Вонматерична бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од tand.valentina, 16 јануари 2011.

  1. tand.valentina

    tand.valentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    објаснете под како може да се дојде до ванматерична бременост
    и дали при извадена само матка може да се забремени ванматерично.
     
  2. Biba22

    Biba22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    11
    Здраво Фемки :)
    Приказнава му ја посветувам на мојот анѓел.Те сакам, знај, каде и да си... ;( ;( ;(
    Ги прибирам своите емоции, силна сум, но и толку слаба... Не, не пишувам за да ве загрижувам,пишувам за да спречам друга да се најде на моето место, и да ви укажам на важноста на рана посета на гинеколог после утврдена бременост.ке бидам кратка, па прашувајте ако имате потреба.
    -ден 1:После 10 дена каснење на извонредно точна менструација, добив позитивен тест за бременост.
    -ден2 :следниот ден, на гинеколог,надевајќи се дека ќе ми потврди бременост,но Гинекологот рече дека не гледа знаци на нормална бременост, и дека прво што му паѓа на памет е постоење на вонматерична бременост. Но :!: можное и плодот да е мал...
    -ден3 :испитување на бета хцг. Добиениот резултат беше пренизок за неделата во која требаше да бидам. гинекологот предлага да почекаме 5 дена па повторно да одам на контрола.; истата вечер добив слаб кафеав исцедок. било нормално..во тоа веруваа сите освен јас.
    -ден 5: исцедокот како да се интензивира.Веднаш во приватна клиника."плодот требаше да биде видлив до сега". закажаа испитување на бета хцг за 2 дена.
    -ден 7: сепак, не ме излажа инстинктот.Потврдено. Останувам во болница 6 дена. Примам 3 метатрексат. За среќа, лесно ги поднесувам. Немам болки. Хормонот (бета хцг)ми приредува шок после првата инекција...расте. Но после третата опаднал...за рециси половина од вредноста која ја имав на последниот резултат.
    - следува домашно лекување...
    Мојата приказна не завршува тука.пред мене се уште мн испитувања и прегледи... но нема да се предадам! Колку ми беше тешко можам да пишувам со денови, но ќе сфати само оној кој поминал низ ова.Ќе речете -па не беше ни бебе! за мене како да го имав во рацете и да ми го зедоа за навек. Нема да заборавам, никогаш!
    девојки, поминав лесно (за сега!) затоа што открив на време. Не чекав крв, ни болки, ни било каков знак кој ке упати на абнормалност. Сестрите ми велеа "имаш среќа, рано откри". немам среќа, го изгубив најмилото, но имам мозок кој ми вели дека треба да имам други дечина, деца кои ќе го чуваат споменот на ова малечко и кога мене ќе ме нема... таа е мојата сила... таму е мојата верба
     
    На girl2, marchi-cool, Xana1318 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    679
    ти пожелувам од срце топла и искрена прегратка,и догодина здравје ангелче со тебе :*
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    56




    Ти посакувам се најдобро,ти си млада и силна жена и животот е пред тебе,ќе имаш дечиња.Ти благодарам што го сподели ова со нас и се надевам дека оваа болка нема повеќе да ја почувствуваш ни ти ниту некој друг.Поздравче :l:
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705

    Ме растажи ова што го прочитав... ;( Можам да претпоставам колку ти е тешко, но немој да губиш надеж. Ти посакувам да имаш дечиња колку што сакаш, и да бидеш најсреќна! :*
     
  6. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    74
    Здраво Биба .Ако некој те разбира ,за жал тоа сум јас ;( Пред 6 месеци јас изгубив два анѓела одеднаш и тоа во 24 недела од бременоста. Единствено сакам да ти кажам биди силна и животот ќе ти се насмевне . Изреката "Времето лечи се" нема врска со реалноста.Боли исто како и првиот ден , но разликата е во тоа што се навикнуваш да живееш со тоа , се разбира секогаш со насолзени очи кога ќе видам бебе и помисла колкави ќе беа моите сега ;( ;( ;( ;( ;( ;( .Верувај дека ќе имаш прекрасни дечиња што ќе ти носат неизмерна радост зашто јас искрено верувам во тоа.Само храбро и ќе видиш дека ќе дојдат и :sun: денови и за нас . Една голема гушка од мене бидејќи знам колку ти треба
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.872
    ...Вонматеричната бременост се случува во поретки случаи и ако дојде до вонматерична бременост се врши операција, за жал плодот мора да се абортира поради тоа што јајцеводите не се „растегливи“ како матката и неможат да го издржат плодот.
    сега скоро гледав на ID таков случај. девојка од 19 год починала од внатрешно карврење како последица на вонматерична бременост. При прегледите на ехо докторите утврдиле дека се работи за спонтан абортус. Откако и е извршена аутопсија докторката увидела дека всушност не се работи за спонтан абортус туку за вонматерична бременост, и девојката на 19 год го изгуби животот заради некој неспретни доктори...
    при извадена матка нема начин да се забремени.
     
  8. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    434
    жално ама продолжи храбро
     
  9. Biba22

    Biba22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    11
    благодарам на сите, благодарам за убавите зборови. Секоја утеха и добар збор многу ми значи. Да, силна сум, и самата се изненадувам колку. Само на моменти психата ме издава и почнувам да плачат , бездушните ќе речат без причина, и нема да знаат дека причината секој ден, дел по дел се одделува од мене... Дете си е дете, можеби не беше големо, но си беше мое, и си го сакав! и уште си го сакам и ќе го сакам секогаш. Ама сега имам ангел, и ми дава сила онолку колку што боли.
    Златната, ти најубаво знаеш како е,жалам што си го преживеала тој хорор. Јас имам само една желба - на НИКОЈ , ама баш никој да не му се случи ова. Јас поминувам благо, барем од медицински аспект, ретко кој од медицинскиот персонал веруваше дека ќе се извлечам без операција...ама успевам.
    Знаете што ме водеше кога ми бее најтешко? молитви, многу молитви (иако несум некој верник), и една мисла кога речиси бев на дното - БОРЕЦ СУМ. нема да паднам сега, ќе издржам.Така минуваат непреспиените ноќи.
    Да, еден ден, после се ова, и јас ќе имам детенце, од тоа не се откажувам! Ова ја зголеми мојата желба за деца, сега сакам да имам многу, повеќе од кога и да е. Е за тоа вреди да се бори, макар и со самата себе.Вистина било, она што нема да ве убие ќе ве направи посилен...
     
    На Meckicja, maca78 и bici-xxx им се допаѓа ова.
  10. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    7.002
    Пол:
    Женски
    Душо, тој што поминал знае како е,сите тие малтретирања, прегледи, земање крв, каква вредност е хормонот , по два дена пак истото, чекај да не се види на ултразвук , да не избрзаме, да не се крие, да не се покажи во матка, надеж пуста, до 6 недела, тогаш се покажа на ултразвук во лев јајцевод, душиче мало, со срцева акција , здраво право, но на погрешно место, ми го отстранија лапараскопски плодот со јајцеводот....неможев да се соземам и да дојдам при себе...две пријателки тогаш беа бремени и секогаш одбегавав да ги видам зашто душава мис е кинеше, ми се параше, ќе одев во др соба и ќе се изнаплачев...издржав 6 месеци и од кога почнавме пак после 3 месец пак забременав без проблем, ако само со еден јајцевод, имав спонтан пак во 6 недела, и одново истото, болничка соба, околу мене бебиња плачат , мајки се радуваат, јас е е полтам и се стегам под кебе и плачам, неможам да се се соземам дека мене ми се случува, неможам да го прифатам фактот ....ама душо НЕ СЕ ДАВАМ, колку што изгледам кревка и ранлива и сум плачка, дупло повеќе сум храбра и оптимист дека ќе си имам дечиња и ќе бидам најдобрата мајка на моите дечиња, сега собирам сили за нови почетоци, ми поминаа 4 циклуси, ќе ги направам испитувањата и повторно во поход...Се ќе биде во ред...како викаат ако било еднаш, ќе биде пак....биди храбра и давај си сила, кораж што викаат старите, посвети се на нешто што сакаш, и верувај одма ќе ти помине времето, и ќе си речиш, чекај кога ми излегоа две цртички, а за цртичките побрзо да не известиш кога ќе бидат и да не израдуваш...само верба во Господ и се ќе е во ред.. што е тој никој не е, верувај..така требало да биде....бакнежички
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bici-xxx

    bici-xxx Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    27
    Тоцно е тоа дека тој сто поминал низ тоа знае како е ;( Читајки ги вашите приказни солзите сами течеа од очиве по изгубеното мое ангелче пред 2 год. Никогас нема да заборавам на оној ден кога завршив на операција при сто ми го извадија и левиот канал, а малото имало 1 месец. Бесше 2 Авгус- голем ден празник Илинден, стоев на операционата маса и се молев се да биде во ред бидејки и мене ми бесе критицна состојбата.Го молев Свети Илија да ми даде сили да издрзам, да го пребродам тоа, да ги отворам очите... Јас бев добра, успешно ја поднесов операцијата но еден дел од мене засекогас исцезна ;( ;( Одтогаш секој Илинден одам во црква и палам свеќа и се молам Свети Илија да ми го врати тоа сто ми го зеде ;( ;( ;(
     
    На Meckicja и Biba22 им се допаѓа ова.
  12. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.492
    Ве разбирам потполно бидејки изгубив 3 деца последователно. Бременостите не беа вонматерични ама пак завршуваа со киретажа бидејки плодовите угинуваа а не испаѓаа самите. И како да не ми е доволно што ми угинуваат деца; свекрвата ни должеше пари од продаден стан и ми рече дека на деверот ги дала парите на детето, а кај нас камо дете? Знаете како се чуствував неспособна??? Фала му на Господ, четвртата и петтата бременост ми беа успешни, си имаме две живи и здрави дечиња.

    Животот понекогаш ни става сопки и паѓаме, но мора да станеме и продолжиме. Не плачете по загубеното туку борете се за тоа што треба да дојде. Ке станете мајки па ке видите што се предизвици. Бидете силни :hug:

    инаку свекрвата се нема извинето и ги нема видено децата. Парите може да си ги shove up her ass, pardon my french, ја нема таа пара што ке ме направи побогата и посреќна одошто сум сега
     
    На Meckicja, maca78, Biba22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. PoisonGirl-Valo

    PoisonGirl-Valo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    34
    Повеќето деца умираат ,а и голем ризик е и за мајките,незз ќе ја прашам мајка ми за повеќе информации, ,да не се фалам али сум второто дете кое е родено вонматерично во Македонија и на Балканот.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.784
    Допаѓања:
    46.533
    Пол:
    Женски
    За да не излезе темава од контекст, еве имате посебна тема за спонтан абортус.
    bremenost/spontan-abortus-t4910/
    Оваа е за вонматерична бременост.
     
  15. Biba22

    Biba22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    11
    poisongirl невозможно е да била вонматерична бременоста на твојата мајка... сите кои поминале низ ова ќе ти потврдат дека таквата бременост не е возможно да заврши со раѓање на бебето,поради тоа што каналите не можат да се растегнат до таа мера. Затоа и се случуваат тие операции на јајцеводите, бидејќи со растење на плодот истиот прснал поради претесност на просторот во кој се развива.

    Девојки, вие кои поминавте низ вонматерична бременост,кажете ми, што понатаму? Ви кажаа ли зошто се случи тоа што се случи и дали ви проверуваа проодност на јајцеводи?
     
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    728
    Во вонматерична бременост спаѓаат сите оплодени зиготи кои се вгнездиле надвор од нормалното место т.е матката. Исто така поточен термин е ектопична бременост. Може да се всади во јајник (најретко), јајцевод (најчесто), абдоминална празнина, во рудиментиран рог на матката, цервикс на матка. Причините за ваква бременост се или од мајката, или од зиготот или комбинација меѓу овие две. Бременоста во јајник, завршува со руптура на јајник, таа во јајцевод или со спонтан абортус или со руптура на јајник најдоцна до 3ти гестациски месец. Сепак иако ретко, забележани се случаи на абдоминална ектопична бременост кога се успева да се доноси бременоста и да се роди живородено. Тоа е поради тоа што сепак во абдоминалната празнина има место каде може да се развива ембрионот. Сепак тоа се случаи кога бременоста не била детектирана дека е ектопична, бидејќи ако се дијагностицира ваква бременост треба веднаш да се прекине. Иако како што кажав има ретки случаи на доносено дете од абдоминална бременост, уште поретки се случаите кога тоа дете нема малформации. Единствено место каде што нормално може да се развива и да расти ембрионот е телото на матката, секоја друга локализација е патолошка.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.425
    Допаѓања:
    4.203
    Пол:
    Женски
    kako тоа вонматерично си родена незнам како може бебе да се развива само во јајцеводот или некако операција е правена мајкати па го пресадувале плодот во матката баш ме интересира ако сакаш објасними се збунив :wasntme: или си била вгнездена на некое друго место а не во каналот како што пишала златушко
     
  18. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    728
    Во јајцевод не е возможно да опстани бременоста, како што кажав бременоста се прекинува најдоцна до 3ти месец или со тубарен абортус или со руптура на јајцевод. Овие две спаѓаат во компликации на тубарна бременост (бременост во јајцевод), така да најдобро е да се дијагностицира ваквата бременост пред да се случи, а особено е опасна и штетна за пациентката руптурата на јајцевод. Пресадување на вгнездениот ембрион не е возможно. Има уште една состојба на вонматерична бременост, кога примарно зиготот се вгнездува во јајцевод, а подоцна со помош на струите од трепките на јајцеводот се враќа назад и паѓа во абдоминална празнина. Тогаш има случај на абдоминална бременост, кога ембрионот е во абдомен, а папочна врвца започнува од јајцевод и минува низ него. Сепак и оваа состојба е патолошка и не е компатибилна со живот. Сепак во ваков случај бременоста може да се износи до кај 5ти месец. Само абдоминална ектопична бременост може многу, многу ретко да резултира со жив плод. И тогаш во најлесен случај плодот ќе биде хипоксичен, со намалена телесна тежина и е тешко да се одржи во живот. Најчесто ваквите ретки доносени бремености резултираат со мноштво малформации и деформации на плодот.
     
  19. list

    list Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    draga bici, i jas go pominav istoto kako tebe, pred 3 nedeli me praeja operacija, mi go izvadija leviot kanal, bidejki plodot od 6 nedeli bese tamu zastanat. sakam da te prasam koi bea sledni cekori ? dali posle toa imas bebe? i objasnimi dali praese nekoj ispituvanja posle operacijata? i kazi mi kolkavi se sansite da zabremenime sega?

    [mod-kirilica:3e95o0vn][/mod-kirilica:3e95o0vn]
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    7.002
    Пол:
    Женски
    Душо, и јас поминав како тебе, во 6-та недела и иисто лев јајцевод ми беше отстранет, паузирав 6 месеци и после 3 обиди останав пак бремена, нажалост и за него немав среќа, имав спонтан, но сега одам со нови сили, немој да се секираш, се е до психата,правев само микробиолошки тестови, ако те интересира нешто др слободно прашај
    п.с лани на 17-ти Септември ме оперираа а во март забременав, што е Господ никој не е, само опуштисе...позз