Влијанието на репутацијата на родителите врз децата

Discussion in 'Брак' started by 8463., Dec 8, 2018.

  1. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Joined:
    Apr 16, 2015
    Messages:
    2,182
    Likes Received:
    26,449
    Gender:
    Female
    Јас да бев ќе и плеснев в лице: "ауууу не те препознав, си се променила мноогу.... Лелеле не очекував од тебе", ќе се изнасмеев и ќе си заминев... Затоа се рекло: не вели кој сум, речи кој ќе бидам.. ^_^:?:
     
    Tanjamm, esperansa777 and Feminka22 like this.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,746
    Likes Received:
    14,203
    Немам срце иако таа во школо ми викаше „Смотана, тие панталони не се модерни“.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,306
    Ти е гајле пак и ти.
    Не ја почитуваш и ти.
    Чим не ја почитуваш, не и' го почитуваш ни мислењето.
    Мислење што не го почитуваш, не ти значи ништо.
    Ок? :hug:
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,828
    Likes Received:
    142,311
    Можеби, но секако на тие снобови не им значи моетомислење :) И во најголем број се такви кои се неспособни за одвоен живот од родителите, ниту физички, ниту финансиски ниту општествено.
     
    LiliBoz likes this.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,909
    Likes Received:
    25,607
    Gender:
    Female
    Ау , многу . Овој беше син на поштарот , на оваа татко и е началник во полиција , на онаа мајка и е секретарка на директорот во болница , оној е син на познат доктор итн .. Детството си го мразам од ваквите . Сите се дигаа на висока нога затоа што беа " деца на овој и оној " , јас како ќерка на трговец и пегларка бев никој и ништо спрема нив . Имаше ситуација кога се чувствував како најбезвредното суштевство на свет заради нив . Наставниците во основно им редеа петки од ракав , а овие пак една 4-ка ако добиеа редеа солзи како ќе кажеле на мама и тате за четворката , како мама и тате ќе ги карале , да им ставеле петка па ќе одговарале итн ;(;( . Сведок бев на голема расправија во училишниот двор . Мајката на школска моја со наставникот по математика . Зошто и ставил 3 во дневник :o ? Затоа што тоа добила на писмена . Женава му се закани на наставникот дека ќе го избрка од работа :^) . Ми дојде ум , се префрлив во друг клас , се дружев со сите , помина основно , во средно се дружевме сите меѓусебно , и тоа се тие години кои ќе ми недостигаат . Можеби не бевме толку блиски , ама сепак се дружевме .
     
    WildMk, candy.cane and Cka like this.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    11,877
    Likes Received:
    173,453
    Gender:
    Female
    Да си богат и да си угледен, не е исто.
    Ако си богат не значи дека си глуп, ако си сиромашен не значи дека си паметен.
    Ако си богат не значи дека ќе те бие добар глас исто како што не значи дека ако си сиромашен ќе те бие лош глас.
    Јас потекнувам од златната средина.

    Нашите и постапките на нашите семејства ствараат добра или лоша репутација. Тоа мили мои другарки и другари со пари не се купува.

    Во моите 28 години имам поминато низ сито и решето. Се имам дружено со сиромашни вредни и работливи, со богати вредни и работливи и обратно, сиромашни и богати мрзи. Некои богаташи биле арогантни, некои биле толку фини што ќе почнете и самите да се преиспитувате што им "фали" што се такви...
    Работната позиција на родителите не секогаш им ги отвара вратите на децата. Парите исто така. Ги отвараат тие врати што се дозволиле да се отворат со пари..
    Во едно помало место познавам двајца сосема неповрзани лица, едниот ѕидар а другиот изработувач на мебел.. слушнале дека куќата на едно сиромашно лице е пред распаѓање, цел ѕид се срушил.. едниот се понуди да го изѕида а другиот направи основен мебел..
    Јас се најдов таму од трети причини, сосема небитно.. но откако дознаа луѓето низ градот што им прават сограѓаните, немаше врата што беше затворена за нив. Тоа беше пред 12-13 год..
    Денес веќе не работат, но децата нивни го уживаат угледот и тоа не на стара слава, туку и тие се исти..добродушни, паметни, вредни, секогаш спремни за помош..
    Пак ќе резимирам.. угледот нема цена, не се купува туку се стекнува.
    Дај Боже сите да станете угледни граѓани, достојни за почит во општеството за сами да можете да си ги отворите сите врати. Затоа што ако сам не се покажеш, на стара слава тешко се преживува.