Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Влијанието на цртаните филмови, видео игрите... врз психичкиот развој на децата

Дискусија во 'Психологија' започната од cresa-jagoda, 12 мај 2017.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Напротив, преку цртаните учат јазик. Децата на помала возраст учат јазик многу полесно и побрзо отколку што пример ние сега можеме да научиме.
    Братучед ми знаеше течно англиски во предшколска возраст, cartoon network беше кај нив пуштена 24/7.
    А има цртани и преведени на наш јазик. Јас на децава им пуштам tractor tom на хрватски, кога им зборувам им зборувам на македонски, ретко на српски само кога ќе ми дувне во моментот, сакам да научат и македонски и српски, а подобро српски да си научат природно, затоа што јас понекогаш сеуште ги мешам падежите, несакам децата да зборуваат ко паднати од марс и другите деца да им се смеат овде :D
    И конечно луѓето треба да сфатат дека живееме во 21 век, работите од кога ние бевме деца и сега се два различни поима, неможеш да ги учиш да бидат деца како од наше време, од причина што ќе бидат заостанати и нема да се вклопуваат со останатите деца. Живееме во такво време, остајте ги децата да прават што им е интересно. Ако му е интересно да гледа цртан филм, нека гледа цртан филм, ако му е интересно да си игра со играчки, нека си и игра со играчки.
     
    На augustd, LBC и lollypop❤ им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Цртаните многу ја искварија младината.:devil:
    Откако почнале да се емитуваат цртани со појавата на телевизијата, масовно, цело село, почнало да им придава антропоморфни а.к.а. човеколики особини на животиње и птици.
    И после излегуваат разни моди, заштита на животни, пци во станови, вегански организации, облеки за мачки, па особи кои си праат муабет со живина си мислат дека ги разбира, дека се конектираат со јадничкото папагалче или маче кое во најдобар случај стои тука во надеж дека стопанот ќе му фрли храна...

    А порано се знаело, IDEŠ POD MAČ BATO !
    Животно било за да се јаде, да чува стадо и да лови глуфци. Никакви пудлици, боксери, доги, пекинезери, аквариуми и остали ситуации :party:
     
  3. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Моето 7 месечно бебе ги гледа само Максимoве авантуре од цртани филмови а и тие се пропратени со песни и поучни работи, а и они што се песничките на англиски јазик If you are happy,ten in the bad,five little monkey,the weels on the bus,итн.Повеќе гледа Baby tv е таму неможе да бира што да гледа, го ставам во дубак кога гледа,кога не и тоа ги гледа и слуша само кога е неопходно затоа што поглемиот дел од денот сум сама а имам некои морални обврски на пр.да му направам млеко,да му направам каша,да средам по дома е тогаш му пуштам да се залаже колку да завршам другото време сум и јас околу него или играме или одеме надвор се шетаме.Верувајте сите ме осудуваат и за тоа маллку што го гледа мало било уште сега сме го научиле на такви работи.Според мене не е многу и претеруваат има денови кога воопшто не гледа и сме надовор па не плаче за нив,имаме братучед кое е година иполч поголемо од него и верувајте ептен е заразен,а воопшто не сака да јаде без да му се пуште цртан филм а така е уште од кога се роди.

    Е тоа кај мене го нема строго се гаси телевизор,лаптоп и телефон кога е време да јаде и тие два оброка ги јаде без никакви звуци околу него.Фала богу на тоа не е навикнат барем сега за сега за натам незнам.

    Давам колку можам се од себе ептен малку да ги гледа ама да му ги скратам на цело не и не планирам затоа што и се поучни, од англиските песнички едно девојче на наши пријатели англискиот го знае 70% а 4 години е :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Идеш под мач бато е нормално размислување за тебе!? со таа изрека или што и да е можеш да воспиташ сериски убиец. не дете кое треба да го сака светот. најпримитивното нешто што сум го прочитала до сега е ова.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Јас пак уште од мала гледав цртани и филмови со насилство. Татко ми ги гледаше сите акциони филмови што ќе ги пуштеа, со Жан Клод Ван Дам, Сталоне, неретко и кинески со тепање итн, и јас гледав со него уште од многу мала и го прашував кои се добрите за да знам за кој да навивам, хаха. ХиМен, Нинџа Желки и да не редам ред други, сите беа со тепање. Јас од мала, до ден денес не сум имала насилно или агресивно однесување. Ниту сум се степала со некој на училиште, нит ништо :D Дури мм секогаш ми вика - мирољубец еден.
    Доколку детето разграничи што е ТВ а што е реалност, не би требало да има никаков проблем.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    19.829
    Пол:
    Женски
    Јас сум голем противник на прекумерно гледање цртани и користење технологија. Наречете ме злобна, строга. Како сакате. Не е дека не им дозволувам на моите деца да гледаат, но тоа е ограничено време и одбрана содржина. Не сакам да дозволам, телевизијата да им биде родител.

    Сметам дека влијанието на родителите и воспитувањето играат многу поголема улога во животот на децата, односно во нивната перцепција кон светот, за разлика од цртаните. Но децата, се деца, и како такви не се способни да го разликуваат доброто од лошото, но затоа пак, имаат преголема имагинација, темперамент кој не би можел во секој момент да е контролиран. И затоа треба да се внимава и одбира што гледаат. Во денешно време има цртани полни со насилство и недолично однесување. Децата, не ретко, знам за многу случаи, каде испробале дел од погрешните работи од цртаните, и затоа треба да им се објасни што е добро, што е лошо. Но сепак, тоа не значи дека нема да биде прифатено она што го гледаат секојдневно, дека нема да го апсорбираат и испробаат лошиот пример. Агресијата е научено однесување, а се зависи од карактерот на индивидуата, дали истата ќе поттикне таков развој или не. Затоа се тука родителите, да одберат, што ќе му дозволат на своето дете да гледа. Особено на помалите деца и оние на предшколска возраст. Децата паѓаат на сугестии. И тоа е тоа.
    Од друга страна, не мислам дека е во ред да ги заштитуваме целосно и да ги учиме да го гледаат светот со розови очила. Треба да знаат дека не е се совршено. Треба да знаат да разграничуваат добро од лошо. Треба да се најде една златна средина. Но треба да се има во предвид и дека времето е сменето. Новото носи и нови промени. Не сакам ниту да бидат деца кои нема да знаат што е и што значи таблет во денешно време и друга слична технологија. Но додека јас употребата на истата можам да ја контролирам, нема да се двоумам воопшто. Зашто ќе дојде време, кога очите ќе им истекуваат пред истите. А детството, се случува еднаш во животот.

    Сакам да имаат детство. И се обидувам да им доловам барем дел од моето. Наместо цртани, повеќе сме на аудио бајки со кои можат да развијаат имагинација, едновремено концентрација и изострување слух.

    Признавам дека намерно имам пуштено цртани за да пијам кафе на мир. Но јас не го пијам кафето цел ден. Исто, еден ден од викендот, сите заедно, гледаме по еден долгометражен цртан филм и го коментираме истиот. Но поголемиот дел од денот, сме надвор, а времето дома го поминуваме во квалитетни игри.
     
    На Selest, Lolipop23, mami blue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Камо да имаа моиве деца детство пола од она кое јас го поминав, но за жал времето е сменето, сменети сме и ние ..
    Толку ми се различни децава, како небо и земја се, едната - поголемата, мирна, сталожена, емотивна, другата темперамент невиден, по храбра,со голема самодоверна, додека едната и како помала ја интересираа книги, цртање, играње, и до ден денес чуваме работи кои ги добила и како бебе, другата книги едноставно не ја интересираат, не мирува повеќе од 5 мин, знае играчки да искрши, но приметувам дека се повеќе ја интересира мобилниот мој:devil:
    Знае сама да го уклучи ( има две години), па си најде youtube, да си пушти што си сака, едно време песнички наоѓаше, Петко ја интересираше ама приметив дека сега наоѓа некои такви тешки глупости, па дури ги гледа и се смешка.
    Ја пуштам да погледа 10 мин, ко што кажа членката погоре, кога пијам кафе, па на раат да го испијам, или кога имам некоја работа да ја завршам,но сега од кога видов какви глупости наоѓа, ситуацијата стана баш замислувачка , и не и дозволувам
    Играчки имаат и превише, но многу кратко трае играта, веднаш се впушта во нешто ново, сум да се гледаат цртани, има доста едукативни од кои може да се научи, малово веќе знае да запее на англиски, или да каже збор два на англиски и знам дека тоа и од што гледала, поголемата сама знае да си спушти некои интересни апликации, за цртање, за букви, нешто што е корисно, но пак ќе кажам, премногу гледање си е штетно , и повеќе сум за некоја физичка активност надвор
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.104
    Допаѓања:
    163.622
    Пол:
    Женски
    Сметам дека генерално ставајќи ги во ист кош сите цртани филмови и игри, би било нереално и престрого да се зборува за нивно негативно влијание во глобала и за оддалечување на децата од истите.
    Посебно цртаните филмови, па тие од почетокот на развојот на технологијата биле и ќе бидат главна занимација во првите години и обележје на детството на кое понатаму се сеќаваме. Точно е дека сега се поинакви од порано, но секако родителот треба да има контрола на евентуално нешто несоодветно за возраста и пред сè насилство во некои од цртаните што му се достапни на детето.
    Исто и за игрите (и поедноставни на телефон, и видеоигри)... За нив мислам дека навистина на премала возраст децата почнуваат да трошат многу време и да заменуваат вистинска социјализација, ама па и со нив не е сè толку негативно - може да се развијат рефлексите, логиката...
    А англискиот е во секој случај предност и кај двете - кај цртаните го учат говорот, од игрите вокабулар на писмено.

    Не треба да се дозволи да заменуваат време поминато со родителите и нивно воспитување или социјализација со врсници, но секако е многу подобро и понормално да го поминуваат времето со цртани, па дури и со видеоигри отколку со турски серии. Јас баш за серииве би рекла изгенерализирано дека може да имаат лошо влијание со заостанатите вредности, насилството и никаквиот речник, а за корист тешко дека ја има било каква од било која од нив...
     
    На Bender Rodriguez и Tan4ence им се допаѓа ова.
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми гледа цртани. Најчесто и пуштам Маша и медо или Пепа прасе. Но неколку пати ја забележав кога гледа на телефонот ( најчесто за да јаде мора да има цртани ), сама си пушта други клипчиња кои мене воопшто не ми се допаѓаат. Таа сепак е мала и незнае што да одбере, ама кога пушта такво нешто се смее.
    Веднаш и го земам телефонот, и не и дозволувам да гледа такви работи. Бидејќи ќе почне да ги применува и таа истите работи од тоа што го гледа.

    Дали вие дозволувате вашите деца да гледаат секакви цртани или само одредени?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.352
    Пол:
    Женски
    Кога беше некаде три месеци мојов се зарази со цртани. Абе буквално од јутра до сутра гледаше. Давај играчки, пуштај песнички гаси ТВ, не бе, тој зјапа во црн екран. Кога читав како мајки им бранат срам ми беше да пишам, си велев ќе речат оваа за да е раат така му пушта, а не беше така. На крај оставив се на времето. По некоја моја логика претпоставував дека е период. И така и испадна. Како наполни пет месеци помина тоа. И сега еве година има, твто е уклучен цело време а тој го погледнува само ако оди песничка. Нит го одвикнував, нит го навикнував.
    Уште откако се роди со велев само ќе го слушам тој што сака. Не сакаше капа по дома уште од прв ден. Не стававме капа. Не сакаше ракавици на рацете по дома. Не стававме ракавици. Не го ставав во вреќичка за спиење, сакав да е лабав. Кога ќе се открие не го покривав. Денес ако му залади сам се покрива. Не го сметам за нешто посебно попаметен од друготе деца на негова возраст, но како за се, така и за тв третирав. Што он сака како сака и колку сака. Затоа е ведар, насмеан и фала богу мирен.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    И кај мене многу сака да гледа. Дури може да се зајде од плачење ако не и дадам. Си велам само кај нас ли е вака? Пробувам со убаво, ама џабе нема резултат.
    Добро ме утеши малку дека може да е период. Се надевам ќе се одвикне.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.352
    Пол:
    Женски
    се во свое време драга. најголем страв ми беше дека место да се развива ќе заостане. кога почна да реди коцки на само осум месеци, да се симнува со нозе надолу од спална на девет месеци си велев кој идиот сум била што воопшто сум се сомневала во моето дете.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Ама до скоро не беше таква. Дури почнав да се загрижувам. Само телефон бара и готово. И цел ден со плачење за тој телефон. Играчки на тони купувам. Ќе си поигра малку и толку веќе не и се интересни. И цело време ајде нешто ново да и биде иновативно. Ако продолжи вака очите ќе си ги расипе.
     
  14. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Пуштам само за спиење. Најголеми експерти препорачуваат деца да поминуваат што помалку време пред екраните. На сите деца кои имаат проблем со говорот не за џабе се препорачува без екрани. Еден до два саати преку сила ок е, инаку детето едноставно се губи во еднонасочна комуникација.
     
    На danichap и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.352
    Пол:
    Женски
    30 години зјапам во тв, пц, книги .. и очите ги расипав кога седнав на микроскоп да работам. :) колкумина знаеш што од тв расипале очи? ич? ниеден? :) период е. остави ја. евентуално носи ја повеќе надвор но како иде зима пак ќе гледа. и не е страшно, барем според мене не.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Ја носам, се дружи со деца. Многу сака деца. Ама ова го прави кога е дома само. А цел ден неможам некаде да ја шетам само за да не гледа во телефонот. Се чудам колку е мала , а вака да прави. Се мислев покасно ќе имам вакви маки :)
    Сепак фала ти на советот :*
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.