Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на разводот врз децата

Дискусија во 'Брак' започната од sweety923, 11 јули 2011.

  1. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Zdravo!
    Najprvo se izvinuvam sto vi pisuvam na latinica bidejki sum od telefonot uklucena.
    Znaci vaka, mazena sum skoro godina dena,imame pet mesecno bebe. Ne ziveeme vo Makedonija,tuku vo edna od evropskite zemji,jas ne rabotam tuku samo soprugot. Od koga se rodi maloto pocnaakavgite i histeriite od strana na svekrva mi,nakratko probuva da ne ostavi na sekoj mozen nacin od X pricini....maz mi ja poddrzuva i e na nejzina strana vo kavgite. Vo posledno vreme mi se zakanu so razvod i toa deka ke me vratel vo Makedonija(golemo cudo) a i toa deka ke mi go zemel detetoi nikogas nemalo moite da go vidat bidejki toj bil mnogu moken i imal pari a jas nevrabotena i moite nemale tolku kako negovite.Se ezam od samata pomisla... dali navistina ima sansi ako dojde do razvod toj da go dobie staratelstvoto?
    Vi blagodaram
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Надвор сте од Македонија, најголема работа за земање во обзир, оти секоја земја си има свои фамилијарни закони, а за тоа какви се, најдобро ќе ти каже адвокат во таа земја.

    Свадба е еден ден. Развод, посебно со жестока борба за старателства, долг процес. Маж ти најверојатно би аплицирал таму каде што живеете. Во повеќето европски земји е дозволено и странци да аплицираат без разлика во која друга држава е склучен бракот. Тука дефинитивно разводот би бил според нивните закони, оти без разлика што сте македонци, македонските закони не ги носите во куфер со себе.

    Тоа што немаш свои приходи, а тој веќе се сили на развод, ќе го решаваш итно, итно, нај итно со барање работа. Почнувај, не чекај, детето давај го во градинка. И да се смирите, да не се спомне веќе, а не да се разведете, барај работа. Можеби и ќе ти помогне на психа да излезеш од дома секој ден.

    Без свој приход не можеш ниту да се одвоиш, за да покажеш на суд дека имаш адекватен дом за детето(и под ќирија е дом, ако социјалните работници рачунаат дека е адекватен дом за детето). Маж ти бидејки работи и има пари моментално е во предност, без разлика дали плаќа ќирии, или е помогнат од неговите, а некако сум под асумпција дека живеете со неговите родители, тие ќе го гарантираат домот на маж ти.

    А тебе, тебе нема да те чуваат при нив сигурно додека е финализиран разводот кој може да се влече година дена. Ако немаш свои пари нема да имаш избор, тие ќе те избркаат, и фактот што немаш каде па мораш назад во МК, ќе го користат против тебе во борбата за старателство за неодговорност кон детето, дека ти си таа што своеволно го оставила детето и си отишла за Македонија. Ним ќе им оди тоа во прилог кога нема да се појавуваш жива туку би комуницирала со писма од Македонија, а нема да смееш да го носиш детето преку граница додека се реши разводот и старателство додека се додели.
     
    На joy1 и N.Kety им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Секако дека има влијание и тоа големо, посебно кога се работи за помали деца кои мечтаат за хармоничен и топол дом заедно до целокупното семејство. Биле навикнати, чувствувале или чувствуваат љубов и топлина.

    Сепак сум за тоа дека подобро би било да се спречат сите психички и физички проблеми и тортури отколку да се лечат подоцна.

    Темава е доста комплексна, и овде зависат многу фактори, најважното е да се проба да се помогне и да се реагира во ваква ситуација, се со цел децата да не страдаат и да не се мачат.

    Подобро развод среќен и исполнет дом отколку секојдневни тортури и кошмари.

    Точно дека е не е сеедно и дека децата се тие кои првично патат, но подоцна со малку труд и компромис се ви дошло на свое место.. навиката е и одвика, а сваќањето на ситуацијата и нејзинитр благодети позитивно би се одразиле врз истите.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Здраво мајки, се надевам дека пишувам во вистинска тема за мојот проблем, очајно ми требаат совети и искуства.
    Имам детенце од една година и веќе 5-6 месеци сме разделени со татко му и живееме одделно. Тој го зема кај него за викенд некогаш сабота и недела по неколку саати, а се случува и 3 недели да поминат и да не го земе. Син ми го познава, но не седи многу со него, не јаде кога тој му дава, не спие многу таму. Пред некој ден имаа гости и многу плачел и не можеле да го смират па ми го донесе после 2 саати, а не ме викна да го смирам детето. Не сака да одам таму и не сака да ме гледа, и секогаш сам го зема. мајки што правите во вакви ситуации?
    Од една страна сакам да се зближи со татко му, да го познава и да седи со него, а од друга страна срцето ми се кине кога плаче и е вознемирен, можеби ме бара мене а не можам да сум таму да го смирам :(
    Колку е препорачливо да го гледа татко му? Не сакам да му бранам но не сакам и стрес да ми доживува детето од непозната средина и луѓе.
    Не сме се развеле сеуште, го чекам него со месеци не ми ги дава документите, но јас ке го средам тоа за брзо.
    Ве молам за совети.
    Фала однапред
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    големи трауми преживува детенцето, треба двајцата да седнете и да рзаговарате за таа состојба на детето, Јас мислам дека е многу мало да го рашетувате натаму наваму, незнам како можеш и ти да го пушташ само детето? кое на тоа во тие години нај потребна си му ти, добро размисли, мислиш дека е мало и не разбира, верувај тоа се разбира само што не може да ти врати.
     
    На LUCERKA и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Првиот пат отидов со него и добро беше, но после тоа татко му ми рече дека не сака јас да одам таму. Ми се кине душата кога го зема, а од друга страна не сакам да му бранам и да го ограничувам затоа што му е татко. Тој во никој случај не сака јас да одам со него, ми вика ке се навикне. некогаш е мирен но некогаш плаче. Не можам да разговарам со тој човек, не разбира дека детето мене ме бара, ми вика јас ке го смирам и мајка ми ако плаче (мајка му доаѓа да го чува некогаш и ја познава неа)
     
  7. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Незнам сто не е јасно тука, штом мм не разбира,барем разбери ти, ти си мајката, никој не му брани на мм да го гледа, јас ти кажав мое мислење, детето вие многу мало да го рашетувате, ако не разбира мм седни со свекрвати и објасни и нејзе,а јас мислам и судот т.е социјалните центри не би дозволиле детето да се трауматизира така за се има решение додека е мало да го гледа кај тебе па кога ке потпорасне ке оди и кај него, незнам како дозволуваш детето да ти се трауматизира верувај може да има последици од такви трауми кога ке потпорасне кои сега не можете да ги приметите,размисли добро
     
    На joy1 и artemidis им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.189
    Допаѓања:
    169.693
    И јас мислам дека детето е мало за само да оди кај него ако он сака да го гледа нека дојде кај вас и таму нека помине саат два
    Во вакви случаеви кога веке се родителите разведени судот одлучува детето да го гледа таткото во присуство на мајката или кај мајката дома или во просториите на социјалните служби
     
    На joy1 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  9. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Toa I jas celo vreme go zboram ama ......
     
    На lina-kalina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Не знаев за ова, фала ти многу за информацијата. Проблемот е што тој воопшто не доаѓа кај мене зашто јас живеам со мајка ми и сестра ми а тој не ги сака не можел да ги гледа. последната случка не сакам да се повтори и му кажав дека од сега и јас ќе даоѓам со син ми. На ва тој почна да пцуе и да се дере ќе видиме дали ќе дојдеш, ќе се навикне детето како сакаш да ср навикне ако доаѓаш и ти. Морам да бидам силна и упорна, само знам дека си имам работа со многу тежок човек :(
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.189
    Допаѓања:
    169.693
    Ако се противи на твојата одлука обрати се во центар за социјални грижи ке реагираат они и започни си ја постапката за развод што поскоро
     
    На Пчела и joy1 им се допаѓа ова.
  12. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Во право сте биле за се што ми кажавте. Не знам зошто попуштив и му дозволував да го зема без мое присуство.
    Инаку викендов се уверив дека детето ми има доживеано траума... До пред 2 недели многу сакаше да биде со луѓе и седеше со сите, го земаа во раце го играа и беше весел. Вчера бев на роденден кај едно детенце, тој се залепи за мене и не ме пушти цело време, не сакаше кај никој да оди, плачеше и кога ќе му подадат раце да го земат.
    Многу ми е жал што дозволив вакво нешто да се случи, му дозволив да го зема син ми без мое присуство, можев сето ова да го избегнам :(
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Изгубил доверба. Мисли дека пак ќе го оставиш. Гледај да бидеш повеќе време со детето и да му посветуваш максимум внимание за да ја поврати довербата. И за тебе е тежок период, ама за него е уште потешко. Чувствува, а не разбира што се случува. Заради детето биди храбра и одлучна за постапките.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со тоа дека детето доживува траума со тоа што ќе биде оделено од мајката неколку часа за да биде со таткото, зарем сите деца што се во градинка од 8-9 месеци се истрауматизирани без мајките?

    Не треба твоите негативни чуства да ги пренесуваш на малото, ти се разведуваш од сопругот, малиот не се разведува од татко му и има право да го знае и поминува време со него.

    Нормално е ако е малото само со тебе цело време да му фалиш кога оди кај татко му меѓутоа ќе се навикне, сега ако не се гледа со него за кратко време ќе му стане странец, тоа понатака ќе му биде траума а не малку плачење затоа што не е со мама.
    Не можеш да се наметнуваш да одиш со малото кај татко му очигледно е дека не се поднесувате и зошто да се изложуваш самата себе а и детето на таква атмосфера, бабата е таму ќе си води сметка за малиот исто и таткото, немаш доверба во нив, го малтретираат?

    Разводот никогаш не е убав, самиот по себе е траума меѓутоа не дозволувај само затоа што не ви успеал бракот да му ја скратуваш љубовта на детето од таткото.
     
    На vitamina, JuLleE, Waka-waka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Верувај ми најмалку што сакам е да до одвојам детето од татко му, заради тоа и се согласив да го носи кај него, ако веруваш ако не го побара самиот за викенд јас го барам и му велам да го земе и да го види барем на кратко.
    Знам што значи улогата на татко кај сите нас и не сакам да му го скратам тоа во никој случај. Од друга страна, овој татко е толку тврдоглав што повеќе ќе дозволи детето да плаче и да е тажно отколку да ме викне да го смирам и да бидам со него додека е таму. Мене не ми одговара да одам и да го гледам, но за син ми би го направила тоа без размислување колку и да ми е тешко. Се трудам да сум позитивна и да не осети ништо детето, но го растргнавме на сите страни затоа што татко му не можел мене да ме гледа...
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ти го цитирам само ова делче оти со сѐ друго подолу напишано се согласувам. Не може да се спореди развод со одење во градинка. Одењето во градинка е нормално и доколку детето живее во нормални услови и хармонија во семејството би требало да се навикне полесно и да не остави негативни последици. Ама кога односите во семејството се нарушени, тоа поинаку делува врз детето, во никој случај позитивно.

    Еве како пример ќе кажам за себе, затоа што имам "одлично" искуство со развод и забрана за комуницирање со едниот родител. Јас и на 6 години не бев свесна што се случува, ама чувствував. Потребата од двајцата родители ја има секое дете, без разлика какви се тие и не смее да се забранува тој однос. Но, треба да се следи детето и на што побезболен начин да се оствари таа комуникација.
    За жал, кај нас не беше таква ситуацијата, па судовите, полицијата и разните институции кои решаваа за нас наместо нашите родители оставија последици кај мене и брат ми.

    Во ситуацијава погоре детето е премногу мало за да му објасниш што е и како. Мора следење на карактерот и прилагодување на неговите потреби и чувства, за да може тоа да се прилагоди на целата ситуација и атмосфера.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Prvo i osnovno dokolku dojde do situacija nasilno da te brkaat od domot vo nikoj slucaj ne zaminuvaj bez deteto.Toj i majka mu nemaat pravo da odlucuvaat i da razdeluvbt majka od maloletno dete.Vo toj sluaj najdobro e da povikas policija za da gi zastitis svoite prava i da se izgotvi policiski izvestaj koj eventualno bi go iskoristila vo sudskata bitka za staratelstvo.Vo sprotivno bez ovaj dokaz mozat da te prikazat kako neodgovorna majka koja svoevolno go napustila deteto i ke go izgubis pravoto na staratelstvo .Sudot veruva vo fakti,a pravdata tesko se dokazuva!Sekako baraj i rabota za da imas i materijalna podloga.Tuka treba da se vkluci i centarot za socijalni grizi.Ne im se plasi i ne dozvoluvaj da ti se zakanuvaat!
     
    На VladeMila, Outlook и Glasna им се допаѓа ова.
  18. skorpion

    skorpion Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    11
    Citam i nemozam da se iznacudam. Narod badijala ne rekol "gospod da te cuva od zenska belja".
     
  19. ana.nl

    ana.nl Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    31
    Jas mislam deka nema sud vo svetot koj bi presudil vo polza na tatkoto koga se raboti za bebe koe nema ni god. dena pa kolku saka neka e moken gospodinot
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Да не сум сведок за ваков сличен пример во комшилук можеби и јас немаше да верувам,муабетот ќе беше нее нема шансиии но ,реалноста е друга и сурова.Незнам како,што и на кој начин е изигран законот, детето е доделено на таткото кој и брани секаков пристап и контакт на мајката па ,уште и на големо се фали и се заканува дрско дека никогаш повторно нема да успее да ја види малата.За жал му успева!Законот не му може ништо затоа што ја користи немоќта на спротивната страна,најверојатно мајката нема финансии за судски трошоци.Среќа за тој што незнае но,за тој што има искусено докажувањето на вистината по судови и адвокати и спроведувањето на правдата е долг и макотрпен процес,скап луксуз што не може секој да си го дозволи.Законите и правдата не се едно исто!Во теорија да но,во пракса не!Судот не е совршена инситуција на вистината!Да не бидеме наивни!
    И така бабиштето изиграва мајка,жално за мајката,штета за малата,мајчинската љубов не умее никој и ништо да ја замени.
    Затоа феминката нека отвори очи и на грбот(не е лошо во тајност да се консултира и со адвокат) штом знае со какви (не)луѓе фатила работа и во кое волчјо дувло се решила да основа семејство.
    Јас сериозно би си ја сфатила работава и не би дозволила сопственото дете да биде украдено од мои раце!А една баба ќе биде мајка на мое дете кога врбата ќе роди грозје!
     
    На okcenzi, chache87, zuto и 2 други им се допаѓа ова.