Точно дека е бизнис, а во бизнис побарувачката ја прави понудата. Се' додека има публика за нешто, ќе се продуцира. Музиката е само еден аспект од нечија култура. Во култура подразбирам и начин на поимање на светот околу себе.
Кенслд е едно, законска забрана е друго. Утре може на некој нема да му се допадне музиката која ти ја слушаш, па тој жанр да го забрани. Не се чепкаат тие работи. Затоа одобираме што гледаме и слушаме. Никој не не' тера на сила.
Зошто да не се чепкаат? Овде се работи за текст кој ПОВИКУВА на насилство. И во време на Хитлер имало уметност која повикува на омраза кон Евреите, ај да се емитува на ТВ денес, а?
Ако све што слушаме и гледаме влијае врз нас тогаш треба за секогаш да се збогуваме од тв, радио, книги интернет и да не излеземе од дома. Колку треба да си без мозок и да немаш изграден карактер па да си помислиш: еј штом Брена вели "робиња сам твоја убијме" тогаш е во ред и јас да му бидам робиња на овој мојов и може ако му се сака да ме убие, да ме милува и силува?!
Абе никој не не тера со сила, ама ако упорно тоа се сервира? Не мора да е турбо фолк, еве замисли во некое општество сѐ сервира верски фанатизам. Преку филм, музика, ју нејм ит, се знае кои се методите, не од вчера. Кој е мотивот, какво општество сакаш да изградиш со вакви сублиминални пораки? Мене ми е страв да го отворам видеото малку, ај може утре ќе се престрашам. Појма немам од ниедна турбо песна, фала му на бога и на околностите, ама турбо фрази што ми ги кажале, сум мислела дека некој ме заебава, па није ваљда могуче. Мислам кој би поверувал дека постои стих ,,роди чу ти сина, краља кокаина,,? Јас сигурно не Дали праи проблем во врските? Не би била со некој што слуша ваква музика, па последен да е на планетава
"Cамо гази, гази ме ту пред свима, јер где има крви, ту и љубави има" А би поверувала дека ова постои
И српските и америчките се исто срање Во америчките секој втор збор е bitches и hoes Слушам и едново и другово.И не ми текнува да сум чула некои такви фрази сериозно.Али има песни такви као мавање од земја, пошо се напраени А ,,родичеш ми сина краља кокаина” со тоа милување силување нема везе пошо првово е за на дилер ако му се роди детето и демек крал на коксот ќе е, а ова другово го неам чуено..
Бррр Можда во некоја забегана кореанска приказна... Малку оф- едно време се дискутираше за канцелирање на бајките од браќа Грим или слично, многу насилни биле. А ,,жена од султана,, е супер за рецитал во градинка, така? Појма немам, само наслови читам, за шо е песната исто не знам, може е поучна
Не слушам турбо фолк, ама покрај сестра ми, ќе слушнам некој cringe стих. Песна која од секогаш ми се имаат спојувано жичките, кога ќе ја слушнам, е "Арена", односно стихот "када плачеш као жена". Машкиве не смеат да покажуват емоции. Ако плачат, тогаш се понашаат како "послабиот" пол, жените.
Точно, тој шо си е пропалитет ќе биди и така и така, без разлика слушал музика или не ма каква и да била. Инаку забеганоста на претходната власт отиде до таму шо едно време забранија дури и српска музика кај нас, ама забораја да ја забранат босанската, хрватската... па така радио станиците и тв си пуштаа и натаму ју музика, а дебилите ја укинаа забраната на крај. Од 1 октомври забрането е да се пушта и српска музика ЗАМП за забраната: СЛОБОДНО ПУШТАЈТЕ СИ МАКЕДОНСКА МУЗИКА НА СВАДБИ И ПОГРЕБИ
А, дали би била со некоја во врска што слуша музика од Западот, а каде секој втор текст е за дрога, алкохол, забави, секс? Ако отвориш било која платформа за музика 99% од музиката е турбо-фолк, но во нивна форма. Sia е турбо-фолк, Лејди Гага е турбо-фолк, Мадона е турбо-фолк итн...итн...Цела Евровизија е евтин турбо-фолк...На Греми наградите добиваат тотални идиоти награди со репететивни текстови. Хип-хоп е турбо-фолк.
И Орце Стевковски Царот е турбо фолк за твдокорни па ете го слушаш. Зато луѓе слушајте шо ви душа сака, баталете ги овие глупости