Влијанието на разводот врз децата

Дискусија во 'Брак' започната од sweety923, 11 јули 2011.

  1. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    53
    Развод

    Како што велиш мајкати само работи .Бабати имаат само пензија претпоставувам кој сега ве издржува кога таткоти не работи ? Можда разводот не е решение можда треба да пробате со тако ви да рзаговарате. Велите дека баба ви е проблем што не и се спротиставиш и ти. Мајкати само работи таа треба да биде силна а не обратно. Не ми е до крај јасна ситуацијава затоа и те прашувам.
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    33.366
    Пол:
    Женски
    Развод

    Само да ти кажам за болдираното, со оглед на тоа дека мајка ти е вработена и има примања, а татко ти е невработен, може ТОЈ да побара алиментација во висина од 33% од висината на платата на мајка ти и да излезе она да го издржува него. Така да пред да превземете некој чекор УБАВО распрашајте се кај адвокат.
     
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Развод

    Центарот може да издаде согласност место другиот родител, доколку смета дека родителот не постапува во корист на децата. Позната моја така им извади пасоши на децата, а исто на тој начин ги носи и на одмор во странство. За подолг престој во странство не знам, ама мислам дека процедурата би била слична. Посебно ако има доказ дека таткото не е заинтересиран за децата, не плаќа алиментација на пр, не се гледа со нив во договорените денови, физички ги малтретира и сл.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PufCe

    PufCe Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    6
    Развод

    Здраво на сите. Ве молам за совет, помош, ваше искуство??!!
    Живеам во катастрофален брак со две мали деца. Сопругот е алкохоличар и секојдневно сум изложена на психички тортури а индиректно се децата инволвирани со тоа што ги слушаат нашите расправии.
    постојано размислувам за развод,но земам плата од 10000 не можам да соберам храброст за да одам под кирија,заради ниските примања и за грижата за децата... Дали има некоја од вас со слично искуство? Поздрав
    И заборавив да напоменам дека немаме односи веќе година ипол.
     
  5. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    730
    Развод

    ако имаш кај да одиш дали кај твоите или пак ако веке нема услови или не те подржваат најди си едно мало станче за почеток и собери си ги стварите и пред одење поздрави го и кажи му ја радосната вест и замини си ич не му ја мисли како што е господ никој не е нема да биде лесно за почеток но ке се среди се важно е дека децата ке растат во здрава средина а ти ке си одтанеш здрава и права а вака само ке се оболиш нервено па утре ке бидиш и нервно болна и неспособна да ги одгледуваш па и ке ти ги земе децата на крај ич не му ја мисли и барај си чаре поздрав
     
    На VayaConDios му/ѝ се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    1.643
    Развод

    Ме интересира колку пари е за поднесување бракоразводна постапка и кои документи треба да се средат.
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    3.182
    Развод

    Фотокопија од твоја лична карта, извод од матична книга на венчаните, извод од матична книга на родените за децата. 800 ден. судска такса, а со адвокатот треба да се договориш за состав на тужбата али околу 2000 ден. би требало
     
  8. Temjanuska1234

    Temjanuska1234 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Развод

    da da lavandamod od stranski drzavjanin se zema alimentacija na nivo na makedonski standart plata zavisi i kolkava mue platata dve tretini alimentacija
     
  9. Temjanuska1234

    Temjanuska1234 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Развод

    da da lavandamod od stranski drzavjanin se zema alimentacija na nivo na makedonski standart plata zavisi i kolkava mue platata dve tretini alimentacija
     
  10. maculence1

    maculence1 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Развод

    Neznam kade da se obratam pa kje me usrekjite ako nekoj od vas ubavo mi objasni od iskustvo kako ide celata postapka za razvod na brak so 2 maloletni deca. Vprocem podnesov tuzba za razvod na brak pred 2 meseci,po podnesuvanje na tuzbata mi rekoa deka kje me vikale vo socijalno za pomiruvanje i resavanje kade kje ostanat decata. Me interesira kolku trae cela postapka ,odnosno zasto 2 meseci nemam pokana od socijalno../potoa koga ke stigne pokana za vo socijalno sto se slucuva ako tuzenata strana ne se pojavi?ja vikaat li pak?sto ako posle toa pak ne se pojavi? kako ide toa? a ako se pojavi posle kolku vreme sudot zakazuva rociste za razvod? i me interesira detalno sve nekoj od iskustvo da mi pise, kje bidam vecno blagodarna.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.230
    Пол:
    Женски
    Развод

    Во твојава ситуација најверојатно не се работи за спогодбен развод. Така што, има уште многу да чекаш за да те викнат во социјално. Една моја пријателка поминува низ истава ситуација. Поднесе тужба за развод во октомври и уште чека да ја викнат на суд. Проблемот е што маж и сака ќерката да остане кај него. Бидејќи не се договорија во социјално околу тоа, судот ќе одреди на кого ќе припадне ќерката. Ако маж ти не се појави во социјално, значи дека не сака помирување. Во тој случај, ќе мора да одите на суд. Судот ќе одреди на кого ќе му припаднат децата. Доколку децата останат кај тебе, имаш право да бараш алиментација, која што маж ти ќе треба да ти ја дава преку банкарска сметка. Ако не ти плаќа алиментација, имаш право да го тужиш. Децата со минимум 13 години, судот ги прашува кај кого сакаат да останат. Ако маж ти не сака да ти даде развод, судот автоматски ќе ве разведе. Ама треба да помине време од 2 или 3 години од поднесувањето на тужбата за развод.
     
  12. maculence1

    maculence1 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Развод

    Благодарам на одговорот.Дали е вистина дека ако тужената страна(јас сум тужител,маж ми тужена страна)не се појави еднаш во социјално,дека пак ке не викаат во период од 2-3 недели?или периодот и ете да не е битен, дали викаат пак или ако еднаш не се појави автоматски пропаѓа помирувањето и не не викаат во социјално пак?
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.230
    Пол:
    Женски
    Развод

    Треба да ве викнат пак. Ако маж ти и тогаш не се појави, помирувањето пропаѓа и ќе одите на суд.
     
  14. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    здраво... сакам да ве прашам за ммислење.. со сопругот сме во брак 6 години..имаме 3 год. дете.. ете ке ви објаснам малку за нас ..се земавме мн. млади ја имав 21 .. имавме многу караници и сл на почетокот и ок. се среди после извесно време легнавме на брашно :) меѓутоа главниот проблем кај нас се финансиите..односно.. ја имам повеќе он помалку просто кажано..мене никогаш не ми беше важно тоа затоа и се земавме мегутоа со тек на време се покажа дека него му било важно што ја имам,погадно чувство од тоа нема.исто така имаше и физички напади... ме нападна после втората недела по пораѓајот а се породив царски и сама го чував детето со помош од него..и друг пат имало тепачки и сл. сакам да ме понижува ваљда така си лечи комплекси..и врвот на сето тоа е што секогаш кога има некој тешок проблем фамилијарен и сл. он не се труди да ми помогне онака многу ретко ради реда демек ете ти помага.. али у суштина секогаш бега.. секогаш сама се решавам.него му е поважно се он да си биде смирен да си отиде на работа,неговите обврски сите се завршени(оние обврски што него му се важни за он да напредува на работа) а мојата работа и сл. воопшто не го интересираат. сакам да се разведам...дадов се од себе.. и емотивно,психички,физички,матријално,а он ништоо речиси... што би правеле да сте на мое место?
     
  15. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Машки
    Развод


    Го прочитав твојот пост , што да кажам таква ти била среќата т.е несреќата. Искрено кога би имал сопруга и кога тааа би заработувала повеќе од мене не би ми преставувало проблем туку би се гордеел со тоа.
    Одговорот е во тебе ти треба да знаеш што треба да правиш, ти треба да одлучиш што понатаму што ке правиш.
     
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.386
    Развод

    vagavaga-Ти толку убаво си напишала што веќе и си го нашла решението за својот проблем,но се уште не си подготвена да го реализираш...Што е поентава? Од него добиваш понижувања,тепачки,навреди никаде нема спомнато подршка љубов,внимание,среќа...Тогаш зошто се измачуваш?Многу е лесно совет да ти напишам Развод.Разговор не верувам дека ќе помогне но ете пробај и ако гледаш дека нема...Тогаш подготви се да си го подобриш животот себе си и на своето дете...Не дозволувај никому да те измачува.Запомни дека за секој проблем има решение.
     
    На zalosna и slavica999 им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    5.890
    Развод

    Се сложувам со Rici.aaaa
    Ти ја знаеш суштината на проблемот и решението на истиот,меѓутоа можеби ти недостига храброст за да ставиш крај на сето ова измачување.
    Во една врска или брак кога само едната страна дава се од себе,а другата запоставува се околу себе и притоа одмага во аспект со вербално и физичко малтретирање,јас не би гледала поента да останам со истиот човек во таков НЕбрак.
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    искрено незнам што ... одстрана сите мислат супер брак.. и сл. знаете.. он добро глуми пред народ како е он супер.. и како он мене многу ми помага али сеа веке гледам дека и колегите мои и блиските сфакаат дека е една голема лага..он е насмеан ..супер мед и млеко..али ништо од тоа..сум разговарала милион пати...сум се обидувала и сум организирала романтични вечери на мајка ми душата и ја извадив да го чува детето ете ајде да се обидеме да биде добро и ке биде супер некое време и ќе се јави проблем и никаде го нема ке си земе комп. цигарите а јас ако прежививам стресови на работа на кој он ако сака и те како може да помогне...со тоа и ке заработуваме повеќе и сл. но не...он тоа не го сака зашто не е негово..не сака да превзима толкава одговорност(он така ми кажа) едноставно неможам веќе да бидам и маж и жена во куќата.. немам сили..а веке немам ни мотив кога гледам дека само себе дека се сака. а тоа што физички ми има нападнато повеќе пати е башка муабет
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Развод

    Вагавага,

    Не дека му пречи на него дирекно тоа што ти повеќе заработуваш туку затоа што си поуспешна од него. Машка суета-его кога исплива на површина е страшна работа. Друга работа ,,матна,, е тоа што тој се повлекува на страна и несака да учествува во никакво решавање на тн секојдневни проблеми а бог да чува пак да преземе некоја обврска кон детето. Ако нема некоја друга тогаш ова што го прави не ми е нормално и сигурно има некој проблем да не кажам психички.
    Ајде сето ова горе напишано кога-тогаш може и да се реши ако има соработка од двете страни ама ,,тепање на сопствена жена,, -семејно насилство е тоа неможе никако да се реши. Може да обеќа брда и долине и дека никогаш нема повеќе да се случи, мислам дека пак во некој момент на фрустрација ќе крене рака на тебе.
    Лесно е да кажеш ,,развод,, туку треба да го сочуваш бракот но има едно големо ,,ама,, ако ти даваш и пружаш се од себе а немаш никаков фидбек од него тогаш твое е да пресудиш.
    Немора да сте богати, ќе јадете леб и сол што се вели ама ако нема љубов и компромис помеѓу дваицата џабе е се.
    Насилството-тепањето ќе застане меѓу вас и ќе си наплати данокот. Тој веќе е ладен кон тебе а и ти почнуваш да се ладиш. Млада си и не си најдена на улица за да некој се иживљава со тебе. Од крв и месо си и имаш емоции за разлика од него а од друга страна на детето му требаат зрдави и прави родители. Што и да правите ставете го детето на страна да не биде сведок на вашите караници и насилство.
     
    На vagavaga му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    не сакам пари да имам многу..сакам смирен и нормален живот..парите доаѓаат и си одат..сакам да знам дека дома имам некој што во добро и во лошо ке биде со мене..а не да ме остава секогаш кога има потешок проблем.. ми ветил дека нема да се повтори насилтвото..али пак се повторувало не се случува често али два пати во годината да.. дефинтивно е ладен..од време на време ке покаже емоции али вештачко е тоа се.. моментот кога го унапредија на работа одма ми префли ете ја имам повеке од тебе а ти пропагаш..мислам грозно..ја се радувам на секој негов успех...кога треба да учи или кога ке дојде од работа.. го шетам детето..иако цел ден сум на работа..не глумам жртва.. али стварно давам се од себе.. моите родители беа раведени и тоа ми било како цел во животот да дадам се за да моето дете не го претрпи тоа што ја го претпев али едниставно сеа веќе не гледам зошто да се жртвувам толку за некој кој одма плука мене штом скокне малку со работата и комп. му е поважен од мене..