Развод нема веза до 18 год најмногу се плаќа алименација. после станува полнолетно дури и да живее со родителите ако сакат можат да му препуштат да се грижи сам за себе
Развод до 18 години е должен едниот родител да плака алиментација да ама ако се запише на факултет му следува се додека е на факултет мислам донекои си 24 години
Развод диги освен во овие 3случаи кои ти ги напиша горе сакамда те прашам јас мислам и ако се докаже дека мајката е негрижлива односно ако ја фатат во неверство дека може да и ги земат децата или грешка сум а?
Развод Алиментација се плака до 26 години најмногу,ако примателот е редовен студент и не е вработен. Чиво презиме носи детето не е битно,битно кој му е запишан во книгата на родените како татко. Ева негрижата како и другите фактори се докажуваат на суд и судијата е тој што одлучува. Дете може да се одземе и ако мајката е тешко болна,ако способноста за расудување и е намалена, ако физички е немокна да се грижи за тоа дете,ако финансиски и материјално е неспособна да се грижи за тоа дете, и во поглед на неверството ако фактички и со докази се осопорува нејзиниот морал и интегритет.
Развод SuperGirl24 се ти кажа на место. Процес на развод не е неверство, патем ако таа воопшто не го загрозува животот на малечкото со тоа што има партнер-нема за што да ја обвинат.
Развод Тој не престанува да биде татко на детето по разводот. Штом го признал и веќе почнал да плаќа алиментација, значи нема тука дилеми. Презимето не игра голема улога. Таа може да го смени во Кларксон шо се вика ако има потреба од тоа, таа пак ќе е негово дете за кое што тој треба да исполнува одговорност. И јас мислам дека алиментација се плаќаше до 26 години ако студира (невработен и редовен студент како што кажа супер). Ова од колешка од факултет го имам слушнато, инаку дете на разведени. Чудно ми е што воопшто нема никаков контакт со детето затоа што мислам дека обично треба еднаш во неделата да се гледаат или тоа зависи од тоа како ќе се договорат странките на суд при самиот развод?
Развод tessie, јас имам другар чив брат се разведе пред 2-3 год и ниту еднаш не изрази желба да си го види детето. и јас до ден денес се крстам како може така ама ете, имало и такви луѓе. си плаќа алиментација и то је то
Развод Не бе Диги, не ме чуди. На една моја другарка ни „здраво“ не и` вика ден денес ако ја види низ град. Мислам ако и` каже здраво ќе го изеде санки... глупости. А имам другарка, која одамна помина и невработеност и студии и се` и татко и` ден-денес (заедно со мајка и` природно) се жртва за неа. Едноставно свесни луѓе од овој век на кои им е јасно дека штом тие веќе не можат да живеат заедно, има дете за кое мора и двајцата да се грижат. И подобро такви родители кои иако се разделени, подеднакво се грижат за детето без тие самите да имаат многу контакт, отколку родители во несреќен брак кои на детето ќе му пружат само детство полно со фрустрации и трауми и мнооогу “ќе послужи“ што тоа дете ќе ги гледа во иста куќа. Јеа рајт. Нејсе, со коментаров мислев на тоа дека има законска обврска. Така ми имаа зборено или пак сепак секој развод е прича за себе и е ствар на договор. е на ова мислев јас кога прашав Значи со договор е, не е безусловно обврзно со закон...?
Развод Има поделено старателство.Повторно е на одлука на судот.Дали ке биде секој викенд,еднаш во месецот и сл одлучува судијата.
Развод Ако еден ден се разведам од маж ми, нема да му барам алиментација. Не ми се потребни тие пари. Битно ќе ми биде да го гледа детето. Џабе им е на жените ако земаат алиментација за децата, а таткото не сака да ги гледа. Татко ми е дете на разведени родители, а дедо ми нити и плаќал алиментација на баба ми, нити изразил желба да го види татко ми. Пред 3 години се сети дека има син, ама касно е.
Развод имам пријателка се разведе кога детето имаше1,5 година детето сега има 6,5 години и таткото го нема видено ни еднаш не дека он ане му дава него он не изразил желба до сега да го види а алиметација плака од пред 2 години откога она по судски пат побара
Развод ПРИЧИНИ ЗА МАЖЕЊЕ КОИ ГО ОСУДУВААТ БРАКОТ НА ПРОПАСТ 3Погрешни причини за стапување во брак! Верувавте ли на денот на венчавката дека засекогаш ќе бидете заедно или бевте полни со страв и сомнеж? Според некои истражувања, многу парови тргнуваат кон олтарот со сомнеж дека врската однапред им е осудена на пропаст. Контактирани и советувани се многу социолози и академици кои се занимаваат со машко-женските односи, нивниот заклучок бил дека многу невести и младоженци не се воодушевени од звукот на свадбените ѕвона. Карл Вајсман разговорите со разведени парови ги собрал во книга " Озбилни сомнежи- Зошто луѓето стапуваат во брак, ако знаат дека нема да потрае " . Тој истражувал 1036 разведени парови и нашол нешто што ги поврзува - сите го игнорирале внатрешниот глас кој ги предупредувал-ова нема да потрае.... 1 Тој во книгата наведува 11 причини, зошто луѓето завршуваат во брак кој нема да потрае. Вам нека ви стојат како предупредување, како најлоши причини за стапување во брак. 1) Не сакавте веќе да бидете сами 2) Сметавте дека не можете да најдете никој подобар 3) Се надевавте дека бракот ќе го промени 4) Се омаживте поради притисок на родителите 5) Се омаживте од финасиски причини 26) Со мажењето ќе побегнете од семејството 7) Се мажите поради непланирана трудноќа Она што не чинеше во врската мислевте ќе се поправи со бракот 9) Партнерот ви врши притисок 10) Сакавте деца 11) Ви се чинеше како логичен потег
Развод Здраво.Разведена сум веке 7 години.Имам едно дете на 8 годисна возраст и кај мене е доделено а редовно остварува контакти со таткото т е бившиот сопруг.Христијани сме.Јас имам партнер со кој подолго време сум во врска (1 година) и сака да се земеме но тој е муслиман -Ром.Искрен е со мене и во се ми одговара и како партенер и како човек со кој би сакала да имам уште деца.Моето прашање е :дали може бившиот сопруг да ми го земе детето кога ќе дознае дека новиот сопруг е од муслиманска вероисповест?
Развод Па дај боже да нема.....но сепак страв ми е да не го изгубам детето кое одлично се сложува со новиот партнер,а знам дека таткому пак ќе се обиде да ми го земе(се има обидено повеќе пати).Би замолила доколку некој може да ми даде правен совет
Развод Дете од мајка може да се земе само доколку не може да овозможи услови за негово гледање (преку однесување кое укажува на нејзина негрижа за негов правилен развоја или преку финансии). А твојов страв да беше возможно да се оствари, немаше ни да се дозволи на мешаните бракови кај нас да имаат деца. Тоа веќе е дискриминација на религиска и етничка основа која е поголем прекршок за екс мт доколку се реши на таков чекор, отколку ти што не си (и не си имала ни потреба според нашиве закони, фала Богу) да се консултираш со правник пред да ЗАСАКАШ некого. За секое дете, поздрава средина за раст и развој е средина во која мајката е сакана, исполнета и почитувана како битие и авторитет.
Сакам да ми дадете совет или има ли некои искуство , разделени сме со сопругот два месеци ,имаме 2 год и 2 месеци дете ,кажува како ке плати судии за детето да е каj него , и дека 100% е го доделат каj него бидejки имале имот и вработени во семеjството маjkaму таткому тоj исто така,за разлика jас немам ништо на мене и не сум вработена