Не знам колку е соодветна оваа тема за моево прашање. Сакам да ги прашам оние што се разделиле од партнерот уште додека детето било мало, бебе. Прво, дали детето знае кој му е татко, кои му се роднини? Дали тој го бара своето дете? Колку е присутен во неговиот живот тој, а колку неговата останата фамилија? Дали вие му овозможувате да го гледа? Колку често, под какви услови? Дали финансиски потпомага за детето?
Ние се разделивме кога бебе имаше 9 месеци, додека да поднесеме помина 1 месец и ја виде еднаш само, после тоа од социјално донесуваат одлука колку ке остварува видување и кога( ако сами не можете да склучите договор) ние почнавме со 3часа 2 пати во недела, тоа може да се менува .. Значи да, од почеток знае кој и е татко, со сите роднини се знае.. Сега е 3 години, кај него е сабота и недела, 1 ноќ и 2 дена. Не може да сме еднакво уклучени у нејзинот живот се подразбира затоа што сум мајка и со мене живее, јас ја хранам, облекувам, носам на доктор,( го барам само ако остануваме во болница да дојде ) лекови купувам се што и треба, тој плаќа само 3500 алиментација и тоа е се. Еднаш го прашав дали би сакал градинка да плаќа еден месец јас еден он, ми рече сум дал јас у алиментација имаш за све и не барај ништо врз тоа, така да последно да ми е нема да му побарам ништо. Кога е кај него и купуваат што и е потребно за таму, гардероба храна играчки и слично, нивно стои таму, мое кај мене. Ја пуштив оваа година на летување со него, фамилијата, девојка му и зимување има. Секое видување( летување и зимување и ова што е секоја недела) го имам на лист од социјално одобрено колку денови што и како. Уште сега е свесна дека има две домчиња, така да, се трудам колку може да не има и двајцата.
Па добро, во различна ситуација сме. Ние не сме биле во брак, се разделивме пред да се породам, не плаќа алиментација и сл. Јас решив да оставам на неговата добра волја. Кога сака и кога може дава по некој денар за да му купам нешто. Тоа не ми е проблем искрено. Проблемот ми е видувањето, како да го нормализирам тоа и како син ми да знае дека има уште еден родител покрај мене. Син ми е 1 годинка. Уште не кажува тато (за среќа). Јас живеам со моите и од нивна страна имам притисок дека тој не смее да го гледа татко си, не смее да знае дека има друг родител. Секако дека го гледа, само што тоа мора да е во тајност.
Уф, искрено лоша ситуација. Го има признаено он детето? Го бара? Јас колку и да сум во лоша ситуација со него лично, од дете не го делам, и се лутев на моите што ми наметнуваа мислење дека не треба да го гледа, да не вика тато и сл. Од моја гледна точка мислам дека е себично да не му ја давам, маж и жена ке најдеме ама дете не, може нема ни јас ни он више да имаме деца со др партнери и ке осеќам вина ако го одсечам затоа што он не посакал да се тргне од дете. И јас од бебе и зборам дека има мама и тато, и ден денес ке види слика ке знае дека се тоа мама и тато, и кажувам дека еднакво треба да не сака,иако јас и он не се сретнуваме заедно, он си има свој живот јас мој, никогаш не излагаме заедно со дете, сакам да не и зафали една фигура затоа што сме љубоморни еден на друг или водиме инает . и клучно прашање е дали ти сакаш детето да знае дека има татко, да кажува тато да остварува видување?
Двата родители имаат исто право над децата, доколку таткото сака да го гледа детето ти не можеш тоа да му го забраниш, а уште помалце твоите родители. Не е фер спрема таткото а уште помалку спрема детето. Иако не сте имале легален брак ако тој е заведен како татко одете судски решете го проблемот, ќе ви одредат колку време тој може да поминува со детето а и ќе му одредат да плаќа и алиментација.
Немам искуство по прашањето ама сепак ќе дадам мислење. Сметам дека тоа што твоите не го одобруваат видувањето со таткото и ти прават притисок тебе не е воопшто во ред. Ова не важи доколку таткото е насилник, пијаница или некој зависник. Претпоставувам дека се лути зошто ете од било која причина не сте вие заедно. Тоа не им дава за право да ги лечат фрустрациите со тоа што ќе забрануваат детето да го гледа таткото. Ако таткото е заинтересиран и сака, нормално дека мн. подобро е за син ти да го гледа и да го знае како родител. Може е уште мал, ама не значи дека не разбира ништо и дека оваа состојба нема да му се одрази подоцна. Може да чувствува празнина и недостаток цел живот. Штом ти си со гледањето ок и сте во добри односи, тогаш твоите не треба ама воопшто да се мешаат. Одлуката треба да е само твоја додека да потпорасне син ти и да може и тој да одлучува. Тие може да те советуваат и треба да те подржуваат во твојата одлука, ама не и да влијаат на истата. Извини што ќе сум вака директна, ама они со нивната забрана прават само лошо и на тебе и на внук им, не осврнувајќи се на последиците, освен ако не се работи за личност опишана во третата реченица и според мене тоа не ги прави добри родители а уште помалку добри баба и дедо.
@Eni.r @ane.bella Не е пишан на документ, затоа велам нема никаква обврска освен сопствена волја. Го бара тој, да. Не сакам да го делам детето од родителот, сметам дека колку ми е на мене дете толку треба и на него да му е. Мене не ми пречи воопшто да го гледа, да остваруваат контакт натаму, баш ми е мило да се заедно. Сега за сега не можам да го оставам насамо со него зашто е уште мал, ама понатаму дефинитивно не би ми пречело да поминуваат време сами без мене. А и ние немаме никакви кавги кога сме заедно, особено па пред детето не би сакала да се расправаме.
Тогаш што е проблемот, родителите твои? Ако да, имаш секое право да им кажеш дека ти си родител на твоето дете и дека ти сакаш детето да се гледа со таткото и дека тие треба да си ја гледаат нивната работа и да ја почитуваат твојата одлука. И јас бев разведена со дете, и знам што значи да ти трубат твоите над глава, убедени дека тоа е за твое и за доброто на детето. Мораш да им кажеш дека единствено ќе ти помогнат само ако не ти создаваат дополнителни нервози. Не се секирај, ќе помине и тоа.
Ако физички и психички тебе и детето не ве има малтретирано, не е во ред да не го гледа, детето ќе порасне и може еден ден да ти префрла зошто му ги имаш скратено деновите, животот со татко. Не во смисол зошто не сте заедно, него да поминува време и со него. Ако можеш разговарај со родителите, да ги разубедиш, нормално да функционирате, да се гледате кога има потреба, тоа е твое дете не нивно. Колку и да те помагаат за тоа не можат да ти се мешаат. Не знам таткото како е стрплив, некој друг да му наметнува како со негово дете. Тој има многу повеќе права од твоите родители, ова го зборам од аспект ако се грижи за детето нели, е сега ако се работи за спротивна личност можеби родителите се плашат за вашата иднина, твојата и на внукот.
Шо ако е мал? 2-3 саати може да го почува, без разлика колку е мал. Поврзувањето се учи до 5 години. После - прошла баба са колачима.
Токму така, моето на годинка ипол имаше два дена во недела целодневни, на 2 години спиеше кај него. Од почеток оди без мене таму, му помага мајка му братучедки, сите ја сакаат така да ..мислам дека не е мало И секако постепено да се навикнува, кај нас беше 3 часа, па 6, па цел ден, па спиење, па одмор
Нормално дека ќе му треба период на адапрација .. срце малечко Многу поштовам луѓе, шо и покрај тоа што тие не се согласуваат, не забораваат дека нивните деца - засекогаш остануваат нивни деца
Па најпрво во различен град живее тој. Со превоз идеме. Нема сигурно само да го пуштам детето во кола. И што и да се случи, ако не може да заспие, ако има некаков проблем, нема да знае сам да се соочи со ситуацијата зашто до сега не му е оставано детето. А друго, членката се разделила од партнерот кога веќе детето го познавало него како лик, му бил веќе присутен во животот, а моето сега се запознава со него. Од година до пет има да изеде уште многу фурни леб.
Дури е под нивни покрив и е тешко зато им ќути до некаде дозволува да и наредуваат што да прави Многу е лошо кога нема подршка прво од бившиот партнер и после од нејзините
@nevermet18 Знаејќи ја ситуацијата од друга тема и пеколот низ кој имаш поминато со него и неговата мајка, искрено не знам дали имаш лице да се спротиставуваш на твоите по ова прашање. Плус таткото го нема никаде на документ, нема изразено желба да го признае, те нема подржувано во бременоста туку напротив, а ти одиш против твоите за тој да го гледа?
Таткото го нема на документ затоа што тие не дозволија. Сака да го признае. И да, одам против нив, зашто не можат тие да го диктираат и мојот, па и животот на тоа дете.
и у право си и не си Заборави зошто се раздели од него? да беше он малце посалам син му ке растеше до него на твоите неможеп да му се лутиш од нив имаш помош и подршка не од таткото на детето