Не го зема син ти без твое присуство,туку детето што подеднакво е негово колку и твое. Го зема син му. Вака звучи како на туѓинец да го даваш детето.
^ Па во случајов таткото и е како тугинец за детето.Малиот се трауматизира од нешто кај него.Или дека не го знае или можеби го малтретираат таму.Незнаеме во каков однос биле претходно детето и таткото,колку време поминувале заедно и тн. Факт е дека не секој што ја носи титулата татко и е тоа(истово важи и за мајка).
За него тој е туѓинец. Колку можеш да го наречеш татко некој што го бара еднаш на 2-3 недели а во меѓувреме не ни прашува како е детето? Татко е одговорност и обврска исто толку колку што е љубов. Го сака премногу но на детето му треба многу повеќе од сакање., и сигурност чувствуваш само од некој што ти е близок, а не некој што е далеку и ретко го гледаш. Не го малтретираат, еднпставно не ги знае и не е сигурен и е тажен кога е сам таму
Здраво моми, еве да си ја кажам и ја маката па ако има некој разведен или разведена да ми даде совет или барем да ме утеши колку толку, ке бидам искрен проблемов е следен. Имам 25 години и стапив во брак на 22 па се до сега кога почнаа проблемите овие два месеца,кој ја појма да сум си немал се додека не сум насетил нешто необично, имам и дете кое е 2.5 години. Прво да си го кажам проблемот од што пукна тиквата и реков да си собира парталите и да си замине кај мајка и. Почнав да сумљам дека на женава почна да и мрда газето не навлегувам во детали како сум насетил и слично ке напишам друг пат да видам како се заврши случајов, скоро цел месец не можев да спијам со нејзе, се будев среде ноќ кај 4 саат па пак ке заспијам па па ке се разбудам,сумјата е како црв кој ме јадеше цело време,имав ненормална доверба во нејзе без ништо да и забранувам ни кај испага ни кај оди и слично од кога увидов некој ствари ми беше и сумливо и до врата да ја пуштам , иначе газето почнало да и мрда од кога почна да оди на работа скоро година дена,башка и почна многу да лаже. Е сега маката која ми е ај што ме варала ме варала ај што ме лажела ме лажела која змија ке си ги покаже нозете, мене ме интересира детево како ке се навикнам ја да живеам без моето дете, како ке расте тоа дете без татко знам дека ке речете имаш право да си го зимаш ова она се во ред,али тоа е на неколку саата, кога ја веќе нема да бидам нормален родител без да викнам во сопствената кука на своето дете тоа ти е ебати таткото, кога ке знам дека 90% од времето они нејзите ке го воспитуваат без мое присуство и слично детево е уште мало ме мачи и проблемот како ке ме прифати кога ке попорасне дали ке сака да иде кај мене дали они таму ке му го перат мозокот за мене нешто и ред други прашања веќе се наметнуваат, од кај да ја знам може утре ке се премажи па детево таму ке биде како странец и слично, иначе женава е супер мајка која стварно се грижи и го гледа баш како треба за тоа не можам да ја кривам затоа и најдобро е детето да си биде кај нејзе,она ми рече кога и да се јавиш да го побараш можеш да дојдеш да си го зимаш кога ке посакаш ми кажа и дека редовно ке ме информира за се во врска со нашето дете што како и ред други работи, али жена си е жена може утре па да ме уценува да ме лаже дека е болено па да не можам да го видам многу прашања и под прашања има на кој немам самиот одговор а и немам од кој совет да си побарам да ме советува,маката ми е како понатаму ја да постапам ако случајно се разведеме, маката ми е детето, разводот си е развод ке се најде друга мома понатаму давајте совети или барем утеха. П.С малце е неспастрн текстов пишувам преку телефон
Кога е развод во прашање, не си можел подобро да поминеш од ова! Играј паметно, одржувај коректен однос со мајката на детето и труди се да бидеш најдобар татко на светот. Што ќе биде-ќе биде, не се секирај уште од сега. Еден ден, и да се премажи бившата сопруга, ти си му татко на тоа дете и никој не може да те замени.
@yoyoo исклучително и двајцата сте стапиле во брак млади и доста неоформени како личности, па одозгора и бебе. Зар си помислил како се чуствува твојата жена во целава оваа ситуација? Зар си ја прашал како и е нејзе? Седнете и направете муабет, ако постои сеуште љубов и таканаречена "хемија" меѓу вас со еден искрен разговор и пронаоѓање на обостран компромис и разбирање би можеле да се потрудите за вас двајца и за вашиот брак. Човек понекогаш и не треба да оди со глава в ѕид, инаетот не води никаде.. пробај и ти да ја разбереш нејзе и да ја прашаш како се чуствува таа и што сака, пробајте да си дадете уште една шанса, за љубовта.. за бракот.. и за детето.
Нема шанси ова е крај и развод ке биде сигурно 90%, иначе си го земав детето денеска и моментално е со мене, малце ми е срам што ме гледаат лугето и што зборуваа, ке си држам коректен однос со нејзе и тоа е тоа али таа е иначе крива од целиов циркус она е крива за ова
Јас не ви ја знам вашата сториа, и не можам да кажам кој е крив ниту прав. Ти овде се искажа, твојата поента ја свативме сите дека ти е жал за сево ова, па врз оглед на напишаното ти посочив да пробате да се разберете. Јасно е дека со сила убавина не бидува. Тежок период ти претстои ако си решил, ќе се навикнеш со тек на време, ќе соџвакаш и ќе продолжиш со животот. Биди со детенцето колку што можеш повеќе, и превикнувајте се еден кон друг, главата горе нит прв нит последен. Некои работи едноставно мора да се така за доброто на сите.
Нејке ни да чуе да правиме муабет за нас освен за детето такви се женските глави.Така е ке соџвакам се и ке се навикнам ке треба време само
Штом нејзе не и чуе за вас и ти се навикни и тебе нека не ти чуе. Гледај си го детето и продолжи си со животот. Може сега ти изгледа сето ова невозможна мисија но со тек на времето ќе биде подобро. Времето е лек за се.
Си пишал во некоја тема дека си ја удрил.Сега и да се разведуваш она тоа ќе го искористи на суд и детето под никаква шанса нема да биде под твое старателство.Ама и немој да се разведуваш разговарај те што е криво тоа дете да расте без еден родител..
Ме интересира да ми одговорат и ооние кои се самохрани родители и оние кои живеат само со еден родител. Како децата го прифаќаат и поднесуваат разводот? И тие ли треба да посетуваат психолог?
Децата во секој случај го поднесуваат тешко разводот, без разлика на која возраст се. Олеснителна околкност за децата е гледање со двајцата родители и што помалку да осети детето од проблемите на родителите. За психолог не знам точно да ти одговорам, ама мое лично мислење е дека зависи од возраста на детето и начинот на развод (комуникација) на родителите.
Моите родители се разведоа по 16 години брак и искрено тоа го прифатив најмирно и најлесно, додека спротивно на мене мојот брат страдаше и сеуште страда. Полн е со гнев и тага.
при развод највеќе страдаат децата и остануваат последици. затоа јас сум за развод само во екстремни ситуации: насилстви, алхохолизам итд
Не сум баш некој подржувач на развод последоватлно таков ми е карактерот, емотивен. Јас би да пробам и да се борам се додека има шанси за тоа и надеж осносно обострана желба.. Ќе ја тагнам @JuLleE скроз ја подржувам за фактот што го збоуваше околу децата Нема веќе тато и мама, нема фамилијарни моменти, обострана љубов и милување нешто што е фондаментално за децата да растат и учат покрај двајцата родители, таа љубов и емоција е и повеќе од важна за една фамилијарна идила за детето. Да не се лажеме дека е сосема прескрасно да се расте крај мама и тато.. Но.. за жал се случуваат вакви работи како и се што се случува на светот, моменти на разминување со желбите ставовите мислите животот итн.. Ако нешто не бидува не бидува Фактот ќе тој Ама нема да е подобро без мама и тато, со нив секогаш ќе е најдобра опција и тоа е фактот. Поаѓајки од себе..
можам да кажам исто за брат ми, јас се омажив млада а брат ми почна да се занимава со лоши работи криминал кога и да го видам психички не е добар, 12 год поминаа сеуште не сум видела еден осмех барем од неговото лице, разводот остава последици... тие што се разведуваат нека бидат активни што можно повеќе со децата нека не осетат