Во Бисер, еве и сличе. Имаа порано и кај МВР, ама ја затворија. Сигурно имало и на други локации, оваа знам дека остана. P. S. Денес и во мазник ја тестирав, перверзии. Не ја рекламирам Трница ама нема да ми се слоши ако пуштат канта овчо сирење за муабетов
Фала женски...со првото дете почнав на 4 месеци по препорака од педијатар бидејќи беше на комбинација од молзено и АД...со второто убаво тргна доењето и супер напредува така да ќе почекам и јас до кај 5 и пол месеци па ќе почнам со пробување вкусови. Најверојатно по два дена ќе биди пробувањето.
Бавно но сигурно за едно две недели ќе почнеме со вкусови! јас ко прв пат мами имам милион прашалници? Вака, имам неколку вида овошје и зеленчук замрзнато, имам нутри Булент и блендер на Делимано. Сакам да купам готвач на пареа тефлон од сетек (дали некоја мама го има и како е задоволна?). Или секоја друга препорака добро би ми дошла
Јас го имам овој готвач на пареа, максимално ми е искористен, редам се што треба, вклучувам и си бркам работа по дома. Сам се гаси на тајмер.
Тие што имаат интолеранција на млечни? Како се манифестира? Дали и вечерните готови млечни кашички сметаат?
Зависи дали интолеранција или алергија. И тие сметаат и за двете затоа што се со АД млеко, а во него има кравји протеини.
Обравчињата му се зацрвенија на синко. Па се мислам од што може да е. Деновиве јогурт дадовме. А до сега не сум приметила нешто на ноќните млечни кашички.
Интолеранција не е дефинитивно. А алергија ако е ќе биде повеќе околу устата нафрлен, не баш на образите. Почекај некое време, неколку дена и дај пак, да видиш дали има некоја поврзаност. Не давај и ноќни каши со млеко во меѓувреме.
Како да го научам да јаде? Мљацка со јазикот ама го мести за цицање и храната му искача нанадвор. Пика раце у уста, си ги лиже, слатко му е, ко да сфаќа дека е храна ама ја пречекува како цице. И поише иде нанадвор. Сам ќе си сфати? Или како да му помогнам? Сабајле и јас јадев и пиев барабар до него ама мал е да имитира до толку. 5ипол месеци е.
 не можев да издржамме изнасмеа. Секој ден пробувај исто и ти земи си јади со него. Јас така правев и немав мака со ќерка
@TeddyGrey упорност, живци,смиреност и без нервози. Ќе трае таа фаза може и месец. Еве го месец и пол скоро откако почнавме со цврста храна секој ден се повеќе учи, кога сите јадат и тој ја отвора устата
Јас и пред други некогаш се заборавам дека мљацкам, пошто така јадеме со бебка . На почетокот мислам ме гледаше во уста и исто правеше, додуша накај 6 - 6 ипол месеци беше тоа.
Мајки, да прашам за дохрана, се уште се мислам кој начин, ама видов Нутри на попуст, а стариот ми се скрши чашата, кашите ги правете во нив или друго да земам, не знам кое беше го мислев, ама да, Булетот да не ги водни многу или? Ај просветлете ме оти се сум заборавила. И дали некоја го храни бебето со принципот BLW?
Рачен блендер земиси,зашто на почеток секако количински се прави малце а во нутрито ќе ти се разлета ноз цела чашка. Плус полесно е за одржување.
На првава и блендирав скоро до 2 години не прифаќаше парчиња. На малава од старт и пасирав а веќе на 7-8 месеци јадеше парчиња,ја гледаше сестра викаше"како даде сакам" за неа воопшто не упоребив блендер. И јас мислам рачен да си земеш ако планираш да даваш блендирано.