Ова е најмалиот проблем од се у заедничкиот животот, и животот ао дете! Верувај. Имам многу пријатели што живеат вака, не се венчани, си имаат дете, супер си функционираат, ако таткото го признае детето авткматски го зема презимето негово. Ноу биг диал.
Да, ама не може да остваруваш други права после. Најчесто за ова не се размислува и после проблеми. Да не сум офф топик. Немам ништо против луѓето кои живеат така, јас лично не би.
Во пракса семејно насилство има најчесто во брачна заедница, додека во вонбрачна поретко има семејно насилство, не знам на што точно се должи тоа дали заради тоа што насилникот се опушта кога ќе ја ,,врзе" жртвата со брак, а кога нема брак жртвата е слободна да си замине.
Право на здравствено осигурување, право на пензија од сопругот... всушност сите права кои следуваат како член на семејство. Истите права нема да ги имаш ако си вонбрачна заедница. Така е поставен законот кај нас.
@Mumoftwo30 имаш поназад низ страните, со конкретни примери. Лошо е ако почине парнерот и после си буквално на милост и немилост на неговите (освен неможноста да се наследи пензија). Животно прашање е живеењето. Тоа пример не ти е воопшто регулирано. Познавајќи го нашиот народ има клоцата в газ и надвор со сето ќе останеш. Годините одат и најчесто ваквите заедници повлекуваат не баш видливи понатамошни последици, а личноста никогаш нема да е вечно млада (со што е еден знак дека ќе си овозможи сигурен и стабилен живот). Исто така, потешко е човек да стекне флексибилност на постари години и доаѓа најчесто како „шок“. Кај нас не е регулирана вонбрачната заедница, нема ништо на што можеш да се потпреш. Буквално. Инаку ова што го спомна @Forca за насилството доста го имам размислувано. Па според мене доста влијае психолошкиот момент на поимот брак. Жена во брак нема да сака да си го растури бракот највеќе заради децата и со тоа повлекува трпење на насилство (манипулативните машки тоа најдобро го знаат). Психолошки полесно може парнерот да манипулира со нејзе, тука нели и околината дополнително влијае - разведената жена е срам за околината. Во вонбрачните не трпат жените зашто партнерот може да ѝ рече ене ти ја вратата, као ништо не ти правам. Али пак ќе речам, има слобода да „брка“ - небитно што не е брак. А кај е жената? Ја нема жената, мајка и татко растат - за после курбан да ојде.
Ако ништо не менува потписот, тогаш зошто е проблем да се стави на хартија тој потпис? Значи сепак менува...
Менува и предбрачен, јас секогаш велам човек кога еднаш ќе потпише за брак, ќе потпише и предбрачен (и овој не е регулиран тука кај нас). Зашто, тоа не е себично. Него взаемно себезаштитување и грижа, како за себе така и за парнерот. И еден вид сигурност и мир.
Ама ти кога стапуваш во брак стапубаш заради целосната негова доверба,љубов,заедничко живеење т.е. нема лаги,насилство,крадење итн. Ако ти потпишуваш предбрачен договпр за да се заштитите тогаш што ќе ви е потписот кога немате доверба еден во друг? Или се венчаваш или не, а не сега чекај да се договориме како ќе боде пред бракот да не ми се занесуваш во брак.
@Brpbrp Затоа што луѓето се менуваат. Воедно, постојат многу манипулатори со кои можеш да имаш бајковита врска од неколку години, а по стапувањето во брак да добиеш кошмар. Има многу што глумат едно пред врска, па со некого да стапат во брак од корист. Сума сумарум, сè има по светот за жал.
Карактери секогаш се менуваат и многу ретко има отстапувања, а кога доаѓа до нешто поголемо најчесто двете страни прават баналности и си наштетуваат еден на друг. Доказ за тоа ти е групата Правни совети, заштита и сл. (не ми текнува точно име). И луѓе со 30+ години во брак пак се „штракнуваат“ во глава. Јас апсолутно неам проблем да прифатам и плус услови доколку другата страна сака. Еве, ако треба нека се заштити повеќе од мене. Мене не ми пречи. Пре би да се осигури некој, отколку да ми прави калкулации после што ќе биде негово, а што мое.
Да ви кажам скоро исто се фаќа, проблем ќе има детето со бирократијата иначе ако дојде ред недај боже потписот ништо не менува, ако имаат двајцата по еден грам мозок ќе седнат ќе се договорат ама у пракса тоа не оди така. Шо знам на барање на партнерот не ми менува ништо да ставам еден потпис и ете официјално да биде. Има луѓе и се разведуваат намерно за да користат некој бенефити а сеуште се заедно. Од аспект на предбрачен договор да ви кажам пред тоа ми беше глупа работа ама сега некако како гледам дека стојат работите 80 посто го ставам во предвид - пример еве има еден трештен работи кај нас зема 15 000 евра кредит ги искоцка, го удри срце па сеа жена му кај децата и него го гледа па и кредит му враќа ја заглави цела фамилија и децата за цел живот. Мислам дека некој несалам работи може да се регулираат со предбрачен па партнерот ако скине некоја скроз зелена да си ја јаде сам а не да ја јадеш и ти да страдаш. Љубов е љубов ама никој не заслужува да страда ради глупоста на некој…
@Brpbrp взаемното себезаштитување не е недоверба, туку взаемно издигнување и мотивација повеќе да се создаде. Лично така го гледам, за тебе може е недоверба. За трет можеби е тотално сеедно ова прашање. Секој со своето.
Ако си со став дека тој што го сакаш може да те повреди на било каков начин психички или физички подобро вонбрачно да се живее без потпис па ако нешто се занесува чао пријатно. Вака со склучување на предбрачен договор го условуваш сопатникот за цел живот божем банка си па ајде ќе потпишуваме договори до смрт случајно да не киксне работава. Во брак се стапува доколку се има доверба во саканиот и дека го познаваш и сакаш цел живот да го поминеш со него. Утре ден дете ќе имате и детето ќе порасне не му го знаеш карактерот што ќе му кажеш ела дете да потпишеме договор ако ги чуваш мама и тато до крајот на животот и ако бидеш умен и послушен може да живееш со нас ако не не ни требаш? Исто ти е комплетно без разлика дали е сопруг,мајка,татко,дете. Затоа кажувам ако си со мислење дека некогаш можеби би се сменил тогаш не сте за брак.
@Brpbrp Предбрачниот договор не ги заштитува само одделните имоти и богатства на партнерите, туку утврдува и како заедничките ќе се поделат/доделат во случај на развод или смрт на еден од партнерите. И тоа е сосема океј, без разлика дали му веруваш или не на партнерот. Убаво е за некои прашања да се има план А, па и план Б. Мислам дека особено е потребен кај луѓе кои располагаат со големи богатства. Воедно, баш неодамна читав пример во Америка. По 25 години брак, мажот починал. Притоа сè и оставил на швалерката, за која никој од неговите не знаел. Вклучувајќи ја и куќата каде живееле сопругата и децата. Ете, сопругата имала доверба во него и на крај си добила Киндер Сарпрајз
Ако нешто е изградено во брак не може он да остави се на швалерката. Просто едноставно невозможно е зошто судот дели пола пола доколку е стекнато во брак. Пак се сведува на недоверба доколку планираш да мислиш план А и план Б да имаш зошто пак си несигурна во него дека утре може да те заебе, се додека си со план дека "можеби" ќе те заебе нема брак и тоа е тоа. Затоа наведувам дека за брак треба да си аогурен и да му веруваш на партнерот ако си со мисла еј утре што ако си отиде, што ако ме остави итн итн тоа не е брак. Бракот е да си помагаат сопружниците едни на други ако се со лоши мисли пред брак заеби тука нема хармонија тогаш вонбрачно си седиш па ако планора да се швалерисува чао му викаш и толку.
@An-na Не и јас мислам дека нема. Само се надоврзувам погоре на муабетот, дека од претходно беше спомнат како идеја @Brpbrp Океј, тоа е твое мислење, не е ништо спорно
Да знаеш колку луѓе се приморани да бидат во брак само за да не останат без ништо. И трпат глупости како жени, така и мажи. Ако си ме читала во други теми, баш јасно кажувам дека немам страв од мажи. Не гледам зошто ова мое мислење околу предбрачен некого би вреѓало и тоа треба да го засега само лицето со кое евентуално нешто би склучила (патем во мк и така предбрачниот е мисловен поим), но има и други начини како да си се договори човек доколку сака.