1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на порнографијата врз младиот мозок

Дискусија во 'Психологија' започната од BabyCakes, 14 август 2021.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Порнографија е премногу широк поим бидејќи има многу жанрови и поджанрови.
    Реално влијание кое може да има и врз деца и врз возрасни е како она со рекламите за некое вкусно чоколадо или пијалак. Разликата и потенцијалниот проблем со рекламирање на сексуалното задоволство и начини за негово постигнување е дека кај многумина може да се развие интензивната желба, но не секој може да ја реализира (за разлика од чоколадите и пијалаците од обичните реклами) а тоа може да води кон фрустрации а тие кон депресии и агресии. Не секој може да си најде сексуалне партнер/-ка, не секој може да плати, не секој ќе биде задоволен со понудата ако понуда воопшто има. Ззборевеме во друга тема за бегалците и сексуалното насилство врз жени во западните земји - мислам дека тоа што некои од нив имаат таква представа дека сите европјанки се радодајки делумно е поттикнато од такви содржини.

    Не е само до порнографијата, до свеста и до воспитувањето е, но дека дава поттик на желбата да се доживеат некои работи дава, што само по себе не е лошо кога истите би можеле да се реализираат со истата леснотија како со чоколадите, но не е така за сите и секогаш.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Сите имаме желби кои нема никогаш да ни се исполнат.
    Тоа не е оправдување сексуално да злоставуваш, или силоваш некого.

    Изговор е.
     
  3. Ocean Waves

    Ocean Waves Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Ted Bundy сериски убиец тврди дека порнографијата имала големо влијание врз неговите постапки и монструозни убиства.
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Извинете ако правам за почеток мала дигресија од темата со ова што ќе го пишам, ама морам да се изјаснам. Ted Bundy бил психопат. Интелегентен, но како што е нарцисоиден, мисли дека е поинтелегентен и од тој што го интервјуира и од сите други. Мисли дека е најпаметен и дека се има под контрола со својот прекрасен ум. Во ова негово последно интервју пред да биде егзекутиран, гледам многу знаци дека не го мисли искрено тоа што го кажува и во вербалниот и во невербалниот говор. Не чувствува ниту жалење, ниту грижа на совест. Гледам само глума од негова страна. Ни презентира само слика на некој што одговара на неговата замисла за човек кој се кае за своите постапки. Зошто тој не осеќа вистински такви емоции, мора да ги симулира, онака како што научил низ свое искуство дека треба да изгледа човек што се кае. За мене е ова само обид да се да се дистанцира и да се огради од злоделата и од стореното и ја наведува порнографијата (таа е крива за неговите силувања, а и за силувањата на сите затворени силувачи во неговиот затвор). Баш ме убеди! Sure Jan! :D Да беше точно, сите што гледале порно ќе беа психопати и силувачи. И обожава внимание, очигледно.

    Да се вратам на темата - порно може да има лошо психичко влијание, да влијае врз очекувањата на луѓето за тоа како треба да изгледаат односите меѓу луѓето, а со тоа и врз нивните соц. релации во секојдневието. Уште ако е човекот со веќе постоечки психички проблеми, може да ги влоши. Но, да го направи психопат наеднаш, не може. И не е проблем само порнографијата, проблем е општо она што се сервира лагано и секојдневно
    на медиумите - филмовите, музичките спотови/текстови, пишаните медиуми па и некои цртани. Повеќе или помалку експлицитни елементи на порно и насилство има скоро насекаде.
     
    На Dentina и daylight им се допаѓа ова.
  5. Ocean Waves

    Ocean Waves Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што е интервјуто направено непосредно пред егзекуцијата нема потреба да се вади и измислува он на суд сам кажал дека не бара милост а и држи вода дека порнаграфијата може да биде тригер за потенцијални социопати и психопати, затоа што ги има многу само им треба тригер да ги активираат идеите.
     
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Абе како да ти кажам дека психопатите се мајстори за фејкување. Цел живот се усовршувале за тоа. Нивната искреност и вистинските нивни мисли се застрашувачки сурови за другите околу нив. Затоа ги кријат. Психопат не чуствува некои работи како каење, вина, емпатија, не го гризе совеста. И да сака НЕ МОЖЕ зошто има проблем со начинот на кој мозокот му функционира и кој е различен од оној на повеќето луѓе. Може и да е способен да го разбере рационално, ама не го чуствува нештото. Затоа му останува само да ги глуми тие чувства, за да го прилагоди своето однесување на ситуацијата. Не се обидува да се вади за да го ослободат. Не го ни реков тоа. Тоа што е пред егзекуција за такви случаи не прави разлика, зошто казната не предизвикува соодветни емоции кај него (каење, вина и сл). Целта не му е да се ослободи, туку му е да се претстави пред јавноста онака како што тој си замислил, ама пошто таа негова слика за него не вистинска, се обидува да ја одигра најдобро што знае. Имиџот што го имаат другите за него, му е најбитен од се, дури и на самиот крај, зашто има нарцисоидност изразена. А за порнографијата како тригер за лабилни за криминал, тоа е општо познат факт, за кој знае и тој, затоа кога зборува за своите дела, наместо да превземе одговорност за нив, бара вина надвор од себе.
     
    На Ocean Waves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Тед Банди си играл играчки и со тие што го интервјуирале и со тие што мислеле дека му се блиски. Епитом за психопат. Врска нема порното со неговата луда глава. Тој од насилство се возбудувал . И од лешеви колку што ми текнува. Порно индустријата во негово време се сведувала на еротски часописи и чат пат насилни стрипови и по некој филм со bushes.
    Не мислам дека порното е неопходно за сексуален развој, ни па дека му штети нешто пспбено Не мислам дека сум со трауми дека сум видела порно филм како тинејџер. Тогаш пред се љубопитност беше во прашање, а не дека било како ме возбуди. Инаку најинтересно порно ми е она каде што се познава дека жената ужива. А често е глума тоа.