Режимот у Иран е донесен од западњаците ради страв од комунистичка револуција, ама никој не се сеќава на ова исто како што во Авганистан западот ги обучи и финансираше религиозните фанатици Талибанците против демократски избраните авганистански комунисти. Среќа шо го извадиле ураниумот иначе отиде цел близок исток во воздух денеска, Трамп со мурика може комотно да се самораспуштат овој бетер од забајдениот излезе Излезот и решението веќе е мистерија
Јас сосема не се согласувам со радикалниот ислам што владее во Иран (за во Палестина не знам дали е исто, но претпоставувам и тие се порадикални), ниту тоа што го прават по Европа.. но дали стварно е океј геноцид да им се врши на тие нации? Прво викате жените немаат никакви права, девојчиња ги мажат на 9 години, после сте сосема океј со фактот тие жени и девојчиња да ги убијат, да изгинат во руини? Стварно не сфаќам. Барем не бидете дволични дека ви е жал за тие жени и деца, just for the sake of the argument. Да не заборавиме кој го направи најголемиот хаос на блискиот исток. Моментално САД и Израел се исто така терористи, бидејќи убиваат луѓе. Или терорист сепак има само една религија?
Не само во Иран, туку во цел тој регион населен со муслимани се ширело социјалистичко расположение во 20. век, па западните капиталисти инсталирале исламистички идеологии на власт за преку нив да ја задржат контролата. Јас тоа добро го знам, а не се сеќавам затоа што не бев родена. Трамп не го поддржував на последните избори.
Овде не разговараме за права на жени.. туку за нешто сосема поголемо.. Светов замина во погрешна насока.. многу сме блиску до голема војна..
Значи немаат вина муслиманскиве радикали?! Само западњациве се виновни?! Како некој од нашиве не се збута со кола во толпа фрустриран што сме цел живот нечиј пион па морале да емигрираат. Не барајте оправдувања. Овој конфликт трае предолго за да е поради нафта или не знам што. Милитантните исламски режими секаде треба да се срушат. И ќе се срушат. И за крај не можеш да инсталираш радикален исламски режим ако истиот нема голема подршка во населението, ниту да создадеш инстант радикалец.
Само западњаците се виновни да Ај да се повторам Режимот у Иран е донесен од западњаците ради страв од комунистичка револуција, ама никој не се сеќава на ова исто како што во Авганистан западот ги обучи и финансираше религиозните фанатици Талибанците против демократски избраните авганистански комунисти. Не не е за нафта за диверзија од колапс на доларот е а и за нафта малку најдов видео несакајќи ко ја да сум го кажал ова
Држава шо дава пари на терористи, шо не му дава права и слобода на својот народ, шо убива жени заради една мочана шамија --- не треба да има нуклеарни центри. Арно направи портокаловиот со бомбардирањето. Спречи многу поголема лошотија.
Епа не се. Режимот во Иран има силна подршка од народот. Тие опозиција немаат, се ложат на патриотизам и националистичка реторика со идиотиве на власт. Јас се сеќавам на Авганистан бидејќи доста пратев и читав. Стварно мислиш дека толку лесно во Авганистан ги направија талибанците само со пари? Не беше во Авганистан преку ноќ. Авганистанците беа многу религиозни но скришно дома. Јас би рекла дека секуларноста им беше лажна и наметната од русите, а тие цело време беа ислмистички радикали кои беа скриени.
А кој им ја отвори вратата на Европа најшироко што може? Зошто европските метрополи веќе не личат воопшто на тоа што биле пред 20 години? Кој го донесе блискиот исток во Европа и зошто?
Од кои причини Асад не им чинеше, па отиде Бербок да се поздрави со сама себе во Сирија пред некој месец Косми? Кој дојде на власт и со кого се сликаа ? ( или ги изблурираа на сликите, не памтам веќе точно од што беше смешно)
Ако некој те покани кај него дома, не значи дека треба да му ја изедеш софата или да му ги сокршиш омилените филџани. Ама таков им е на нив менталитетот. Иначе да, криви се и овие шо ги пуштија, допрва ќе ги гледаме последиците од тоа.
Славје тука (а и на сите западни медиуми) имаше за Сирија како се "ослободила" од Асад. За што? За да го стават главниот милитант од Исис. Од тогаш масакрираа над 10 000 христијани, силуваа жени, колеа деца, од Алавитите. Денес им влегоа во црква, изрешетаа над 10 души, и ја дигнаа во воздух после тоа. Секако, за тоа мамара е, и никој не го спомнува, ниту на форум, ниту на СНН. Ама битно режимот во Иран не чини и треба сите да се убијат таму. Тоа што и Израел се исто доста радикални кон жените, на пример жена не смее да се разведе од маж, ако тој не и допушти, и многу други примери. Никому ништо. Бројте колку се со бурки, а колку без. Споредете со Ист Гејт Лицемерие е да се бара инсталација на "права и демократија" од земји што се против западот, а тие што се "за", да се преќутува. Ако ви е толку до правата... Почнете од нашиот двор прво. И не. Иран не се Арапи, Персијци се.
Кога веќе знаеш што може да се очекува од тој што го каниш дома, логично би било воопшто да не го каниш со цел да се заштитиш тебе и твоите.
Да беше важен зборот на народот, верувам дека никој немаше да им отвори врата. Ама лидерите не се замараат со тоа шо сака народот туку гледат само да профитираат од се живо и диво додека се на власт. Лидерите на сите земји се за еден голем стап во газ. Само ради нив страдаме. Ќе гине населението додека они си седат во канцелариите... бре мајката....
Што мислиш Германија своеволно ги прима таквите? Да ги рани и да им плаќа, а тие ништо да не работат и да уживаат во животот? Нормално дека не, туку има наредба од некоја поголема светска сила и мислам дека и ти знаеш за која станува збор. За мене Полска е пример како се менаџира во такви ситуации за да не се создаде нарушување на системот и безбедноста на своите граѓани. Истиот случај е со оние од Украина, голем дел од нив не работат и на никаков начин не допринесуваат за државата. Мислиш дека Германија своеволно и нив ги има прифатено?
Овие од Косово би поддржале се шо ќе напрај Америка, оти во спротивно има да ги нема Курти го поддржа нападот на САД на Иран Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се заканува на Албанија
Не им чинеше го тргнаа, ношто ново во светската политика. Што сега ќе го дискутираме и Асад за да докажеме колку се лоши американциве што го напаѓаат Иран?! Па објективно и Асад има крв на рацете, употреби хемиско оружје врз цивили во Гута 2013 не дека беше некој миротворец. Глупите европски лидери. Кои место да земаат школо од помоќните и да ги сотрат исламскиве милитанти тие ги викаа, епа и сега истото се случува. Место Европа да се вмеша и да го решат сите овие муслиманско радикални држави заедно со Израел и САД додека Кина дискретно одобрува од страна, тие се прпелкаат. Нема поглупи од европските лидери. Ти сериозен си со споредување на односов на Израел кон жените со Алахуакбаровциве? Многу јаки гурабии, Персијци биле, Иранци се и преку 90 % шиити-муслимани, другите религии се дискриминирани. И во сите тие радикално муслиманско-арапски држави знаеме како владее демократијата Па основа на нивната власт и реторика е омразата кон христијаните и евреите. Заради тоа се на власт.
Не со муслиманите, но ако споредиш со европските земји, таму жените се далеку од еднаквост. Прво, Израел не е секуларна држава, туку религиозна, и религијата се меша во законите и одлуките на обичните луѓе, од фамилијарни односи, поделба на имот, брак, развод, деца итн. На пример жена во Израел не може да се разведе, без да добие одобрение од мажот и. Се додека не добие, она не смее да се омажи легално за друг маж. Многу жени се заробени во вакви бракови. Иако имаат можност за абортус, има комисија која е генерално составена од мажи, и религиозно доминантна. Епа ако таква комисија не одобри абортус, тогаш жената не може да абортира. Имаше и некои други закони за поделба на имот, каде што секогаш жената е во подредена ситуација. Од друга страна, војската е задолжителна и за жени. И во случај на војна МОРА да војуваат. Кој не е запознаен со тоа колку е религиозна земја Израел, и кои права ги имаат(немаат) таму жените нека го погледне филмот https://m.imdb.com/title/tt3062880/ И, кој го интересира за правата на жените во Иран, нека го погледне овој филм. https://m.imdb.com/title/tt1832382/ Двата се одлични, кандидати за оскар филмови. Слична тематика обработуваат, па добри се за споредба. Ќе се изненадите колку се слични. Израел е општество кое е културно поблиску до Иран, него ли до европските земји.
Кога читам што пишуваат Македонците, сфаќам колку се спасија Македонките што се омажија за Швеѓани, Американци, Французи итн. Натиснат бил Арапот или Персијецот, што и да е, затоа бил силувач. Бре. Како не. Рогоња останат во среден век, овие па ги бранат. Сите народи се врзаа со моќни нации, работат со нив, учат од нив, пари права, Македонците уште се занимаваат со исламски терористи.