Пола жители на Иран се радуваат на ова, и навиваат за Израел и Америка, сакаат да бидат ослободени од иранскиот режим. Мнооогу такви коментари читав од ирански жители.
Да де, пошто ова е за слобода на иранските жени, само во нив им е паметот Авганистанските ги ослободија, сиријските исто...
Што излезе сега, фајловите на Епстин беа уцена на Израел кон САД или чисто покажување моќ пред да почнат да си ги мерат чиј е подолг? Честито излив на мигранти во цела Европа, Господ напомош на сите. Стварно жално ако некој мисли дека ова е некаква помош на иранскиот народ. Педофили и канибали ќе спасувале невин народ, нема грешка.
Уцена кон некој конкретен де, државата , која и да е, не оди по к...ви Ко бев дете, во 80ти, верував дека Садам е лошиот, така кажаа на телевизија. Well, не сум веќе дете.
Убиени се 85 деца, сите девојчиња во женско училиште во Иран при напад на воздушните сили на Израел.. Абе мрднати едни, до децата дојдовте ни криви ни должни..
Зошто никој сега не вели „пропаганда е, немало напад на школо и убиство на деца“?Зошто хистерично не објаснувате дека е пропаганда? Некако премногу верба имате во држави што живеат по шеријат, и што го убиваат својот народ, дури чудно. Да, Иран навистина убил свои граѓани на протестите и тоа како еден град беше бројката. Колку и да не се во право САД, држат лекции што значи да се биде светска сила. Да отидеш на друг дел од светот, да нападнеш, со ич жртви или со минимална бројка, експресно да оствариш цели дури да трепнеш. Русија стандард како што ги пушти по вода Ерменија, Венецуела, и сега се јави попладне со 3 реченици во кои не се кажува ич ништо. Поука, битно е да имаш моќен сојузник, но и да јакнеш воено и во сите други сегменти, не да тврдиш дека некој ти е сојузник или не дај боже да се врзеш со бетер од себе. И каде ви се хистериите дека ќе ви поскапи нафтата? Каде се хистерии од типот „беа предупредени, зошто не се откажаа од нуклеарната програма, па знаеме каков е тој режим....“ Зошто тоа го нема? Зошто не им фаќате сеир на Иранците како на Украинците? Што ви помогнаа Иранците досега сакам да знам, за Украинците знам. И сомнителни се сите тие симпатии на Македонците кон исламистички режими. Кај се Турците на пример да се јават со реакција? И кога ќе кажете гинеле жени и деца, како да мажи е дозволено да гинат без причина. И како тоа е спорно Украинец да протестира против корумпираниот Јанукович, и демек си го барал, а како не ви е спорно што Иранците 100 пати се опоменати за нуклеарното, рок од 10 дена им се даде за договор, еднаш веќе САД ги нападна постројките? Како едните не смеат, а другите смеат. И што е со тоа „Смрт за Америка, смрт за Израел“? Како смеат и не ви е спорно? Нели на посилни требаше да им се молчи и се да биде по нивно? Абе полни сте со двојни аршини, само многу вртите на промуџарското. И ете ти ги муџарките денес, пак повикаа сите исламски нации да го ништат Израел, на света војна повикаа. Како тоа ви е нормално? Ќе ништеле една нација? Абе племе. Да сфатеа дека никој никого не смее да треби на оваа планета, немаше ова да им се случи. И прво нели сфаќаат дека Израел ги мава со шамари што е 10 пати помалку броен од нив? Само џихадист може да поддржи џихад. Каде ви се тие жалопојки за економија, сиромашни, вода во очи немаат и слично?
Додуша какви споредби правам, зошто па јас како Македонка коментирам што Иранци се дереле „Смрт за Америка“, кога Македонците во 1999 години исто во толпа запалија американска амбасада и каменуваа неколку други, и германската, а денес од Германија леб јадат истите. Имаше хистерии за Азов, кај ви се сега хистериите за Хезболах и слични групи што Иран ги финансира или некако како полични се овие Хезболах со ножеви и пиштоли кога ќе пафтаат како диви? На антички Македонци да не ви личат тие? Иран не е невин по никој основ, а САД се велесила и нормално ќе ги решат за да си ја зацврстат позицијата во светот, да покажат дека се неприкосновени, независно дали е тоа ок или не етички. Користат позиција да ги земат, тоест веќе ги земаа под закрила сите сојузници на Русија, тие што им требаат де, а овие другите сојузници на Русија, малку ќе ги истепаат и ќе докажат, тоест докажаа дека сојузот со Русија е три празни реченици со 10 часа доцнење. И да, не сакам поскапувања заради џихад племиња што повикуваат верски да се тепаат. Вие може сакате да трпите такви, Америка е во позиција да не ги трпи да се закануваат.