1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на социјалните мрежи врз бракот

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 30 март 2017.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Еве на пример на мене суптилно ќе ми се згади од некој кој би ме нарекол така!!!
    Одолеала???
    Приказни за мали деца и воопшто прв пат читам вакво нешто односно маж вака да си мисли, за мене нит е нормално ова нит за одолевање и како год туку ми е гадно!

    У иднина пази како се однесуваш со девојки оти ако ти мислиш дека никоја нема да ти одолее таа што ќе и пишеш вака ќе и се згадиш и згасниш.

    Ова понашање и став ми делува некако неморално.
     
    На WildMk, Milobebence и Abc07 им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.135
    Пол:
    Женски
    Нас воопшто не ни влијае ова...
    Нит се замарам што прави на нет, а освен фб и вибер не користи друго, нит се замара што јас правам. Вероватно довербата си го прави своето.
    И можеби подобро така, да е спротивно може само повеќе и повеќе револт да се ствара.
    Никогаш не сме имале ни потреба да се проверуваме.
    Ако сака некој да изневери, ќе најде начин. Ова со социјалниве мрежи ми е само оправдување, као ете сега се е на послужавник па лесно ќе се најде швалерка.
    И искрено, другачие гледам на сето тоа, со нагласок на неверството откако родив.
    Нека изневерува, нека праи што сака, ама за детево да е нормален родител.
    Јас имам кажано, само во една прилика, нешто што не ми се допадна... не верувам и никогаш нема да верувам(стрикно за таа ситуација тогаш).
    Навечер седнува на лап топ, дека работи плус од дома, јас легнувам да спијам. Што и како прави не знам. А да му висам над глава не можам.
    Еве ја повеќр сум на фб и фемина, па не ми се укажала шансна за неверство, ниту ми префлил, ниту прашал било што.
    Социјални мрежи причина за развод и неверство пффф.... ко да не може да сретне некоја по улица, на работа, во продавница. Абе тој што е таков, и на пуст остров ќе си најде некоја.

    Едит: и мене ми се гади од квази фраери со демек слатки зборови. Шо ако ми рече убава си, кукле, бла бла... одма ќе раширам нозе...
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    65.447
    Пол:
    Женски
    Ова ми падна во очи :
    Како мислиш да биде нормален родител ако изневерува? Не те изневерува само тебе, туку и вашето дете, и вас како фамилија, барем јас така би се осеќала. Не можам да разберам како некои жени би трпеле изневерување затоа што имаат дете, еден ден, порано или покасно тоа ке се одрази и на него. Едно е да сте разделени, па да прави што сака и да биде нормален родител за детето, а сосема друго е да бидете во брак и да прави што сака.
     
    На browneyes_, victoria, molikaMk и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.135
    Пол:
    Женски
    Така, ако изневерува секако ќе дознаам, бракот ќе заврши ама да не заврши и неговата улога како татко.
     
    На cresa-jagoda, Mr. Right и WildMk им се допаѓа ова.
  5. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    1.743
    Mr Dreamy нема социјални мрежи. Само viber, сепак у странство живееме :) јас имам и фб и инста. И сум активна. Никогаш сме немале проблем околу ова прашање.
    И да посака да активира било која социјална мрежа, не би ми направило никаква разлика. Се знаеме како дишиме.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ние и двајцата имаме профили на 100тици различни сајтови.
    И двајцата не интересира интернетот и компјутерите... посебно него.. И мора 'се што ќе ни фати око', да испробаме како функционира.
    На некои места сме активни, повеќето се само на регистрација останати...

    Ни јас, ни тој, никогаш не сме довеле во прашање зошто, каде и колку профили има другиот.
    Тој што сака да лаже, ќе најде како.. и со, и без социјалните мрежи.
    Се разбира, вака (со интернет) е полесно, но на крај, се' се сведува на тоа каква е личноста.
     
    На marlonbrando69, minne992, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Pcelka1315

    Pcelka1315 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2017
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.813
    Пол:
    Женски
    Не ни влијаат никако, имаме и јас и мм фб и инстаграм, не ми знае лозинки ни јас на него, ниту ме прашува со кого и каде пишувам исто ни јас него, само роднини и пријатели имаме на профилите па така да нема зошто негативно да влијаат.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.