Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на западната култура и традиција врз нашата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mrs. right, 19 февруари 2024.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    40.039
    Пол:
    Машки
    Разбирам се добро, и која е позадината. Лошо е што не се зборува за истата, јавноста е малку запозната, а и таа што е, пасивна е, заќуткувана, исплашена, и повлечена. Неми посматрачи...
    За јавноста на запад зборам, не нашата, ние сме друг свет секако. Но добро е да знаеме што се прави.

    A тоа што сега се прави, јавно, поддржано со закони, и што се турка како агенда е страшно. И никогаш во историјата на човештвото го немало.
    И тоа е само мал дел од она што го знаеме ние, под радар што ќе се провлече низ медиуми, без некоја посебна помпа. Што се случува навистина нема да дознаеме за брзо, а сигурно е далеку по грозоморно.

    Нема потреба од лепење етикети. Да си трансфоб значи да мразиш некого и дискриминираш.
    Јас овде не зборам за трансексуалноста и луѓето кои припаѓаат во оваа група, туку за пропагандата зад сето ова и што всушност се случува во позадина.
    Овие луѓе се жртви на истата, а не коренот на проблемот. Само алатка се за стигање до целта. Некој друг ги влече конците, за некоја друга корист.
     
    Последна измена: 13 април 2024
    На eliesaab, sonuvana, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Јасно ми е мене.
    Но секоја упатена критика кон парите кои се вртат зад "поддршката" се карактеризира како трансфобичност.
    Јас сум криминалофобична, мафиофобична итн. Трансфобична не би рекла дека сум.
     
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.239
    Пол:
    Женски
    Како и зошто?

    Ако логично се гледа на работите, трезвено и без пристрасност се бараат одговори на прашањата, по дифолт значи дека си омразен? :?:
    И не смее да се критикува нешто кое што треба и те како да се критикува пошто е толку дискутабилно?
    Едно е критика, а друго омраза. Ова не го разбирате изгледа. :)
     
    На sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.057
    Допаѓања:
    268.767
    Не знам што мислиш дека не разбирам? Кои сме "ние"?
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.434
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако дискусијата е за транс лица и останува само на тоа - продолжете ја тука.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.776
    Допаѓања:
    169.434
    Пол:
    Женски
    Океј. Голем дел избришав. Дел остајв оти неќам добри реплики да бришам. И другите беа добри реплики ама се излезе од контрола. Пишав и на @RainBow да види, па ако треба да врати нешто, не е финално.

    Ве молам пријавувајте шо е проблематично за да се задржи некој цивилизиран тек на дискусија и да можи да се тргни пред да е проблем.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Океј, цела дискусија ја избришавме. Беше оф топик прво, второ да сецкаме дали ова или она да стои нема смисла, ниту ќе ви се погоди на сите. Така што држете се до темата.
     
    На Bitter-Sweet, RespectAndObey и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
  9. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Дали се преселила во Русија? Ако да, тогаш барем можам да ја пофалам за разлика од останатите русофилски мигранти кои никогаш не би ги напуштиле удобностите што им ги нуди западот.

    Мада речиси сите проблеми што ги спомна за САД можеше уште подобро да ги реши ако се преселеше во Западна Европа.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
    Да. Девојката е пола Американка пола Русинка по потекло. Си ги сака двете потекла, но за неа поголема удобност нуди животот во Русија.
    Инаку да, има голема разлика меѓу Европа и САД, но исто така за многу луѓе почнува да нуди и животот во Русија она што го бараат. На девојката ѝ е плус полесно да се пресели таму ради потеклото. Но во други видеа исто така зборува за животот таму.
     
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    4.648
    Нека проба сега да сними едно видео за ,,слободата" во Русија, ќе мора да го прекрсти каналот во "Sasha Back To USA Again".:D
     
    На staycalm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
    Сабскрајбни и на каналот и чекај. Сама си знае која слобода повеќе и годи. :D
     
    На eliesaab и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Празник е денеска. Денеска ечеше музика кај еден сосед, си прават фешти по дворови, нема ништо лошо, ама прегласна музика. Ечи. Сега тој се стиша, друг почна. Урлање, пеење на микрофони, гласна музика. Вчера бев да платам сметки и да пазарам. На две места имаше луѓе во ред кои чекаат и буквално зад нив се шири реа, некапени веројатно неколку дена, а не беа стари, некаде 40-45 години. Ми текна дека скоро гледав видео на нашинци во Германија и одат на натпревари, арно ама само Македонците се со лименки пива во рацете, па ај што пијани, па и се пуштаат во живо на Фејсбук, па скокаат, урлаат „Ајде, ајде“, па на еден црнец му викаат „Кој к.. сакаш бе ти“, а човекот не ги ни разбира, си помина само, и така скокајќи на еден постар човек кога ми опнаа една заушка несакајќи со рака, па дека пијани, не ни забележаа дека некого поткачија. Што од ова е добро? Далеку сме од цивилизација ако гледаш вакви пример. Туку сте имале ли некои од вас примери во странство некој да ве потцени на национална основа, да ве исмева? Јас одамна на размена имав, сум пишувала. Некои индиректно, а некои директно ни се смееја.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Може не е во контекст на темава, а може и е, ама гледам дека почнаа да слават кога ќе се дознае полот на бебето. Брачниот пар се собира во двор, па отвораат кутија со балони, еден розев, еден син, па се сликаат, снимаат, па гозби. Тоа сигурно го виделе од некои американски филмови. Мизерно ми е тоа кога ќе помислам колку стандардот е низок, па тоа е занесување, се глуми некоја авангарда, а просто болниците се хорор, кадарот исто, па немаш каде да се породиш, не се знае како ќе поминеш во болница, не се знае дали ќе родиш здраво, право дете, оти цел век јадеш отров храна и дишеш отров воздух, не се знае ни работата до кога ќе ја имаш, оти работиш кај странски инвеститор, ама важно еден ден се замислуваш дека си Американец.
     
    На FlowerMarija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Точно исто и објавувањето на слики дека се бремени и сликани со тестот. Од каде се сигурни дека ќе биде се добро до крај, не можам да разберам. Исто и невадењето бебе од дома 6 недели не зборувам за одење на контроли туку директно си излегуваат на прошетка. Истото важи и за мајката. Па колачиња за првите чекори, па соба за бебето како да тоа ќе спие само и ќе ја користи уште од раѓање.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Колачи за првите чекори и првото запче. Тоа порано го немаше, а за мекици, се правеа дома, викаш најблиски роднини, некој сосед што ти е близок, правиш мекици, салама, сирење и тоа е тоа. Сега такво аздисување. Толку сиромашна земја, а повеќе се слави отколку што се работи. И од каде знаеш дека се ќе биде во ред? Искрено страв да те фати дали ќе излезеш читава после породување, вчера читав на некоја родилка во Велес и сошиле матка и мочен меур, па 10 години тужела, по судови, второ не родила по тие лекарски грешки. И толку има деца со посебни потреби што мислам дека додека детето не направи 2 години, да видиш дали нормално се развива, зборува, нема некоја причина за не знам какво паѓање во несвест од радост.

    А за слики од ултра звук, да не зборувам колку се патетични кога ќе објават. Дури и една пријателка на Фб, младо девојче, имаше кренато маица и пред огледало онака огромниот стомак си го сликала, гол. Мислам се омажила малолетна, на 18 години во школо одела трудна, што крајно е грдо, мене ич не е ми е во ред, ама битно гол стомак насликала сите да ја видат.

    Глумиме Американци, ама со скинати гаќи и со полупразни фрижидери.
     
    Последна измена: 12 јануари 2025
    На FlowerMarija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.235
    Пол:
    Женски
    Наместо да се фокусираат на тоа што може да се направи за да се намали смртноста на пациентите, они гледаат да ги пратат сите трендови од надвор небаре со тоа им се подигнува релевантноста во општеството. Жално и трагично.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.