Е, заради вакви индивидуи (кои, за жал, не се мала бројка) ние со сопругот решивме да се потпишеме. Инаку, јас бев во вонбрачна заедница преку 10 години, кога решивме да имаме дете, се венчавме. Ем, заради простациве, ем од практични причини.
Дали мажот веќе бил женет или не пишува на изводот на родени. Точно не се наследуваат ама тоа може да се среди со тестамент.
Ние сме небитни, ама ако таткото и мајката живеат заедно, а не се во брак, тоа не го прави детето копиле. Луѓето користат зборови чие значење не го знаат. Исто многу ме нервира кога го употребуваат зборот „комплекси“. А некој не име по ќеф, „абе тој си има комплекси“. Абе што се расфрлаат со зборови за кои не знаат што значи.
И да не живеат заедно, и таткото ич да не го видел детето, истото не се вика копиле. Пак се вика дете, како и сите други.
И да не е признаено, не е 'копиле'. Дете е. Која е користа од зборот 'копиле'? Сите деца треба да ги гледаме со исти очи. Ако нив не сме способни да ги заштитиме како заедница, тогаш, официјално: За ништо не сме способни.
Леле темава. Баш пред 2-3 недели правев муабет со другарка. Вели дека откако стапила во брак сфатила дека не ѝ бил потребен. Немал никакво значење тој потпис. Вели дека сама се гледала цел живот, од мала е без родители, во странство сама целосно работела и сама се школувала, сама стекнала сѐ што има денес и сама можела и животот да го помине. Деца сакала, сопругот си го сакала, но не ѝ било битно дали ќе бидат венчани или не. Вели дека дури и сама можела децата да си ги изгледа. Партнер да има да, ама тоа да мора да е официјално сопруг и не мора. Еве не знам. Јас сум во брак и сѐ е исто освен тоа што морав да се навикнувам на живот во заедница. Да можев тоа да го избегнам радо би. Но кај некои приметувам потписот многу менува. Не сакам да кажам што ми се тие луѓе, но приметив дека пред да се венчаат жената многу внимаваше, многу фина беше со свекор и свекрва, општо глумење до бесвест, откако се потпиша ја слушам како повишува тон и сите ги строи, као не се замара, веќе е законски жена и не може да биде оставена ако биде своја. Мене тоа ми делува незрело.
Жена што поставува граници и не дава на себе не значи дека некого строи. Како ќе строиш луѓе од 50+ години што вчера си ги запознал, какво влијание може да се има реално освен поставување граница до каде кој може да оди во нејзиниот живот?
Не ме сфаќај погрешно. И јас поставив граници, но ја потенцирам разликата во однесување пред брак и 1 недела по потписот. Не дека претходно таа немала граници, имаше поставено, имаше гласно и јасно кажано, ама сега повишува тон и воопшто не внимава како порано. Не дека треба да пази што ќе каже на старите, туку потенцирам дека претходно знаеше да настапи фино и да си го каже тоа на многу поинаков начин. Едит: Не ги запозна вчера, 2 години живееше баш во вонбрачна заедница, сега е брачна и затоа и напишав. И тоа ептен во заедница е, секој ден со нив, една соба има само за спиење, друго се делат, и ВЦ и кујна и дневна. @WildMk Да. Во овој случај баш така испаѓа. Ќе бидам фина дур ме земе официјално, потоа ќе му ебам матер. Не бе од прв ден треба да си тоа што си, за кога ќе те земе да знае и тој и ти на што сте. Ама многу помалку бракови и разводи ќе имаше да си беа луѓето свои секој ден и по цел ден.
Ти не можеш да знаеш апсолутно во туѓ живот што се случува и најлесно е да се каже снајка је кучка. Млади луѓе сме, треба цеќе да се искоренува мислењево дека снаата строи некого.
Пак ќе речам. И јас сум за да строи снаата. Побогу снаа сум. И треба да си онаков каков што си, а не да ќутиш од почит или не знам која причина. Ценам сечие однесување се додека не е лицемерно. Моја најдобра другарка буквално ги строи сите. И не гледам нешто лошо во тоа, и јас би. Ама од прв ден си е таква и затоа ја ценат и пазат да не погазат граници. Не критикувам со тоа што реков дека ги строела, туку пак потенцирам дека се увиде разликата во однесување при живот во вонбрачна и брачна заедница. Знам бидејќи сум гледала и слушала со мои очи и мои уши.
Јас сум во ваква заедница едно 4 години.. не сме ни на л.карта на иста адреса.. Од скоро и верени ама за потпис рано е.. Мене ништо не ми менува потписот а гледам ни на него.. Сега па откако почина татко ми, почнав некако поинаку да гледам на бракот... За наследство...планирам тестамент уште сега да си оставам како што последнава година животот ми е како филмот брзи и бесни... И 10 деца да имам, мислам дека хартијата пак исто ќе ми значи..
Штом сте 4 години во вонбрачна заедница веќе ги уживате истите права помеѓу сопружници во брачна заедница, но сепак добро е чисто на еден лист хартија да си даде изјава дека од тој и тој датум живеете во вонбрачна заедница и секој од вашите потписи да се завери на нотар, за да утре ако дојде до разделба се' што сте стекнале во вонбрачна заедница заеднички да може да го поделите, затоа што може вашиот вереник да не ја признава вонбрачната заедница, а во лични карти се водите на различна адреса, ова е чисто доказ да имате, исто утре имате право и на изддршка од вонбрачниот другар, но работата е што тешко се докажува постоење на вонбрачна заедница без постоење на некоја исправа а тоа е претежно иста адреса во лична карта или ваква изјава. Да не должам многу во постот, ако ве интересира нешто конкретно за тестамент пишете ми во порака.
Тоа прееска зборев. Ја лично не би вака. Сакам да сум невеста, со свадба со сѐ, и сакам да иам МАЖ, сопруг. Не цел живот да ми е дечко или ,,таткото на моето дете”. Па ако треба нешо околу детето, потписи било шо, кој е таткото, кое презиме
Кој како сака, али лично за мене си се водам по девизата - ако нема разлика меѓу тоа дали сме или не сме венчани на хартија, тогаш зашто е проблем да се венчаме?