Развод ми треба помош феминки .. пред пораѓај сум ама мм никако да сване некои работи .. завчера ме фатија болки ама тој не сакаше да стане барем да ме испратеше до таксито .. не можел бил многу изморен .. никако не дојди во болница .. кога си дојдив никако не праѓува како помина туку уште колку пари имаш/ значи него само парите му се потребни .. крена узбуна зошто мајка ми дошла во болница ... сабајлево кога станав да одам во болницата да ги допримам системите гледам уште 20 денари ми ги оставил ... веќе 15 пати може дома ме има бркано .. во 4ти месец крена рака на мене па више не можам да трпам .. за бебе никако пак не се интересира ... помагајте
Развод zdravo feminki imam edno prasanje do vas ve molam pomognete so mazotmi sum vo uzasna sostojba vo brak sum 8 godini i imam kerkicka od 7 godini prvite godini od brakot ni bea dobri da kazam kako i sekoj brak no sega veke vo posledno vreme imame golemi raspravii zaradi finansiite samo me vrega kako jas mnogu da sum trosela kako da ne znam ekonomija da vodam na parite sekoj den to pa to toj ne e ni svesen kolku pari treba za detenceto si ima svoi potrebi naravno ne e nadvor od granica ama takov e covekot da go prasate eden leb kolku e ne znaj a ne za drugi raboti pocnuvam psihicki da se oboluvam sekoj den e istata pesna kerkami veke placi i mi vika mamo nesakam poveke da sedam so tatkomi a jas samo placam i se nerviram toj e postar od mene skoro 16 godini sakam da se razvedam so e mozno pobrzo zosto minutata so ja sedam so nego mi se cini godina celata se tresam ne saka da razgovarame na ubav i smiren nacin a strav mi e ako se razvedam da ne mi ja zemi kerkickata zosto taa mi e sve vo zivotot.kazete vas sovet
Брачни неверства zdravo feminki kako i predhodno so pisav vo brak sum 8 godini imam kerkicka 7 godini mazotmi e postar od mene skoro 16 godini toj ima predhoden brak od nego ima dve deca ama jas ne sum krivicata za nivniot razvod posle razvodot 5 godini nie se zapoznavme od pocetokot ni odese dobro sega covekot e za nikade kako nekoj psihopat non stop se deri vika psihicki me maltertira se e vo vrska so finansiite kako jas sum trosela mnogu pari kako taka kako vaka a ne e ni malku svesen kolku potrebi ima edno dete ami kaj se drugite raboti sednav da razgovaram so nego na smiren i ubav nacin toj nikako samo se deri kerkami samo placi i vika mamo jas poveke ne mozam da go trpam ovaa sakam da si odime od ovaa kuka a kako so rekoov veke pocnav psihicki da se oboluvam celata se tresam minutata so ja sedam vo ovaa kuka mi e mnogu. sakam da se razvedam so e mozno pobrzo no mi e strav da ne mi ja zemi kerkickata ima mnogu jaki prijateli taka i napraj i na prvata mu zena sudot decata nego mu gi dodeli se so vrski i prijateli .kazete ve molam so da pravam kade da odam kade da se obratam kako so napomenav oko poveke ne mi trepnuva za nego samo za kerkami se plasam da ne mi ja zemi
Брачни неверства Мора да постојат социјални служби каде би се обратила, да собереш докази, да го снимаш како се понаша и да имаш докази дека не е ни добар сопруг, ни добар татко. Нели има здружение за заштита од семејно насилство? Распрашај се некако. Ќе помине, ете мораш да го поминеш овој лош период, ама ќе биде се во ред верувај!
Брачни неверства daj boze da bide se vo red ama tesko so takov psihopat sega milion pati se pismanam so sum se omazila za takov gad toj temal srce i dusa negovite deca gi odeli od majkata kako i jas se zaletav na vakov psihopat leleee moram so pobrzo da prezemam nekoj merki nesakam kerkami da rasti vo takva familija
Развод Другарка ми која е дете на разведени родители сака да оди еден ден надвор од државата и сега мајка и ја пушта и дали на тој документот што родителите даваат согласност мора и двајцата да се потпишат, затоа што татко и не е овде?
Развод Ако е под 18 години треба согласност од двајцата родители, а ако не, мислам дека нема потреба од двајцата.
Развод на родителите Вака моите се во брак 22 години. Татко ми по некое време од почетокот на бракот почнал, дакажам по нашки да шета многу. Мајка ми по некое време сфатила и сакала развод. Но татко ми и се заканувал дека мене ќе ме земе и ќе ме однесе во друга држава (негова родна земја). Освен тоа се грижела за тоа што ќе рече народот. Тоа ок било, пред 2-3 месеци они решија да се разведат. Татко ми таков решен, ги однесе неговите работи, но тој остана. Мајка ми е празна, незнам како да ви опишам, како без чувства да е, отрпната од се (кон него). На почетокот бев согласна за да се разведат бидејќи многу тешки работи и направил, многу ја повредувал, ја понижувал, со други жени си градел кариера! Додека ние седевме бутнати во една соба, тој шеташе, го гледале наши познанички по кафани, со лесни жени околу него. Животот го живееше како слободен дечко, па ни дечко не му бил рамен! За психичко малтретирање ако почнам да ви зборувам, нема да можам да завршам. Но, незнам дали е тоа вистинското. Мајка ми има години, знам дека остатокот од животот ќе го помине сама. Јас како женско дете во друга куќа ќе отидам, јас секогаш ќе бидам тука аз неа, но тоа не е тоа. Би сакала покрај неа да биде некој, да знам дека е сигурна. Не знам дали ме разбирате. Денеска разговарав со татко ми, секако ссе кае и што е најлошо почна да плаче пред мене, а јас немам срце да поднесам кога постара личност плаче. Вели дека се кае, знае што направил, но нема назад. Зборува на начин како да ќе направи нешто со самиот себе, не директно ама доволно го нагласи за да можам да сфатам. Мајка ми е мртва ладна (повеќе така се поставува пред мене и него, несака да ги покаже нејзините емоции). Сакам да разговарам со мајка ми, но незнам што да и речам. Ми е страв за неа, несакам сама да остане, а ми е страв и за него сепак татко ми е, не ми е сеедно нешто да му се случи. Верувајте многу ми е тешка ситуацијава, иако имам 20 години многу тешко го поднесувам ова, неможам со месеци мир немам. На татко ми јас лично никогаш нема да му простам за се што направил. Не сум добра со зборови и пишување за да можам да ви доловак како јас моментално се чувствувам! Ако може некој совет и мислење да ми дадете.
Развод ве молам за одговор, сакам да се разведам, имам бебе од 9 месеци, сопругот ми вика ако не ти чини оди си но ќе го гледаш детето еднаш неделно. јас не можам да заминам без детето, колкави се шансите на суд да ми го земе, со оглед на тоа што не сака да се договориме околу детето. се плашам затоа што они имаат 3 стана, а моите еден од 50 квадрати и тоа со снаа и брат ми. јас имам голема плата, 600 евра, па би си одела под кирија, не би се враќала дома, но прашањето ми е дали со толу повеќе имот можат на суд да ми го земат детето. ве молам ако има некој искусен да ми пише, или кажете ми каде да прашам за ова? дали треба со социјален работник да зборувам??? каде да ги најдам ??
Развод Нека не те уценува, не може да ти го земе детето само затоа што имаат 3 стана и зошто он се филма дека е моќен. Појди кај првиот адвокат и прашај за совет, појди и во социјална служба треба да имаат посебен одел за грижа на децата т.е одел кој ја прави проценката околу старателството. Собери информации и поднеси развод, па нека остане со уцените тој, а кога ќе може да роди тогаш нека зема 9 месечно бебе. Со среќа нека ти е!
Развод Под дифолт односно Закон детето припаѓа на мајката освен во случаеви кога мајката е невработена и нема покрив над глава. Е сега поради старателство можат твоите да ти го препишат станот а ти да се договориш со брат ти дека нема да му го земаш, ако ,,тој,, има врски по судот можеби ќе го добие детето...има многу прљави игри околу старателство и секоја приказна е за себе, и затоа ти треба само добар адвокат
Развод Очигледно е дека те уценува, затоа најпрво советувај се со адвокат до детали. Иначе, веќе ти кажаа дека детето оди кај мајката.
Развод Детето неможат да ти го земат.Бар досега е така, но за секој случај еден разговор со адвокат би те смирил.Твојот сопруг веројатно незнае што сака! Бидејки ако сакал да се разведе,не би те уценувалсопругот ми вика ако не ти чини оди си но ќе го гледаш детето еднаш неделно. Едноставно ќе кажел толку од нашиот брак,не би се трудел да ти кажува дека еднаш неделно ќе гледаш детето!!!Одлуката е твоја но за да се смириш да не се повторувам разговарај со адвокат....
Развод да прашам за братучедка ми.. таа сега е разведена и има едно дете и прима алиментација од бившиот маж, ама веќе една година е во врска со друг човек и планират да се земат па ме интересира дали сеуште ќе добива алиментација од бившиот и откако ќе се омажи со друг. ?
Развод libertas детето може да ти го земе само ако 1. има документ дека си неспособна за чување (од психијатрија) 2. има докази за семејно насилство (од твоја страна кон детето) 3. имаш ХИВ, или си наркозависник. lejdii без разлика дали таа ке има 2-3 мажи после него, тој е таткото и треба да продолжи да плаќа за своите деца.
Развод бидејќи детето е на нејзино презиме па затоа сакавме да знаеме а до колку години има должност да исплаќа до 18 години ли? они немат никакви контакти и средби
Развод нема врска на чиво презиме е,ако тој е пишан како татко и веќе плаќа, без разлика мајката дали ќе се омажи или ќе остане сама, до 18 ќе си плаќа алиментација.
Развод Алиментација мислам дека се плаќа сѐ додека детето се школува, а најмногу до 26-27 години. Значи, ако детето се запише на факултет, алиментација се плаќа и после 18 години.
Развод детето си е на нејзино име бидејќи таа се разведе кога беше бремена и таткото никогаш не си го видел детето