Има ли некој што навистина по доста време користење на ретинол / ретинал видел резултати? Јас го користев прво серумов retinal liposome 2% , па сега скоро го трошам и другиов појакиот retinal liposome eye cream 4 % , освен за под очи го користам и на чело. Освен тоа што имам подобрување на тенот , не гледам друг резултат. Ма да знам за мимички брчки нема спас. Али дека ептен е фален ,па реков да си прашам инаку година ги користам. Не знам наредно друго што да земам. Знаете ли некоја аптека низ Скопје каде што продаваат третиноин крема.
И јас немам видено никакви резултати по месеци користење ретиноли . Освен шо кожата ми беше чиста, немав бубулици. Само хидратација и ботокс му е мајката.
Па и од ботоксот не останав нешто фасцинирана. Не ја можам таа тежина веќе да ја чувствувам како да мислам цело чело врз очи ќе ми падне. Затоа веќе не мислам да ставам барем засега. Лицево не ми е во лоша состојба , но не можам ете да го контролирам да не се мрштам и смејам. А хидратација да, треба. И затоа се мислам дали да продолжам да купувам ретиноли и такви работи или да баталам.
Нема. А како што гледам по нетов само тоа е решение за мазно лице, покрај ботоксот. Ама прилично е јак. Има еден ретинал од Celimax, сега е популарен. Јас го користам ретинолот, има микроскопски "боцки" (се чувстува мала болка), кои му помагаат на производот да продре полесно во кожата. Прочитај ревју на yesstyle за ретиналов.
Да не ти стават премногу ботокс па затоа осеќаш тежина? Јас ставив еднаш, докторката ми кажа дека ќе почнеме со помалку па понатаму повеќе, за да не дојде до таа тежина. Уопште не осеќав оти нешто имам во челото. Сега пак треба да одам. Ботоксот е закон Раскрстив јас со ретинолите веќе
Па не верувам, само на една зона ставав зошто немаше потреба на друго место , и покрај тоа ботоксот не ја избриша таа линија туку 3-4 месеци кожата ми беше затегната и секако не можев да се намрштам. Мене ми траеше 4 месеци максимум. Бејби ботокс ставав инаку. @cooll за третиноин , кога барав рутина од една аптека мислам Marija galen farm се викаше, ми кажаа дека можат да ми направат крема третиноин, ама не им вратив на пораката зошто знам дека аптеката не е во Скопје туку Битола и не знаев како е со порачки
Марија гален фарм е во Скопје, на Партизанска е. Ја на ботокс ептен се надевам, искрено куп креми и серуми користев и буквално 0 резултат, а конзистентна сум. Сега ќе пробам само со третмани, спф и најбазична крема некоја.