Во Америка ако не се лажам ако можат да докажат барем една година заеднички живот и на маж и на жена им следат законски привилегии како да се во брак, ние сме назадни на тоа поле. Бракот не го прават потписот во матично и промената на личните исправи туку заедницата меѓу две лица. @Jana06 ме расположи со тоа што си пишала бурмите те потсетуваат дека сте во брак, мене ни тоа и двајцата не ги носиме, ама одговорностите и задолженијата кои ми произлегуваат од заедничкото живеење и тоа како ме потсетуваат во што сум се впуштила.
Нашите се изгравирани со ист текст на внатрешната страна и во црква сме венчани со нив. Тој од почеток не ја заноси заради типот на работа, јас ја носев па ми помина меракот. Јас ја ставав(м) кога одам на некои посвечени прослави заедно со друг накит, ништо посебно. Бурмата, документите, свадбата не го прават бракот. Сепак во случај на деца не сум за вонбрачна заедница, сакам децата правно да ги имаат сите привилегии што им произлегуваат од законот, ама секој како сака не оспорувам некои ако се во вонбрачна заедница, ги разбирам сигурно имаат сериозни причини зошто така се одлучиле да живеат.
Сметам дека правата треба да се исти бидејќи е сметано како брак само без потпис ама нашата држава има многу дупки во законот па не ми е чудно. Уште една работа... ова со маските кога ќе ве запре полиција а вие живеете заедно и не можете никако да објасните и докажете дека стварно живеете заедно, ама личната карта кажува друго. Ме иритира многу.
Среќа што јас и маж ми сменивме адреси предвреме, инаку ќе го кркавме стапот со маските. Во наша држава се е можно. Затоа во брак си посигурен.
Не знам дали има ваква тема. Овој вид на врска е карактеристичен за пар од ист пол, како и за пар од различен пол. За оние кои што немаат намера да стапат во брак, а живеат заедно со партнерот, делат финансии, имаат и ги одгледуваат децата заедно... Тука ќе ја споменам Катарина Ивановска. Мислам дека таа имаше ваков вид на врска. Се пишуваше тука низ форумов за тоа. Размислував многу на ова. Некако самата помисла од брак ме плаши, па си правев сценарија како би изгледало сево ова со мојот иден партнер. Некако и општеството ни е многу контроверзно за ваква врска. Народов кај нас е учен да се плетка во деликатни теми, што воопшто и не ни треба да ги засега. Ајде кога ќе се мажиш/жениш, кога дете, времето те згази и уште многу недолични прашања. Што мислите вие за ова? Дали сте или познавате некој што е во ваква врска? *Споена дупла тема
Ако функционираат како да се у брак, тогаш не гледам причина зашто на би ставиле и еден потпис. Толку одлуки веќе донеле, зошто би ги плашел потписот? Која би била причината? Дали потписот сам по себе носи повеќе одговорности и обврски или не? ...Размислувам гласно...
За мене ова е end of the line во смисла дека потака од ова не би одела. Млада сум, а на овој ум сум скоро десет години така што не верувам дека ќе променам мислење така лесно во иднина. Никогаш не сум имала желба, не чувствувам потреба за потпис само затоа што така требало. Не верувам во засекогаш, и според ова не знам зошто би се впуштала во ризик да се влечкам по адвокати за бракоразводна парница. Имам уште неколку (лични) причини што не би ги разглабала. Немам ништо против против нечиј брак или контра бракот како конструкт, само сметам дека не е за мене. Инаку, да, познавам - вујко ми и неговата партнерка заедно се +35 години. И уште еден пар, прекрасни познаници, нешто повеќе од деценија и од скоро имаат дете. Колешка, пред неколку години, по разговор на темава ме праша дали планирам да раѓам. Ѝ одговорив дека не ја исклучувам опцијата некогаш да посакам, и добив: „Како ќе му објасниш на детето зошто е копиле?“ Сериозна сум, се работеше за млада девојка во рани 20ти. Моево претставува проблем или вакво одвратно прашање од млада жена? Копиле, бе... Зборов никогаш нит ми паднал на памет, не па да го искористам во муабет и ваков контекст.
Немам ништо против вонбрачната врска, секој ќе си го живее животот како си сака. Од правен аспект, во нашата земја вонбрачната врска која траела најмалку 1 година се изедначува со бракот, така да сите одредби кои важат за бракот ќе важат и за вонбрачната заедница по овој период. По судови пак може да се оди заради поделба за имот, старателство над дете и слично, разликата е само што ќе нема бракоразводна парница, другото е исто. Има и разлики помеѓу вонбрачната и брачната заедница во поглед на наследување, признавање на дете и слично, ама да не навлегувам сега правно. Зборот ми е дека по одреден период за партнерите секако ќе важат правилата како за брачни партнери и заедницата ќе им биде изедначена со брачната. Законот настрана, моето мислење е дека ваквите заедници секако може да траат, не гледам причина зошто не би. Партнерите така си решиле и така ќе функционираат. На крај секој го правиме тоа што најмногу ни одговара. И дефинитивно не треба да не погодуваат муабети и осуди кои се спротивни со нашето размислување.
И јас вака мислев додека не стапив во брак ,но сега поради некои проблеми не мислам така. Ако го немав тој факинг потпис ќе си собирав парталитее и ќе си заминев. А сега не можам баш толку едноставно.
Внимавајте во вонбрачна заедница не се наследуваат помеѓу себе мажот и жената, да не испадне после мажот веќе бил женет, има и други работи на кои треба да се внимава али ќе застанам тука, не ми е поентата да поттикнувам склучување на бракови
Секакви живеат меѓу нас, колку и да ги избегнуваш нема фајде. Сметам дека секој има право и слобода да живее како сака доколку со тоа не штети на други. Е сега, конкретно на темава имам размислувано, си живееш на пример најнормално, без потпис и неофицијален брак, што е лично твоја и на партнерот работа, имате деца, сѐ си е во ред, и доаѓа ден други деца ќе ги навредуваат со вакви погрдни зборови на сред игра. Зошто? Затоа што се деца "воспитувани" и растени од вакви како твојов пример.
Мајка ѝ на другарка ми уште кога бевме средно ми го постави истото прашање: копиле ли ќе раѓаш? Ѝ реков дека за неа моето дете може да биде копиле, ама за мене ќе биде исто што е за неа нејзиното дете.
И да не е признаено, кои сме ние некое дете да го нарекуваме КОПИЛЕ??? Тоа е дете како и секое друго!
Не можам да сфатам како можи да се толку сурови луѓето. Абе за дете збораш. Никаква емпатија да се немало. Многу се разочарвам од вакви работи.