Тие деца имаат чувства и ги разбираат до некаде работите. Имав случка во поблиска фамилија, знаеш ли како му се полнеше главата на детето во смисла мајка ти те нејчи и обратно? Па после тоа да ти зборува дека не сака да те гледа, те мрази итн? Знаете ли вие кои се тие стресови и како маваат на психа? Видов дека е огромна планина од негативни и тешки емоции и веројатно да остават и трага, доколку не се средат родителите.
@Stark Никој не е победник во таква ситуација. И да останат во брак, и да се разведат. И децата да се кај мајката или децата да се кај таткото. И не само чувствата на децата. Каде е траумата што жената ја доживува поради изневерувањето? Тоа никако не може да се минимизира. Исправно е тој што не бил родител, да преземе одговорност. Нормално, без да се свртуваат децата против било кој.
Жената изневери и беше претепана од страна на сопругот. Секогаш сметам дека децата не се виновни за ништо и треба малце позрело и постабилно да се однесуваме оти тие се сунгери додека се мали и се апсорбираат и имаат големо влијание во нивниот развиток (еххх и моите да мислеле, можи че бев попаметен сеа).
@Stark Јас одговорив во контекст на приказната погоре. За твојот пример, насилството е сосема погрешно. Општо е погрешно било кој и да изневерил. И апсолутно, децата никогаш немаат вина. Во приказната погоре, не сметам дека е нешто погрешно сторено. Мајката ниту им ја полнела главата, ниту се расправала. Едноставно направила таткото конечно да биде татко.
Секогаш мајката е крива, незнам шо не ви е јасно. Ги земала децата со неа, курва е и сака да му се одмазди на мажот. Ги оставила децата кај него, курва е и сака да му се одмазди. Туку најбитното, зошто нема секс за мажот?
Да не можи збор да ви речи чоек па. Зборо ми беше и не е нешто фалење она горе од копитото шо исклепал деца па се швалерисува, па и од неа не е баш. Зборо ми беше дека и децата имаат чувства и не е само дај ваму дај таму, сте размислиле ли некогаш дека можеби ќе ве замрза или да сте му одвратни на дете? И тоа е човечко битие ко шо реков сунгер е се апсорбира и лоши и добри работи...
Зборо ми беше за глупостите на родителите децата страдаат на ваков или онаков начин. Јас веќе бев адолесцент ама и мене ми влијаеше разводот на моите поради слични работи како овие.
Види и да не се оставени родителите пак можат да те мразат децата, нели? Кога само еден родител им се посветува на децата е мачно, малите деца сакаат игра,шетање, правење работи заедно, еден човек на 4 места не може да биде и тука пак доаѓа до проблем зошто го имаш моментот ете ти него/нејзе повеќе го сакаш, а всушност мајката нема време за себе ни да јаде ама никој не го размислува тоа. Не е фер да се збори против другиот родител освен ако не е силувач,насилник,алкохоличар,наркоман итн. А дете како дете ако те сака ќе те сака секако дали си тука или не.
Крива е ако си игра курташак со децата за сопствени, егоистични и одмаздољубиви цели. Јас не би си ги оставила децата никогаш на никого. Или заеднички соодветно ќе го поделиме времето. Но, да ги оставам за да докажам дека сум била самохрана мајка во брак, не. Тие деца не се родиле сами. Родителите свесно ги направиле. И крива е таа мајка што доволила да направи четири деца со човек кој не се менува преку ноќ и се однесувал сигурно исто како и со првото. Ама не, ќе раѓаме до бесвест за да се спаси бракот. Ти би останала во брак со некој таков и продолжила да раѓаш? Значи, вината каде е? Или ќе чекаш да се смени маж ти после 9тото дете. Нека биде среќна и што ја изневерил, затоа што никогаш немала да пресече кога е доста од тој брак. Ама да си докажуваме колку е тешко да си родител, на сметка на среќата на децата, никогаш и никаде. И констатациите не ти се точни. Не знам кој/а е тој/таа што би рекол за една жена дека е курва и си ги земала децата затоа што мажот ја изневерил. Напротив, таа жена е храбра и мајка во прав смисол на зборот.
Таткото ако не сака да се грижи за домаќинството и децата, нема ни да му го дадам тоа задоволство после развод. Тоа е разликата помеѓу моето размислување и постапката на споменатата жена. Децата понатака ако сакаат да си имаат контакт со таткото, нема да ги спречам, ама јас знам како дишат, јас знам што секое јаде, јас знам што секое сака, јас знам се буквално за тоа дете. И баш не би ми било сеедно да сум со таков незаинтересиран маж, да му ги оставам, а ништо не знае за нив. Дискутабилно е колку станал одговорен. Не ги гледал цел живот, не се замарал, сега допрва татко ќе се прави. Дете не се сака само кога ќе порасне, само ќе си јаде, само ќе се облака, ќе си вози кола, дете се сака кога и не е способно и целосно зависно од родителите. Јас па колку знам случаи со таткото што не сака да менува пелена на детето. Демек во ДНК на жената е врежано како се менува пелена. Има, точно и многу е чест синдромот на самохрана мајка во брак. Но, тоа не значи дека треба да раѓаш постојано и после да се трескаш од земја колку ти е тешко. Гледаш не го бива бракот со едно дете, не оди на друго, разведи се, најди маж во права смисла на зборот, и што сака да биде родител во права смисла на зборот, па раѓај и цел фудбалски тим.
Ај да си праиме хипотетички муабети за хипотетички ситуации. Можеби жената била спремна да биде ,,самохрана мајка,, во брак (од кај и да излезе теоријава) се додека не била изневерена. Можда сценариото било ко со другаров од кој произлезе дискусијава, па имала енергија да му ги задоволува фантазиите дури стигнале до дете бр.4 , после веќе не можела. Шо и скокна на Адидас ко баш и беше поентата на место? Жена се суди секогаш. Маж не секогаш, ама многу често, мисли со долната глава, ама еј, него му е простено, јер маж е. Факт е дека за брак и деца треба зрелост и ниво на свесно прифаќање одговорности, ама ете, не бил светот идеален. Место да се понашаш ко маж шо би рекле, одговорно, тебе да ти е паметот во количеството секс и долниот веш на жена ти, па ако не таа, тогаш некоја друга, е све освен одговорно.
Жената одлепила 100% за да донесе таква одлука, можда психички пропаднала кога од нигде никаде дознала за швалерката а ваму 4 деца, и си рекла шо јас заслужив од ова. Ако сакала да го казни не би му ни дала да ги види, но очигледно не е нешто намерно едноставно има проблеми со ова шо и се случи и се надевам ќе и дојде умот за скоро. Тешко на децата само можам да речам се надевам ќе ја имаат сета среќа на светот ако овие двајца ги гледаат како шо треба. Имам роднини кои исто така мајката го остава детето на таткото за да оди со друг маж, да се омажи и да има бебе. Мене стварно не ми е јасно како ова дете го остави како ништо да не и е исто детето мало, потреба за мајка има премногу, како не и беше жал. Без татко се можи некако стварно ќе ти фали ама без мајка жално е.
А можда модератор да ја одвои темава од постот на Полиинкогнито па се по ред, да не одиме оф топик @RainBow ? Инаку жално е и без било кој од двајцата, оти секој од родителите има различна улога. И на ниедно дете не му е сеедно да биде отфрлено/заборавено од било кој родител.
Па јас не зборам оти сега ми текнало тоа . Си знам, по тоа кога моите се разведоа, по тоа кога јас се разведов. Кога син ми го оставив тамо, бев крива..... кога го земав, пак бев крива. Така ни е наштелуван овој народ, секогаш жената да ја криви.
Абе све за инат да се праело, значи еј Оној шо вика не ме интересира да ги гледам децата цела недела дури си ти негде (на службен пат, во болница, ватевр) , ти ги имаш, јас плаќам-тој е татко. Оваа шо една недела не може да биде дома со децата-немајка.
Не знам од мене тргам, појќе за мајка ми е жал некако... И двајцата ти се потребни нормално, улогата на таткото не можи да се замени со на мајката..
Дали некогаш ќе ги видиме нашите ценети и привилегирани хетеросексуални машки членови на женскиов форум Фемина, да пишат некое мислење во некоја тема која се однесува на жената и нејзините проблеми од страна на мажите, и зашто не? Типично машки, тука се да ја злоупотребувааат цивилизираната и емпатична женска енергија на форумов, каде можат културно и без дебилни Омлет пациенти да општат и да кажуваат свои мислења на тема политика, секс, вицови, педерастија, ПутИн и ПутАут, се до моментот кога маските паѓаат, и си ги покажуваат своите типично Балкански шовинистички сурати. А кога ќе ми текне на легендарниот пост во Сакам да кажам, дека не биле доволно ценети тука на форумов, измеѓу редови барајќи пофалница и државна пензија, како и мислења каде се заблагодаруваат на универзумот дека конечно лошите ( најверојатно неебани бркати феминистки) жени кои само безпотребно се жалат и шират негативна енергија на женскив форум Фемина, полека го напуштаат, па они можат на раат да си општат и да не се нервираат со женски глупости... Oh, the audacity... Иначе, ја предлагам и бебињата пред врата да им ги оставите ако ве остават оти ве затруднеле, и не ги признаваат...
Како и да ја вртите приказнава, сепак е на крај препукување преку деца што во ниеден случај не е ок. Дали е во прашање мајката или таткото препукување е и остава последици секако. Не мора одма да се скока со ставови за феминизам. Јас ја разбрав приказната како на одмазда. А ако нашол начин тогаш ќе најде начин пак да си брка работа, нема да му сметаат децата. Не би можела животот да си го замислам без децата.
Со оглед на тоа дека он сеедно му било и си нашол некоја и поред 4 деца значи не се вртел околу децата. Замисли 1 дете да имаш гледаш да го прошеташ,болно,здраво, да го прашаш во градинка како поминало,на работа да одиш да средуваш низ дома сигурно нема да имаш време ни за на мочање, а он имал време да си најде некоја. Друга работа можеби сакал да скрие приход, можеби имал поголем ама не на сметка. Плаќање на алиментација со минимална плата за 4 деца колку би било? Ништо, ни за по 1 пар гаќи да им се купи на децата. Секако теретот било за се на жената па сега мажот нека го осети теретот. Само разликата е што жената нема мака со теретот и не и е тешко зошто секојдневно го правела тоа, а некој со прст што не мрдал и на крај наеднаш милион обврски да има е тешко.