1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влезот во Охрид ќе се наплаќа!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MiiLla, 19 ноември 2011.

  1. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    483
    Во Охрид доаѓав редовно, каде и да одев на одмор пак 3-4пати ќе поминев и во Охрид на некој ден. Градот е прекрасен и единствен, штета што бистрите идеи на некои луѓе ќе го уништат полека но сигурно. По оваа глупост и непромисленост на градоначалникот на "македонскиот бисер" никогаш нема да дојдам повеќе! Верувам и останатите 70% од оние кои доаѓале нема да стапнат таму годинава. Па да видиме како после без скопјанчиштата. После Грција ви е крива кога таму одиме сите, каква и да е политичката состојба, милион пати повеќе гостопримливи се одошто охриѓаните, а тоа е она што се брои и што се цени, а не што рекол некој политичар. Затоа летово, правец сите Грција, на МОРЕ, а не на ладно езеро за кое и такса треба да плаќаме одозгора. Која умисленост!
    Молим ти се, па зар Скопје да земе да воведе такси за улиците што ги газат оние кои не се од тука, за факултетските места кои им ги земаат на скопјани, за користењето на кафичите, театрите, за гледањето на спомениците?? Глупост невидена!!! Па седете си тогаш во Охрид, учете си туризам и развивајте си го туризмот, и онака сте на добар пат да успеете!!
     
    На AnaKarenina, senjorita.lombardi и tessie им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Е да де. Не само факултетски, дури и работни места, па и станбени објекти. И тоа уште погоре некој пишал „Ако не ви се свиѓа Охрид, шо барате“ Е и ја истото прашање го поставувам на оние кои мрчат против Скопје и Скопјани. Ама не, во тој случај ќе фрчат банови тука, ќе биде бетер од инцидентине со темата Скопје VS Провинција. Може и Скопјаните се увредени со некои мислења на темава бе...

    Како шо рече Игор Џамбазов у една емисија „Ја би им ја отворил рампата да си идат сите оние кои седат у Скопјево сосила :lol: .“

    Немам ништо против оние што живеат во Скопје, а по потекло не се од Скопје, да се разбереме. Ако е за тоа, треба и на прабабите и прадедовците мои да се лутам, а и на мм муабет да не му праам. :D Ама, факт е, животот во Скопје си има свои привилегии. Е сега ем да уживаш во нив, ем да мрчиш стварно е лицемерие.
     
    На parrot му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Kaj мешате баби и жаби во муабетов не ми е воопшто јасно.
    За капењето во езерото увидовме и сфативме дека е првоаприлска шега која на младите и перспективни туристи ги допре до его и по нивната најболна тема "Летување во Охрид"
    Втора работа што ми забоде очи е она што го пиша parrot за факултетските места,користење на кафичи, театри етц.
    Би сакала да навлезам во темава подлабоко,ама сметам дека нема смисла да се расправам за нешто кое е напишано само од непромисленост.

    Охрид е убав град со лоша инвестиција. Кога може светот од град сред пустелија да направи нешто атрактивно, ние се куропецаме. И не само Охрид, тука се и Преспа и Дојран крајно запоставени.
    Заклучок.. туризмот во Македонија е гомно и не е крив народот, туку оној кој е задолжен за истиот.
    За некои лични идеали, народот ќе се испоубие меѓу себе.
    Никој не сфаќа дека се манипулира што е можно повеќе, туку све им препишувате на граѓаните и се се сведува на Охриѓани, Скопјани, Битолчани, Прилепчани, Струмичани, Велешани итн.

    Можеби иста локална власт со државна ќе ја промени ситуацијата на туристичките градови во Македонија.
    Пак си останувам на моето во врска со темава, за да се наплаќа влез треба да има нешто привлечно и вредно за туристите, гледање споменици, восхитување на базилики се прави еднаш или два пати,ама секое одење на стара слава да заработуваш не бидува.
    И ова на некој начин е бизнис. Прво треба да инвестираш, па да заработиш,а не обратно.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    А како ти знаеш дека немам способност за телепатија? Шега на страна, нема ништо импресивно, туку е дури и премногу симплифицирано како се изведува заклучокот, без воопшто и да постојат анкетите (иако голем број анкети се на стероиди во крајната интерпретација на податоците, сепак се покажале и како точни во пракса повеќето, земи пр. за наклонетоста кон лидерите на партии и исходот на наредните избори, така да нема зошто и анкетите да се отфрлаат во целост, ама тоа и не ми беше целта да го објаснувам). Зарем е спорно кој е ставот на Евреите кон неонацистите, или на Ирците или на Тибеќаните или (можам да ти набројам огромен број други вакви примери), истото се однесува и на драгите ни соседи Грците и Бугарите, кои биле и останале крвници и со офанзивни претензии кон нашиот народ и територија, не само што не е спорно, туку е очигледно. Само што веќе сме на повисок цивилизациски развој и не јуришаат војските после сигналот едни на други (макар што соседиве предерски ни мобилизирале наши луѓе да гинат за нивни цели, вршеле терористички упади и присилни раселувања и што уште не), сега постојат пософистицирани начини на изразување непријателство - ќе побараш промена на име, па кога ќе се почне со преговори ќе присмета и јазикот и нацијата. Затоа, штом си почнал со отстапки пиши пропаднато, ама нема назад и тоа е друга тема. Неоспорниот факт овде е дека сакаат да не сништат како нација, бидејќи нема никогаш да ни простат што ги покоривме во цутот на нивната античка слава. Затоа не смее да се заборави егзодусот врз нашиот народ, ѕверствата на Метаксас и сличните копилиња како него, агресивноста на нивната црква...

    И околу делот со услугите од туристички карактер не се бунам, и онака сите ја поддржуваме на овој или оној начин грчката економија, без и да се доближиме до морето и брцнеме барем прсте, јадеме од нивните кроасанчиња, правиме кафенце на нивните боци, се ладиме со нивните сладоледи итн. итн.

    Последната аналогија не ја прифаќам исто како издржана, бидејќи во добро или лошо, ние пак ќе се обединиме како Македонци, да ја поделиме радоста на нашата спортска репрезентација или да ја браниме нашата земја од било каков атак однадвор, па така нема да ни бидат тогаш воопшто на памет партиските или меѓуградски препукувања. Национализмот не е целосно ни добра ни лоша појава, ако се дозира правилно ќе се извлечат и придобивки од истиот. Тука сега доаѓаме до она, каде би можела да ми реплицираш како сите Ирци или Албанци не се терористи, бидејќи не биле активни герилци или бомбаши и сл. Сепак, не секој има улога за активно учество, некој останува во позадина и помага финансиски, некој морално, ама поддршката е тука. Или ќе ме обвиниш дека генерализирам и ќе ти признаам дека генерализирам, општествените науки кои се занимаваат со проучување на човекот носат судови врз основа на генерализации. Така што двајца или дваесеттина ,,фини и добри,, Албанци или Грци се незначајни статистички, затоа и дадов право на 10% отстапување, меѓутоа овие се оние ,,ластовички кои не ја чинат пролетта,,.

    Лонг стори шорт - народот е оној кој, барем на овие простори, не е политички неутрален, во време кога и малолетници лепат плакати и веат знамиња по митинзи, плус истиот тој народ гласа одлучува за поставување на лидерите на нацијата, однапред запознаен со нивните ставови, така да не е рационално да се вадиме на неутралност (како невестите кои прскале црвено мастило на чаршафчето од првата брачна ноќ). Лошите меѓусоседски релации, присутни и во сегашноста, се присутни и во нашата свест, колку и да ти бил пријатен престојот на море, верувам ќе се согласиш дека кога не си дома, постои во туѓа земја некое недефинирано чувство на нелагодност, кое иако не е постојано, се јавува. Така да, не ги мразам, ама не ги ни сакам, ама дефинитивно не им верувам и не ја купувам приказната за добри, невини и наивни Грци, поради неколку упатени љубезни зборови од чиста калкулација, украсени со лажни насмевки.

    Он топик - се имам изјаснето дека наплаќањето на влезот е бесмислено.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    ^

    Aма шо е битно дали ме лажат кога се гостољубиви и ти прават убаво да се чувствуваш? На одмор сум, се изјаснив веќе по прашањето. А ако е за тоа и ние Македонците не сме „добри, наивни и невини“. Сепак, во животот најмногу ќе те измами и излаже оној на кого најмногу ќе му дозволиш, што може и не мора да биде јабанџија.

    Никогаш не ги делам луѓето според националност на добар, лош, наметлив, немтур и тн. И Исус се родил Евреин па не малку работи му пречеле во врска со јудаизмот. Поприродно ми е да ги делам по некои црти на физички изглед отколку карактерно иако и тоа не е фактор.

    Грците вложуваат во туризмот, тоа е факт. Ме боли, затоа што Охрид има прекрасен потенцијал, плажи и тн. навистина е штета тоа што повеќе се вложува во ноќниот живот отколку во туризмот, плажите и тн.

    Барем во едно се согласуваме ако ништо друго - наплаќањево за влез е многу непотребна работа. Не само непотребна туку и стратешки погрешна затоа што тоа може само да ги одврати македонските туристи од Охрид. Штета.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :D :D :D На факултет луѓето со успех се запишуваат. Значи, секој по заслугите. А ако некој факултет е сместен во Скопје, не значи дека жителите на Скопје имаат предност при запишување на истиот.
     
  7. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Ако е така не знам кој ќе оди таму . Ова лето празен ќе остане .
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мојот претходен пост се однесуваше на твојот коментар дека не се замараат Грците, поточно народот со името и политика, исто е и одговор на постот на Перот како не е значајно ,,што рекол таму некој грчки политичар,,.

    Е сега, околу вложувањата за плажите, голем дел од нив беа под концесија и концесионерите кои ги поседуваа со години, вложија многу на одредени плажи, се спомнуваат и цифри од 100.000-200.000 евра, донесоа песок, инвестираа во изградба на објекти, шанкови, опремување со маси, лежалки, чадори и сл. и навистина заличија многу плажи. И што се случи? Сега им се бара да ги вратат во првобитната положба т.е. се‘ изградено да биде срушено и инвестициите да им пропаднат, имало точка во договорот, нејсе се согласувам дека кога потпишуваш договор треба очите да ги отвориш и тројно, ама ова е уште една политичка игра на централната и локалната власт, а на штета на градот и туризмот. И со ова сознание дали и во иднина би се нафатил некој да инвестира?! Ние сами себе си сме често најголеми саботери бидејќи не разграничуваме национален интерес од лична нетрпеливост.
     
  9. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Па нека стави и рампи за влез во езерото, кој сака да се бања - нека плати...ако сака да искочи - и тоа се плаќа.. не дај боже да ти влезе од охридската вода у нос - тогаш казна...ем си ја загадил водата, ем уште го намалуваш нивото тука без потреба...ама на крај ќе ни плаќаат за да им отидеме, имаат они ќар па кој што сака нека збори...
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Има некој информација до каде е целата работа? Да не им текне после да наплаќаат и за влез во Претор, Дојран, Маврово, Крушево...
     
  11. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79