Ima, seuste ima zeni koj ne gi sakaat ovie zborovi. Ovie zborovi se pozajmeni od eftin chick lit/romanca, pa ne e valjda da nekoj paga na ova. Pa dajte zeni kaj e dostoinstvoto, da se padne na ovie zborovi, pa dajte mi se naezi kozava. Ne veruvam deka megu nas ima takvi. NE
Мислам дека луѓето сепак избегнуваат запознавање преку интернет, особено женската популација. И мислам дека ако социјалните мрежи влијаат негативно врз брак/врска, веројатно една од две ситуации е во прашање: 1. Женската страна открива дека машката страна манијачи фотографии од девојки 2. Пресретната е кореспонденција на партнерот со љубовникот/љубовницата
И тоа како можат да влијаат. Знам имаше еден познаник направено профил на жена м у (*демек, жена му, ама тој го раководеше) многу нестабилен човек и сега тој ако лајкуваше јавни објави (public) na fb пријателки, а кога неа некој ќе ја додадеше .....ее и пишел здраво на chat, од каде ја познавал, ја блокирал извесен човек (па, демек таа му имала кажано дека маж и раководи па затоа ја блокирал), мислам и направи лажен профил за на тој човекот да му се претставува како жена му. Sta da ti pricam, а плус човек од 52 год. да е помлад ајде ќе речиш љубоморен, ова-она ќе му најдиш оправдување. Сто пати имам кажано нестабилни луѓе подобро никогаш да не основаат фамилија, отколку на душа луѓе околу нив да земаат.
Кога ке видам женет човек, профилна слика со децата (познавам такви), како коментира по разголени слики од 20 годишни девојчиња или постари жени, без разлика, ми се гади! Особено од коментари од типот: "убавице супер си позз", "маче", "кукло", итн.
Не може никој и ништо да влијае на стабилен и јак брак. Брак на стаклени нозе, може еден лајк да го урне.
Одлична можност се за наоѓање на потенцијален партнер за изневерување, за тие на кои мозокот му оди во таа насока. Според мене социјалните мрежи станаа основа на тоа, на пронаоѓање на личност за забава, дружење или врска. Многу од луѓето во брак може да имаат профил, но да не стои дека се во брак и сл. Со тоа веќе изгледаат како да не се во врска и веднаш може да почнат да контактираат со луѓе. Има и профили со слики, каде е очигледно дека е во врска/брак. Сите ќе се налутиме ако партнерот се допишува со некоја за која не знаеме, тоа веднаш ќе прејде на караница. Довербата може само да се намали ако дојде до вакво нешто. Најубаво си беше порано, ниту фб ниту ништо.
Кој што сака да изневери ќе го стори тоа и без социјалните мрежи... Јес да олеснуваат, ама не се главна причина... Кај мене бар досега не влијаеле негативно, си имаме меѓусебна доверба, ги користиме онака колку да тепаме време... Имам фб и инстаграм, ама најмногу време минувам овде
Ако не се користат соодветно секако дека има влијание. Под тоа соодветно мислам ако се нема лична граница колку ќе се користат. Прекумерно користење влијае на квалитетот на врската. Например, насабајле наместо да зборуваме со мажето со првото кафе дали е поубаво и двајцата со својот филџан кафе да сме загледани секој во својот телефон? Секако дека не. И има исклучоци, ама ако се постојано случува не е добро. Се оддалечуваме, реалниот свет го заменуваме со виртуелниот, ја губиме конекцијата помеѓу нас. И некој спомна погоре, влијание има на целото семејство. Ние, со мм, се договоривме, посебно кога сме со децата да избегнуваме, те. да сведеме на минимум гледање во телефонот. Не оставаме ниту добар пример а и реално, губиме драгоцени моменти во животот ако се оптеретиме или премногу фокусираме на она што се случува по соц.мрежи. А има ли па нешто битно што се случува? Ништо што нема да заборавиме после пет минути, а ни го краде времето. Што ни е приоритет - по тоа треба да се ориентираме.
Секако дека имаат огромно влијание врз нас кога прво прашање кое ни се мота во глава е „Која е оваа што му лајкнала“? Најчесто и не е ништо и не претставува проблем, но баш бидејќи нема проблем се создава сомнеж и од тука почнуваат сите проблеми.
@kukla21 и што мислиш, вреди да се обрати човек на некој со поимот кукле, има шанса или да се батали со време?
Не е до зрелоста. Скоро секој брак,да не речам секој,има Стаклени моменти. На темава сртнав само мажи упикувачи. Море какви жени Упикувачки има. Да си ја признаеме реалноста,не е до полот,до личноста е. Баш познавам и жени кои си признаваат дека први им се соблекуваат на туѓ маж. Да не правиме муабет пак за лајкови и чатувања за кои првите чекори ги прават и жените. Да, итекако помагаат социјалните мрежи за неверства и крадат драгоцено време кое треба да е за семејството. Сите некако се Вадиме да не речам Залажуваме,дека само ова ни е издишен вентил.
Се е дo личнoстa.... Некoгaш се чудaм кaкo си дoзвoлувaaт мaжени жени дa пoстирaaт слики сo нaпрчени муцки, дoпичњaци извинете нa изрaз и сo грaдите нa мегдaн... штo знaчи oвa вo превoд? Или се сликaлa сo бебе у рaце, a гaзoт и се гледa,муцкaтa извртенa зa 360 степени или нaтегнaлa хелaнчињaa крoфнaтa испрченa у предњн плaн,штo е мнoгу мнoгу е.... Мoжеби сум стaрoмoднa,дебелa,немaм штo дa пoкaжaм(вaкa идaт вo кoнтрa нaпaд aкo ги дирнеш у бoлнa тoчкa) ,aмa никoгaш не би oбјaвилa тaквa сликa,aмa бaш никoгaш. Мaживе пaк,сo лaјкoви нa гoренaведениве,a и мaлoлетнички сликaни нa ист ,a мoже и пoекстремен нaчин ......aј пoубoo ќе си мoлчaм дa не зaрaбoтaм бaн.
Социјалните мрежи не можат да влијаат на врската меѓу два партнери. Довербата не се стекнува со пасворд на фејс или инста. Постапките на партнерот се доволен показател дали треба да имаш доверба во личноста со која го делиш креветот. Смешна ми е идејата дека дечко ми на баш на фб ќе најде некоја и таму ќе се допишува со неа. А од аспект на штракање на телефонот и листање на рандом сликички и "губење време" на интернет наместо со личноста до тебе е релативна работа. Мене ми пречи тоа и со дечко ми имаме договор околу користење на мобилен додека сме заедно.
Немој да се залажувате дека вашиот дечко или маж не се допишува со некого на фб. Сега постои и копчето "secrets conservation" кој по 24 часа разговорот се брише. Точно е дека довербата е показател за се, ако некој одлучи да направи нешто ќе направи и вие нема ни да знаете. Смешно ми е мене во денешно време таа контрола кој да се има на фб,со кој да се пише и милион праша со Зошто,како итн. Ако ви е коренот цврст социјалната мрежа нема да ви биде пречка за ништо.
Јас не можам да го сватам моментот мажени со деца, се сликаат Голи и праќаат слики. Па не знам. Тие слики се шират со брзина на светлината. Многу неморални личности има на денешницава. Премногу.
Нa нaшaтa врскa и сегa веќе брaк , не сме имaле дo сегa никaкoв прoблем сo тoa кoј сo кoгo пишувa , ниту сме љубoмoрни еден нa друг зa тoa кoгa некoј oд нaс зјaпa вo телефoнoт .Имa мoменти кoгa ќе ми пише некoј и ќе се изнaсмеaм , пa не се рaспрaшувa штo е и кaкo е , истo имaм и другaр oд Никерaгуa 6 гoд нa кaмерa се гледaме и збoрувaме , ниту еднaш не избувнaл дa рече нештo . Си верувaме и знaеме кoлку и зa штo сме спoсoбни , aмa зa дa се изневериме тoa НИКАД
Полесно е да најдеш швалер/ка со интернетот... Мнооогу полесно. Ама ќе најде тој што бара.... не бараат сите.