Е како не е важен зборот на народот? Меркел со раширени раце пречекуваше мигранти, ја запусте цела Германија па мандатот и траеше 16 години, победи на 4 избори. Не е доселувањето џихадисти во Германија ништо ново, цела Германија уште од првиот мандат знаела кое гледиште го има Меркел кон доселениците, ако им сметало тоа, одма уште на изборите кога и завршувал првиот мандат, би ја срушиле.
Никој не ги сака верувај. Ова си го направија само лидерите. Ти и овие нашиве, зошто гласате за вмро и сдсм, значи сакате да не крадат...
Епа не е така, во Германија имаш мал милион партии што се залагаат против носење доселеници, да му сметало тоа на народот, ќе нашле трета опција.
Жените имаат право да се разведат, во 2018 само се развеле 11,000 жени. Може малку се помачуват али успеваат. И да не успеат во разводот, секако можат физички да го напуштат сопругот. Исто така, децата секогаш ги даваат кај мајката во Израел. Без шамии шетат слободно, како сакаат се облекуваат, па дури и транс журки имаат.... Ова во Иран го нема.
Како се помачуваат? Не смеат да се разведат без сопругот да го одобри тоа. И не смеат да се омажат за друг маж без да се разведат. Се друго е "бегалка". Има огромен број на случаи каде што жени се заробени во овој циклус во Израел. Дури и имаат име за нив, се викаат "agunah". Израел не е секуларна држава, туку религиозна. Религијата важи во секоја пора во општеството таму, легално, традиционално, секакво. Изгледа си немала контакт со Евреи од Израел за да го видиш нивното општество и традиција, па затоа вака збориш. Една Турција е далеку пред Израел кога се во прашање права оти е секуларна држава и религијата не се меша во законите, иако во последно време и таму се влошува состојбата.
Ама успеваат друже, да не успеваат немало 11,000 жени да се разведат само во 2018. И ти викам, ја имаат слободата да се тргнат од него физички. Можат и да патуваат надвор од државата без машко присуство. Во Иран не смеат ни да патуваат ни да се разведат, пошо немаат никакви права ни да поднесат нешто без маж од фамилијата.
Стварно? Во 2025 да збориш како жени успеваат да се разведат во земја каде што мажот има одлука дали СМЕАТ или НЕ СМЕАТ да се разведат и тоа да го збориш како успех и некакво достигнување е срамно и жално. Не треба да успеваат, треба да МОЖАТ. Ама во религиозни земји како Израел тоа не е возможно. Кај си да се буниш за тоа?
Ќе се бунам и за тоа, оти да не. Ете баш прочитав на интернет, жената има право да се разведе и тоа го поднесува на нивните судии тамо и ако они одобрат а мажот не, тогаш го ставаат него во затвор додека не одобри. Замисли цел живот да не одобри и во затвор да си го помине . А оваа слободно може да се клецка надвор со кој сака. . Убаво убаво. Богами интересен закон овој. Барем имаат право, за разлика од Иран. Таму и да ја тепа, и да ја изневерува и да ја силува, нема право она да поднесе за развод.
Ништо ти не се буниш. Тука си само да си ја истераш твојата теза на хејт поради политичките наклони кои ги имаш кон една страна. Па, под закрила на барање на права, одобруваш бомбардирање и убивање на тие исти жени. Гајле ти е за животот на жената и во Иран, и во Израел. И во Арачиново, и во Кондово. А тоа се вика - лицемерие. Иначе не си исчитала добро. Апсолутно жената е подредена во тој случај. Преку 16 000 жени се официјално заробени како agunah, и животот им е уништен. Неофицијално којзнае колку.
Заробени во бракот, тоа и е преводот на agunah. Не можат да се разведат и да продолжат со животот или да се премажат. Во Турција на пример, доминантно муслиманска земја, можат.
Не одлучува маж за развод туку рабинот. Имаат право на абортус. Во војска се доста застапени. Биле слични со иранките во 1977 кога имале пристап на образование, мода, козметика. Сега немаат ништо.
Големиот кур оти неможеле да се разведат. Имаат право да си заминат и да живеат со друг маж во вонбрачна заедница. Па нека не дава мажот - пешкото развод.
Хахаахха Она кога Израел бил полош од Иран спрема жените Mahsa Amini што беше? Протестите последните месеци што беа? Како прво, ЛЏБТ ги имаат сите права во Израел. Религискиот суд не ти дава развод, а не државата А религијата што е, знаеме
Нема што ние да се бориме за жените во Иран и тие не се борат овде за нашите права. Не е лицемерие, туку е само коментирање и покажување со прст дека не се како треба. Зошто би било лицемерие? Ние за нас сме се избориле, па за други.