Влијание врз модерната психологија во бирање на партнер

Discussion in 'Психологија' started by KateKane, Nov 22, 2022.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Joined:
    Jul 4, 2018
    Messages:
    3,557
    Likes Received:
    62,413
    Gender:
    Female
    Инспирирана од темата за "Невин на 20 години", во која еден член е на мислење дека на нас жените ни е уствари многу полесно да си најдеме партнер отколку на мажите, во консултација со @RainBow, решивме да ја отвориме темава.

    Е сега, според истиот тој член, кој патем води инспирација од еден од најконтроверзните психолози Џордан Петерсон, а гледам дека многу мажи исто го следат и него и Ендру Тејт, жените секогаш може да бираат, а мажите треба да бидат одбрани.

    Што мислите? Дали има пол кој може полесно да одбере партнер?
    Дали жените можат многу полесно да одберат помеѓу голема група на мажи?
    Дали мажите во 21 век се во понеповолна положба?

    Иначе влијанието на се повеќе мажи доаѓа од екстремно контроверзни луѓе. Едниот е Џордан Петерсон, психолог кој е на мислење дека треба да постои хиерархија во човечки односи, дека треба да има луѓе што ќе бидат подобро третирани од други оти така било во природата, дека не сите луѓе се еднакви, дека жените вредат помалку од мажите, дека не може никогаш да има еднаквост заради тоа што жените не се доволно цврсти и одлучни, дека не треба да постои брак меѓу лгбт луѓе... Феминистките редовно ги вреѓа и им вика дека ги критикуваат мажите оти потсвесно чезнеат за силна машка доминација.

    Другиот е Ендру Тејт, човек кој има удрено жена на телевизија, тврди дека жртвите на силување подеднакво си носат вина и дека депресијата не е болест. Го товарат и за трговија со луѓе.

    Мислења?
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,361
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Малку ме збуни насловот. Што на што влијае?
    Дали треба да гласи: влијание НА модерната психологија врз бирањето партнер?
    Како и да е..

    Јас на односот меѓу еднаквоста на половите го гледам малку од "погоре" т.е. од поширок агол.
    Сме живееле во далечно минато во матријахарт. Што не е еднаквост.
    Како што се тежнее да се урамнотежи така и оваа енергија се менува и се преоѓа во патријархарт.
    Значи како последица на нееднаквоста се оди во другиот екстрем.
    Сеуште живееме во патријахарт.
    Сеуште нема еднаквост меѓу половите. Сеуште нема баланс.
    Сеуште постои тенденција да се дојде до рамнотежа.

    Затоа почнува во последниов век да се шири феминизмот и борбата за поголеми права на жената.
    Како што се засилуваат овие движења, така се засилува и отпорот кон промената. Оние на кои им одговара патријахартот зборуваат против феминизмот и на секој начин се обидуваат да се спротистават на сите оние кои се за еднаквост.
    Исмевањето на феминистките, тоа што ги поистоветуваат со се и сешто негативно, окривувањето на жртвите, говорот на омраза, се тоа е со една крајна цел - да се спречи промената.

    Промената е почната, уште пред да се роди нашата генерација.
    Неизбежна е.
    Единствено што очекувам е процесот на промена да заврши не со предоминација на еден пол, туку баланс. Тоа значи состојба на меѓусебно разбирање, почитување на спротивниот пол и прифаќање на сличностите и разликите помеѓу нив.

    Во таа смисла не сметам дека жените се во попривилегирана положба кога треба да бираат партнер во однос на мажите.
    Се уште имаме земји и култури каде што жените се мажени од семејството, продавани, репресирани и поистоветени со сопственост на мажот во куќата. Дали сте чуле за такви примери со мажите? Колку се такви примери, ако ги има?

    Барањето и наоѓањето соодветни партнери е во потесна смисла проблем на социјалните вештини и интерперсоналните односи на индивидуата.
    Овие вештини се учат и тоа низ пракса и низ личното искуство.
    Подразбира и неуспешни конекции и врски и обиди и грешки.
    Треба да се сфати дека тие се нормален дел од процесот а не крај на животот.

    Луѓето најчесто грешат уште пред да почнат да бараат партнер со тоа што заземаат од старт погрешен став и имаат нереални очекувања:

    - Најчесто не се отворени да дадат шанса и имаат дефетистички и песимистички став и се однесуваат како да знаат однапред дека ќе е неуспешна интеракцијата. Едноставно не вреди да се обидуваш.
    Ако одиш со тој став јасно е дека нема ни да се побара партнер.

    - Веруваат дека ако дури и најдат некој соодветен, тоа мора да е совршен однос уште од почетокот на врската или едноставно не вреди да се продолжува.
    Многу врски кои траеле цел живот не почнале на таков начин. Некои почнале со пријателство, или без план спонтано прераснале во врска па дури и биле многу проблематични на почетокот..

    - очекување дека идеалниот партнер ќе биде секогаш идеален. Или отпор кон адаптација и правење компромиси. На првата кривина и проблем се напушта врската се оди на развод и сл.
    На врските се работи, односно меѓусебната врска треба да се негува. Недоразбирањата се составен дел од нив и не се нужно лоши.
    Луѓето во реалноста се менуваат. И вие се менувате и партнерот. Во еден момент сте биле компатибилни во друг можеби не толку. Ако се прилагодуваат еден на друг и се спремни да прават компромиси ќе опстанат.

    Се извинувам за долгиот пост.
    Кој има трпение нека чита :D
     
    cresa-jagoda and KateKane like this.