Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонбрачна заедница

Дискусија во 'Брак' започната од Lilit, 1 март 2011.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Незнам за во МК во Австралија после 6месеци заедничко живеење се рачуна како вонбрачна заедница
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу добра тема!

    Јас немам апсолутно ништо против вонбрачна заедница. Каква што ме направиле моите, да им пркосам често на сите непишани правила, не би ми пречело ниту мене нешто вакво.
    Не сакам да се повторувам со она што го пиша Лилит, бидејќи истото ќе го пишев и јас самата.

    Само да резимирам, еден потпис не ме спасува. Еден потпис не ми ја спасува врската. Еден потпис не ми ја прави врската среќна ниту пак е гаранција дека ќе го имам своето happily ever after. Во случај на една голема животна утка на избор на вашиот животен партнер, тој потпис може да претставува дури и невидено бреме.
    Вонбрачната заедница исто така носи и некои правни норми, договори, што би се рекло - потписи летаат на сите страни и тука, доколку сакате еве да ја осигурате не вашата иднина, но да речеме иднината на вашите деца кои ќе дојдат еден ден.
    За жал живееме во општество каде правно регулираните работи се алфа и омега на некаква сигурност, на чуството на мирна душа. А живееме во свет каде фала богу, ни тоа дали утре ќе се измочате сабајлечки не е веќе сигурно не пак дека типот на кој сте му ја подале раката за да ви го стави прстенчето нема да сака да го направи тоа втор пат со некоја друга, во некој период од вашиот заеднички живот.

    Ма јас сум општо за слобода на избор. Зошто? Затоа што сакам самата да ја имам таа слобода.
    Утре ако треба да се решам дали да имам свадба или не, јас и партнерот ако сакаме - ќе ја имаме. Ако сакам ќе направам рап журка за моите најблиски и ќе ја наречам свадба.
    Ако сакам после пијана ќе отидам во матично и ќе ставам потпис. Ама само ако сакам. Ако не - ниту вонбрачна заедница не би ми причинувала проблем. Баш напротив - доколку ми се на место други работи кои ми се многу побитни за заедничко живење и функционирање на една врска, па и семејство во иднина.

    И да, познавам два пара кои живеат вака, и ништо не им фали ;)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Бракот е повеќе од потпис на лист хартија. Тој потпис немора да значи дека те штити правно или имотно. Тој значи за потомството за децата мада и тоа немора да значи дека е така. Ако таткото го признае детето и го закити :) со неговото презиме, тогаш е ок и детето е правно и имотно заштитено.
    Бракот-заедница е институција кој се гради на другарство и доверба....
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.395
    Teтка ми цел живот живееше така со тетин ми...не беа венчани,ни во матично ни во црква,таа нејзиното-тој неговото презиме,и убаво функционираа иако немаа деца.не се гледаше некоја разлика,само што немаа потпис црно на бело шо би се рекло...никој дури не познаваа дали се земени или не,сите ги мислеа земени...
    пре2г тетин ми се раболе ,имаше рак,и за да не ја остави без ништо тетка ми бидејќи по закон не и следуваше ништо,остави нешо као тестамент-дека тој болен таа ако се грижи за него до смртта се и следува нејзе..кога почина неговите како мршојадци појдоа да и земат све,и стан и куќа и два дуќана,ангажираа адвокати ,ангажираше и таа,и законски и не успеаја да оспорат ништо освен куќата таа се откажа од нејзин дел бидејќи била заедничка со браќата и го даде нејзиниот дел...
    абе отидов оф изглеа :?: извинете само забегав со примерчето :worried:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Да да те разбирам, во право си, ама што знам, порано бев многу побунтовна,избувлива, повеќе се карав и се наметнував, мораше да биде по мое или готово, крај, што знам-дали сум пораснала и сум созреала, или тој потпис некако поинаку делува во мојата психа, најискрено не знам, само знам дека сега сум поинаква, потолерантна повеќе си се сакам сега, отколку порано, не викам дека бракот и потписот ме сменил, туку животот. И да потполно си во право, се согласувам во целост.(се однесува на болдираното) :)
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да стапам во брак официјално со потпис за да не ми биде детето вонбрачно, инаку две години претходно живеевме така на диво што милуваше да каже мајка ми.И тогаш сме имале кавги, па јас не си заминав со куферите при првиот проблем. Ако двајца се сакаат доволно,не им треба хартија да го докаже тоа.
     
  7. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Јас би живеела вака некој период, но не би прифатила да остане така стално.Сепак убаво е и да се доживее тоа искуство во животот,да бидеш невеста.
    Исто така, од правен аспект мислам дека парови коишто не се венчани а имаат дете повеќе од една година се водат како да се во брак. Па така да... :)
     
  8. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Се согласувам со Фемина90,отиде бракот пред да се случи.

    Инаку за случајов од ели25 мислам во однос на финансискиот дел од приказнава што нема врска со љубовта,логично е ако му веруваш на некој да му веруваш за се па и за финансиите и така ако сакаш да си живееш во вонбрачна заедница...е сега освен ако некој си намислил да те ограби |( ...,
    НО најдобро би било за да не настануваат вакви работи од :devil: во фамилијата што два пати си ги видела или невидела,да си потпишеш договор за финансиите и да се знае што како во кој случај на кого му припаѓа.Во УСА ја има таа опција,немораш во брак ама финансиски можеш да си одредиш што како со парите.

    Дури во мкд знам и за случај во кој биле во брак,и се со сите хартии,и на крај овие :devil: од фамилијава од мажов успеале многу да си извлечат за нив.

    Како и да е не се до дефинирани кај нас тие работи или им наоѓаат некои дупки во закониве. |(
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас би се согласила на живот во вонбрачна заедница.
    Мислам дека најдобар начин некого вистински да запознаеме е да живееме некое време заедно.
    Бидејќи убедена сум дека 2-3 месеци заеднички живот ќе ми се поголем показател отколку 2-3 год. врска од „безбедноста„ на сопствените домови,за тоа дали утре би успеале да продолжиме понатаму и колку ни се компатибилни карактерите, навиките, потребите, т.е. дали имаме или немаме шанса и предуслови да бидеме заедно.
    Не ми значи нешто посебно потписот, бидејќи и во овој случај што ако пр. јас очајно се држам за пустото хартивче и прстенче, а тој ми ја лупне вратата пред нос, значи тој не го делел истото мислење, а од друга страна тој иако никогаш не ја озакони врската, а остане буквално во добро и зло со мене, јас би го одбрала без двоумење второво.
    И било која облигација, обврзаност, жртва, ако не е подеднакво перцепирана од двајцата џабе е притисокот или Сизифовскиот напор само на едниот тоа кога-тогаш ќе се распадне, или ќе продолжи во лажна агонија која ќе ја одржуваат лажни изговори, оправдувања, причини.
    Не велам дека ја исклучувам од предвид опцијата брак, ама не се држам цврсто и макијавелистички кон постигнување на таа цел, сакам да сум среќна и во хармончен соживот со партнерот, со или без прстенче ионака не сум љубител на прстени :lol: .
     
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Животот во вонбрачна заедница во Македонија, барем уште извесно време, е табу тема што секако е предмет за дискусија. Познавам куп двојки што живееле заедно без да потпишат хартии, само поради фактот дека пробуваат, сакаат да видат како е да се живее во заедница без да се стапи во брак. Е сега, душегрижниците секогаш ќе ломотат како тоа е невалидно и нетрадиционално, дека така едвај чекаат да избегаат еден од друг - бидејќи нели бракот е институција, а со тоа и налага систем на обврски, кои нашиот ум е претупав да ги испочитува. Тие двојки се изложени на притисок, неретко и потсмев, а недајбоже да пркне и детенце, не би сакала да го спомнам името на таквото неродено дете.
    Во друга земја, да. Таму е сосема нормално подолга врска да се испробува и во заедништво, без да заврши со брак. Кај нас, тоа е се уште срамота и малограѓански материјал за јадење буреци.

    Лично, не знам уште каков ќе биде мојот брачен или небрачен живот. Мене ми е важно со партнерот да имам разбирање и љубов, а секако дека потписот нема ништо да ми смени. На мајка ми и комшиките можда.
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Ако тој потпис не значи ништо тогаш не би правело разлика и ако се стави нели? Потписот не ми дава апсолутна сигурност (нормално дека сеуште постои одреден страв дека нешто ќе се случи и ќе мора да се разделиме), ниту ме обврзува да правам нешто што не би го правела доколку живееме вонбрачно, дефинитивно не ме спречува да го напуштам ако сметам дека е време за тоа, за слобода-не е со закон пропишано на пр. да бидеш верен во бракот, или да седиш дома и чуваш деца, готвиш, переш...истото го има и во вонбрачните заедници-се е работа на договор, така да не се сложувам дека потписот претставува терет. Јас лично го ставив за да си ја задоволам мојата (и партнеровата) романтична потреба за happily ever after...свесни нормално дека животот не е бајка...
     
  12. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    153
    Според законите на РМ, вонбрачна заедница која траела најмалку една година е изедначена со брачната во правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за времетраење на истата.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macence...k

    macence...k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    мислам дека има многу причини зошто некој би стапил во вонбрачна заедница, не е тоа секогаш за да се проба..еве јас ке ви го кажам мојот пример..
    останав бремена од дечко ми(тогаш ми беше дечко) и бидејки земам семејна пензија..знаете што е, едниот родител ми е починат, а уште студирав, се одлучив да стапам во вонбрачна заедница бидејки пензијата и небеше баш мала а ми беа потребни пари да за завршам факултет..и така го родив вонбрачно детето и нормално го носи презимето на татко му..секако планиравме по завршувањето на студиите да стапиме во брак..но, таа заедница заврши..односно се разведовме наротски кажано..детето е кај мене и уште го носи презимето на татко му и тој си плаќа алиментација без проблем, а имавме заеднички имот (една кола) за која сега по судски пат ке се потрудам да земам дел, бидејќи беше купена од заеднички пари..
    така да не осудувам живеење во вонбрачна заедница бидејки мислам дека понекогаш од овие вакви слични финансиски потреби и мораме..
    а тоа е точно дека правно вонбрачната заедница се смета исто како брак, само за судска постапка се потребни сведоци кои ке потврдат дека таа навистина постоела
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Кој како сака нека си живее.

    Што има мене да ми пречи ако некој живее вонбрачно?
    А, и самиот збор `вонбрачно` не ми се допаѓа. Повеќе би рекла заеднички живот.

    Битна е љубовта. Џабе ти е еден лист хартија со потпис. Демек ако се потпишиш, ете тоа е доказ за нешто?
     
  15. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    ДА-и тоа како би сакала да живеам така!!!
    Едно е кога јас и дечко ми ќе се најдеме на 2 -3 саати сами или со пријателите и си поминуваме супер,ништо не ни фали,на крај секој по дома,а друго е кога ќе треба да поминеме еден добар ден од деноноќието заедно и да делиме и добро и лошо!!! Со заедничкиот живот само можеш да се запознаеш повеќе и да знаеш точно што сакаш,а што не.Да пронајдеш што ти смета кај партенрот ,а што не! Мислам (што не значи дека е така) дека еден голем дел од младите брачни партнери се соочуваат со проблеми токму од оваа причина-непознавајќи се меѓусебно доволно,па макар и предходно да биле во долга врска!
    Е сега што се однесува до децата: Зошто тие деца не би поседувале право на имот понатаму во животот? Доколку таткото го признава своето дете и му го дава неговото презиме,тогаш не гледам никаков проблем.Не само во вонбрачна заедница,туку и дете кое што е зачнато во никаква заедница!Па ете има и млади девојки кои што забремениле и решиле да го донесат на свет детето,а не се ниту во брак,ниту заедно живеат со партнерот,а сепак си се знае кој е татко на детето,си плаќа алиментација и се по ред и закон! А додека пак има деца кои што се родени во брак,со потпис и венчавка,па се само жртви на семејно насилство! Така што ете гаранција нема!Важно е детето да има љубов и доволно внимание од двајцата родители и да одрасне без насилства кои што понатаму и тоа како ќе влијаат на него и неговото однесување!
    Е да,па ако двајцата понатаму сметаме дека заедничкиот живот ќе ни биде функционален,тогаш ајде нека се зачини со еден потпис-немам против.Не за друго,туку соседката да ми дојде на честење :lol:
     
  16. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Не сум против вонбрачна заедница, но само на одреден период додека видиме како ќе функционираме во нашиот заеднички живот. Секако дека да, доколку функционираме добро ке сакам да ја крунисаме нашата љубов со брак , ако не- да не си ствараме непотребни проблеми со тој потпис па потоа разводи, нервози и триста тракаранции.

    Особено пошто сум ја комплицирана личност.. Па.... :!: :?:

    Секако дека тоа не е мерило за добар и среќен брак, но сепак има свои предности.
    Се разбираме нели.... :lol:
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Моментално сум во вонбрачна заедница. Ова ама ич не ми пречи ниту пак ми значи нешто.
    Се додека ние функционираме како што треба, дали сме во брачна или вонбрачна ,ништо не ни се менува.
    Инаку ако јас се прашувам нема никаква потреба од потписи, зошто буквално ништо не би се променило. Презимето ќе си го задржам, детето ќе го има презимето на маж ми и тоа е тоа.
    Ако некогаш правам регистрација, тоа ќе биде пред се поради родителите, за никој друг. Зошто они се тие кои запнуваат и живеат со нивните никакви, старовремски, конзервативни сфаќања од типот “што ќе кажат луѓето“, како демек за нив или од нив да живееме. :^)
     
    На imelda и slavica999 им се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    39.444
    Пол:
    Женски
    Не сум против вонбрачна заедница , кој како си сака :)
    Тој потпис во матично не значи многу многу
    Пример имам сестрата на маж ми .Има 32 години ,дечкото нејзин 43 и заедно се веке 8 години :)
    Функционираат одлично , заедно си купија куќа , деца немаат иако се во план
    Зборот ми беше не се разликуваат во ништо посебно од еве нас *мене и сопругот* со тоа што не се венчани
    На прашање дали некогаш планираат да се земат и двајцаата одговараат :Можеби :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Претпочитам вонбрачна заедница отколку одење во матично,зошто?Бидејки потписот не знаци ама баш ништо,ако немаш хармонија 1000потписи ти се џабе.
    Секако секоја млада девојка сака и сонува да биде невеста,но што ако тоа трае 6месеци или година и потоа развод?
    или уште полошо дебил да те теп или психичка тортура да ти врши,а немаш грб и мораш да го трпиш .....
    Во денешно време најдобро е вонбрачна заедница,парите посебно ,што и да се случи како цивилизирани луќе секој по својот пат....
    Мажи со лопата да ги ринеш,но прав маж да најдеш тешко......
    До пред некое време јас прва бев што велев леле матицно,ма какво матично џабе глупирање,вонбрачна заедница глава да не ми те боли
     
  20. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Не ми треба потпис ако се разбирам со некој и имам живот со него ..ако има љубов и слога никакво матично не ми треба .А и смешни ми се свадбите по малце , не си се видел со некој и оп ајде покани го на свадба ..кај трошоци , кај цел ден уморен за што ?! Ако си се сакаме ние двајца не ни треба таков доказ .. :)