1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Внатрешен мир и спокој

Дискусија во 'Психологија' започната од iloveyou29, 30 август 2018.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Живееме во свет кој поради стресот, тешко е да се пронајде мирот. Нема нешто поубаво во животот од внатрешниот мир и спокој на душата.
    Секој може да има секакви материјални работи, но ако нема мир, животот ја губи смислата исто како што и материјалните работи ја губат својата вредност.

    3 важни правила за пронаоѓање на внатрешен мир : бидете во мир со самите себе, бидете во мир со другите и на крај бидете задоволни со тоа што го имате...

    Дали вие го пронајдовте вашиот мир? И ако да, кој е патот до него?
     
    На worrieddd, SV1911, M.B. и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Од психолошки аспект, накратко кажано, среќата претставува ментална состојба која манифестира благосостојба и истата се дефинира со позитивни емоции.

    Според ова би рекла дека и внатрешниот мир претставува еден вид на среќа кој главно потекнува од нашиот ум.

    Имено, мозокот има различни делови каде настануваат различни емоции (среќа, тага, страв, гнев), но и за различни видови на емоции.

    Исто така, овозможено од невроните, човечките умови имаат способност доброволно да ги контролираат различните области на мозокот. Така можеме да активираме или инактивираме различни емоциони центри по желба.

    Сметам дека оваа способност е главниот клуч за остварување на внатрешен мир кај мнозинството од луѓето - со тоа што умот се адаптира на одредени ситуации преку неактивирање на мозочната област за тага и притоа ја активира мозочната област за среќа.

    Од мој аспект како нихилист, би рекла дека рамнодушноста, односно апатијата на некој начин овозможува да постигнам некакво чувство на "мир" со тоа што веќе не ми е грижа за многу животни сегменти кои се ирелевантни за мене.

    Одредени луѓе сакаат да постигнат внатрешен мир за да избегаат или да се засолнат од суровата реалност во која живеат, не сакајќи истата да ја прифатат и да се соочат со неа, та подобро им е целиот живот да го поминаат живеејќи во лага и самокреирана илузија.

    Сепак, и не ги осудувам за тоа - самото човеково постоење претставува чувствување болка и страдање, како и среќа и радост во одредени моменти...
     
    На Pacifist, M.B., Scott Weiland и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Мир во себе се дешава тогаш кога ќе се откажеш од потрагата по него.
    Моментот кога ќе се одлучиш да не се ставаш себеси, другите и сите тековни настани во ред, во совршен ред,баш-баш,каков што мислеш дека треба да се воспостави(за ти да имаш мир)....е дури тогаш.
    Мирот ќе се поврати во себе , а се друго ќе остане нечујно. За по некое време, да погледнеш дека можеби ситуациите се исти, полоши, но ти живееш спокојно.

    Не за џабе рекле, мирот во себе го имаме, ние си го пореметуваме.
     
    На celineparis, Someonespecial, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Јас внатрешен спокој пронаоѓам делумно, во тоа што не очекувам ништо од никој, никому не правам што не сакам да ми прават мене, живеам како знам без грижа на совеста.
    Мислам дека предуслов за сопствен мир е да знаеш да се помириш со некои ствари, да ги прифатиш онакви какви што се, а понекогаш е страшно тешко.
    Пошто се доаѓа од главата.
    Во човекот е константен неред како производ на нашите мисли кои пак се директно поврзани со надворешни влијанија и случувања. Така да би рекла дека денес,во ваква стресна околина, постои привиден мир, се убедуваме дека сме добро а пукаме на ситница, се правиме божем имаме се во свои раце, а вржани ни се уствари.
    Кога сфатиш дека не се зависи од тебе, тешко да имаш мир константно, on long terms.
     
    На poenta, Pacifist, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @lovestonedd комплетно се сложувам со се што си напишала, од збор до збор :clap:

    Всушност, сметам дека и не е возможно некој некогаш да пронајде целосен внатрешен мир, туку тоа секогаш ќе биде делумно и привремено.

    Постојат толку луѓе на планетава кои не можат да ја видат големата слика, или едноставно не сакаат и поради тоа бегаат од реалноста, најчесто во нивната ментална состојба, која исто така може да се карактеризира со т.н. внатрешен мир, кога и самата таа особина може да биде само плод на илузија.

    Реалноста како состојба на она што всушност постои, наспроти идеалистичка или замислена идеја за неа, го вклучува она што постоело, постои или ќе постои.

    Многу луѓе мислат дека менталната состојба е различна, но не можат или не сакаат да разберат дека таа е составена во физичката состојба во која се наоѓаат и отсекогаш постоеле.

    Реалноста е сурова, најчесто неприфатлива за мнозинството и така, луѓето ја имаат таа иритантна навика да ја претворат реалноста во илузија, а илузијата во реалност.

    Но дури и при манифестацијата на таквата делузија, една мала доза на свест е присутна, свест која не може да биде прелажана од лаги и себеманипулирање.

    Поради тоа сметам дека во суштина никогаш нема на можеме да бидеме целосни, односно комплетни, прво со самите себеси и нашето место во универзумот, а потоа и со остатокот од светот кој не опкружува...

    bd42b3545ef40e68abb7c9e63bb6322a (2).jpg
     
    На Someonespecial, iloveyou29 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Одамна имам. Најлесен пат - не мисли и не размислувај.
     
    На Herrera, iloveyou29 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Можеш да сфатиш дека не зависи од тебе, да прифатиш и да имаш мир.. Се согласувам дека е тешко, бидејќи ни треба социјализација и сме дел од заедница (локална-глобална). И да не сакаш да знаеш нешто што би те растревожило, ќе дознаеш некогаш...

    Имам повремени појави на мир и спокој, кои си ги нарушувам, кога поради мои акции - кога поради туѓи.

    намасте.jpg
     
    На eta, iloveyou29, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    На анксиозните како мене многу им е тешко некогаш да најдат внатрешен мир :\ :sweat:
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    2.898
    Пол:
    Машки
    Треба да се биде задоволен, од се што се има, и ако..можеби нас ни изледа малце. Кој не го прави тоа, нема..никогаш да ужива, ни во големите нешта.
    Среќата е во малите нешта.
    А, ако си среќен, мислам ќе имаш и..мир и спокој.
    Правење добри дела и чиста совест, доаѓа до внатрешен мир, и спокој.
     
    На Pacifist и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  10. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.571
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1535713301177.jpg
    Кога ќе го научиме последниов чекор(одјеби) тогаш си го наогаме мироот и спокојот во душата.
    Кај мене почна да делува од неодамна кога почнав на дело да го практикувам(ОДЈЕБИ) И баш ми е фино без некои личности кои ми го реметеа мирот
     
    На joy1, Outlook, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Shmizla94

    Shmizla94 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Од кај мене сите ме гушат. Така да немам мир.
     
    На David.wp17 и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.053
    Допаѓања:
    76.054
    Пол:
    Женски
    Луксуз е ова.
    Чиста совест, избегнување непотребни драми и негатива, фокус кон убавите нешта и тоа е тоа.
     
    На Pacifist, SeaMermaid, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    11.092
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со @Briar Rose, не знам како звучи но апатија и индиферентност ради израснување на тој начин (не баш природа)

    Оперирам у некоја зона кај што ги стишувам непотребните/несаканите мисли и ги нагласувам тие што ги сматрам за позитивни.

    Порано бев тежок нихилист, но се косеше со доста идеи што ме мотивираат да постојам у кратки црти.

    "see no evil, hear no evil, speak no evil" максимот ми доаѓа на ум, ама тешко аплицира у општество каде што злото е насекаде, и е сива зона за дефинирање.

    Не би рекол дека практикувам медитација, но 10 минути мир и тишина сам со себе и прифаќање на мисли што идат, ме фокусира малку, колку што ми треба дневно..
     
    На theowndemon, Someonespecial, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.864
    Допаѓања:
    217.870
    Пол:
    Женски
    Мир со себе си на денешното време нема да можеме никогаш да најдеме бидејки сите наши стравови за живот и за нашите деца пред се се постојано тука во нас, грижење дали на крај од денот си постапил некаде правилно, дали правилно го гледаш своето дете, мааните наши, грешките низ животот особено купот од проблеми со кој се соочуваме секојдневно психички и физички нема никогаш да ни го дадат мирот во себе си во целост како што ние сакаме.
    За жал, животот е создаден да се живее со проблеми, тоа е и суштината на нашето постоење, живеј за да решиш еден проблем потоа доаѓа нов ..и се така додека го завршиме нашиот живот се соочуваме со тешки психо физчки падови кои што делумно ги завораваме а деломно засекогаш ги носиме со себе.

    Мирот и спокојот во самите нас е бесценет, да имаш мир дека си здрав, жив, дека децата се добри, дека имаш работа а со тоа и финансии дека имаш кров на глава поготово лично твој е супер, ама за жал 90 проценти од луѓето секодјневно се борат со предизвиците за подобро утре и борбата за живот
    Да така мирот го немаш, ама мораш да се потрудиш да го достигнеш делумно, да работиш на истиот и да го негуваш во себе.

    Мир.. што беше тоа.
    Јас лично ќе сум супер ако го постигнам делумно. Цел, знам дека нема да биде никогаш.

    Али мирот внатре во своја фамилија исполнет со приватност и хармонија ми е бесценет и сега за сега доволен ми е. Понатаму како е така е ќе се бориме.
     
    На Pacifist, poenta, iloveyou29 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Што мислиш, како би се чувствувале луѓето кога би можеле да излезат од сите негативности, од сите лоши емоции, од стресот, од тагата, од се што е наталожено во душата...што ли ќе ни остане??
     
  16. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Најголемиот луксуз во денешно време. :)
    Мислам дека после долго време конечно го чувствувам откако се збогував со луѓе кои ми го нарушуваат :)
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Прво што ми текна е мислата на Улпијан „Honeste vivere,alterum non laedere,suum cique tribuere“ односно „Чесно да се живее,на никого да не му се наштетува,на секој неговото да му се даде“.Јас мислам дека со оваа реченица е кажано многу.Внатрешниот мир и спокој извира пред се од нас самите,поточно од нашите дела.Внатрешниот мир и спокој ги пронаѓам кога навечер знам дека ми е чиста совеста,дека не сум му згрешила на никого (или ако сум згрешила,барем да си ја исправам грешката),кога знам дека сум праведна.Се разбира и покрај оние кои ги сакам.Оние кои знаат да ме насмеат и се секогаш со мене.Не,за внатрешниот мир и спокој не се потребни големи нешта,малите нешта ја прават среќата,од таму извира и мирот и спокојот,или обратно :D Може да ме усреќи кафе,книга,облека,љубовта,пеперутките низ стомак :inlove:
    Кога ќе направам добро дело :l:мислам дека поголем внатрешен мир и спокој не се постигнува поинаку.Срцето е полно,мирот и спокој се во мене.
    Имало ситуации кога сум имала проблеми,ама внатрешниот мир и спокој не сум ги губела.Едноставно тоа се бесценети чувства и не вреди на ситниот проблем да ги изгубам.
    Бидејќи сум верник,тогаш кога се молам,постигам навистина внатрешен мир и спокој.Едноставно се ми е во хармонија :D
    Зошто денес мирот и спокојот станаа луксуз? Затоашто светот е преоптеретен со материјалното.По секоја цена да се дојде до она што се сака.А на патот дека се прегазува некој друг? Е тука се губат тие чувства.Најискено не знам како живеат луѓето кои не успеваат да ги постигнат.Посебно оние кои краделе од народот,или убивале,или живеат покрај некој што не го сакаат.Како? Човечки е да ја имаш емоцијата.Ако не чувствуваш,тогаш веќе зборуваме за психопат.А и не е баш убаво да се будиш среде ноќ да скокаш од сон оти не си мирен,нели?
    Сметам дека секој има индивидуален начин да се доведе до состојба на мир и спокој.Иако според мене е невозможно да се исклучиш од заедницата,па како дел од неа чувствуваш она што го чувствува колективитетот,во оваа состојба на апатија не можеш секогаш да бидеш мирен и спокоен.
    Мислам дека одредени луѓе околу мене,во моментов се мирни и спокојни.Ги цитирам „немам пари,немам злато (текст од песна)...“ и извикуваат „имам срце :l:“ е тие сигурно се најмирни во моментов,и среќни.
    П.С.Со отстранување на токсичните луѓе од мојот живот...Толкав внатрешен мир и спокој се постигнува :D
     
    Последна измена: 2 септември 2018
    На Pacifist и mynameislove им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Се врати? :hug:

    Уште кај античките мислители е присутен заклучокот дека човекот не би уживал во задоволствата и тие за него би изгубиле смисла кога не би постоела лошата страна на животот. Колку држи вода тоа, може да се дебатира.

    Бадијала барате спокојство, хармонијата не прашува кога да настапи во нечие живеење. Коцките се поклопуваат и доаѓа таков период. Понекогаш помислувам дека не зависи ниту од самиот човек, туку едноставно се случува.
     
    На Outlook, iloveyou29 и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    Според јин јанг , доброто и лошото прават една целина. Како што во лошото сепак постои малку добро, така и во доброто постои лошо. Тие не постојат едно без друго.
    Така да човекот сепак не би можел без лошата страна, но да се трудиме да преовладува добрата.
     
    На Pacifist и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Никој не може да го пронајде својот мир, ниту може да го пронајде патот до него, затоа што животот е голем немир кој демнее од сите страни, од горе и доле, лево и десно...можеш да избегнеш "одејќи цик цак", но ќе те стрефи кога и да е..

    Велат дека силата на една душа се мери спрема нејзините страдања.....убаво кажано....тој што не страдал дали е бездушник?
    Страдав и барав мир, утеха, патека, па макар и прашнаво козјо патече, само да застанам и да окрепнам...незнам што ме чека секој миг...се е непредвидливо...

    Но, секој што сака да има мир во душа треба да научи да плива во секој немир, да се избори со сите високи бранови и олуи...а кога водата ќе преједе преку срце и дојде до вратот, нека плаче....нека плаче без страм...нека истече насобраното, нека ослободи простор.....само така....
     
    На Outlook, Herrera, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.