Вонбрачна заедница

Discussion in 'Брак' started by Lilit, Mar 1, 2011.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    1,310
    Likes Received:
    4,992
    Искрено мене не ми треба потпис и да,би живеела во вонбрачна заедница.Ако се има почитување,разбирање ,мир помеѓу партнерите,потписот во матично не значи ништо за мене.Нормално,сакам да се омажам за саканиот и да основаме семејство како и секоја девојка,но и да не се случи венчавање во матично мене не ми претставува проблем и доволно ќе ми биде да се будам крај него секој ден со насмевка на лицето и да ја живееме нашата иднина и животот во хармонија,без караници и проблеми.
     
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2011
    Messages:
    669
    Likes Received:
    667
    Не, јас не би живеела во вонбрачна заедница. Би сакала се да имам црно на бело, ќе си имам некоја сигурност така што и да се случи, штознам (абе адвокатска работа) инаку не, немам ништо против оние кои живеат во вонбрачна заедница, дури на некои и им завидувам. Ама јас како што кажав сакам да си имам се на хартија
     
  3. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Joined:
    Aug 31, 2012
    Messages:
    193
    Likes Received:
    222
    Еден потпис на хартија ништо не значи доколку љубовта е вистинска. Но, :!: јас сепак сакам еден ден кога ќе биде тоа да биде официјално, црно на бело што се вели.
     
  4. ubavo...detence

    ubavo...detence Активен член

    Joined:
    Aug 24, 2012
    Messages:
    5
    Likes Received:
    0
    Според законите на РМ, вонбрачна заедница која траела најмалку една година е изедначена со брачната во правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за времетраење на истата.[/quote]

    Ова баш ме заинтересира.... А како би го докажале тоа на суд? Не се водите на иста адреса , не носите исто презиме - ништо не ве поврзува....судот бара црно на бело! барем така мислам.... (не сум запозната многу) но ако не ти е тешко барам мало појаснување. Поззззз
     
  5. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Joined:
    Nov 4, 2010
    Messages:
    336
    Likes Received:
    73
    и јас немам ништо против вонбрачна заедница ама јас не би мозела да функционирам така јас се додека не се верив со дечко ми не се преселив со него да зивеам иако тој зивееше сам.некако не се чувствував јас убаво аи според мое мислење многу полесно се прекинува врска одколку брак...но како што реков немам ништо против вонбрачна заедница имам другарки кои си зивеат со дечковците некои се сега во брак неои ги прекинаа врските кога видоа дека не фунционираше,е тоа е доброто кај вонбрачната заедница ако не ви оди многу полесно ке се разделите отколку ако си во брак
     
  6. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Joined:
    Apr 14, 2011
    Messages:
    238
    Likes Received:
    179
    Не сакам да живеам во вонбрачна заедница. Можеби година, две да ама не сакам децата да ми бидат вонбрачни. Кој е проблемот да се стави еден потпис? И ако не е важен пописот зошто да не се стави? Се знае кога си во брак партнерот ти е сопруг а ако не си што ти е? дечко? И кога ќе пораснат децата ќе им објаснуваме дека не сме сопружници оти не сакаме да се потпишеме. За мене вонбрачната заедница е знак на несигурност, нестабилност и ми е исто како да купам куќа без тапија. Сепак тоа е мое мислење.
     
    baby-star and dromka like this.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,970
    Likes Received:
    37,063
    Gender:
    Female
    Член 13
    Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

    Ова е цитат од законот за семејство. А вонбрачната заедница на суд би се докажала со сведоци претпоставувам.

    Инаку да се надоврзам на муабетов, јас живеам во вонбрачна заедница 10 години и по ништо не се разликува од брачната, ги делиме истите права, обврски, задолженија итн. како и брачните другари, нема никаква разлика. Немаме деца, кога би имале претпоставувам би се решила да ставам еден потпис. Не за друго, туку поради средината во која живееме. Да не ни бидат децата "обележани" :^)
     
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,360
    Промена на презиме не значи дека само тогаш е и промена на адреса. Има и народ во брак кој не менуваат презиме. По закон нели се пријавува промена на постојана адреса, во рок од 30 дена мислам беше, за да ви заменат лични карти со новата постојана адреса. Еве црно на бело. Не можете да се водите на две различни адреси а да тврдите дека живеете заедно.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2011
    Messages:
    979
    Likes Received:
    1,752
    Gender:
    Female
    Мислам дека адреса во лична карта можеш да смениш само доколку живееш во свој стан/куќа или на едните родители,доколку си под кирија не може.
     
    dromka likes this.
  10. stefaneli

    stefaneli Истакнат член

    Joined:
    May 23, 2011
    Messages:
    54
    Likes Received:
    17
    Во вонбрачна заедница живееме година ипол и почна да настанува проблем и да ме мачи тоа што мојот партнер не сака да се венчаме,инаку тој е разведен од еден брак пред 4 години,вели дека ме сака а не сака да се веча со мене,почнаа кавги околу тоа планираме и дете ама ме полудува таквиот став кон мене,мислам дека не ме сака затоа и го прави тоа,знам дека парче хартија не значи многу ако дваица се сакаат и почитуваат не е некоја гаранција,но кога веке живееме заедно зошто да не сака?ако некоја се нашла во слична ситуација нека помага,незнам веке што да мислам,почнав да паѓам во депресија и да плачам дури на моменти ми е и одбивен и далечен!!!!!
     
  11. baby-star

    baby-star Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2012
    Messages:
    2,478
    Likes Received:
    10,927
    Исто :D
     
    bubuce likes this.
  12. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Joined:
    Jan 11, 2011
    Messages:
    333
    Likes Received:
    227
    Gender:
    Female
    меѓусебното почитување не зависи од еден потпис, и да го има и да го нема, ако живееш убаво со човекот ке си живееш, и обратно ако не иде, не иде, па ти колку сакаш потпишувај се. вонбрачно е убаво да се проба да се живее некое време пред бракот, ова дури и го препорачувам како задолжително, а после со тек на време може да се крунисате со брак од правен аспект да си се регулира се, децата да знаат од која фамилија се, во спротивно не се од фамилија бидејки постои фамилија на мајка им и фамилија на татко им :) со потписот се формира нова фамилија составена на почеток од двајца членови и потоа се проширува :)
     
    Annath likes this.
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Joined:
    Mar 25, 2010
    Messages:
    1,533
    Likes Received:
    583
    Не знам, парчето хартија не менува ништо во љубовта. Така да, тоа е многу тешко прашање. Од друга страна, сакам, да знам маж ми е. Едино што менува е за децата, чие презиме, па било различно со некој од родителите. Имам возрасни комшии кои живеат така, вака од страна гледано и нема воопшто разлика. Ама ете лично јас, не сакам да сум со различно презиме од децата.А не сакам па ни само со мое да бидат, или пак различно двете....Уште сме ние далеку од тоа да можеме во нашава држава да живееме вонбрачно, не за стереотипи туку за државните закони. Казна за немажени, разведени бла бла....што уште не ќе им текне.
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,761
    Likes Received:
    38,585
    Gender:
    Female
    Јас сум ЗА вонбрачна заедница. Не гледам ништо лошо во тоа. Јас сакав да живеам со сопругот вонбрачно, ама тој не сакаше.
     
    dromka likes this.
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2014
    Messages:
    3,890
    Likes Received:
    28,549
    Живеам во вонбрачна заедница...живеам во семејна заедница. Имам одбивност кон брак (потпис) затоа што потекнувам од разведен брак со уништено детство.
    Отсекогаш сум стоела зад тоа дека нема да се мажам и уште стојам на истото. Исклучок би направила само во случај доколку се работи за доброто на моето дете (се надевам деца во иднина).
    Ништо не ни фали, тоа што ни треба имаме во изобилство: здравје, мир, разбирање, толеранција, љубов.
    За многу работи сме надвор од стандардите и клишеата како луѓе и како семејство, па сепак среќно живееме во Македонија.
     
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Joined:
    Jul 16, 2013
    Messages:
    894
    Likes Received:
    2,446
    Gender:
    Female
    Бракот како институција не е само парче хартија барем во наши услови, бидејки тоа парче хартија гарантира какво такво парче леб пред се на жената и утре ако се разведе да има право на кров над глава или соодветен паричен надоместок за нејзиниот дел. За жал кај нас а богами и на она парче од Европа кое се нарекува Бакан бракот е сеуште битна работа во животот на секоја жена и она старото, не е работа ако не си на државни јасли или како што се вика модерно администрација.
    Токму поради ова разводот кај нас е проследен со тревога во цело семејство на жената малтене како да умрел некој, додека на запад не му се придава толкаво значење на бракот како и на разводот, тоа е индивидуален чин и не се придава посебно значење.
    Причината за тоа е што таму поголемиот број жени се финансиски независни и доколку дојде до развод тие не зависат од мажот туку со спогодба или преку суд го делат имотот стекнат во брак и секој по својот пат. Додека кај нас жена која и да е вработена најчесто зема мизерна плата и нема средсрва ниту за судска постапка а уште помалку за ќирија, а да не зборувам за жена која е домаќинка и не работи никаде а такви кај нас има огромен број.
    Инаку и јас сум за тоа да ние сите а посебно жените малку подобро финансиски стоиме за да можеме да бидеме понезависни.
    Сега обично и да се пожалиш на родителите ќе ти речат, те тепа ли? Не. Имаш ли да јадеш? Имам. Епа тогаш што сакаш. Постарите психичкото малтретирање и неверството од страна на мажот не го ни рачунаат, велат тој е маж на жената работа и да гледа куќа и деца а не да гледа што прави мажот. Не е ни чудо што турскиве серии во кои жената е тотално потчинета на мажот се најгледани едноставно се препознаваме себе во тие серии. Ќе протече уште многу вода во Вардар додека да се снени менталитетот на овој марод и неговиот поглед на светот.
     
    vitamina, MarcheloGirl, joy1 and 2 others like this.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2014
    Messages:
    3,890
    Likes Received:
    28,549
    И погоре има напишано дека законот ги штити и оние без потпис, односно ги уживаат истите права како и сопружниците по една година заедничко живеење.
    Што се однесува до менталитетот може да биде каков сака. Доколку е законски тоа што го правам и не причинувам штета на некој ќе си правам јас како сакам и што сакам.
    Живееме во време кога и мажите и жените се рамноправни каде и мажот и жената може да напредуваат во кариерата подеднакво.
     
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Joined:
    May 10, 2015
    Messages:
    2,033
    Likes Received:
    58,313
    Gender:
    Female
    Јас живеам во вонбрачна заедница повеќе од 2 години. Засега немам намера да се регистрирам заради промена на многу документи (и да немам проблем со факултетските чуда, бидејќи сум на постдипломски). Но, кога ќе решиме да имаме дете, не би сакала да се роди во вонбрачна заедница заради законски компликации. Засега навистина не ми пречи. Тоа е тоа, не мислам дека сега потписот ќе има којзнае какво значење и дека ќе смени нешто.
     
    Idedemja, vitamina and referentka like this.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    6,970
    Likes Received:
    37,063
    Gender:
    Female
    Еве по скоро три години од претходниот пост, да пишам пак.
    Во меѓувреме ни се роди детенце и се регистриравме. Мене браков ништо не ми смени во животов, исто ми е како претходно. Стапивме во брак заради детево, бидејќи живееме во малограѓанско општество не сакав да биде обележано уште од мало. Јас можам да се справам со малограѓанштина (и се справував успешно 10+ години) ама не сакав детево да го изложам на такви стресови. Плус, попрактичен ни се виде бракот за некои работи: здравствено осигурување, пензиско, имотно - правни работи итн. Едноставно, државава наша сеуште не ни е подготвена за овој вид заедница.
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2014
    Messages:
    3,890
    Likes Received:
    28,549
    Не знам на која основа тврдите дека во државава не функционираат тие работи. Еве јас имам колку-толку искуство и досега сум немала никаков проблем ниту со вадење извод, пасош, ниту со здравствено осигурување и ред други работи. Никаде не ми побарале венчаница за да ми завршат некоја работа. Не ме ни прашале дали сум венчана. Детето здравствено е осигурено преку мене, а го има презимето на татко му. Сите се водиме на иста адреса.
    И јас и мајка ми цел живот сме со различно презиме (моите се разведени преку 20 години), па не сум имала никакви административни ни било какви проблеми.

    И не ми е јасно во која смисла обележано детето? Дали дете на разведени родители е исто обележано затоа што живее во вонбрачна заедница? Можеби е и повеќе обележано затоа што не живее ни во заедница со двајцата родители? Зошто тргнувате со предрасуди и вие самите ги гледате како обележани тие деца? Можеби затоа се плашите дека другите ќе гледаат на вас така?