1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Внатрешна среќа

Дискусија во 'Психологија' започната од Dashing:), 21 март 2021.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ако е дупла темава или ако не развие дискусија, слободно клуч.

    Да ве прашам како да се постигне и дали е можно да се постигне, таа внатрешна среќа?! Сите работи кои што ме прават среќна, траат кратко.
    На пример, кога ќе си купам нешто, моментално ќе ме израдува, но после се навикнуваш на него и сеедно ти станува дека го имаш тоа нешто. Значи среќата е нешто што е минлива. На крај тоа што останува е тагата. Или можеби може да се постигне, но еве јас не успевам да ја постигнам. Што мислите вие? Дали сте среќни внатре или тажни? Дали среќата е привремена? Како до долготрајна среќа?
     
    На Brinetka, buba4e89, ForeverYoung и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.729
    Јас сум, генерално, среќна. Ме радуваат ситници како разговор со другарка, здрав оброк, пешачење, активност со децата, гледам редовно да ги правам и задоволна сум од себе. Не знам дали е ова среќа или само позитивно размислување, ама убаво ми е.

    Нормално, не е тоа 24/7, има и цели периоди кога ме тишти некој проблем, ама поголемиот дел од времето навистина сум среќна.
     
    На Izaabella, thelittle17, bicycle и 7 други им се допаѓа ова.
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Да убаво пиша среќата е нешто минливо, тоа значи и тагата е исто така минлива :) Наместо "постигнување" на внатрешна среќа според мене подобро човек да работи и да се потпира на својот внатрешен мир :) така ќе имаме постабилна ментална состојба и нашите емоции побрзо ќе се регулираат. Јас можам да бидам тажна но центарот на мојот внатрешен мир да не се помери, е сега ако имам внатрешен немир тогаш не тага... целиот свет ми е нопаку...Особено страшно е што има луѓе кои така живеат со вечен внатрешен немир, тие не знаат ни за мирен сон.. Да не забегам мнг, среќата е мнг убава работа и стварно уживам и го ценам секој радосен момент, но поубаво ми е кога фокусот ми е насочен кон стабилизирање и (скоро) секојдневно проверување и регулирање на внатрешниот (не)мир за кога ќе нема мнг среќни моменти да можам да се потпрам на себеси и другите да можат на мене...
     
    На buba4e89, Dashing:), Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.103
    Допаѓања:
    164.651
    Да не мешаш радост и среќа случајно?
    Како што пишале, мир или хармонија со себе е она што би можело да биде постојано и кон кое би требало да се стремиме. Мислам дека краткотрајните задоволства се инстантни стимуланси ама не се рецепт за среќа.
    Ако зборуваме за долготрајно чувство, не мислам дека било кое е долготрајно, трае онолку колку што мислиш на чувството. А ми се чини дека за тага е потребна причина, среќата не се состои од причини. Одговори си на прашањето зошто си тажна, и дали баш е тоа чувство на тага, или нешто друго- незадоволство на пример.
    ...И пошто барав дефиниција за среќа, која ете, не умеам да ја составам сама, ова е нешто најблиску до моето разбирање
    [​IMG]
     
    На thelittle17, pikabu5, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Мислам дека луѓето ги мешаат поимите среќа и радост/задоволство.
    За мене среќата е долготрајна состојба, и можам да кажам дека сум генерално среќна личност. Материјалните работи можат да ме израдуваат или да ми донесат задоволство, кое е сепак минливо.

    Среќата за мене е во љубовта, во драгите луѓе околу мене, во мирот и спокојот, мирната совест, во способноста да ја согледам убавината и во навидум незначајните и секојдневни нешта.
    Среќата ја носам со себе, бидејќи сум способна да чувствувам и да им се препуштам на емоциите.
     
    На thelittle17, pikabu5, Peperutce1115 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    E мнг едноставно и убавно кажано @prominent особено последната реченица :sun:
    Баш тоа мислев кога погоре пишав внатрешен мир..Мирната совест = внатрешен мир за мене :)
     
    На thelittle17, MarianaBT, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со @prominent. Порано иако не ми било се идеално, сум се соочувала со секакви предизвици, дали професионално или во љубовта, во себе го имав тој внатрешен мир, спокој, никогаш не сум рекла дека не сум среќна, напротив и покрај се сум била полна со енергија, со живот да продолжам напред, да се борам, да успеам, душата ми била спокојна. Но не знам кога се случи овој пресврт кај мене, само знам дека долго време веќе не чуствувам дека сум среќна, не чуствувам ништо, дури не ни размислувам за работи кои би ме направиле среќна, никогаш не сум помислувала дека ќе кажам не сум среќна.
     
    На buba4e89, Dominik, Arjanit2021 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    Задоволство и радост се минливи работи,кога ќе го добиеме тоа што сме сакале не прави среќни.
    Особено кога се работи за материјални работи.

    Додека се работи за некој човек тогаш ја осеќаме правата внатрешна среќа која не е минлива.
    Секој има некој кој му се јавува таа внатрешна среќа кога ќе се види,слушне со таа личност.
    Ќе ја ископирам членката погоре:
    Среќен сум што душата ми е чиста,и совеста мирна.
    Тоа не е минливо се до судениот ден.
    Среќен сум што имам другари,роднини,пријатели и луѓе што ме прават среќен.

    Задоволството и радоста што ме прават минливо среќен ги купувам со минливи работи или пари(ако ги имам се разбира:D)
     
    На Snowflake97, Peperutce1115, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    "'Среќата е глагол" .
    Нејзиното одржување е активен прицес и се заснова на долготраен труд, работа. Кога е сведена на материјални достигнувања, таа е краткотрајна.
    Среќата доаѓа од нашето задоволство при исполнување на цели и очекувањата.
    Толку малку е потребно да бидеме среќни, а понекогаш тоа малку ни изгледа толку многу.
    Ние ги комплицираме работите и сме несреќни.
    Го критикуваме живото на другите, а забораваме на својот.
    Ги сакаме луѓето кои не игнорираат, а забораваме на они кои се би направиле за нас.
    Се облекуваме со скапи работи, а душата ни е празна.
    Не се храниме со добра книга и добри дела.
    Станавме нација која се смее само кога се фотографира
     
    На Dashing:), thelittle17, prominent и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Внатрешната среќа не се постигнува со купување нешто што го посакуваме, тоа е само моментално чувство на задоволство и радост.
    Таа внатрешна среќа се постигнува со многу за нас луѓето едноставни работи на коишто не им даваме никакво значење, а се толку големи за да бидеме среќни.

    Ете со целиот пост на @prominent се согласувам и да не го пишувам истото, тоа е тоа што е вистинска среќа.

    Како созревав низ годините и сите удари што ги добивав од животот бев и сум сеуште благодарна на тоа, тие ме научија многу работи, можеби не сум постојано среќна, ама душата ми е постојано мирна и тоа ме прави среќна.
    Среќна сум затоа што ова утро повторно сум ги отворила очите, што сум жива и сум се разбудила.
    Еден ден ќе дојде крајот на нашиот живот, ќе ни се затворат очите засекогаш, па затоа е банално да бараме среќа во едно парче облека, кога тој дар што сме живи и здрави не го цениме воопшто.
     
    На eliesaab, Dashing:), thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.