Влијанието на разводот врз децата

Дискусија во 'Брак' започната од sweety923, 11 јули 2011.

  1. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Ne znam sto e smesno tuka i za pofalba. Tolku e ne zrelo da si gi ostavis decata poradi toa sto imas problemi so mazot. Nekoi lugje navistina ne treba da imaat deca. Ni edno, a kamoli 4. A za zal takvite imaat deca, zatoa sto ne razmisluvaat za nisto.
     
    На M&M, Luminary, Manako2 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    8.515
    Вау, зошто баш никогаш нема да прочитам вакво мислење кога во 99% од случаите мажот истото го прави?

    Ама ако мајката еднаш ги оставила кај таткото, одма државата да реагирала, не заслужувала деца, така е 8-|

    Ако останале кај мајка им, епа тоа е што да се прави, мажот си е маж, остави го :drunk:

    Мислам, не сум изненадена де, local men discover actions have consecquences (zilmer)

    Во исповедта девојката кажува дека мајка им никогаш не ги буквално напуштила и заминала во Недојдија. Ниту пак се расправала. Сосема напротив, и понатаму си била блиска со децата :D

    Туку сега едноставно децата, кои патем не биле мали, живееле кај татко им. И сега сите обврски кои биле исклучиво на грб на мајката, тој ги правел.

    Што е спорното? Развод е здрава работа кога веќе едниот партнер изневерил. А родител е и таа, родител е и тој ^_^
     
    На An-na, Nausicaa, spacegirl92 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.692
    Допаѓања:
    38.357
    Пол:
    Женски
    Колку што е мајката родител, толку е и таткото. Ама ако децата по развод се кај таткото тоа е запуштање. А во другиот случај не е. (facepalm)

    Како така таткото да има обврски со децата? :?: Таткото си бара секс настрана затоа што мајката на неговите деца не му ги исполнувала желбите. Па нема да му ги исполни ако ја тера да му слугува. Сега тој нека чува деца. А швалерката нема да чува туѓи деца.
     
    На Nausicaa, Gosh, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.436
    Допаѓања:
    40.928
    Пол:
    Машки
    Кој пишал дека не треба да се со таткото? (facepalm)

    Јас во мојот коментар ги обвинив двата родители, кои поради сопствени хирови, е*вање на страна и одмазда, уништуваат животи на 4 деца.

    Крајно глупо е да се смеете и да поддржувате што му ги оставила децата. Демек ете, супер направила и му го уништила идиличниот живот со швалеркара. А гајле ви е како им е на тие деца со мајка која се одрекла од нив, и татко кој не можел да си го држи во гаќи.

    Ептен убав и позитивен пример за величење кој треба сите да го следиме. Браво.
    Моралниот компас ви е крајно изгубен поради сопствени суети. :fubar:
     
    На M&M, Mrs. right, Elenpelen и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    8.515
    Чудно како баш сте загрижени за децата исклучиво во оваа приказна.

    Вообичано не гледам никаков коментар кога децата си се кај мајката, а таткото со швалерката.

    Тогаш нема реакции, бидејќи тоа е толку нормализирано, што ете, не знаеле мажите дека некаде во светот можело и вака.

    Таа не се откажала од нејзините деца, само сето што таа со години го правела, сега го прави нивниот друг родител.

    Просто и едноставно.

    Или ова се класифицирало како одмазда, а обратно е исправно? Плиз, па уште морален компас :drunk:
     
    На An-na, Gosh, sweet-cherry и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    Како се одрекла? Можеби куќата била на родителите на мажот па морала таа да си замине..
    Одрекување е да не ги видиш никогаш и да не учествуваш финансиски и логистички..
    Секако е лошо за децата, ама има смрдловци што им велат на сопругите :ти замини си, децата јок.. Зашто играат на таа карта дека е мајка пред се..
     
    На Nausicaa, M&M, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.436
    Допаѓања:
    40.928
    Пол:
    Машки
    Што има лошо во тоа ако рече: "ти замини си, а децата јок"?
    Што знам, секој родител ќе даде се за да си ги задржи децата, нели? Бар така би требало?

    Секако, после судот ќе си одлучи кому ќе припаднат. А овде пошто се 4, а не знаеме на која возраст, но да претпоставиме дека некои се поголеми од 7 години, и има реална шанса таткото да им биде старател. Во идеални услови ќе биле поделени на двата родитела.

    Со тоа што членката пишала дека му ги оставила децата и си заминала, се мисли дека судски се одрекла од децата да и припаднат нејзе. Што, секако, е многу лоша порака и не треба да се хвалоспевува како ете, го зафркнала мажот и, ама не гледаат дека тоа е по цена на децата.
     
    На Mrs. right, Elenpelen, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    Толку си контрадикторен...
    Ако нема лошо во реченицата, зошто судот да одлучува?
    Како да се поделат на двата? Две по две?
    Не знам колку си возрасен, ама гарант немаш деца ниту си оженет.
     
    На Nausicaa, Gosh, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.692
    Допаѓања:
    38.357
    Пол:
    Женски
    A дали се смета за одрекување од децата ако тие се кај мајката после развод? И таткото може да биде добар родител. Јас сум израсната со татко, само што во мојот случај не се работи за развод. За случајот што го пишав.... Мајката ги зема за викенд, плаќа алиментација... Некогаш ги зема и во работен ден ако тој не може.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.436
    Допаѓања:
    40.928
    Пол:
    Машки
    Каде прочита контрадикторност?
    Секој добар родител ќе се бори да се со него децата.
    Судот си тера постапка според закон кој е пропишан за тоа кој ќе ги наследи.
    Во таа судска разврсница, законот ја штиши мајката во најголемиот број на случаи, посебно кога децата се на помала возраст. Во овој случај не знаеме на која возраст се децата, но сигурно бар дел од нив ќе припаднеле кај мајката. Со тоа што она ги оставила сите кај таткото, значи дека се одрекла пред суд да биде нивни старател.

    Што има врска дали имам или немам деца? Божем некој ако нема деца не може да знае какви се законите или нема морал и етика? :?:

    Ако таткото имал шанса да ги добие и да биде нивни старател, а не го прифатил тоа, иако судот одлучил да се кај него, дали е според тебе одрекнување од децата? По мене е. :)
     
    На M&M, Mrs. right, Elenpelen и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    Можеби знаеш за морал и етика ама не знаеш за реален живот и што носи тој и скоро па ништо не знаеш за родителство.
    Ти не можеш да видиш ниту каде си нелогичен, туку одма дон кихот
     
    Последна измена: 7 јуни 2024
    На Biljarkata, Anyshka и Polyincognito им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.692
    Допаѓања:
    38.357
    Пол:
    Женски
    А зошто не би прифатил? Можеби мајката има и друга причина да не ги земе децата. :?:

    Едно прашање до тебе? Брак без секс дали е ок?

    Забегавме во темата. Нека ги преместат мислењата.
     
    На Anyshka, halfasoul и Dentina им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.436
    Допаѓања:
    40.928
    Пол:
    Машки
    Каде сум нелогичен? Посочи?

    Ти ме праша како мајката се одрекла од децата?

    Јас ти кажав дека на суд, затоа што се законите наклонети секогаш кон мајката (иако не ја знаеме фактичката ситуација), ако не сите, бар за дел од децата имала реална шанса да добие старателство.
    Она се откажува од тоа старателство и му ги остава сите него за да го зафркне.
    А не се сфаќа дека единствен зафркнат во ситуацијата се тие деца.

    Замисли да си едно од нив. Имаш татко кој му е гајле за тебе, ниту те гледа, ниту внимание му посветува на семејството. Се швалерисува со туѓа жена затоа што не знае к*рот во гаќи да си го држи. Парите и времето наместо на семејството ги троши за туѓа жена.
    Мајка ти го дознава тоа, се разведува, и решава да те остави кај него за да го зафркне.
    Сфаќаш дека на двата родитела им е гајле за тебе. Наместо да те гледаат со љубов, те гледаат како терет.
    Е*ати таквиот реален живот.

    Не е ок. Ако се изгуби интимноста меѓу партнерите тоа не е брак, туку цимерување. Освен ако нема некоја медицинска причина поради тоа, или пак и двете страни се согласни да тераат таков живот. Ако не им е ок, развод е решението.

    Нека ги преместат мислењата, отидовме оф топик.
     
    На M&M, Mrs. right, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.975
    Пол:
    Женски
    Многу добро опиша како изгледа тоа во очите на детето.
     
    На M&M и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    8.515
    Ама комплицирање, чисто да сме у право :drunk:

    Девојката во приказната наведува дека откако останале кај татко им, тој започнал сè да прави за нив, како и мајка им.

    Затоа сега немал време за швалерки. Децата не останале на пат, ниту незгрижени. Ниту пак престанале да бидат со мајка им.

    Битно да се покажеме уште еднаш колкав скандал е ако жената реши да не трпи маж. Одма е најлошата, не мислела на никој, уништила живот, се одмаздила ^_^
     
    На An-na, Gosh, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  16. halfasoul

    halfasoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Машки
    Никако не е :)
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.393
    А што ако мајката претходно не работела, сега мора да изнајми соба ( нели, еве да речеме нема заштеда, а родителите и се починати или живеат многу далеку).
    Нема шанса да се носат 4 деца во изнајмена соба БЕЗ РАБОТА..
    На мажот под услов да живееле со свекор и свекрва, има кој да му помага..
    Можам уште сценарија да ти кажам каде нема одма даможе да ги земе.
    Можеби си дете на разведени родители и те боли ситуацијата, но ти можеш и да живееш со 2 родители па да се тепаат урлаат караат и пак ке си мизерен.
    Тоа значи, не гази одма на гаста. Застани, размисли.. На децата и претходно гарант не им било убаво.
    Ти сега велиш вака, дека ти нема да вараш или да те вараат, но не знаеш што носи животот : болести, несреќи, разводи, губења работа.
    Ти живеј си по своите начела, да судиш од страна е лесно...
     
    На Biljarkata, Adidas888, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    7.681
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам @Billy Idol . Твојот прв пост не може да се сфати како што можеби ти била мислата.

    И јас го разбрав, сакаш швалерка, на ти ги децата. Како за компири да правиме муабет, а не деца со чувства и емоции. Никаква лекција нема тука, туку чисто примопредавање на обврските кои ги носат децата. Приказната може и да има друг наратив, но од тие оскудни информации се влече таков заклучок.
    Напротив и двајцата се родители и треба подеднакво да се присутни во нивните животи. И надвор од своите брачни скандали и несогласувања. Двајцата детинесто постапиле, тој што решил да изневерува, таа да покаже еве ти ги децата, сега јас ќе одам во швалерај.

    @Dentina со оглед дека се работи за Америка, многу повеќе е веројатно мажот да си оди од куќата и општо по развод се да и припадне на жената. Вклучувајќи и огромна алиментација, да може да живееш комотно и без да работиш две работи. Не се жртви ни двајцата со постапките. Жртви се само децата.
     
    На M&M, Luminary, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    8.515
    @ArabellaStarfall Мене ироничен ми е моментот што баш пред тој пост, имам наведено пример за синдром на самохрана мајка во брак.

    Нешто што кај нас половина и повеќе жени го доживуваат. Па ете не видов машки член да реагира. Како и на секој друг пост на форумот што е со иста конотација.

    Ама овде рипнаа, пустиот маж, му се уништил животот. Шокантно, татко почнал да се грижи за неговите деца. Не гледам така да реагираат кога е обратно.

    Нормално дека во секоја ситуација треба да се мисли на децата. Во конкретната ситација, тие сигурно си го сакале како татко, како и секое наивно дете.

    Иако не бил присутен толку, ни па одговорен. Епа ете потоа станал. И почнал да се грижи. Ќерката да беше огорчена, исповeдта ќе беше многу поразлична, а не беше така :)
     
    На Gosh, sweet-cherry, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Малце не ја разбра целата работа. Ако веќе е само секс во прашање и тоа се бара а жената се расцепила од грижење, а он има време да мисли на секс и да најде друга епа време е и он да сноси посчедици не ги правела сама децата. Лесно е да плаќаш алиментација и тоа зависно колку ќе дадеш некој има сакаат да го пријават на минималец да не се гледа колку пари зема само да не дава повеќе алиментација. Знаеш што збачи жена сама со 4 деца и без приход, а он има приход за швалерката.

    Се додека ги браните мажите што ништо не помагаат секогаш ќе има жени што ќе си патат.
     
    На Gosh, Mumoftwo30, Polyincognito и 2 други им се допаѓа ова.