kako dete na razvedeni roditeli razvodot kako postapka i razvodot nema nekoja posledica vrz deteto. Ona sto e posledica na onoj ili ovoj nacin ke se manifestira pokasno. Kako da se objasni na okolinata, drugarcinjata... Ete konkretno ziveev so tatko pa prva menstruacija, gradnik, gineklog se pominuvas so sram ama ajde gordo pominuvas iako mnogu temi mora da progoltas znaci rastes ajde svadba tie emotivni momenti a mislam deka razvodot najmnogu mi se odrzi vrz segasnata moja familija t.e. vo pogled na pregolemata griza za sinot i nedavanjeto ba nikomu. Potsvesno izgleda za da ne mu nedostiga majka kako mene znaci razvodot na roditelite vrz decata ke bide za cel zivot
Мислам дека никогаш нема да можам да искажам доволна благодарност кон мајка ми што се има разведено од татко ми. Денот кога тој замина, се препородивме сите тројца, јас мајка и брат ми. Брат ми беше помал и се му е бледо од тогашниот период, ама јас помнам се. Секој збор, секоја кавга, секоја крената рака. Во ваквите случаи, разводот може да има само позитивно влијание врз децата и врз самохраниот родител. Мирот е најбитното нешто што може да им подарите на своите деца, од се ускратете им, од тоа немојте. Збор два за неа. Мајка ми е херој жена, никогаш немаме осетено отсуство на машка фигура во нашите животи, затоа што она беше и двете. Бевме во многу лоша финансиска ситуација тогаш, па таа беше и молер, и автомеханичар, секакво средување по дома-она сама, фудбал играше со нас, со мене женски муабети правеше, а брат ми го учеше на машките Самохраните родители барем сега се надевам дека имаат поголема потпора од системот за разлика од тогш. И да.. Жените се посилниот пол.
Zdravo na site. Jas sum tatko na dve deca. So soprugata, ne sme veke zaedno. Koga se razdelivme, decata odlucija da ziveat edna nedela so majkaim, a edna so mene. Koga se dogovaravme, mi se kinese srceto. So solzi vo ocite kerkami mi rece: no i taa nedela koga ke bideme kaj mama da ne posetuvas. Jas i rekov deka toa se podrazbira... Otkalo izmina prvata nedela me prasaa: dali ke se ljutis ako ziveeme so mama. Jas im rekov deka nema da se lutam, deka ke napravime kako sto im e ubavo. Pomina veke edna godina. Bevme tolku . povrzani. Sega, ako ne im se javam, ne se javuvaat. Se gledame otprilika ednas nedelno. Za praznici se drzuzime site zaedno, vklucuvajki ja i majkaim. Na primer za 1 maj bevme zaedno na izlet. Za veligden, pred crkva.... No skoro sekogas jas iniciram za sredba, za druzenje i slicno. Odluciv da ne im se javuvam i da ne im pisuvam, da vidam dali oni kje me pobaraat. Pominaa nekolku dena. Nitu mi se javija, nitu mi pisaa. Ve molam za sovet.
@Dd1 Што и да било, како и да било, никогаш да не престанеш да ги бараш. Не знам колкави ти се децата, но тоа се твои деца и ако си се разделил со сопругата не значи дека си се разделил од нив. Место овде за лутина нема. Барај ги, можеби мајката од огорченост им брани да те бараат.
friendy , ti blagodaram za sovetot. Okolu tvoeto prasanje za posvojuvanje na dete. Mislam deka treba da podneses baranje, do ministerstvo za trud i socijalna politika.
Претпоставувам дека прашањево би требало во категорија брак да оди ама како и да е немој да престанеш да си ги бараш децата никогаш.
@Dd1 не знам колкави ти се децата, ама сфаќам зошто би избрале да живеат со едниот родител, а не постојано да менуваат живеалиште. Сепак им треба некоја стабилност и место што ќе им е "дома". И кога праша некој кај си, а тие одговорат "дома", да се знае кај е тоа. Едноставно, оној мал мир им е потребен, па макар значело тоа дека мора да бираат помеѓу тебе и мајка им. За тоа што не ти се јавуваат, знам дека ти е тешко ама не престанувај да ги бараш. Не се доведувај во ситуација кај што и двете страни сакате да се видите, а не се барате затоа што ти чекаш тие да те побараат, а тие очекуваат дека ти ќе ги бараш, како што било отсекогаш. Знам дека не ти е едноставно, ама тоа што не те бараат никако не значи дека не сакаат да те видат, така да, не оставај чекањето "кој прв ќе се јави" да се претвори во "тато не нѐ ни бара веќе'. Оти никогаш нема да речат "ние се одделивме", секогаш ќе биде "тој нѐ заборави".
@Dd1 не знам колкави се децата, но како што ти пишаа и другите немој да не им се јавуваш. Ако се поголемки, па и поразговарај со нив, кажи им дека не ти е проблем што живеат со мајка им туку дека сакаш почеста комуникација,сакаш да се гледате често. Може па и има некоја причина поради која намалиле со јавувања и посети. Разговарај. Зошто ако и ти не се јавуваш може ќе помислат не сакаш ти често да се слушате па ќе им биде тешко.
D Angel. Ti blagodaram za sovetot. Jas nikogas nema da se otkazam od niv i da gi zaboravam. No ednostavno mozebi treba nekoja taktika za da se vratime na staroto. Vremeto koga postojano me baraa i sakaa da se druzime. Taka bese pred da se razdelime so soprugata. Inace kerkami ima 13 godini, a sin mi 10.
Многу им се сензитивни годините, чуствителни се, биди им потпора и подршка секогаш, ќе се смени ќе почнат да те бараат и тие, дај им време...
yoyoo, zenite se cudni sustestva, za zal. Tesko e so niv, a bez niv e uste potesko. Mozebi postoelo nacin, da se resat problemite i bez da se razvedat roditelite. So razgovor, so psiholoska podrska i slicno.
Ако сте се оддалечиле, има причина за тоа. И за тоа се разговара, не се смислуваат тактики со начини без комуникација. Не знам ни што очекуваш од деца на таа возраст. Али со сигурност знам дека нема да добиеш ништо со тоа однесување. Разговарај со нив, прашај ги како се чуствуваат со последните промени. Обајасни им го тоа што им претставува проблем, помогни им го да го совладаат. Биди до нив секогаш кога можеш и поминувајте квалитено време заедно.
Snow star, ti blagodaram za sovetot. Vi blagodaram na site za izdvoenoto vreme. Pred malku mi se javi sinot...
Dd1 децата се на возраст кога влегуваат во пубертет, а тоа е возраст кога почнуваат повеќе да се дружат и повеќе да се присутни во друштвото надвор од дома одколку дома. Интересите им се менуваат, но тоа не значи дека те забораваат. Сигурно дека ке продолжиш да ги бараш, тие се твои деца. Но биди свесен дека овој луд период е минлив и покрај него вие сте си потребни еден на друг. Децата растат и одлетуваат од своите гнезда, но понекое време пак се враќаат. Поздрав
Ааааа не, за насилници нема поддршка. Ако си бил и ти таков, тогаш да не се чудиш што не сакаат да те видат децата.
Ne sum bil takov. No, smetam deka treba se da se proba za da se odrzi brakot. Ako ne biva ni so sovetuvanja i ako nasilstvoto prodolzuva, togas razdelba e najdobro. No sepak treba da se dade se od sebe, za da se odrzi brakot. Toa e sveta rabota. Pozz
Sakam da vi go kazham mojot problem i ova sto mi se slucuva vo posledno vreme.Imam 18 godini i majkami i tatkomi se razvedeni,znaci uste koga sum bila 1 mesec se razvedele zaradi problemi.I 18 godini nemav nikakov kontakt so tatkomi,duri ni vo zivo go nemam videno nitu glas slusnato,samo na sliki go imam videno.Mi kazuvaa deka bil los,deka imal druga zena i dete(tocno e),deka ja koristel majkami itn..i eve pred nekolku dena napolniv 18 i mi stigna poraka na messenger od nego,mi cestita rodenden i mi prati broj za kontakt.(mi ima prakano ponudi za prijatelstvo i od porano,no odbivav).Posle 3 dena mu se odluciv da mu vratam na porakata-Fala i potoa mi kaza dokolku moze da iskontaktirame.Posle 2 dena mu se javiv so skrien,mu kazav deka sum jas i onaka opsto pravevme muabet za uciliste ova ona..inaku doma neznaat deka iskontaktirav so nego i neznam sto da pravam,majkami nesaka da go vidi i ostanatite od semejstvoto,strav mi e i neznam dali da prodolzam so kontakt.Drugarki me posovetuvaa da dadam sansa,da vidime sto saka da iskontaktiram.Sto mislite vie?
Да дадеш шанса. Во суштина немаш што да изгубиш. Слушни ја и неговата приказна. Ако ти прија имај си контакт со него. Твојата фамилија треба да ти даде безрезервна поддршка. Они имале што имале, или немале, ама немаат право да ти го скратуваат тоа, да се гледаш и слушаш со него. Ќе ги седнеш и ќе им кажеш дека сакаш да го гледаш, дека е твоја одлука, дека си им бескрајно благодарна за се тоа што го прават за тебе, и дека без разлика на се твојата љубов спрема нив е иста.
Да оствариш контакт и сама да си оформиш слика за него. Веќе си возрасна личност и можеш сама да оценуваш карактери и личности. Ако твоите се во ред, не би требало да ти забрануваат или да се лутат за тоа. Ако негодуваат, тогаш не се во право.