?!?“ :o
    Искрено, сеедно ми е дали од Вмро или Сдсм, него му личи вака да се изразува, со тежок простотилук содржан во зборовите.
    Прво и основно, патарина и влез не е исто за наплаќање. Патарината е автопатска такса за возилата што го користат автопатот. А влезот во Охрид на кој што тој мисли да стави РАМПИ, нема благе везе со автопат, поише би рекла дека е селско патче/сокаче. И повторно ќе кажам рампа и патарина-2 различни поими.
    Второ, со неговото упорно спомнување на Скопје и Скопјани само ја покажува неговата опседнатост со Скопје како главен град, и Скопјани кој претставува најголемиот дел од туристи кои го посетуваат Охрид, и најголемиот дел кои имаат свои сопствени станови, апартмани, гарсоњери таму.
    Трето, иако не сум била неколку години таму, но еве има лични примери овде и надвор од форумов кои ми кажуваат дека цените за јадење/пиење/такси или било што кое човек го користи за одмор, е дупло поскапо од цените во Скопје, дури и поскапо од цените во приморски места на Јадранско Море. Споредба море/езеро.
    На тоа, г-динот ќе рече: „Ако ви е поубо, одете си на море!“.
    Да г-дине, ќе одиме на море, и сигурно дека ќе си поминеме поубаво, но самото негово просто и примитивно размислување придонесува секоја година се помалку и помалку туристи да има од нашава земја, а од странство - не знам. Ако ним им се исплати повеќе - бујрум.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    3.204
    Еј ај не се жалите. Во Охрид сега ќе направат такса и за погребално... т.е. Треба 1500 да се плати годишно за да се "оджуваат" гробовите за кои е платено. Доколку не се плати, го чистат. Дали во вашиот град има вака? НЕ! Епа и ние што седиме во Охрид треба да одиме низ вакви глупави одлуки кои не засегаат и нас. Јас не издавам ама знам многу што издаваат и многу јасно е дека ќе се намали бизнисот. Ама тоа не е до граѓаните на Охрид, туку г-динот Петрески.
     
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    Морам да надополнам, освен тоа се плаќа и атмосферска вода, барем нас ни стига сметка од 60 денари месечно, што и не е малце кога ги пресметаш годишно.
    Ама тоа стварно нема врска со граѓаните на Охрид, затоа не гледам во ист кош да се ставаат донесените одлуки и Охриѓаните.
    Мора некако да се заштитат Охриѓаните, и стојам зад тоа.
    Има и такви што ќе те прелажат, не велам не, но ако сакаш одмор, провод, во секој случај кај и да си ќе треба да одвоиш пари за истиот.
    Толку имав да кажам за ова, а конкретно на темава не оправдувам во никој случај, затоа и велам да не се мешаат двата поима, донесените одлуки или одлуки што би се донеле, и оденсувањето на Охриѓаните што работат приватно. (воедно тука и за цените на сместувањето како и цените по кафичите-маркетите...инт) :)
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Хмм, се плаќа не на годишно на 4 години, незнам по колку пари. За Скопје зборам.
    Сегде се плаќа за одржување на гробови, не само во Охрид!
     
  13. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Ако, нека измислува глупости паметниот градоначалник на Охрид. Ако мисли дека на овој начин ке заработи, се излажал. Наместо да направи нешто ново за да привлече туристи, тој ке наплаќал влез. Живи глупости. :fubar:

    Ајде бе, така нека биде, ако веќе наплаќаме влез по градовите нека се наплаќа влез и за во Скопје па да видиме кој повеќе ќе заработи. Во Скопје и онака не се дише од што се преполни кој од кај стигне тука останува.

    Па барем ако веќе сите сакаме да живееме во Скопје нека се вика целава држава Скопје, бар нека не се иселуваат луѓево од останатите градови.. И онака неможеме да го решиме спорот со името :lol:
    Немам зборови за ова едноставно КАТАСТРОФА!!
     
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Уште ова ли требаше ? :fubar:
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Тиии чупче од Скопје си?
     
    На Hipica и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Леле абе не влагаме во Скопје ко кизнај шо да е Охрид |( А колку ќе биди наплаќањето ?
    Ова е тотал глупост :^)
     
  17. vanessa.k

    vanessa.k Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Што е Охрид?-дизниленд?? -.-
     
  18. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    ам ај де поголема глупост не ни имало нит ќе има
    а ќе се наплатувало по 1 евро , ама ништо нема сеуште
     
  19. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Да, од Скопје сум.
     
  20. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    Градоначалникот денес е , а утре не е !!! важни се лугето обичните грагани ! ние Охригани денес и вчера пречекавме многу луге ете нека се најде некој да каже дали на влезот му зедоја 1 евро?!?!?! ајде бе зарем по умот на ,,манулач.. ,, ке се донесуват мислење негативно за граѓаните и за градот ???Сите последици кои ги предизвикуваат политичарите ние граѓаните ги трпиме на сопствена кожа ! Во услови кога од политиката досега се водеше овие 20 години од страна на сите досегашни влади вклучувајки ја и оваја и од сите досегашни градочалнци народот остана одран до гола кожа се е сиромаштија и беда и немаме веке ниту една фабрика во Охрид што работи никаков извор на средства за живот уште глупости ни фалат како овие глупи изјави на ,,манулач,,и сите слични на него ! :tmi: