Дали знаете да го слушнете внатрешниот глас? Колку тој може да ја преувеличи некоја ситуација во која се наоѓате? Пример добивате кец на училиште и мислите дека е крај на светот, дека нема никогаш да ја помините годината и дека сте неспособни. Дали знаете да го контролирате и да го уловите кога се јавува во вас?
Ах тој внатрешен глас... понекогаш знае да ме излуди. Од најмала ситница можам да направам не знам што... но барем секогаш знам кога ќе се случи нешто лошо. Знам да го контролирам, но некогаш многу зависи и од ситуацијата во која се наоѓам.
Тој внатрешен глас е всушност она шесто сетило за кое сите знаеме,понекогаш може да се појави во вид на глас,тој глас знае да не предупреди за тоа кои работи ги правиме како што треба или како не треба,иако знаеме многу често да го игнорираме,не признавајки си себе си дека е во право за било што.Но не е внатрешен глас тоа што ние си го говориме во себе во однос на тоа дали некого критикуваме,озборуваме,со самото тоа ние си правиме монолог во себе си.Ние сме сите мултиплицирани личности споени во едно,затоа постои егото итн.Нормално и јас имам внатрешен глас,понекогаш го игнорирам,па прибидејки е често во право,гледам да го прифатам не да го игнорирам.
Внатрешен глас, шесто сетило или женска интуиција... Сите го поседуваме. Јас често пати се фаќам како правам нешто а од внатре ми вика немој. Често пати работите ги знам однапред, уште пред да се случат, и ич не си ја сакам таа моја особина ама секогаш е тука.
обично внатрешниот глас е дел од нашата потсвест, всушност тоа е она што ние потсвесно го мислиме а се однесуваме со чувствата, дозволуваме тие да не водат, а разумот е тој глас сто некогаш го слушаме... како и да е тој ни е од голема помош исто така тој глас се и всушност нашите совети, многу често знаеме да дадеме совет на другарка а ние тој совет никогас не би го примениле во дадената ситуација, бидејки тие совети наменети за друг се одлуцени со разумот, а кога сме ние во таква ситуација размислуваме и не води срцето а не мислеите
Се мразам себеси со тој внатрешен глас. Ќе ви дадам пример...2 ра средно имав дечко незнам некои 5 месеци идевме а на календар го заокружував секој ден. И така си заокружувам јас и недела дена унапред дека знаев и да заборавам,,на последното заокружување пример денес заокружувам и сакав да заокружам и за следниот ден..оп раката ми се повлече сама. Следниот ден раскинав.
Внатрешен глас ... хмм па не би го нарекла баш внатрешен глас, повеќе ми одговара потсвест. Секој го поседува, но ретко кој се придржува до тоа и кој успева да го контролира. Сепак тоа доаѓа со зрелоста и со годините. Кога сме биле деца или во пубертет, ни летале бубачките во глава на сите и не сме се замарале со тоа да размислуваме подлабоко за некои ситуации, туку сме правеле се по инерција. Кога веќе созреваме, мислам дека тогаш почнува да доминира таа потсвест и тогаш ги следиме нејзините знаци. Барем кај мене така е.
Mn cesto mi se pojavuva toj vnatresen glas no nekogas ne postapuvam spored nego.Koga ke se sluci nekoja rabota sto potsvesno sum znaela deka taka ke bide a sum go ignorirala toa ke si kazam znaev deka e taka ili trebase taka da napravam.Nekogas se desava toj vnatresen glas da me navede da postapam poinaku od toa sto sakam....Vnatresen glas ili angelot cuvar
Често ми се случува да имам некое чувство за нешто пред да се случи.. незнам дали е тоа тој внатрешен глас или е нешто друго ..
Не го слушам веќе,целосно го игнорирам,и тоа од проста причина што не можам да му верувам.Така добро ме има изманипулирано во пар ситуации и слушајќи го сум била доведена до благо речено незавидни позиции.Не знам како е со вас,но мојот внатрешен глас никогаш не е разумен,опериран е од логика и секогаш е некако неосновано оптимистички настроен.Можете да замислите кон што води тоа.
Мојот внатрешен глас одамна веќе не ја врши функцијата што треба, па сега има ново име:ПАРАНОЈА. и таа параноја, т.е. бифши внатрешен глас ми создаде мнооогу проблеми и дилеми изминатава година (некои од нив се уште ги имам) како резултат на кои се наоѓам денес во ситуацијата во која се наоѓам. Затоа се трудам веќе да не го слушам "внатрешниот глас" затоа што многу пати до сега се докажал дека не работи за мое добро. Единствена "добра" работа што ја имам од него е дека ми се разработи имагинацијата. Поради неа знам да си направам од една беззначајна ситница роман од три тома, и во зависност од располежение, со убав или тажен крај. Чудна работа е овој внатрешен глас, јас некогаш се сметав за вечити оптимист, а гласот едноставно ми покажа дека можеби чашата некогаш едноставне е полупразна.
Јас си го ставам на игнор тоа гласче кога не ми одговара што кажува се шалам ... јас се си мислам дека тоа е потсвесно дека од што за нешто многу милиме па триста работи низ главата ке ни поминат во врска со тоа ...
внатрешен глас е моето второ јас,секогаш го слушам тоа што е во мене и му верувам,во многу случаи ме излудува гласот во мене.....