1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Внатрешен глас

Дискусија во 'Психологија' започната од WildAngel, 30 март 2010.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    А јас му верувам на мојот внатрешен глас, многу пати не сум послушала и сум згрешила. Ме носи во правилна насока, зошто понекогаш и јас како и секој друг жив човек знам да забегам од реалноста. Сепак тоа е како нашата потсвест, зошто па да не веруваме на внатрешниот глас?
     
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Е тој внатрешен глас знае да ме излуди и да се појави во повеќе форми. Понекогаш е само потсвеста или интуицијата и се обидува да ме извлече од гадна ситуација и секогаш и верувам, ама понекогаш е и ѓаволчето што ми седи на рамото и ми зборува негативни работи. Е тогаш станува опасно настанува внатрешна кавга во мене, па дури и по некој шамар летне. Или ангелчето на другото рамо, знае да дојде и да ме теши. Тоа е тоа.
     
  3. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Прашањава велат:
    „ Дали знаете да го контролирате и да го уловите кога се јавува во вас?“
    „Колку тој може да ја преувеличи некоја ситуација во која се наоѓате?“


    Ги прочитав прашањава неколкупати и мислам дека не може да се дискутира исклучиво само за внатрешниот глас, затоа што ние луѓето понекогаш знаеме тоа шесто сетило таканаречено внатрешен глас да го помешаме со нашата потсвест и обратно.

    На првото прашање би одговорила дека не секогаш знам да го уловам кога се појавува, затоа што некогаш не знам или не сум сигурна дали тоа е тој внатрешен глас или само мојата гадна потсвест која многупати ме фрлила во бездната на депресијата и ме расплакувала. Е сега, кога веќе ја спомнав потсвеста, мислам дека таа секогаш може да биде контролирана само доколку самите одлучиме да ја контролираме. На ова се надоврзува и второто прашање дека потсвеста е таа која ги преувеличува работите и ситуациите (и затоа потребна е контрола), а не внатрешниот глас. Тој е тука со некоја причина, а таа причина ни останува на нас самите да ја откриеме. Дури и кога ќе почувствувам вистински дека тоа е мојот внатрешен глас, не се обидувам да го контролирам поради причината која штотуку ја наведов. И покрај тоа што границата помеѓу потсвеста и внатрешниот глас е тенка, верувам дека не е невозможно да го идентификуваме тој глас. Само треба вистински да го почувствуваме.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Секој нормален човек може да го слушне својот внатрешен глас. Не мора да значи секогаш дека тоа е совеста, совеста е чувство на морална одговорност, повеќе би рекла дека внатрешниот глас се нашите мисли кои некогаш, да, ги преувеличуваат некои ситуации односно очекувањата за можни последици од ситуациите, па предизвикуваат паника, страв, нервоза, несигурност. Знам да го контролирам и мора да научиме да го контролираме внатрешниот глас и ние да управуваме со него наместо тој со нас.
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.690
    Пол:
    Женски
    Некогаш го слушам да.Поготово пред да направам глупост некоја т.е дур се мислам.Мозокот ми вика ,,ајде бе ајде” ама нешто и од внатре вика ,,ај седи мирна не прави глупости” и после многу ,,горења” сфатив дека треба почесто да го слушам.
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Го слушам . Во моментов ми вели : " Земи секира , и убиј ги сите што те нервираат :devil: " . Секако , во вакви ситуации не го слушам :rofl: .
     
  7. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    секогаш кога го слушам внатрешниот глас сум во право :D
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Убаво ме советува, само во некои ситуации се правам наглува :)
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Мене пример кога ќе ми каже внатрешниот глас "немој" исто како да ми кажал "ајде можеш сега":devil:
     
  10. Shakira123

    Shakira123 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш го слушав гласот во мене кога треба нешто да направам бидејки и за најмала ситница ми вика ако не направиш тоа и тоа ке умре некој што го знаеш и така со години на крај испадна дека сум имала обсесивно компулсивно нарушување....
     
  11. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Ви се случило ли за некоја личност да имате внатрешен глас кој постојано ви вели "Тој е тој вистионскиот"?
    Се случи пред неколку месеци рандом скролав на фб и случајно најдов дечко на фб кој не го знаев претходно не знаев ни име ни презиме негово на фотографија го најдов и прва помисла беше Каде беше до сега?, не дека физички дечкото ми е ептен привлечен или нешто слично ама ме обзеде такво чуство потоа во наредните минути се сетив на сите моменти каде го имам сретнато на улица, во клуб и точно се сетив што беше облечен и се сеќавам на погледите кои ги упатуваше:| бев изненадена.
    По неколку месеци (после карантинот) го гледав постојано, секаде и решив да манам фолоу на инста веднаш прифати дури и лајк стави :mm: Поминаа месеци не сме се запознале лично и сеуште некој внатрешен глас ми вели надевај се на него, тој е тој и пак ќе речам не дека дечкото е нешто вау ама од тој момент до сега не може да ми се допадне никој и си создадов слика во глава дека е совршен,ако е вистинскиот каде е? Зошто не ми пиши или сл.
    Како да го потиснам овој внатрешен глас? Сакам да го игнорирам ме излудува
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Тој 'внатрешен глас' се вика интуиција.
    И не е магија, туку способност за дедукција базирана на искуства, желби и потреби.
     
    На hermosa, Humanka, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Внатрешниот глас т. е. интуицијата никогаш не ме излажала.
    Секогаш ја слушам... така ќе биде и понатаму. Колку и нелогично да изгледа понекогаш. :)
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    8.726
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум си го слушала и не сум се пишманила.