Во Охрид имало и секогаш ќе има туристи. Тоа едно евро нема ништо да смени сите пак во лето ќе одат во Охрид. Сега да ќе зборуваме за тоа, ќе се жалиме, ама што? НИШТО. Исто како со таксито во Скопје. Покачи, и тоа премногу, па пак сите го користат!
Тука женска мислам дека се лажиш, имало да и ке има али какви, само еднократни! Тие што биле постојано што скоро секоја година го посетуваат веке се заситени, веке ништо ново не се дешава.Не знам ти царински рампи, секоја година се поскап смештај и услуги , за истите цени човек ке отиде на море и ке се изнадише свеж морски воздух, и мирна ке му биде главата, а не некој родител дали да се плаши да го пушти детето на летување во Охрид зашо на некој ке му текни да го убие од котек ради тоа што му ја зел девојката.Лани го убија србинот, предодната година беше тргаедијата со Бугарите, со бродот што потона, па нема веке да замижваат лугето на вакви работи. Да, градот е прекрасен има кутуролошки обиекти ,цркви, музеи.Али тоа е нешто што човек иди еднаш да го види, не доага секоја година и постајнао да ги гледа, за да доага секоја година постојано градот треба да понуди многу повеке.Тие работи што треба да се оджуваат од година во година и да прават да биди интересн , веке ги нема и скорз се изгубија.Па лугето два пати ке се запрашат дали посиплатливо им е да одат на одмор во Охрид или за истите пари да фатат негде на море каде далеку е поздраво и има што да се понуди. Така да не сум баш убедена дека секоја година ке биде истото и секогаш ке има туристи како што тврдиш, еве земи прост пример што се дешава со Преспата, ради неодржвање и ред други фактори.
Епа очигледно не си отидена подалеку од Скопје за да видиш како се живее во останатите градови смртници заборавени од каква и да било инвестиција која може да го промени нискиот економски статус на многу граѓани и селани воедно. Темава не е за Скопје,ама просто ме иритираат вакви примитивни размислувања на луѓе кои би требало веќе да си ја градат личноста. Никој не ви го зема Скопје, да ни беше убаво во нашите мили ем драги провинции немаше да доаѓаме таму. А, од кое село се твоите?
Женска, извини вака, ама ова ти што го кажуваш ти се чисти глупости. За трагедијата со бродот прво: кој нормален би помислил дека е тоа намерно?! Па вакви работи се случуваат. Не велам дека е во ред, бидејќи знам дека бродот беш стар, но никој намерно не ги натрпа Бугарите на бродот, за да ги удави. За тоа со србинот: воопшто не го оправдувам начинот на кој му „пресудија“ овие нашите. Тотално брутално и немилосрдно е да одземеш нечиј живот на таков начин. Уствари, на каков било начин. Никој не е роден за да си игра Господ на Земјата. Но, инцидентот настана затоа што и двете страни беа импулсивни и и двете страни си го бараа, искрено кажано. Зошто не настрадав јас, или кој било друг од присутните таму, кои само што видовме дека настанува гужва и збрка го напуштивме местото? Кој си ја бара бељата, ќе си ја добие. Жално само што целата работа вака заврши. Ти Охрид го направи Тексас мајката. А ние што живееме таму треба да ни е страв по улица да излезиме? Please
^ Види вака женче јас го почитувам твојот став и мислење ,ако немаме исти мислења не значи дека треба да ме навредуваш дека тропам глупости. Па уште ненормална дека сум.ПОгрешно си ме сватила во тој дел.ЈАс нигде не реков дека тоа со бродот беше намерно.ПА фала богу дека не било.Беше несрекен случај ради невнимание, Зошто и сама кажа бродот беше стар.Тоа и ми беше поентата.Не се вложува довлоно.Треба многу повеке да се понуди.Од година во година ние наместо повеке да вложуваме одиме во обратна насока, и си мислиме дека туристи секогаш ке има, е не нема да има.ДА не се повторувам во погрниот пост се изјаснив. И во врска со случkата со србинот , да во право си тоа може во секој град да се случи не само во Охрид, САмо ова не ти е на место , не знам што точно и како се десило да не мудрувам многу знам само дека никој не засужува да умре на таков начин. Пoздрав и не ги свакајте толку лично критиките упатени до вашиот град.Јас свакам дека има луге кои се трудат за градот и туризмот да оди напред.Али со вашиот ви градолначалниk и неговите идеи , место да просперирате повеке ке тоните.
aman [to se karate ???? i da imat turisti i da nemat posledicite ke bidat po standardot na graganite na grad Ohrid a ne na skopjani!
Епа очигледно не си отидена подалеку од Скопје за да видиш како се живее во останатите градови смртници заборавени од каква и да било инвестиција која може да го промени нискиот економски статус на многу граѓани и селани воедно. Темава не е за Скопје,ама просто ме иритираат вакви примитивни размислувања на луѓе кои би требало веќе да си ја градат личноста. Никој не ви го зема Скопје, да ни беше убаво во нашите мили ем драги провинции немаше да доаѓаме таму. А, од кое село се твоите?[/quote Не се секирај ти за мене, дали јас сум излезена надвор од Скопје или не и дали моите размислувања се примитивни, тоа си е моја работа. Нема да паѓам на твое ниво и да се карам или пак да го објаснувам мојот став. Како што забележав во твоите мислења, доста често имаш обичај да се расправаш низ форумов, а јас за тоа не сум тука.
Како се чита мислење според 19 годишната ѕвезда(само болд) : Ова е она типичното "NE ZNAM I NE SAKAM DA ZNAM!!!111" Извини. Можеби некогаш ќе дискутираме кога ќе го научиш вистинското значење на зборот форум. 19 години...
Драга, не сме ние криви што се инвестира само во Скопје, па цела Македонија останувала таму. Секој си гледа за себе и кога ќе му се пружи шанса за работа нормално дека ќе ја искористи. Ако сакаат да намалат цела провинција да останува во Скопје, нека инвестираат нешто и во другите градови, да се подобри економскот статус и да има подобри услови. Да беше од друго место , а не од Скопје ќе сфатеше што ти се зборува, и ќе дадеше реален одговор. Каква корист би имала јас во Струга? Си била да видиш што се нуди? Или во Охрид? Битола? Да не зборувам за источна Македонија. Така да, никој не е крив што останува во Скопје и ви го диши воздухот. Токму поради овие причини. Секој со својот к'смет.
а и воздухот во Скопје ама е за дишење (ова заради вистинската загаденост во градот, не е метафора, да не се сфатиме погрешно) Од извори блиски до градоначалникот, знам дека парите кои од страна на буџетот на РМ треба да бидат редистрибуирани во буџетот на општина Охрид, не стигнуваат веќе подолго време, така што општината работи само со средствата коишто сама ги собира... Политички бојкот, политички игри, превари... Неважно.. Важно е што градот бара начини на дополнително финансирање кое резултира со вакви налудничави идеи... И секако дека не е до тоа дека тие што одат во Охрид на 10 дена немаат да дадат 60 денараи за влез, туку е до принципот, ама па кога може да давам пари за изградба на КОЊ, зошто да не дадам пари за нашето најголемо туристичко место? А за односот Скопјани - Охриѓани не е место ни време да се коментира... Не се сите Охриѓани катиљи исто како што не се ( ВООПШТО НЕ СЕ) скопските дечишта цвеќиња.
Немам што повеќе да додадам, само да се појаснам, да не испадне дека навредувам, па да ме банираат на одреден период. Моето тврдење дека се глупости не го оставив така празно да стои во постот, туку го поткрепив со цврсти ставови и мислења. Конструктивна ми беше критиката. Не реков дека си ти ненормална. Реков дека е ненормален оној што ќе помисли дека е намерно. А бидејќи ти се изјасна дека не мислиш дека е намерно, не знам зошто се наоѓаш навредена Ашлинг, да не се караме и потценуваме
Навистина срамота уште тоа треба да се наплатува кај е огин скапо се па истите пари дури и помалку ќе потрошам ама на море ќе одам да се сончам и бањам,а не во Охрид со ова не сакам да ги навредам Охриѓани ама претераа со цените. Јас лани бев на море 12 дена и супер си поминав и потрошив дупло помалку отколку што потрошив во Охрид за викенд.
Искрено да кажам, се покајав што пишав. Можеби и јас лошо се изразив, ама не очекував волку да ме нападнете заради искажано мислење. Баш дека е ова форум, како што кажа Ашлинг мислам секој може да си каже што мисли без притоа да биде осудуван од страна на другите. Извинете уште еднаш ако некого навредив. И веќе нема да коментирам тука. Еве кажувам се повлекувам.
ја идев у охрид алли више не ,овие последни 2 год си идам на морее ,иста цена а може и поефтино ама барем на море сум со најубава клима,а не на ладно езеро со еден куп камења да не ме свати некој погрешно,го сакам охрид мн убав град е ,али претеруваат бре тоа со цените ,па усте и рампа брејј брука на бахами нема рампа па не у охрид
Значи никој не те навреди. Ти кажав што мислам во врска со твојот пост. Значи дискутираме. Се води некаква дискусија и така се развива форумот. Ако секој си пишува само пост и никој не му реплицира што би било тогаш? Досада. Не те осудува некој ако те цитира и те допрашува нешто, ти објаснува или бара некаков друг аргумент. Сосема е нормално и дозволено. И така и треба да е. Па ебаму мајката ако нема дискусии и реплицирања ќе го снема и форумот, нема да биде ни интересен повеќе. Мене барем не ми е интересно само да читам кој што сака и толку. Нека се навлезе малку во детали. Дискутирајте луѓе, тоа му фали на еден форум. А не да се повлекуваш ако некој даде контра мислење. Ако има навреда, не грижи се си има тука модератори и администратори. Тоа е вистинското значење на форумот.