Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на разводот врз децата

Дискусија во 'Брак' започната од sweety923, 11 јули 2011.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Развод

    Што има фајде ако тој се преправа пред други...Што добиваш ти?! Што е важно што мислат друѓите за вашиот брак кога ти си толку несреќна и осамена....и зошто ти да организираш романтични вечери тој нели е маж? или ако не е нека се изјасни што е?...Внимавај да не го изгубиш и она парче здравје што ти е останато имаш на дете кое му требаш.Запомни Маж кој крева рака на жена не е Маж...
    сепак мислам дека иако сето ова го знаеш не сакаш да ставиш крај туку од дно на душа бараш некоја солуција да може да опстои вашиот брак,што е и нормално..се плашиш дека ке бидеш сама впрочем ти веќе си сама,се плашиш од она што ќе речат друѓите,а тие се толку небитни,што е најстрашно и го сакаш...сепак за љубов се потребни двајца.Душо ти посакувам да успееш,но сепак внимавај на своето здравје и не заборавај дека секоја жена има право да биде сакана и почитувана,значи и ти го заслужуваш тоа...и никогаш повеќе да не дозволиш тој бедник да крене рака
    на тебе.
     
    На vagavaga и bubuce им се допаѓа ова.
  2. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    ептен си во право.. со Господ напред.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bubuce

    bubuce Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    35
    Развод

    Лесно е да ти речиме развод,но во ваква ситуација и со ваков маж кому не му се важни твоите чувства ниту потреби не ни гледам друг излез.
     
    На vagavaga му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Развод

    Vagavaga многу ме интересира каков тип на работа имаш ( не што работиш ) имаш сопствен бизнис ? Место до кое сама си достигнала без никого ? Ова ми звучи дека ти имаш нешто твое а он има само работа т.еработи за некого ( може не сум во право ) ,но ако сум мое мислење е дека лек ќе нема . Прво тој тие љубоморен тебе и на твоите успеси он не ве гледа како едно - како семејство туку како две индивидуи . Проблемот е тука . Кога би ве гледал како едно како што напиша и самата ќе се радува и ќе допринесува , зашто од тоа има бенефит семејството пред се детето и вие двајца . Како резултат на таа болна љубомора се јавуванеконтролираниот бес не не го оправдувам данем сфати некој погрешно и на крај ќе се вратам на почетокот на реченицава ,ако он не може да ве види сите тројца како семејство ,па згора на тоа и малтретира ( физички емитивно и секако ) тука брак нема а хартијата ништо не значи .
     
    На vagavaga му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    па така некако... денес има проблем кој не засега сите дома ( патем не спомнав дека живееме во мој стан он не од е тука,кој моите го наместија до игла и конец внатре се ново додека ние два месеци бевме на одмор кој нормално моите го финансираа,и еден куп слични работи и пак на крај испадна дека моите го заглавиле со кредит кој моите го плакаа леле смешки..сеа коа читам се освестувам се повеќе ц ц ц..) и околу проблемов дома ... ќе го оставам да го реши сам како што ја знам да се снајдам и да решавам(макар што ја ке го решам на крај пак) а изговорот ќему биде кај тебе се парите а не кај мене..а можеше да бидат кај него(а и се и кај него зашто во брак се се дели нели) само он не сака одогворности..па ке видиме како ке проба да го реши ...
     
  6. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    патем да напоменам навистина не ми беше важно што финансиската состојба му беше таква...животот е тркало денес имаш утре немаш ..ја сум човек што кога љубовта е во прашање навистина такви бедни работи не ми се битни ако има љубов ќе се бориш било како за подобра иднина..но не било се така розево како што си мислев во случајов.а и ммоите немаа никаков проблем со тоа исто..моите немале на времето и знаат што значи да немаш..со таа идеологија настапивме ние.а од другата страна ништо.
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    епа дечки ете се разведувам.. доста беше..жал ми е за детето али најдобро е вака .. поздрав и фала ви за подршката
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Развод

    На денешно време секојдневно се разведуваат многу луѓе. Причините за развод се: несогласност, разни проблеми, деца, неверство, насилство, и уште многу други работи. Бракот е тежок за сите, најмногу на почетокот додека да стекнеш навика, па деца кога ке имаш и се друго. Јас под развод само разбирам (ако е потребно двајца да се разведат најоправдани причини) :неверството,насилството и неправденоста!
    *Ако те изневерат крај е, знам се случува понекогаш таа личност со која ке се ожениш/омажиш да ја сакаш премногу ама со текн на времето ке дојде период кој таа љубов ке престане и толку е!
    *Насилството-никогаш да не дозволувате маж ви да ве тепа! Мажите се неблагодарни кукавици, така да и многу нервозни и во нервозата можат да ве натепаат ама одма одете си бидејки таквите гадови како нив не ве заслужуваат и за жал секојдневно во светот во секоја втора фамилија тоа се случува...
     
    На vagavaga му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    токму така.. затоа и се разведувам т.е многу причини има за мојот развод.. никој не заслужува така да биде третиран. а неверството не се простува,нема изговор за тоа и крај. сите паѓаме во искушение некогаш но безразлика каков е бракот..има љубов..нема... тепање, и сл. нема потреба од неверство.. и не е фер,има решение за се.. развод и секој по својот пат.. и со среќа.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.063
    Допаѓања:
    36.130
    Пол:
    Женски
    Развод

    Штом веќе не оди во бракот, разводот е единствено решение. Подобро среќен развод, отколку лош брак. Можеби ќе најдеш друг со кој што ќе ти биде поубаво.
     
  11. EndOfTheRoad

    EndOfTheRoad Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Развод

    И ете се случи. Добив отказен рок. Јас во оваа куќа сум била вработена куќна помошничка (неплатена) која евидентно веќе не си ја врши добро работата и почнала да пројавува потреби и емоции па денеска ми кажа дека имам рок до петок да биде се како порано или да си одам. А како порано значи се да биде средено, да трчам од работа за он да има ручек и да не мислам да не зборувам да не чувствувам.
    Бљак звучам како да се самосожалувам а вистината е дека сум замрзната, не плачам, не очајувам, планирам што понатаму некако ладна ми е главата може шокот ќе ме мавне подоцна.
    Мора да разговараме околу детето а проблемот е што заборавивме како.
     
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Развод меѓу родители

    Ве замолувам помогнете ми.Моите се разделуваат.Јас немам повеќе нерви неможам да издржам,психата ми е уништена,прочитајте го следниот линк и ве молам за најискрена помош.http://mypoorbooklife.wordpress.com/2013/05/07/2004/
    Благорадам однапред.
    п.с. Доколку може ве замолувам да не отиди темава во канта. ;(
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Развод меѓу родители

    Абе девојче тоа е проблем на твоите дома не твој или ваш личен проблем на децата. Не сте вие криви за ништо.
    На крај краева може е подобро да се разделат отколку да имате само немир дома. Не осудувај никого пред да дознаеш која е правата вистина.
    Ти си им дете и за тебе мора да внимаваат и да се грижат нема никој да те остави туку така. Сигурно пак ке ја имаш близината и со двајцата како и претходно. Тоа ништо не менува. Мора ти да издржиш , сфати дека они се возрасни и знаат многу поубаво од тебе што да прават. Твое е да си завршиш училиште и да си одредиш што сакаш понатаму.
    Веруј ми не е крај на свет тој развод. Ниту тоа што ке останеш без некој родител у близина. Ја цел живот сум израснала без еден родител па ништо не ми фали.
    Така да држи се силно и немој да заебеш други приоритети што ги имаш.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    478
    На solzicka.solzicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Развод меѓу родители

    не мислев на тоа дека ќе ми фали нешто или нешто слично.Мислев на тоа дека животот нема да ми биди ист како и претходно,дека ми вршат пристисоци од типот ова ќе се случи кога и да е,ќе ве сакам и понатаму и сл.Неможам значи колку и да сум издржлива и храбра едноставно неможам.Несакам да остани барем сестрами без семејство. ;(
     
  16. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Развод меѓу родители

    Мила моја, се е навика, ќе свикнеш со време.
    Не, не велам дека ќе биде се во ред, зашто не сакам да те лажам.
    Моите се разведени одкога памтам за мене, и секогаш чувствувам дупка во мојот дом, во мојот живот.
    Најлесно што можеш да направиш е да се помириш со ситуацијата, зашто ова не е проблем што можеш да го решиш ти. Тоа е проблем помеѓу твоите и верувај ми дека тоа сигурно била најдобра опција. Подобро е да се гледаш со секого поединечно, или да поминуваш една недела кај еден, една кај друг, отколку секојдневно да слушаш расправии и гледаш тага во очите на твоите најмили.
    Не си ни прва ни последна која останала без семејство, постојат луѓе чии семејства се многу длабоко под површината на земјата. Можеби звучи себично но помисли дека може да биде и полошо.
    Доколку нема тензични ситуации помеѓу твоите направете компромис барем еднаш неделно да одите на ручек или прошетка во природа.
    Да, тешко е знам. Нема да кажам да бидеш силна, нема да кажам дека се ќе биде во ред и да кажам дека е нормално.
    Само труди се да не потклекнеш и да ги задржиш твоите цели во животот. Стреми се да извадиш уште повеќе од она што си го правела до сега за да немаш време да размислуваш на тоа.
    Ти предложувам да почнеш со некакво хоби или некој спорт, за да си расчистиш мозок. Штом ти дојде на ум таа мисла труди се веднаш да ја отфрлиш од себе.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vagavaga

    vagavaga Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    Развод

    deteto kaj tebe.. i prodolzi so zivotot.. moj sovet..
     
  18. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Развод

    Ако нема слух за тебе,поарно ако имаш каде да отидеш оддалечете се некое време,размислете што добивате а што губите Вие и детето,не е едноставен разводот посебно кога имате дете,најдете се на некоја бранова должина, дадете се од себе да успеете.Тој се сили сега додека си сеуште покрај него ако е совесен ќе размисли и тој,али бидете некое време разделени,мој совет
     
  19. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Развод меѓу родители

    благодарам најискрено
    Се надевам дека нема да се случи она на кое несакам ни да помислам ;(
     
  20. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Развод меѓу родители

    и моите се разведени, и тоа кога јас не сум била свесна за тоа, уште како многу мала. останав со татко ми. сега имам 3 полусестри и еден полубрат, се чувствувам среќна, но сепак не е тоа-тоа...поминував низ ужасни кризи, скоро секоја ноќ плачев. многу пати се чувствував осамено. дури и сега јас не ја знам вистинската причина зошто се развеле.
    ти раскажав за да знаеш дека не си сама и дека има луѓе кои те поддржуваат :)
    факт е дека ќе ти биде тешко, но потрудисе и ќе успееш да поминеш низ сето ова,
    поздрав, среќно :D