Ова, заедно со тој законот за забрането пушење во затворени простории им беа најдобрите закони во цело владеење. Раат беше секој човек тој период од турбо фолк барем на македонските радиа и тв програми. Ќејф беше да се возиш во ЈСП, и уживаш во добра македонска/странска музика. Ај сеа дебиливе што го сменија законот за пушење и веќе насекаде се пуши, не само во тие стакларниците, туку па и бљувотиниве пак ечат по ТВ и Радио. Иначе дали влијае музиката. Секако дека влијае. Не само на врски, туку и општо на градење карактер, размислувања и некој начин на живот и животен стил. Еве моментално на Балканот поради музика на Буби, Јали, Мали се влезени младите во филмови, коли, пари, дроги...
Да ја забраниш музиката од одредена земја поради политички цели и гол патриотизам за мене е поразително и никогаш не би го поддржал тоа, шо и во пракса се покажа дека е така. Секоја музика си има своја публика, кој шо му лежи на уво тоа нека слуша.
Абе види, што е до мене, ако сум некој фактор во државичево, и на поекстремни методи би одел. Самица за ваквите и 48 часа би им го пуштал Драган Каранфиловски Бојс за да ги "излекувам". Шала на страна, треба државата да делува преку своите апарати,медиуми и пропаганда на едукација на народот и стварање на општо мислење за што е добро, а што не е добро. Не може да се дозволи да се сервира блуд, порок, насилство, неморални вредности и да се има здраво општество со здрави единки. Ова што моментално е ин, модерно е сервирано со цел да се "заглупави" народот, дезиорентира, а на тој начин да имаме една општествена апатија без морални вредности кои сигурно тонат и се распаѓаат. Културата е еден од најбитните столбови на едно општество, а кај нас е толку обезвреднетна, срушена, погазена и изгазена, маргинализирана. Во една таква состојба каде редовно се сервира турбофолк музика, задруги, reality shows, турски серии, насилство, пороци, искривени морални вредности, не треба да не чуди што моментално кај нас народот е затуцан, без свое јас, без став, без критичко размислување, морално деградиран. Во едно овакво општество што му преостанува на обичниот граѓанин освен да се начука во кафана, да оди во кладилници, казина, кога само тоа се промовира и постои. Мора, значи мора да се подигне колективната култура и да се насочат луѓето кон прави вредности. Овака катастрофата е неминовна што следи.
Е ова сакав да го пишам ама заборавив. Баш поради оваа музика моментално што е ин, и не само на балканот туку општо глобално земено многу им влијае на младите, баш кога се во фаза кога се пронаоѓаат во животот растат со оваа музика, овие личности им се идоли и нивниот начин на однесување "ги пали", па и они влегуваат во таков филм, демек нешто крими, пари, брз живот, дрога, курви итн. Најжално е што и деца уште од 5-6-7 години ги слушаат овие песни. Пред 4 години работев во игротека и постојано бев со деца, и имавме направено како листа на детски песни што треба да се пуштаат, децава идеа и ми викаа постојано да им сменам музика, ги прашувам а што сакате вие, они одма пушти ни го Раста, Јала и Буба и слични, и тоа се рокаше во игротеката исто ко во кафана или клуб да си, а не на детски роденден.
Ги претставивте луѓето што слушаат турбо фолк како најголемото зло што постои на земјата Зошто сите криминалци и силеџии ја слушаат исклучиво Цеца и таквите ко неа. Отсега Моцарт само треба да го пуштаат па ќе се оправиме како народ. Музиката делумно влијае врз оформувањето на карактерот, но тоа е еден минорен и не толку значаен фактор. Се сложувам потполно со @ane.bella да не се повторувам. Само ќе додадам дека порано во основно ги слушавме Врчак, Слаткар, или Буба на нашето време, па еве досега сите сме нормални од генерацијата. Не се само сегашните деца изложени на таква музика, отсекогаш постоела.
Муабетов лека-полека премина во муабет за тоа како музиката влијае на младите Cosmic Girl likes that!
Никогаш, буквално никогаш не сум ги перцепирала текстовиве на начин шо ќе ме ‘охрабри’ да трпам било каков вид на насилство. Некако у глава си иам стаено дека има секакви зборови за да има некоја складност и рима можда, тужната прича ја продава песната, у кафана не би можела ни да замислам да слушам друг вид на музика, едноставно, живееме на Балкан. Од друга страна пак, не дека и западњачкиве песни шо ги слушам се со нешо боље текстови.. ‘лижи ми ја’, ‘ќе те испрскам на фаца’, ‘голем гз, добар гз’, итн., итн,. Се потпирам на ритам, текстовиве нешо не ме работат у смисла да почнам слепо да следам шо пропагираат. Огромна пара се врти у музичка индустрија, па на крајот од денот, кој шо сака си слуша, по расположење.
Чекајте малку дечки иако не слушам турбо фолк, не само во него има навреди. Навредите кон жените во песни е присутно подолго време, за жал се почесто во денешницата. Во скоро секоја песна, на секој јазик. Најголемите хитови се со вреѓање на жена бе луѓе, една песна на радио нема без Бич бич и ние си ја пееме ауу шо е добра песната Еве ви неколку 50 Cent - Candy shop ( буквално цел текст ) If you be a nympho, I be a nympho In the hotel or in the back of the rental On the beach or in the park, it's whatever you into Got the magic stick, I'm the love doctor Have your friends teasin' you 'bout how sprung I got you britney spears slave for you Baby Don't you wanna dance upon me? (I just wanna dance next to you) To another time and place Oh, baby Don't you wanna dance up on me? (Are you ready?) Leave behind my name and age
Влијае и тоа како. Не за џабе целата рок сцена се врти околу оска на дрога, секс и рок ен рол. Си започнало во музиката и се распространило низ луѓето кои почнале да го практикуваат тој живот и стилот на облека.
Пее за дилер на дрога што имал многу пари и и' купувал се' што сака и плус имал голем к*р, а таа имала голем г*з.
Не слушам турбо фолку пред се заради текстовите кои ми се одвратни , особено онаа од Цеца кога беше хит, да место тебе ја расинем са њом , не ги можам не . Нормално дека има влијание врз размислувањето, затоа сме најзатупена нација, не само ние, и Србите не се нешто поарни.
Сакате да кажете дека утре ако слушам Моцарт ќе бидам подобра особа, а ако слушам Anthrax рецимо ќе се боцкам со хероин? А, ако слушам Карди Би ќе бидам елитна стриптизерка?
Природно. Јас оти слушам Хејлсторм шо пеј за секс 80% од песните, морам да се растурам од тројки праење. *Манифестира*
Ти како возрасна и изградена особа нема да ти влијае речиси никој и ништо. Или многу малку. На дете од претшколска и школска возраст ќе му влијае рол-моделот на кој му се восхитува и кој ќе го копира. Битно е да има добри примери, за да ги следи. Музичките ѕвезди имаат помала улога од блиските и од другарите ама имаат. Како спортистите, глумците и сл личности даваат некаков пример. Пример да прашаш денес поголем број девојчиња од школка возраст што сакаат да бидат кога ќе пораснат, што мислиш, колку ќе речат пејачка, а колку научник? Дома мама и тато се воодушевуваат на звезде гранда а коментираат дека научна документарна емисија е досадна и вртат канал. Каква порака со тоа му дава на детето? Еден куп аудиции за пејачки и натпревари во пеење. За друго не сум видела. И тие квизови за општо знаење ги нема како порано. Кај поголемите овие примери се копираат од врсниците. Мнооогу повеќе прави притисок друштво него мама и тато. Или ќе се вклопи или нема да биде дел од друштвото. Сакам да кажам тоа влијание на музиката не е ако-тогаш. Треба да се понудат примери и модели најразлични. Ако не си имал прилика да слушнеш класична музика, нема да знаеш што е класична музика. Нема да знаеш дека има нешто поразлично. Дете треба да слушне се и да има основни познавања ако сака да е сестрано. Моите деца на пример кога беа помали не знаеја дека песните што им се омилени се преработки од постари музичари. Воодушевени беа од нив, па леле колку јаки се и добри па каква песна.. А не знаеа дека песната не е ниту нивна...некој требаше да им ја покаже оригиналната нели.
Како што кажа @f.girl ние сме генерација израсната со Слаткар, Врчак, Елвир. Не дека новиве изведувачи ново измислија. Одамна се користат такви текстови. Како дете ти е интересна мелодијата и некои catchy лирикси. Кога бев помала ин беше песната од Фло Рида дури скоро ми текна и текстот беше запрепастувачки. Новиве генерации се отидени во неповрат, но не мислам дека е ради лириксот на песните