Ако може помош да не ги шетам сите маркети, дм нема во мојот град. Во Кам, Тинекс може да ги најдам овие работи? За палента и гриз знам дека ќе има, ама амарант, киноа, просо?
По колку ви јадат отприлика? Ние сме 6++ и јаде отприлика 50-80гр уште сме на пробување вкусови за неколку дена ќе треба оброк да и воведам ама како да не ми е спремна
Амарант од дм земав, таму има и просо и киноа додуша ама од веро ги земав јас тие. Тинекс сигурно има по нешто, за Кам само палента и гриз сум видела мислам дека. Во секој случај земи една две работи, па кога ќе им дојде ред на другиве житарки тогаш ќе доземеш од тие.
Ќе ставаш по 2, па во тегличка за следен ден. Бидејќи е свежо, ништо не му е до следен ден да стои во фрижидер. Јас и ручек сум чувала за следен ден. Ќерката никогаш не изеде повеќе од 70г, синот на 6ипол веќе јадеше по 200гр. Секое дете приказна за себе. Битно нуди и, колку јаде толку.
Дали треба просово од вечер да го ставам да се кисне и во кој сооднос се вари? Со што да го комбинирам предлог и дали да го изблендирам или нема проблем? 6++ сме прв пат ќе пробува.
Кисело млеко Алпско 4 млечна маст ок ли е да давам, 7 месеци бебе? И повторно да прашам бидејќи претходно не добив одговор урдара на Хомоље по отварање како ја чувате и дали ја давате директ од амбалажа или ја спремате некако? Фала ви однапред за одговор
За урдата на Хомоље ... давам директ од амбалажа, не ја претурам во друг сад. Ама давам 2-3 дена по отварање. После тоа ние ја дојадуваме, за бебе земам нова.
Јас прво дадов павлака со палента ама не ја сака. Следно ќе пробам кисело млеко и урда. Педијатар тоа ми рече дека може само да е со поголема масленост. Исто ми кажа и несолено сирење, моцарела можело, но не знам солена ли е или не ама штом ми ја предложи ќе пробам.
Мила јас вака правам: да, го оставам цела вечер да се кисне, сабајле ја истурам таа вода и ставам нова. Сооднос ми е една голема лажица просо со две чаши вода отприлика. Откако ќе го сварам го блендирам со сите работи заедно. До сега го давав и со овошје и со зеленчук, но во поголем случај со овошје. Во принцип еден ден зеленчук давав со ориз, еден ден овошје со просо (така комбинирав). Го давав во мешавина со банана, јаболко,крушка, тиквички, батат, морков…
Фала на сите за одговорите, од Биокосмос зедов на кило амарант, просо, хељда, киноа. Дали сите треба да киснат одвечер или некое може да се свари неоткиснато? И дали сите се варат во сооднос 1 : 3?
Мајки, што давате замена за бисквита? Докторката ни е стара школа, за млечна каша предлага јогурт/адаптирано млеко + мелена плазма.
Ima biskviti kako Hipp, Lo Bello i slicno, kao podobri se za bebinja. Ama ne sun sigurna i tie moze da sodrzat sekjeri. Vo sekoj slucaj, podobri od plazma. P.S. Ne znam zaso mora bas toa za vecera. Konsultiraj i drug pedijatar, pa i drugarki vidi sto davaat. Sekoja vecer isto toa da jade, ke mu zboktisa i na bebe Maslinovo ladno cedeno.
Пак јас. Значи, 6 месеци е бебето, за појадок почнав да давам палента + овошје (ама се снабдив и со други безглутенски житарки за да не биде само палента), за ручек зеленчук (ми кажа докторката дека и во ручекот треба некое жито или компир), а за вечера што да давам? Дали може адаптирано млеко/домашно козјо со житарка? И во кој сооднос? Сега засега, палента, амарант, просо, киноа, хељда и да ги менувам да не биде во сите три оброци истата култура... Знам дека ќе ми кажете дека многу бебиња од 6 почнуваат вкусови, ама ние почнавме од 4,5 месеци и од почеток цело тегле јадеше, последнава недела забележувам дека втор оброк и тоа како е потребен, а веројатно и трет, бидејќи навечер многу се разбудува.
Види овде идеи за оброците: https://forum.femina.mk/threads/Денешното-мени-за-бебиња-до-1-година.13791/ Не знам како да ја прикачам темата без копи ама има за секој оброк од членки идеи, јас давам вечера околу 19:00 и млеко 21:00-21:30. Житарка со овошје или зеленчук комбинација, за ручек мислам можеш и месо да дадеш веќе да проба јас дадов на 6 месеци и една или две недели. Не те разбрав само околу делот домашно козјо, ако мислиш на млеко мислам дека е премало за да даваш било какво освен ад.