Влијанието на социјалните мрежи врз бракот

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 30 март 2017.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    117.789
    Пол:
    Женски
    Во последно време речиси е невозможно да се остане имун на користењето на социјалните мрежи. Толку длабоко се навлезени во нашето секојдневие што имаат доста големо влијание на се она што ни се случува. Според некои истражувања баш социјалните мрежи се честа причина за развод или прекин на долгогодишна врска. Додека пак други истражувања покажале дека социјалните мрежи не се причина туку ,,симптом,, за распад на брак/врска.
    Според вас дали и колку социјалните мрежи може да влијаат на бракот и да бидат причина за негов распад?
     
    На SV1911, cresa-jagoda, Val-Dim и 12 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.979
    Допаѓања:
    281.850
    Сесил..болни точки чепкаш.
    Знам дека претерувам.
    Немам ФБ ни Твитер,ама затоа постои Фемина..
    Ама се навикна Рефо]:)
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda, kuc и 7 други им се допаѓа ова.
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    73.872
    Пол:
    Женски
    Убава тема ама може насловот би требало да биде како влијаат на семејството....

    Оти некако сите станавме зависни од потребата да провериме фб. Или инстаграм или еве форумот....

    Заразно е... Создава зависност....

    Сигурна сум сите сме дошле во ситуација сите да зеат во телефоните или компјутер и да нема никаква комуникација меѓусебна...

    Јас повеќе дремам на фб. И остало од мм. Не сметам дека е нешто лошо ама е губење време во одреден момент...

    Плаќаме данок на современието..
     
    На Dona5, sj *O*, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Теоретски здрав брак треба да се базира на доверба. Значи ако партнерите си веруваат еден со друг, не би требало да има проблем со користењето на социјалните мрежи. Но, практично колку е така.... не знам, не сум читала многу за тоа, повеќе имам истражувано за влијанието на социјалните мрежи врз општиот развој на младите. Од искуства со другар(к)и и пријател(к)и можам да извлечам заклучок дека нема универзално правило - некои сакаат да имаат контрола врз профилот на парнерто, други не се замараат со тоа. Од мое искуство би рекла, доколку сака да ти направи нешто зад грб партнерот, не му треба профил на социјална мрежа :) има мал милион други начини :)
    Но, @WORRIED.BT погоре мислам дека сакаше да каже дека тоа што сме корисници на социјални мрежи и не е толку голем проблем, колку што е времето, кое го поминуваме на истите. Кратиме од времето со семејството за да посветиме миг повеќе на сопствено задоволство. Барем јас така тоа го разбрав.
    Впрочем и на форумов често беше коментирано за паровите кои користат ист профил на социјалните мрежи. Тоа веројатно е гест на недоверба :^)
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, kuc и 11 други им се допаѓа ова.
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    73.872
    Пол:
    Женски
    Точно ме разбра @Jas!...
    Токму тоа сакав да го кажам....
    Драгоцено време губиме... Наместо да го минуваме во разговор едни со други нас ко преокупација ни стана секој слободен миг да провериме што има на соц мрежи..... Заразно е штом почнеш... И да се изолираш секогаш има нешто што ќе те врати назад... Еве сега со ќерка ми сум дома... Јас со тел. Таа со нејзиниот...

    А бракот може да го разнишаат многу фактори, не само фб..... Не му треба фб. некому ако сака да изневери... 20год.сум со мм не сум помислила нити сум посомневала дека нешто ми прави зад грб... Не чепкам во неговиот фб. Ни тој во мојот ама и да провери/ам нема ништо скишно, тајно или спорно...
     
    На cresa-jagoda, kuc, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    110.063
    Неможи социјалните мрежи да влијаат врз брак или врз семејство ако некој не го дозволи тоа претходно. Сметам дека да се има фејсбук или твитер или инстаграм не е проблем се дур некој од партнерите не го злоупотреби. Доколку би злоупотребил социјални мрежи, би злоупотребил ситуација и без нив, надвор од компјутерот, па сметам дека социјалните мрежи не се толку важни доколку не им се дава големо внимание.
     
    На anichka94, sj *O*, kim.k и 17 други им се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Lugeto postiraat se i sesto. Od kade bile na odmor, kakva kuka imaat, sto jale, sto kupile..... Toa u stvari go raznisuva brakot.
    "vide kakva kuka imaat, vide kade bile na rucek...." Toa poveke mi e klasicna zavidnost koja partnerite si ja prefrluvaat i na kraj da zavrsi vo nezadovolstvo od partnerot.
    Ima, ima sesto po toa socialnite mrezi.
    Jas licno nisto od toa ne koristam, malku mi e strano da postiram moj licen zivot.
    Skromna sum pa ednas eden kolega od fakultet so koj vo toa vreme ne bev se videla preku 12 god, pocna da me zali.
    A jas sirota skromno veke preskromno go prikazav mojot zivot da ne mu napravam raspravija so zena mu.
    Sto ke pravis , ima i toa.
    Mozda ke mu tekne pari da mi prati da se vratam.:rofl:
     
    На kuc, Jas!, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    15.744
    Пол:
    Женски
    Абе фино тоа со довербата и свашта, ама сепак да не се лажеме, социјалните мрежи ги прават изневерувањето и разводот многу „подостапни“.
    Во време кога какето уште не си го сликале, па еве сега секоја мрежа воведе и стори што исчезнува за 24 часа, па следи уште поголем бран провокативни слики, па secret conversation опцијата на ФБ... плодна почва за швалерај колку сакаш и со многу поширок избор отколку кога биле без социјални мрежи.
    Пак остануваме на она дека цврст карактер и лојален партнер не можат да бидат прелажани, ама сепак не може ни 100% да се остане имун т.е. ни на секунда да не ти побегне вниманието/фантазијата.

    Башка што раја више не бира како и на кого се пушта. Дали е станато нормално, дури и модерно да вртиш неколку души истовремено и да ја пробуваш среќата со кого стигнеш без срам, или само јас налетувам на клинички случаи со така очајно ниска самодоверба, не знам.
    Гледам и постари жени и мажи во брак, што е најгрдо - со децата на кавер, а се лепат по кого стигнат на нет со ужасно лоши и смешни муабети, со слики што не доликуваат на ниедна возраст, а најмалку на луѓе со фамилија... па секој би се лутел на нападни коментари кон партнерот, посебно ако истиот позитивно реагира на нив.
    Тоа прави таа пуста желба за внимание и жед за комплименти што не ги добиваат од тие што треба.
     
    На EDNAEMAJKA, senza.parole, BiciBici и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека тајната на виртуелното заведување се крие во постојана и упорна употреба на поими како kukle, lepotice, kolkusi jaka, mace, lutko и слични кои се сигурен пат до женското срце. Латиницата е обавезна.
    Скоро и да не постои женска особа која може да одолее.
     
    На mira.mira, sj *O*, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.732
    Допаѓања:
    253.745
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислиш дека секоја жена паѓа на вакви ефтини зборови??
     
    На WildMk, P.S.love, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Зарем постои жена која одолеала на поимот кукле?!
    Извесен писател познат како Драган Таневски направил кариера со честа употреба на тој збор. Наводно жените му јаделе од рака :D
     
    На sj *O*, AnastasiaWinter, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.732
    Допаѓања:
    253.745
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)

    Немам зборови
     
    На WildMk, cresa-jagoda, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    110.063
    Нели е сарказам? :lol:
     
    На Belgin1, WildMk, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    117.789
    Пол:
    Женски
    Не може зрела особа да паѓа на зборови како кукле, срце, лепотице.. :x:x
     
    На WildMk, P.S.love, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.732
    Допаѓања:
    253.745
    Пол:
    Женски
    Инаку има глуперди во реалниот живот кој живеат за лајк на фб или мачкица во коментар кога ке им кажат.Да не мислиш за џабе се соблакаат и разголуваат по социјалните мрежи.Сакаат да бидат видени,лајкувани, 'обожавани' тоа им го крева егото .Ама арно вика Сесил тоа само кај недозреаните.
     
    На Vip83, senza.parole, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Срце е so 1959, ама кукле е нешто ново по виртуелниот свет.

    Имаше нешто во Гардијан пред неколку години, ако се сеќавам добро во третина од разводите во Британија бил наведуван и ФБ како причина при бракоразводните парници. Адвокатите лајк дет.

    Од друга страна има нешто фејк енд геј во сите тие профили на социјални мрежи каде што се создава филтрирана слика за одредена особа, фотки од одмори во грчки селендри, масовна употреба на фотошоп и слични финти...иако во основа нема ништо лошо во употребата на социјални мрежи за запознавање, во секој случај се подобра опција од традиционалните клубови, кафиќи...каде што треба да се дере човек на уво на особата со која се запознава...
     
    На AnastasiaWinter, galapce, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.078
    Пол:
    Женски
    Колку треба да си глуп и смешен човек за социјална мрежа да те разведе? Карикатура, едноставно.
     
    На EDNAEMAJKA, WildMk, mama31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    3.485
    Пол:
    Машки
    Мех тоа револуции и востанија се договарале на ФБ, пример арапска пролет, лесна работа за развод :D

    Интересен феномен е виртуелниот свет, на профилите сите се трудат да остават впечаток колку им е јак и невероватен животот, тоа вришти од деколтеа, голфови тројка, роџендански поклони, миничи, добитни од кладилница, чек ин во фенси местенца, получасовно проаѓање низ Загреб се претвара со наводна авантура :x
     
    На WildMk, Dona5, AnastasiaWinter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.617
    Точно е дека во денешно време со помош на социјалните мрежи многу полесно е човек да падне во искушение, во смисла, колку лесно една конверзација од обична може да завземе друг заведувачки карактер. И тука веќе на сцена настапува колку си ти личност со цврст карактер и со која доза на сериозност ги земаш овие работи. Дали ќе се смешкаш и ќе тераш даље, правејќи се наудрен/а , или јасно даваш знак за СТОП и ја прецртуваш црвената линија давајќи му знак на совогорникот дека со тебе неможе секако. Кој избор ќе го направиш ќе пресуди дали ти самата ќе им дозволиш на социјалните мрежи да влијаат на твојот брачен живот.

    Се разбира, многу поверојатно е некој кој е во нефункционален брак да западне во ваква ситуација, бидејќи оној кој се осеќа запоставен од својот партнер и најмало внимание од друга страна ќе му дојде добро. Уште пред да се свести работата ќе замине предалеку и после ќе се чуди како баш нему тоа му се случело.

    Факт е дека сите ние си имаме наши желби и фантазии, и некогаш посакуваме да избегаме од монотоничното секојдневие, и нормално се што е ново ни изгледа поинтересно и повозбудливо. Но грешните мисли што ни се јавуваат во глава неможеме да ги контролираме, но изборите кои ги правеме и акциите кои ги преземаме ги носиме свесно!

    Затоа според мене-ДА, со социјалните мрежи многу полесно е да изневеруваш или да се најдеш во ситуација каде ќе бидеш искушен/а, но за мене просто е : Не играј си со оган, ако не сакаш да се изгореш!
     
    На EDNAEMAJKA, okcenzi, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.196
    Допаѓања:
    74.713
    Пол:
    Женски
    @kukla21 Кукле читаш, новина си по целиот виртуелен свет. :)
    Мала шала.

    Ај кукле може и не толку, ама како се паѓа на „мала“...лелелеле, ко од прелом со штикла 12-ка. :D
    (Иронија, нормално.)
     
    На mimiiiii, PaLaVa, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.