Против гледање порно. Доволно е нормализирано порното за да се мисли дека нема никакви штетни последици, ама секогаш има. И да си многу свесен дека порното не е реална престава за сексот. На страна што се одлучувам да не ја подржувам порно индустријата пошто е буквално подршка за експлоатација , самото порно промовира насилство врз жени, зошто би гледала тоа? А посебно едно дете не треба да гледа тоа.
Ах експерт-доктор Златко, на Инстаграм ќе ни објасни! Вие ретките, кои не сакате порнографија, не гледајте. Тешко дека оние кои сакаат да гледаат, ќе престанат оти Златко од Инстаграм така кажал Држи вода се' што кажа, ама сето тоа е проблем на несоодветната регулација на порно индустријата. Сите порнографски куќи, практично работат полу-легално. И сето тоа, ради профит кој се дели и со луѓе кои се во позиција на моќ. Системот не ни чини, сексот е инстинктивна потреба.
Не постои и нема да постои порно индустрија со соодветна регулација, што и да значи тоа. Не постои друга верзија на порно индустријата, немала да се создаде да било во план некогаш да е во корист на жените.
Точно дека е создадена со основа во која жената е ескплоатирана, ама има жени кои немаат проблем да се проституираат за пари и нема што да им браниме да го работат тоа што го сакаат. Ама навистина да сакаат, не само на збор. Е за тоа да се увиди, треба комплексна, стриктна и егазктно дефинирана регулација. Тоа го нема никаде во светот. Free-floating е порно индустријата на глобално ниво. Башка, што се' се случува на Дарк нет. Таму пак, хаос и лудило е. Очигледно има побарувачка за продуктите. Како можеме да го контролираме и/или искорениме тоа? Работа на психолози, правници, статистичари, антрополози, историчари, биолози... и еден куп други експерти е ова. Сега-за сега постои порнографијата, ваква каква што е. Едино за што има потврдени студии е дека насилната порнографија може да направи конекција на насилство и секс во млад, неразвиен мозок. Сексот сам-по себе, не е докажано дека е траума.
Де бе луѓе и аматерско порно постои ако не сте знаеле. Не секој порнич значи малтретирање на жената и правење пари.
Морам да признаам дека го имам гледано овој. Роден е за се,во се сѐ скплопува. Додуша многу е амбициозен и секси. Џони Синс
Ми текна нешто неповрзано со темава. На xhamster имам видено видеа од македонско производство. Мажи ги постираат. Де проверете се да не ве имаат бапнато на интернет без ваше знаење.
Може да влијае штетно ако тој што го гледа не е доволно едуциран на тоа поле, а помладите не се. Најчесто. И не само порнографијата, туку и обичните филмови кадешто има интимни сцени. Премногу лесно се пристапува кон сексот, без, да го наречам тоа така, никаква припрема претходно. Секако дека би се изгубила поентата на сцената ако се прави тоа со подготовка на тв, но токму затоа родителите треба да се отворени на оваа тема со своите деца. Во филм тоа оди отприлика вака. Запознаваш некој што никогаш претходно не си го видел во животот и вечерта завршува со страствен секс. Последиците никаде не се опфатени, скоро. Младите може да си создадат претстава дека тоа е нормално и дека сексот е безопасен. Поентата ми е, младите треба да се едуцираат дека тоа може скапо да ги чини. Кондомот не е популарен ни во порнографијата, ни во обичните филмови. Младите гледајќи го тоа може да се впуштат во сексуален однос без да користат заштита. Прво од тоа сакам да тргнам. Второ, премногу лежерен однос може да се создаде кон сексот за една ноќ. Нешто што зрела личност може да го одлучи сама за себе, како би и влијаело. Но, младо момче/девојче не може да е баш свесно какви емотивни последици тоа би оставило на нивната психа, која и онака е мн кршлива во тој период. На овие работи би требало да се обрати внимание. Пред се од страна на родителите, зошто индустријата што носи пари нема да се промени.
Како е поврзано со порнографија, јавно споделување телефонски број од бивша девојка? Баш ме интересира.
Па со телефонски броеви ли почна? Останатото е производ на болна фантазија, зошто болна фантазија не знам. Може инцели се, па едино женско у порно филм виделе, штознам.
Целта е да се навредат и омаловажат жртвите, да се трауматизираат и да бидат мета на потсмев. Ако беше поради секс и мажи ќе беа залепени на групите, ама не се. Родовите улоги и непочитувањето на жените е проблем. Некои не ни имале секс од споделените, деца се.
Да, во право си. Која позитивна порака и вредност ја испраќа порното, за гледачот да изгради почитување и тн се по ред?