1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влезот во Охрид ќе се наплаќа!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MiiLla, 19 ноември 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    и после некој ќе ми рече од мајчица Македонија поубаво нема за одмор. :D Абе ајде. Да плаќам за влез во Охрид :D Ќе ме види Охрид мене некогаш... :rofl:
     
  2. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Тоа од шо таму е најчистата вода што постои :D
     
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Па ако не сте знаеле низ Европа секаде се наплаќа влез во град. Па нели и ние чекориме кон Европа. :D
     
  5. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    е ова е навистина невкусно, и ги поминало сите граници на култура, па човече брее свести сее, да не се скопјаништата во охрид градот ке ви биде празен, зошто ги напаѓаат луѓето, кога тие најмногу пари им остават. Второ влезот ке се наплаќал?? Па тебе ти фале нешто во главата?? Требало и излезот да го направи пак да се плака.. тактиката на градоначалников се вика „одете си луѓе и не доаѓајте во Охрид„... Па како што е трегнато и ке ја спроведе, почнувам да не се сомневам, зошто? Па секој нормален човек, кога ке си пресмета колку пари ке му требаат за на 10 дена во охрид, ке свати дека со тие пари истите ке можи да помини 10 дена во Грција или Бугарија(што може и поефтино е), па кој и да го прашаш да бира меѓу езеро ладно, и топло море, мислам нема потреба да одговорам на ова сите знаеме што е убаво. И не сум многу погодена од веста дури и смешно е ова, не сум одела во Охрид на одмор нема ни да одам, но не сум само јас овде многу луѓе го сакаат Охрид и ова не е фер да им се направи, не дека е многу 1 евро, туку едноставно со тоа те понижуваат ајде плаќај на градот нуму нешто да не купиш :fubar: ахх безобразни болестии
    најголемата мака на охриѓани е што Охрид им завршува со Д :D
     
  6. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ха и после да не идам надвор од Македонија?
    Незнам со кој памет им текна ова,оваа година дефинитивно ќе биде нај пуста во Охрид.барем да имаа нешто убаво,плажи како што треба... |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Луѓе а кој ве присилува да одите во Охрид, вие самите го бирате тоа. И сега натемаго ви е крив...
    А дека Охрид е полн со скопјани не е точно, и сега да појдеш таму е преполно...не си ласкајте. Охрид живее од странците а не од еден македонец кој избегнува да плати и паркинг, па појдете во Бугарија или пак Грција (тие вас ве чекаат) и избегни да платиш паркинг и помини 10 дена за 10 000 денари, продолжете да сонувате.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а во Охрид демек можно е да поминиш 10 дена со 10 000 денари???? манемојјј и за паркинг да не збориме, незнам колку години по ред сум во Грција на одмор па до сеа паркинг јас немам платено, знаеш зошто? Па не им е цел град во паркинг претворен, туку таму се смета паркинг како побезбедно место за да ти стои колата, а не морално место за да ти стои колата во спротивно казна.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Немој и ти толку остро, патриотизам е во прашање. :D А за ова дека немало мн Скопјани во Охрид, нема врска. Баш една колешка од факултет порано често знаеше да каже „Ако сакаш да си фатиш Скопјанец, оди во Охрид“ затоа и одеше Охрид често. :D
     
    На IvanaMkd и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.
  10. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Во ред е душо не се возбудви... Во Грција колата ти е безбедна ама ти ако си македонка, колку си сигурна и безбедна да го кажиш тоа што си, е незнам?
     
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    незнам зошто дозволувате медиумите да ве трујат, темава не се вика македонија вс грција туку влезот во охрид, и штом јас ( а верувај не сум само јас) секоја година сме таму на одмор сигурно не е тоа од недоволна сигурност. кај и да одиш на летување како турист си добро пречекан за да им оставиш повеке пари, и наредната година пак да се вратиш, мислам дека повеке нема потреба да коментирам за можиш да ме разбериш што сакам да кажам, биди ми поздравена
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Ај да ви ги смирам страстите, ова е првоаприлска шега, очигледно е, а и не е посочено името на градоначалникот, да беше вистинита изјавата ќе го пишуваше :lol:
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Eве ја лично никад не сум криела дека сум Македонка и ништо непријатно не ми се десило...политиката и туризмот се две различни работи. Веруј, шо се тиче обичниот народ, ние повеќе се узбуџаваме за темата со името од нив, од оние со кои сум контактирала, никој не се замара, а и никој не сака да се замара. Баш еден бизнисмен кога дојде на посета во Македонија (Грк) рече: „Непријателството е само политичко, на економски план досега супер клима имаме.“ Не се будали да си го зезнат туризмот (нешто што им носи премногу пари) за некои муабети шо се праеле за време на седница. Секој си го гледа својот дом и својот леб, а и џеб.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сето тоа е чист интерес, ама над 90% од населението во Грција ја поддржува политиката на владите (зборувајќи во континуитет по ова прашање имаат ист став) во однос на името на нашата република, тоа е токму тој, обичниот и навидум незаинтересиран народ. И од друга страна, неоспорен факт е сите држави кај кои се јавило меѓусебно непријателство и нетрпеливост, истото ќе си го ,,носат,, засекогаш, дури и кај ,,најцивилизираните,, врие од вакви примери, така да ставот поврзан со игнорантноста е доста наивен и неиздржан.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, лани летото за прв пат отидовме во Грција, убаво беше не велам не, многу мирно, спокојно, хотелот супер, амааа... си шетаме така низ гратчето Паралија и си викаме ај да купиме картички телефонски за да се јавиме до дома. И прашуваме еден дечко во трафика и овој почна да ни објаснува како се внесувал бројот од картичката, се задлабочи во објаснување и на крај ни вика прво внесуваш повикувачки број за Србија 381 и јас тогаш ок ние од Македонија сме друг број имаме, и гркот тогаш смени фаца киселкаста и се покаја што ни помагаше пожртвувано и немаше што друго па ми вика Македонија ис хиар или ин грис не ми текнува а јас само се насмеав и викам да да, па во право беше човекот Македонија не само што е таму, цела Грција е Македонска :lol:
    И мислам дека не можеш да бидеш баш сигурен како Македонец во Грција, остави ти тоа што некој бизнисмен мислел така, нормално дека така ќе каже, но што мисли навистина тоа е друга работа. Секогаш ќе се најдат некои нездрави кои можат да ти го заебат одморот, да ти искршат кола, да те нападнат некаде. Земи го примерот со србиве и хрвативе на ракометното првенство.
    Охрид е убав како град, треба да се наплаќаат влезници во културно-историските споменитости а смешно е влез да се наплаќа, па во Охрид не се патува само за одмори, се патува од разни причини.
    Презаситена сум од одмори во Охрид, не дека не го сакам, ама не би одела наредниве 5-6 години таму на летување. А и последниот пат ми беше трауматичен, добив труење од водата кај Св. Петка, комплекс св.Наум. Некои злобни луѓе го тргаат знакот дека водата од изворот не е за пиење, дека е загадена а ние си пиевме и после опасно труење, а тоа ни беше последен ден, памтам вечерта имаше некој концерт од т-мобиле и си планиравме да одиме, па утредента малку на плажа па дома, ама се исцедивме, дехидриравме и ништо не смеевме во уста да ставиме се до дома.
    Значи намерата ми беше да кажам колку мизерија има во народот, кај што се алчни за пари за соба и ред други работи, па и ќе отрујат човек, а може и да му пропаднел бизнисот на тој што продава шишиња за полнење вода, нека прости Господ ако грешам. Ама се додека сме толку алчно зинати за пари и неуслужливи, нема да ни процвета туризмот.
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еве, конкретно јас ќе зборувам за Бугарија, навистина немав лошо искуство со луѓето, а сум била неколку пати, ама едноставно иритира кога насекаде гледаш улици - Шар Планина, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски... А за тоа како отворено нудат помош за нивно посредување за државјанство прилично офанзивно низ македонскиов виртуелен простор и да не зборувам, во ред е ако некој ти побара помош да имаш волја да понудиш, ама што се туркаш со предубедување дека на сите им е неопходна?! Мене ми пречи наметнувачкиот пристап, пак кога е затскриен зад слаткоречивост - уште повеќе...
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кога можам јас да преживувам со 9 000 месечно да живеам во Скопје (од тие пари плаќам кирија, сметки, јадење, трошоци за факултет, автобус до дома...), тебе 1 000-ка дневно во Охрид ти е и повеќе од доволно.

    И аман веќе! Троа нешто ќе се појави што не чини во градов, веднаш се фаќате за температурата на водата во езерото и нејзината чистина. Смешки.
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Зарем може да знаеш што мислат 90% од Грците? Импресивно, јас не знам шо мислат ни 10% од моето маало. Да не мислиш на оние анкети и и “истражувања“? Па добро, кој уште верува во тие работи...
    Ми е гајле искрено да ти кажам кој што мисли за мене се` додека се труди да ме услужи како човек. Шо ми е гајле, на одмор сум-не сум на револуција.

    А за користаџии, ги има во сите земји, па и во нашата. Демек на друго место многу не` љубат-сите гледаат да дојдат до пари. Барем мене досега никој ме нема примено на одмор од љубов, за без пари :lol: . Јас зборувам за моето искуство, што е поиздржан аргумент од некои статистики праени на кафе пауза од некои на кои им одговара тоа и чија вистинитост не можеме да ја докажеме. А шо се тиче моето искуство, Грција и Турција најдобро се покажале. Со алал сум им го дала секој денар. Не велам дека други немале проблеми, ама ете, јас лично не сум имала, барем во тие две земји.

    И не можам да судам некому однадвор што има национални предрасуди за мене, кога и дома сме си поделени на вмровчишта, комуњаришта, Скопјаништа, Охриѓаништа, и така му натаму -ишта.
     
    На Li0ness и Abeja им се допаѓа ова.
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    со 9000 денари цел месец во скопје (што е по ефтино од охрид) да плакаш кирија сметки трошоци до факс??? а извини едно прашање се храниш ти нешто???? и јас студирав во скопје па само кирија и сметки ми беа 7000 денари другите трошоци не ги рачунаме.
    е сега да поминеме на темата охрид, 5оо денари минимум ти е соба да си најдиш, кај се трошоци за нафта ако си со кола или за такси?? плажите не се во градот?? сите одат на одмор за на плажа да одат, кај се трошоците додека си на плажа јадење пиење, сигурно сме отишле на одмор нема да гладувам, или да си носам паштети од дома, а во охрид јадење пиење уууу оган,едно пиво на плажа 150 денари, сендвич најобичен под 100ка не е, па за време на сезона да не зборам, и ти мислис дека 1000денари ке ти стигнат за еден ден. пфффф нема шанси никакви, друго да живееш во охрид, друго е да си таму турист, извини хипице ама воопшто не се согласувам со тебе оти не си реална во муабетов. не ме свакај погрешно, немам ништо против охрид(сите роднини ми се таму), но за ова што го кажав сум во право и тоа 100%. поздрав :*
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Оф-топик: Да, јадам, дури и некое килце отповеќе може имам. И си ги пуштам нозете колку што ми е черџето.
     
    На IvanaMkd му/ѝ се допаѓа ова.