Вонбрачна заедница

Дискусија во 'Брак' започната од Lilit, 1 март 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Вака...по некое правило за да настане семејство,ако партнерите се волни секако,обично се става потпис на харија и тие стануваат официјално брачен пар,потоа стануваат семејство во кое сите носат презимиња итн итн...
    Но,што мислите за семејство,заедница во кое се функционира нормално,како и сите останати,но родителите немаат потпишано на хартија никогаш?!
    Во принцип,она кое што е на хартија дава само една правна сигурност на двете страни и ништо повеќе.
    Дали би пристапиле кон такво нешто?!
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Неофицијален брак

    Ако знам дека ме сака и го сакам и ако се е во ред со нас, би прифатила.Сигурно нема да очајувам зашто не сме во брак и да вршам притисок ако така се договориме и се е во ред.
    Многумина,особено мажи :D ,мислам дека би прифатиле, ама од пустото што околината цело време ќе прашува и коментира ќе ти иде да потпишеш.Кај нас те озборуваат ако живееш заедно со дечко ти, а не пак за вакво нешто.Е, може малку нема да им биде јасно на децата зашто не сте земени, па ете тогаш прилика да се направи свадба ако ви текне и да биде повесело :D
     
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    4.301
    Неофицијален брак

    Искрено не би се сложила за такво нешто, затоа што во повеќе случаеви периодот каде што се е перфектно(во медот) завршува и од тука се станува навика. Доколку не би имале потпишано на хартија, партнерите не се обврзани да останат еден со друг и после некое време се разделуваат..Додека кај потпишаното, партнерите се морални да си ги гледаат своите обврски и нема кај да бегаат,а ако не им се допаѓа може да се разделат. Барем тоа е мое мислење :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Неофицијален брак

    Јас сум за хартии и се тоа. Си сакам црно на бело, заедно заувјек :lol: Така сум воспитана и не можам против тоа.
     
    На Umbrella22 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Неофицијален брак

    ^Воопшто не се сложувам со тебе.
    Ако некој сака да те остави и да не те почитува, тој потпис ништо нема да смени.Ако сакам потпис како гаранција дека цел живот ќе е со мене и ќе ме почитува, отиде бракот уште пред да се склучи :^)
     
  6. GiaMarie

    GiaMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    40
    Неофицијален брак

    Хммм...па ако има разбирање и љубов не гледам причина поради која не би го ставиле тој потпис на хартија и онака е само потпис ама понатаму провлекува многу работи. Децата кое презиме ќе го носат? Понатаму кога родителите ќе починат имотот како би им припаднал на децата, ќе треба по судови да се влечат и е покомплицирано? При разделување таткото може да не плаќа алиментација, а ако се земени судски ќе биде обврзан и ред други работи. Јас не гледам причина ако со некој се сложувам одлично зошто не би го ставила тој потпис кој според мене не би требало ништо да промени помеѓу двајца кои вистински се сакаат и сакаат да го поминат животот заедно.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Неофицијален брак

    Нормално дека ништо не гарантира. Доста примери за тоа има и по форумов. Ама некако мене ми ја менува работата, официјално е. Јас пак ќе кажам дека тоа од воспитувањето така ми е. И така сум го прифатила.
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Неофицијален брак

    Иако црно на бело не дава некоја поголема сигурност, сепак малце ќе се подразмислиш ако сте во некоја поголема кавга што да направиш. Ако живеете заедно (без потписи) и притоа имате кавга, може во афект да си заминете со се куфери. А доколку се има потписче, малце ќе си размислете и ќе си кажете, ај да преспијам, утре ќе мислам што да правам.
    (пишаново ми е заклучок од маж и жена кои живеат сами во куќата на жената неколку години и функционираат ко да се во брак,а притоа мажот знае често да си замине со куферите во раце)
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Неофицијален брак

    Rainbow, мојот пост е за angel92,ама си пишала во меѓевреме,па излегло дека е за тебе :)
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Неофицијален брак

    Па добро, дека и јас исто се изјаснив, па се пронајдов во твојот пост :lol:
    И да, се согласувам со Блонд. Тогаш ништо не те спречува да избрзаш, да донесеш некоја импуливна одлука, па напред назад после...
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Неофицијален брак

    Точно така блонд само што сакав да наведам таков пример, не си потпишан немаш никаква обврска кон него, ќе ти се накриви и одма куферите и си одиш, а доколку си потпишан не е така лесно, што велиш ќе се помислиш 10пати а не веднаш да си одиш, јас сепак не ги оправдувам ваквите бракови, па што те кошта ако веќе се сакате, сте решиле заедно да живеете зошто да не одите да попишете.
     
  12. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Неофицијален брак

    никогаш не би се согласила за таков брак
    во право сте за најмала кавга куферите и чао па после ајде пак назад и така секоја кавга
    се знае потпис и да спомнам венчање обавезно потписот не ги спојува луѓето тоа ти е како гаранција :D венчањето ги спојува душите :$
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Неофицијален брак

    Јас имам две колешки на работа кои си живеат во вонбрачни заедници и колку што можам да видам супер им е.Едната е заедно со парнерот 12 години и има 3 деца,другата е заедно со парнерот 18 години и исто има 3 деца,децата си го имаат презимето на таткото.
    Правно јас колку што знам е исто дали си во брачна или вонбрачна заедница и двете се признаени пред судот.
    Јас живеам со вереникот скоро две години и мене лично ништо не ми значи тоа парче хартија,можда повеќе му значи на татко ми него на мене,и ако ја официјализирам врската со брак тоа ќе биде само заради него.Вереникот ми е католик кој несака да стане православен за да се венчаме во црква така да тој потпис во матично ништо не ми значи кога неможам да се венчам во црква.
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Неофицијален брак

    Мислам дека токму поради овој дел доаѓа и до склучување на брак, а она волели су се волели и на крај су се растали-во реалниот живот е малку поинаку. Значи си живееме додека ни е супер, се согласуваме, се сакаме, заедно печалиме, делиме се и добро и лошо, воспитуваме деца итн.... Сепак и во бракот може да дојде до жолчни расправии, но не е туку така лесно да се соберат парталите и чао, пријатно... :worried:
    Мое мислење е дека во бракот многу повеќе се премолчуваат некои работи и почесто се прогледува низ прсти отколку во спротивниот случај-кога не би постоело тоа ливче хартија. Јас лично сум против вонбрачна задница и заедничко живеење пред брак, така сум воспитувана, традиционална и конзервативна во однос на брачниот статус. Да, за мене правната гарација е многу важна, дава материјална сигурност, на некој начин си знаеш дека тоа што си го вложил нема да го изгубиш туку така без соодветен надомест, потоа тука е алиментацијата, имотните и ред др. права кои следат со самиот развод (доколку дојде до тоа), едноставно знаеш дека никој не може да те избрка како партал на улица без притоа да не ги сноси последиците.
    Не за џабе во Холивуд (давам пример) секој брак е придружен со предбрачен договор :lol:
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.900
    Пол:
    Женски
    Неофицијален брак

    Вонбрачната заедница се третира како брачна само доколку опстојува повеќе од 10 год, мин. е 10 год.
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Неофицијален брак

    Подобар наслов мислам дека би бил Вонбрачна заедница.

    Реално нашето општество каде сите сонуваат за класична свадба и класичен брак ретко кој одлучува за да живее во вонбрачна заедница без потписи и официјален брак. Најчесто ако одлучат тоа се веќе или разведени или луѓе постари дали вдовица/вдовец па не сака втор брак а потребен им е партнер.
    Млади луѓе се венчаваат, се љубат, се разведуваат ама не ни знам близок случај за вонбрачна заедница. Познавам кај постари луѓе само.

    Пред година две гледав емисија баш за вонбрачната заедница. Имаше пар којшто живеел во таква заедница и во нашево општество се соочиле со многу проблеми. Прво знам не се венчале зашто порано немале пари, си добиле и дечиња за кои што имале и проблеми при пишувањето кој е таткото на децата.
    А најголемиот проблем го имале кога едниот од партнерите се разболел и бил во болница. Е тука посета смее само децата и сопружникот. А во случајов нема сопруг има само невенчан партнер, па мислам дека беше мажот и не му било дозволено да си ја посети жената. Што е без везе.
    А и друг проблем е имотот, им искрснале и тука големи проблеми што како чив е кога не се маж и жена.
    За на крај после може 10-20 години живот решиле да се венчаат, поточно да стават потпис и да немаат проблеми. Иако реално тие функционирале како нормално семејство, само немале потпис и венчален лист, ама истиот им задал многу проблеми во ова општетсво кое не гледа позитивно мислам дека на овие заедници.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Неофицијален брак

    Јас лично,би сакала така да живеам.
    Потписот го доживувам како траума под која е цел свет или барем поголемиот дел од светот и освен правна сигурност која може да се реши на друг начин,не е никаква друга гаранција.
    Велите,ако нема потпис може лесно да си замине...не е така,прво,затоа што знаеш со кого си се фатил за оро,кога имаш таков партнер кој се согласува на ваква заедница,верувам дека би имал грам разум и би направил чекај,стој,олади,наместо незрело си ги собере парталите и си замине,ако е незначајна караницата,второ,ако веќе сака,нека повели...значи нема што веќе да бараме еден крај друг,ако до толку дошло да тој посака да си замине,а тој потпис ќе те држи и тебе и него и ќе биде измачување,нешто кое веќе нема основа да опстојува.Не е исклучено да се разделат,така што и тоа ќе биде помалку трауматично,со она официјално разведување,враќање на старото презиме итн итн...слично е,ама е далеку,далеку од исто.
    Мене ми се допаѓа ова и искрено се посериозно размислувам за вакво нешто еден ден.Не ми е гајле што мисли маалото,градот и остатокот од светот.А интересно е,оние кои се согласуваат на вакво нешто,не им е проблем и да стават потпис,а оние кои се строги приврзаници кон папирчето,никогаш не би се согласиле на вакво нешто.
    Децата,во ред ми е да го носат неговото презиме (што значи,штом го носат,после ако станува збор за алиментација,нема никакви проблеми),а за имотот се има начин,се има други видови на договори со кои може да се среди.
    Некако,дури и очајно ми делува она потписче на парче хартија,особено кога гледам бракови,семејства кои ја изгубиле топлината,смислата,љубовта и се останато што би требало да ги прави семејство...така што...конзервативноста и традиционалноста пофино би било во таа насока да одат,отколку за важноста на потписот.Поздрав однос ми имаат работите кога би биле вака средени,отколку да се трпи притисокот на мастилото и хартијата,само треба разум,разбирање и толеранција која пак во бракот е крајно злоупотребена.
     
    На zuto, MrsH, karina8 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Би сакала да ги прашам мажените, еве Лолита спомна дека се преќутувале некои работи во брак?Кога само би живееле заедно не би преќутувала?Можеби дека не сум мажена, не знам, ама тешко ми е да разберам што тој потпис посебно ми гарантира.
    Велите ќе размислиш два пати пред да оставиш.Па и вака и така јас ќе размислам два пати ако веќе сум почнала заеднички живот со некој, што човек би бил кога на првата расправија би спакувал куферите и низ врата?Кога така би ми направил, значи дека е несериозен и неспособен за заеднички живот, па би се прашала кај ми бил паметот кога воопшто сум го одбрала.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    4.301
    Не се изразив како што треба :) Потписот секако не е гаранција дека цел живот ќе е со тебе, и затоа постои развод. Плус со потписот ќе знаеш на што си. Ќе знаеш каде стоиш во животот,со кого ќе градиш, но ако нешто се случи па да не иде по планот тогаш се е џабе.
     
  20. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Искрено ниту мене не ми смета да живеам така, потписот ништо не менува. Ако се има љубов и разбирање се друго ќе се среди. Во прилично долга врска сум и живеам со дечко ми, неможам да се пожалам дека ми е лошо вака. Потписот во матично не би го сменил нашиот однос, а за тоа дека ќе биде посигурно никогаш ништо не се знае. Сме имале убави и лоши моменти, караници колку ти душа сака, но никогаш не сме раскинувале. А, кога би се случило тоа дефинитивно би било крај. Паузи, повоторно повратување не, се познавам доволно себе си и него за да знам што може да биде. Така да и кога би биле во брак би можело да биде крај, потписот апсолутно ништо не значи, лесно се наоѓа решение и за него. Но, она што ме нервира е тоа што и моите и неговите родители ни велат ајде деца средете се веќе еднаш, завршете со таа работа како вака да ни е лошо. Ќе биде и тоа, не велам дека не, но не ми значи ништо посебно.