Психолог најдобро, но може да биде и некој кој води индивидуи или групи за себе подобрување, не знам... Би било добро да се сетат да направат таква група
Ништо не смени пандемијава кај мене. И пред нејзе бев сама. Единствено што почнав активно да го користам форумов, и запознав многу јаки личности.
Реално мене воопшто не ми влијаеше негативно пандемијава, бидејќи воопшто не пратев вести, ниту читав околу тоа, ниту се интересирав, па дури на моменти и заборавав дека има пандемија. Јас воопшто не се стресирав, бремена бев цела пандемија и без маска шетав цело време, освен во затворен простор ставав, околу социјалниот живот јас и претходно не бев некоја личност што сака многу да се дружи, имам само 3 другарки и со нив си се гледав нормално како и пред пандемијата, излегував секој ден во текот на целиов корона период дури и карантините кога беа, така да од тој дел ништо не ми е сменето. Кога за нешто не се интересираш, ниту го следиш нема како да ти влијае негативно.
Имам пишувано неколку пати во некоја друга тема. Како заоструваа мерките така кај мене се зголемуваше стравот. Со секој нов бран, јас имав нов бран на паника. 2020 беше година кога требаше да дипломирам, уште во јануари бев среќна бирав теми за дипломска. Мотивацијата ми ја снема и одолговлекував. Тој семестар имав многу убави предмети, па кога почна онлајн го изгубив ќефот. Пред тоа имав период кога се надоградував, конечно најдов нешто што ме исполнува - и тоа ми го немаше. Моите дома работат со пациенти, дечко ми работи со многу луѓе и имав опасност од секоја страна. Не се плашев за мене, туку за нив. Секое нивно кивање им го вадев низ нос, ги обвинував, едноставно и нив ги реметев. Во однос на социјализацијата не ми смени многу, немам голем број другари и ретко излегував пред пандемијата. Само се јавуваше некој вид на љубомора кога другите ќе шетаа, а јас не. А ако излезев после 2 недели чекав симптоми, па подобро ич не излегував. Единствено влијаеше на гледањето со дм, се сведе на еднаш месечно и многу тешко го поднесов. Се' што мислевме дека ќе промени, дека ќе станиме поемпатични и посовесни видов дека не е така. Се видоа вистинските лица на луѓето, некои ги ценам повеќе, некои ги избришав. Се гледа дека и луѓето се измачени, ми се смачи да ги гледсм уморни и со тага во очите. Не' истошти сите, физички, психички и материјално. Секоја чест на тој што срањево му нема влијание. Јас ќе имам трајни последици. За нешто ќе бидам похрабра, поиздржлива, поупорна. За друго ќе бидам вечно разочарана и повредена. Многу изгубени планови, желби, многу настани кои требаше да донесат среќа, многу луѓе. Имам повеќе работи кои ми тежат, ова првично и од срце.
Прва мисла ми беше ок е Кина е далеку, после првите случаи во Македонија си реков не воопшто не е ок на*****е сите со вакво здравство. После почнаа карантини, изолации искрено тогаш со мм сеуште не живеевме заедно и со моите дома ми беше супер. Вежбав, гледав филмови серии најблиските другарки ми беа во иста улица па за полициски час некогаш морам да признам дека и претрчував кај нив. Најголем шок беше кога моите се разболија а за нив најмногу и се плашев за мене ич. Прво се разболија стрина ми и стрико ми. Сите се со хронични болести. Тука следуваа ноќи непрепани. Дремење со телефонот враце, секојдневно пазарање и одење од куќа на куќа за апчиња и храна,плачење, панични напади,молитви....Сето ова прво физички ме истошти а психички ме напрај партал. Ама среќа и фала му на господ се помина како лош сон и среќа не изгубив никој иако мајка ми и стрико ми беа во лоша состојба. Двата се доктори односно тој матичен а мајка ми во жариштето т.н. ковид. Секако си го добија од пациенти. Тогаш паднав најмногу и она што јас го поминав не му го посакувам на никој. И уште не ми е јасно за луѓето кои велат јас не се вакцинирам... си помислувам па не сте можеби свесни за голготата која ја поминаа фамилии. После се случија убави работи и некако се остана назад и не сакам ни да се сеќавам оти сега се враќам во нормала психички. Повеќето од фамилијата се вакцинирани освен оние до 30 години. И веќе не се замарам многу искрено, се пазам сеуште но притисокот е многу помал.
Напротив, револуција се случува отпосле. Секоја болест има претходно - историја. @WildMk, баш во право време ја отвори темава! Лично бев многу појака во епицентарот на случувањата, него сега кога стивнува... Ма утре скроз да исчезне вирусов и време ќе ми треба додека дојдам на себе.. Секоја промена па била и убава, бара време за прилагодување. Им завидувам на флексибилните! Плус, траеше многу.. Можеби ќе бев подобра да потраеше некој месец. Луѓе, година и пол маме ни се плака! Стварно ви се дивам како можете толку лесно да прескокнете војна, која беше многу језива!!! Допрва пандемија на психози ќе има, СЗО предупредуваат! И со право!
И претходно бев интроверт. Ама! Пандемијава ме уништи тотално. Додека работев фул од дома не се плашев, кога почнавме со ротации почна и стравот. Што ако се заразам, што ако и го донесам на мајка ми, сама сум, кој ќе ми помага никој немам. И тогаш шок, умира татко ми од друго, погреб во друг град (моите разведени) нема како да одам.. Нејсе помина некако. После слушам, тетка подалечна ми починала од корона за 3 дена, овој починал, оној е критичен. Кај мене анксот само растеше растеше. Функционирав на аутопилот. Морав. Се до саботава 22.05 кога со мајка ми примивме вакцина. Имам некаква надеж. Ќе се пазиме пак, уште долго ама сепак знам дека има нешто што ќе не спаси од болници, или не дај боже најлошото. Само знам, кај да е ќе имаме пандемија од психози. @WildMk за многу работи се потребни тие групи ама кај нас е табу. Еве вака ќе се бодриме. Ќе си пишуваме. Инаку како би ми дошло добро да имаме некоја група, да си се изјадаме. Еве и онлајн може да биде. Да си кажеме што не мачи, да видиме дека и друг истото го минува, да си дадеме подршка. Ама за жал нема.
Апсолутно! Стварно им се чудам на овие што експресно се враќаат во нормала а и пред тоа велат биле ок. Им заблазнувам од дно на душа! На нив светот останува! Ја кутрица ќе се вратам во нормала на оној век! П. С Сочувство за татко ти.
Благодарам година во јули ќе биде.. Ама тоа е. Јас велев да им го имам мозокот на овие што веруваа во 5Г бар месец дена. Да одморам.
Изумив да кажам дека порано барем еднаш неделно имав желба да се видам со луѓе, оние кои ми се драги. Сега не сакам со никој, не зборувам за стравот од Ковид, туку за тоа дека заборавив како изгледа да се дружиш, се одвикнав. На социјални мрежи имам куп неодговорени пораки, ме изморува буквално секаква комуникација. И секоја гужва ме изморува, немам желба да разговарам со блиски, станување од кревет и излегување надвор ми е мачење. После 5 минути па макар и во двор, сакам да си одам дома. Не е здраво и не е нормално, алармантно ми е (иако си наоѓам занимација и дома не ми е здодевно). Некој друг ваков? Ќе дојди ден кога сите ќе се вратат во нормала, тогаш не знам како ќе се справам со се'. Животот кој сега ми е застанат ќе треба да продолжи. Ќе треба да барам работа, јас, премногу анксизона личност која не функционира и во нормални услови, можам да замислам како ќе поднесам. И се плашам. Не се жалам, свесна сум за се', само засега се трудам да избегнувам соочување со реалноста.
Па пандемијата многу влијаеше на моето психичко здравје, јас и така бев со анксиознозт но се справував без лекарства се до лани летото кога пак почнав да пијам. Од лани март месец дома не ми има никој дојдено ако одам кај моите во дворот на дистанца а др. места по потреба и со пазенје, додека колегите си се однесуваа исто како и претходно, се чудев како можат друженје веселби и слично, ама на крајот јас завршив со терапија за анксиозност.
Не мора да е доктор, може да биде психотерапевт (кој по струка може да биде социјален работник, психолог но и лекар...) а тоа е многукратно подобро. И не мора да биде група, психотерапијата може да биде и индивидуална. Во секој, било да е групна или индивидуална е мошне корисна.
Poveke ispativme od psihata odkolku od koronata... sekojjjj bozji den da ocekuvas deka moze nesto da ti se slucii... sekoj denn mediumi razni ajde korona se umira vakcini se umira ne napravija da se plasime od samite sebe. Anksioznosta na vrv so se depresija.. ova ke ni e uste dolgo nema da moze da se oporavime... znaci preku nos mi e od se
Не зборувам за психотерапија, туку групи за поддршка. Како АА што се... ама да има за анксионзост, депресија... и било која друга болест и соочување со загуба. Иначе, кај нас нема ни АА
Првите 4-5 месеци се тресев, набавував намирници за 1+ месец само за да не одам до маркет да се мешам со луѓе.. Ама после тоа олабавив..особено од есента кога нон стоп бев по болници за мајка ми и татко ми... После 1 месец дома пак... па умре татко ми (не од корона) и секако депресијата ме дотолчи.. Ама корона како корона ако погледнам наназад година и кусур, никако не влијаеше на мене.. Последниве 6-7 месеци не ни носам во ташна куп средства...ма ништо не носам, некогаш ни ташна Нормален ми е животот..дури и дружбите. И онака имав само тесен круг на пријатели.. А работно секако куп луѓе гледам дневно... сеедно ми е
Од почеток до ден денес сум лабава и не се потресував многу... Карантинот не ми беше проблем,кога се седеше дома јас барем се одморив, излегував кога можев, одев по кафиња најнормално, кога кафичите не работеа одев во парк и сл.Ниту јас ни мои блиски изгубиле работа во пандемијата или не дај боже живот. Свесна бев и сум дека неможам ништо да променам јас и дека вестите беа само за кревање паника... Така да во глобала не ми промени ништо освен што не одиме по ноќни клубови,свадби и друга работа што е позитивна е тоа дека повеќето пријатели се покажаа какви пријатели се баш во овај период, му паднаа маските...
Па искрена да бидам не ми влијаеше многу. Јас по природа сум склона на хипохондрија и затоа можам да го споредам, кај себеси, нездравиот страв со нормалниот. Иако луѓето околу мене ме доживуваа како да се плашам многу од короната или како мн да пазам, за мене овој страв беше мачкина кашлица во споредба со другите што сум ги имала. Неколкупати се тестирав, заради патување (не од туристички карактер) и еднаш дури и заборавив дека сум се тестирала, само ми стигна негативниот резултат на меил. Што за мене е чудо, јас и обична кс да правам, рутинска, сум под стрес додека не добијам резултати. Еден период се плашев мн за родителите, кога имаше реална шанса да се разболат, но потоа единствениот ризичен контакт кој го имаа навистина прележа, а тие за среќа не се заразија. После тоа се опуштив зошто знаев дека шансите тој контакт (како веќе прележан) да им пренесе се значително помали. Се плашев и за свекор ми, зошто спаѓа во ризичните професии, за него можеби и најмногу внимавав, зошто почесто го гледав од моите, но среќа се вакцинира и тој. Во добар дел од периодот на корона имав депресија и анксиозност кои не беа поврзани со короната. Сепак пандемијата не ми ја влоши состојбата. Знам само дека имаше еден период од 2-3 месеци кога буквално со никого ни надвор не се гледавме и постојано бевме дома. Мн ми беше се бесмислено, монотоно, како да се врти истиот дена на рипит се осеќав, се здебелив и запоставив... Конкретно тогаш ми беше и најтешкиот период заради неможност да си ги тргнам малку мислите преку социјализација. Не можам да замислам да се однесував така за време на целиот период на короната, е тогаш сигурно ќе скренев, зошто мене лично премногу тешко ми паѓа да немам никакви контакти, да не излегувам воопшто од дома итн. Истовремено сметам дека бев прилично внимателна, а тоа не премина во фобија. Поточно, сметам дека имам многу здрав однос кон целата ситуација. Внимавав, но не паничев многу. До пред месец, два, ги почитував буквално сите препораки, се гледав со луѓе само на отворено, освен се разбира со тие со кои живеам и моите родители (кај нив седев со маска и отворен прозорец), носев маска кога бев со други и мн внимавав на дистанцата. Се опуштив тогаш кога не постоеше можност да одговарам за туѓи животи, кога немав контакти со свекор ми и со моите. Почнавме да се гледаме со пријатели и по дома, но пријателот е вакциниран, а жена му работи од дома и нема др контакти освен нас. (Со сигурност). Не знам дали ова е зад нас, се надевам навистина дека е. Мн ми е жал за сите што изгубија член од фамилија, пријател па и добар познаник. Себичноста и неодговорноста на некои луѓе навистина разочарува. Се на се, пандемијата е едно од најлошите работи кои му се случија на светов во последно време, но за мене лично не промена многу. Дури и едно убаво хоби ми донесе. Но, тоа затоа што луѓето околу мене се на број, здрави и живи. Многу сум благодарна за тоа Но, ако во мене надвладеше стравот, како што инаку знае да ми владее во мн др ситуации и ако се изолирав дома, ако не се гледав воопшто со луѓе, е тогаш сум сигурна дека ќе ме пореметеше целава ситуација. Од срце посакувам да ја оставиме короната зад нас, да нема нови вакви пандемии и сите коишто изгубија многу со ова да заздрават што побрзо, психички и физички.