Сега јавуваат за жртви, значи и Иран испотепа невини луѓе по другите земји на Блиски Исток во нападите. Колку што Иран има жртви, и другите имаат толку. Видов жена од жолта раса на аеродром во Дубаи со крваво лице. Ако е вистина за школото, да речеме дека навистина има 80 загинати девојчиња, тие не се цел, тие се колатерална штета. Може имало нешто витално, воена цел во близина или од самото соборување на ракета, делови да предизвикале пожар. Што е поарен македонскиот менталитет од тој на затуцаните Иранци и на ајатолахот што тврдел дека жените се како овци и крави? Мицко сакаше да воведе данок на неженети и намажени, тоест со тоа жените се сведуваат на крави што мораат да имаат стопан, некој да ги земе како на сточен пазар и да се репродуцираат, оти жена без дете е неподобна. Изјавата на Димитриеска - Кочоска кон Славјанка за деца не е нешто налик на тие затуцани ставови како во исламски и шеријатски земји? Секој ден билтенот е полн за пријави од жени што биле тепани како магарици од мажите. Ако Сиријците, Либанците, Иранците ви се идоли, бујрум, иселете се таму и никако назад во цивилизација. Гледав на ХРТ се доселиле брачен пар од Иран, па учеле хрватски, бегале од режимот. Сум против тоа, ако им е лошо во Иран, нека бараат чаре во некоја муслиманска земја, а не се доселуваат по католичките земји и потоа тоа гостопримство ќе биде злоупотребено, и да не биде злоупотребено, на Хратска и требаат Хрвати, не Иранци и слични.
Дека е изгуби Иран тоа е повеќе од очигледно. Реално ништо не ни менува. Во понеделник ќе скокне цената на нафтата. Ќе биде со наслов дека е поради војната но како што знаат економските експерти нафтата ќе скокнеше и да немаше војна сите го прогнозираат тоа. Така да народно кажано вук појао магарца...
Se e za Nafta za interes za zal,tamu si ziveat apord verata koja si ja praktikuvaat,a sto imalo ekstemisti tie se izoliran slucaj!
Иранците ги патосираа САД и Израел за два дена, им уништија еден куп воени бази, срушија неколку авиони, бродови...
Незнам што е со напаѓањево на македонци од твоја страна па макар и било кој и да е.Истата прича во секоја тема. И патем ајде тебе нека те бомбардираат и ти биди колатерална штета ако толку е тоа небитно и едноставно. Факт е дека во војна гинат и невини. Но секој паметен ќе сфати дека терористички се однесува и САД. Нема победник и нема добра страна во оваа војна.
Tрамп им кажа дека ако убиваат демонстранти ќе ги удри таму каде боли, не знам дали точно спомна ликвидации. Значи им кажа. Зошто убиваа демонстранти иранските власти? И јас може да бидам колатерална штета, и што? Секој може да биде. Некогаш на форумов се чудам кога луѓето пишуваат „јас да одам во војска, јас ли да гинам“? А што си ти, јас, некој? Исус? Бог? Сите ќе умреме еден ден.
Да се разбереме. Не поддржвам никаква политика ни на Иран ни на Ирак ни на Авганистан и слично. Не е во ред нивниот режим према граѓаните. Ама зарем САД нема доволно проблеми со нивните педофили убијци од највисоки елитни загарантирани места, злобни работи се правеле од 80те се до 2019та,сигурно е истата прича и сега. Зарем малку имаат наркомани,бездомници,убијци ? Па сега исправаат криви дрини во знакот на слободата? Да не се правиме слепи.
Уште пред демонстрантите им се закануваа Америте со напад, потоа им ги организираа насилните протести за да ги користат како алиби а сега веќе не ги ни споменуваат. Прашање е и колку имало загинати на тие протести и дали воопшто биле толку колку што ги кажуваат.
Ич САД да не е во право, предупредени се. САД е прва сила во свет. Не им се закани Македонија, им се закани САД. Зошто се закануваа Иранците кон САД? Зошто маса луѓе, каде нема игла каде да фрлиш, мавтаа со раце и викаа „Смрт за Америка“. Треба да пазиш кому се закануваш, ни на слаб не се заканувај, не на прва сила во светот. И што бегате од темата дека Македонци за српски интерес запалија американска амбасада, и ги каменуваа германската, британската, и француската? Тоа е вистината. Друг да направеше така, ќе го сотреа експресно. Тоа значи објавуваш војна со првата слика во светот, и трите најмоќни во Европа. Доста глумење невиност, поарни сме демек, невини сме. Зошто САД не ја нападнат Шпанија, Франција, или некоја друга средена држава? Не напаѓаат нормални држави. @Bratot Иран има протести не само сега, можеби 3 години наназад.
Аха еве ја гледаме за два дена незнаат главата кај им е од гомната во кои се напикаа, ама буквално. „Морнарите не сакаат да умрат за Израел“ – дали екипажот на американски воен брод намерно ги затнувал одводите?
Па реално имаа проблем со канализацијата и самите го објавија тоа, а најверојатно причината е оваа така да тоа е тоа. Инаку првата сила моментално пуздер ја прават Иранците.
Ни предупредувањето не ја оправдува постапката која е кршење на меѓународното право. Меѓународното право забранува гаѓање на одредени објекти и одземање на животи. Се залага за дипломатски пристапи. САД не ги боли увото за луѓето таму, туку за нафтата и нуклеарната програма. Две нешта што сакаат да ги земат за они да бидат владетели и контролори. Израел сè повеќе заличува на Хитлерова Германија. Како и Иран, така и они се зло. Добри и разумни луѓе седнуваат на маса и се договораат како да ги споделат ресурсите кога ќе стане потребно. Па и Израел и САД и да не сакаа да бидат добри, можеа да одберат начини за отстранување на ајатолахот без да има цивилни жртви или барем тоа да не бидат мали деца.
Јасно ти e дека е ова игранка на Трамп, без одобрение на амерички конгрес? Јасно ти е дека е противзаконски и според амерички закон? Требаше Данска да ја нападне де, ама се сменија приоритетите
Едно време еден кепец порано низ историјата рекол "Ако ја губиш власта, објави војна на друго место". Паметен бил и со гигантски мадиња.
Мнозинството Американци се против инвазијата над Иран. Многу се занесува Трамп. Буш 2 направи што направи со Ирак, ама барем неговата администрација ја претставилe работата така што добиле мнозинска поддршка. Трамп отиде контра волјата на својот народ. Ако си толку компромитиран (фајловите), што се кандидираш? Оти сигурно знаеле уште во 2000-те дека Епстин шпионирал и снимал и затоа отвориле истрага против него тогаш, а овој Трамп му се налутил во истиот период.
На Тв вечерва на дебата читаа како функционира Иран и дека е сосема ок маж да има секс со дете кое наполнило 9 години. Дури ги нарекоа држава што поддржува педофилија. Ќе ги ограбеле, за нафтата им било, ко да САД нема нафта. И кога ќе зборите за ограбрување, сетете се дека и кумановци ги ограбија Американците со по 200.000 долари по лице, за измислени дијагнози што не постојат. Ќе ги ограбеле, а твоите сонародници веќе ги ограбија оние што демек ќе ограбеле. Доста со тоа глумење чесност. Крајно, ако Русија смее да краде ресурси, а на вас тоа ви е ок, зошто САД кои се помоќни од Русија не би го правеле истото? За да се допаднат на луѓето од форумов? Значи правилата во светот веќе не важат, па на конгрес да поминело, а дозволен секс со деца каде помина, на кој Конгрес, во ОН да не помина?
Среќа па дојде Трамп да ги спаси од педофилија Ти цело време поддржуваш правило на џунглата. Арно шо нападнале, посилни биле. И тебе така да ти дојде некој посилен да те нападне, у реду е по твојата логика. Чисто логично. Темава е конфликт меѓу Израел и Иран. Во случајов Трамп е пудлицата на Израел. Какви и да се, ниеден амерички претседател досега не бил толку насанкан ниту луд, да го нападне Иран. Или толку паметен и миротворец. Времето ќе покаже. Тебе секако не ти е гајле ни за инфлација ни за бутур, бензин у двор ти извира и сама си произведуваш храна.