Многу лесно можеш да формираш мислење врз основа на 5 10 па и 20 пишани мислења тука. Ама во реалноста има уште милион ситници, па и доста големи работи кои никој од тука не ги знае. Ја никаде не реков дека треба/сакам или ќе се смирам со него. Нашиот однос не треба да се рефлектира врз детето и ќе се потрудам тоа да остане така.
Во право е членката што сака таткото да го има во животот на детето. Не сум ја читала и не знам зошто и како се разделиле, ама.... тоа во никој случај не треба да се рефлектира врз детето и неговото право да ги има и двајцата родители. Што се однесува до родителите на @nevermet18 супер ако и помогнале, но тоа не им дава право да и се мешаат во одлуките.
Точно у право си ти најубаво си знаеш какои што било детето треба да има татко се сложувам номислам така само главоболи ке имаш и проблеми со него
Razvodot vo sekoj slucaj ne vlijae dobro na decata i sigurno vodi do odredeno psihicko rastrojstvo kaj sekoj razzlicno. Ama nekogas mozda e poubavo
Koja glupost ja napisa Nie so brat mi se preporodivme koga se razvedoa moite. Nemase kavgi i urlanja. Nemase vekje stresovi I zamisli nemame psihicki rastrojstva. Da ostanea vo brak, sigurno ke imavme. Ako nema dobar brak,najdobro razvod.
Milo mi e so vi e poubavo. Jas ne go doziveav razvodot na moite kako nesto ubaavo i uste imam traaumi ako sum vozraasna Znaci kaj sekoj e razlicno ama pretpostavuvam ti ne si stignata do povozrasna granica. Traumi od tipot nedostatok na tatko i negovata uloga vo vospituvanjeto.
Можеби дека не си била сведок на секојдневни кавги и расправии, па затоа разводот ти бил трауматичен. Во спротивно никој нормален не би одбрал да живее во таква средина и сите би благословиле развод. Најтрауматично за децата се секојдневни кавги, расправии, насилства. А тоа што ти фалел татко во воспитувањето е грешка на твоите родители. Тие може да се разведени, меѓутоа треба да останат присутни во воспитувањето и животот на децата. За жал, неретко се водат битки преку децата
Разводот не може да влијае позитивно кај деца, особено од помала возраст. Кај повозрасни можеби поинаку влијае оти се посвесни за ситуацијата и проблемите, а потребата од родителското присуство и внимание полека се намалува. Секако, има секакви случаи, ама генерално помали деца потрагично ја доживуваат разделбата на родителите.
Краткорочно, можеби, меѓутоа долгорочно разводот е далеку подобра опција, отколку живот со караници, викотници, тепачки и слично. И во двата случаи останува белег несомнено, меѓутоа откако ќе пораснат децата, разводот како таков не остава белег колку животот во токсична и насилна средина. Проблемот е што ретко кој останува во „пријателски„ (ако така можам да јго наречам) однос со партнерот за доброто на децата и не лечат комплекси преку нив. Најчесто, за жал, се водат битки преку децата, па децата во најголем број случаи „губат„ еден од родителите при развод. А, не треба да е така
Поентата што ја кажав погоре ја потврдуваш со болдираното. Инаку не секој развод е поради кавги, тепачки и такви токсични средини. Затоа реков дека постојат секакви случаи.
1. Децата не треба да се причина да се остане во брак, ако бракот е измачување. Никој никому не му е должен за ништо. Децата ќе бидат посреќни со разведени (колку толку среќни) родители, отколку со несреќни родители кои се во постојан конфликт. 2. После развод, најголем предизвик и цел која треба секој родител да си ја постави е да ги избрише емоциите (најчесто се негативни) кон поранешниот партнер и да остане само родител, кој во комуникација кон веќе поранешниот партнер ги има само и само интересите на детето. 3. Тешко ова, ама секоја одлука и чекор во животот се тешки, посебно ако има што повеќе луѓе кои се засегнати од неа
Јас сум дете на разведени родители. И наместо на 8 години да си живеам среќно детство јас знаев за значењето на зборот “развод” и буквално ја молев мајка ми да си замине од дома и да се разведат со мојот татко. Разводот може итоа како да биде позитивен момент во однос на децата. Она што остава последици засекогаш е заедничкото живеење во несогласувања и физички пресметки со кои на децата домот им го прават родителите токсична средина за живеење во страв и во губење надеж.
@Brpbrp Имаше еден таков на едни американски исповести. Исповеда беше всушност од ќерка му. Биле 4 деца. Татко им само се жалел како жена му само по децата трча и ги оправа, немала време за него. А тој стандардно ништо не помагал. И така тој си фатил помлада девојка, бидејќи му фалело интимност. Арно ама жена му кога се развеле, му ги оставила сите 4 деца И така после тој немал време за ништо Модератор: Преместена дискусија од темата Брак без секс
Кај мене во комшии имаше ваков случај. Комшиката му ги остави децата на неверниот маж. А она е многу фина. Цело време трчаше по него и децата. Арно му направи. Ја третираше како стока.
Хахахаххахаахахаха е убаво му направила. Сака секс ете ти сега сигурно младата нема да чува туѓи деца
Жално за децата со такви недораснати родители кои се одмаздуваат меѓусебе користејќи ги нив. Оваквите не заслужуваат да имаат потомство. Штета никаква држава сме, иначе одма би им ги земал, па нека се е*ат со кој стигнат. Живот на 4 душички им уништуваш за сопствени хирови.