1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Внатрешен глас

Дискусија во 'Психологија' започната од WildAngel, 30 март 2010.

  1. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    го имам го слушам и секогаш ама башш секогаш е во право :$
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас овој внатрешен глас би го кажала = потсвест = второто јас,моето внатрешно јас
    Искрено тој мој внатрешен глас го контролирам и го користам само кога ми е потребно.
    -Кога треба да одговориш (па што е попаметно,анализа на ситуација ако преќутиш и ако одговориш)
    -Донесување на одлуки
    -Во спортот, трагање по вистинскиот момент
    и уште многу други слични работи....
     
  3. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Од тој внатрешен глас од МРАВКА, СЛОН ке направам
    Зошто е секогаш негативен?А многу малку позитивен?
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Благодарение на тој внатрешен глас знам да распознавам многу луѓе и ситуации. И фала му на тој Глас што ме оттгрна од една “организација“ .. Очите ми ги отвори тој глас. Затоа секад си го слушам. ;)
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    го мразам и тоа многу,ме излудува во одредени ситуации !!! скоро секогаш е во право у пм
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Мојот внатрешен глас е секогаш присутен само да ме праша ЗОШТО ? Но ретко ме вади од непријатни ситуациии не го сакаммммм :devil: :devil: :devil:
     
  7. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    претежно си о слушам и скоро секоаш ми е во право :)
     
  8. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    мене тој глас често ми помага..на некој начин ми ги открива ситуациите во кои се наоѓам,односно она дека нешто ке се случи-најчесто лоша раб.
    :^)
     
  9. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Ааахх тој внатрешен глас многу знае да ме замара.. Ма што ме замара ме замара ама што е и крајен ПЕСИМИСТ -.-. Само најлошото го зборува, си мислам некогаш да му ставам лепак на уста да заќути. :^)
     
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Секогаш ме води и никогаш не се каам што сум го послушала
     
  11. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    ахх тој внатрешен глас.. некогаш го игнорирам кога не е во право но некогаш и го слушам..
     
  12. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Постои ли женска интуиција или се работи само за случајности? Дали ви се случило тоа што го претчувствувате да се оствари?
    Инспирирана бев од сторијата Кога една жена сака, таа знае.
    Лично верувам во женска интуиција, ми се случило многупати да имам пречувство кое подоцна се остварува. Некогаш овој внатрешен глас знае и да ме исплаши, особено кога се работи за моите блиски. Другарките веќе ме прогласија за видовита. :D
     
  13. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Женска интуиција

    Јас верувам во женска интуиција, бидејќи и самата сум многу интуитивна. :)
    И сфаќам на што мислиш, и јас ја прочитав таа приказна, бев воодушевена.

    Ми се случило да имам силно чувство за многу работи, без разлика дали биле поврзани со моето семејство или нешто што ми се случува лично мене.
    На пример, во мојата претходна врска почувствував дека нешто не е во ред со бившиот, односно дека се плетка со друга. Тоа е она чувство кога си претерано вознемирена за нешто, а не знаеш од каде потекнува тоа. Јас знаев дека е тој излезен вечерта и со кого - цела вечер срцето ми чукаше како лудо, како нешто да се случува, не можев да заспијам дури не си дојде дома и не ми се јави. И точно беше, се случувало. Не бил со тие што мислев, туку со една девојка - значи интуиција дека нешто не е во ред. Имало и други случаи, како на пример несреќа во семејството или некаква добивка, ама ова е најконкретен пример на кој се сеќавам многу јасно.

    Женската интуиција има чудна и неверојатна моќ. Некои жени се поинтуитивни од останатите.
    Јас сум рак во хороскоп, а на раковите мана им е преголемата емоционална природа и интуитивноста.

    Не би ја нарекла интуитивноста видовитост, бидејќи тоа е едно необјасниво чувство, кое да, можеби предвидува одредени настани или само навестува нешто што веќе се случува во истиот тој момент, а не што ќе се случи во иднината.
    Ова е мое мислење. :)
     
  14. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Женска интуиција

    Под услов да постои такво нешто,јас сум апсолутно убедена дека сум родена без интуиција.Значи или не постои или јас ја немам,трето нема. :)

    Сериозно,не верувам во такво нешто.Не би можела да кажам генерално,зашто сметам дека прашањето на интуиција е прашање на убедување.Некој си верува дека е интуитивен и точка,нема некој тест кој би го докажал спротивното.Тоа е тоа,човекот или жената си има интуиција и крај,мора да се помириме со тоа. ;)

    Да си кажам за себе,можеби постоеле некои претчувства,слепо насетување или фиксирање кон позитивниот исход од некакви прикриени суеверни причини,или пак напротив,скептични прогнози кои се потврдиле во реалноста,но интуиција,сепак е пресилен збор.Во многу други случаи пак имало изненадувања ,,гром од ведро небо"ситуации за кои појма сум немала,и каде уствари во тие моменти била мојата интуиција тогаш?На годишен одмор изгледа.Или ја има или ја нема,не можe кога сака таа да работи,кога сака да спие. :) Не...просто и едноставно не постои,жално и сурово,но вистинито.Но,верувам дека постојат знаци,видливи/потешко видливи или моментално невидливи и извесна потреба на човекот да се обиде да им даде некакво значење на тие знаци,за што морам да признаам дека јас сум ретко и слабо заинтересирана.Koга немам убедливи аргументи,факти,докази,релевантни индикации...немам ништо.
    Од тие причини,интуицијата е за мене само збор,макар била и женска. ;)
     
  15. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Имам внатрешен глас и знам да го контролирам. Односно самата себе да се контролирам. Секогаш кога ќе ми се случи нешто лошо, тој внаетрешен глас ми вели: „Не е крај на се. Се ќе биде добро. Се ќе помине.
    Јас само така се конролирам себеси и гласот. :D
    И секогаш чувствувам нешто пред да се случи, дурии... и можам да погодам што ќесе случи(да бидеме реални - тоа ретко ама сепак се случува)
    Нешто ми кажува внатре дека ќе биде нешто поинаку од тоа што е планирано да биде. На пример ако некое момче ме покани на вечера да ми понуди брак ( :D ) јас сигурно би почувствувала дека ќе се случи нешто неочекувано, некое изненадување.
    Ај доста толку оти цела книга ќе напишам :D
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Внатрешен глас, шесто сетило, женска интуиција,потсвест како сакате наречете го.
    Ако го пуштам на слободно може и те како да ја преувеличе ситуацијата.
    Често не го слушам но има моменти кога го слушам....Да речам еден вид на показател ми е тој... :)
     
  17. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Внатрешниот глас или шесто сетило по дефиниција е спознавање на стварноста не врз основа на разумот и искуството туку врз основа на интуицијата.Пример: во 200 дел од секундата кога ќе запознаете нова особа вие знаете дали е таа за вас или не. научно е докажано постоењето на интуицијата кај некои животни меѓу кои и влекачи и е точно поврзана со одреден дел од хипофизата. Има начини кај човекот да се избистри ова сетило, кое за жал поради преголем расудување и др. начини на мислење е кај голем број луѓе потиснато.Многу е корисно да се развие и слуша, тоа е она што инстиктот за преживување, среќа и предупредување ни го кажува. ОВА ГО ПРОЧИТАВ НА Google.mk бидејќи сакав да дознаам нешто повеќе, ме заинтригира темава . Сега ќе седнам и ќе истражувам. кисс
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Во право си, внатрешниот глас, наречен интуиција или шесто сетило, го има секој, но кај секого е различно нагласен.Можам да кажам јогата има особено големо влијание во однос на ова, а што всушност е и една од целите на јогата, покрај смирување ( всушност намалување на стресот кој е главен причинител на болестите), зголемување на концентрацијата по пат на медитација итн.Отприлика скоро секој знае како функционира интуицијата, како што кажа, не врз разумот и искуството, туку осознавање на нешта, кои се кријат, всушност е нешто што не поврзува сите.А истата дава прецизна и точна слика на нештата.Мислам дека од интуицијата потекнуваат многу работи за кои се води голема дебата, се истражува итн.А доколку истата биде пресилна, нема шанси човек да биде излажан, измамен итн., ќе знае што се крие зад сето тоа што му се претставува.И доколку сите би функционирале според неа, доколку егото се тргне настрана, тогаш сосем по друг би бил светот.Некаде е познато во јогата дека две нешта што функционираат кај човекот се интуицијата и егото, а затоа јогата постои, за да го тргне егото, секако по пат на вежби.Бидејки како може некои работи однапред да ги знаеме, а никој да не ни кажал за истите? Еве кај животните, како знаат предвреме кој човек ги сака, а кој не? По чувство, интуиција.Ништо друго.Би рекла дека е поврзана повеќе со епифизата, ( која во јогата, се вели дека го означува третото око или шесто сетило) отколку со хипофизата.Сосем е точно за тоа што го кажа дека е добро да се развие и слуша, бидејки предупредување, преживување, тоа и е функцијата.Така што, тоа е тоа што не поврзува сите, а егото и разумот, прават истата да биде малку активна, а би требало повеќе да се активни интуицијата и разумот, без егото.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Кој бе внатрешен глас? Слушна ли една самогласка, отиде комшилукот јабана.
    И после јас не сум се контролирала... хихи
     
  20. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Внатрешен глас на кој кога не му обрнувам внимание сите работи се остваруваат. Кога ми е навистина потребен и се концентрирам да го послушам, тогаш не се исполнува.
    Е, ајде де. Како да се погодиме? :D